Јас само ребра јадев и вешалици. Со прилог лути пиперки со лук и оцет. Дали скара, дали печени, ги утепав ребрата. А кафето ми беше толку убаво, ми идеше од тегла да го изедам. И талогот на турското некад сакав да јадам, ама се воздржував. Многу имав киселини од тесто и ич не јадев, претежно на месо и компир бев.
Буквално одбивна ми е секоја домашно зготвена храна, посебно ако осетам кромид и лук... И месо, доволно да го видам, бегам подалеку од месарите Многу ми е ограничено менито моментално, скоро ништо не можам да ставам во уста.
Неможам да не јадам благо во денот и тоа не е еднаш, а кај и да е скриен шеќер ќе испитувам за 2недели,да се молам да немам. Инаку буквално се јадам што сум јадела, само како помина летово и патлиџаните убави, се фрлив на мрсна храна. Килажава како да ви кажам хахах али ај
Кратка хорор приказна.... Се од што еднаш барем имам повратено веќе не сум го пробала. А повраќам доста еве и 19 недела вчера пак се исцедив. Се надевам после пораѓај ќе се оправам ова сеа верувам повеќе и на психичка база ми е.