Дали ви се случило некогаш да почувствувате одбојност кон особа која не ја познавате!? Чудни негативни вибрации добив пред некој ден додека се запознавав со комшика на мојата колешка...една голема одбојност а прв пат ја гледам во мојот живот, значи ништо лошо ми нема сторено жената... ама, ете, нешто во мене се растревожи Некои стари велат, ако имаш одбојност кон некого што прв пат го гледаш, тоа значи дека тој ти бил непријател во минатиот живот
Нешто си препознала бабо. Нема со особата врска тоа, туку со тебе. Ова со минатиот живот не знам, ама на несвесно ниво многу веројатно дека си имала искуство кое не било убаво со личност на која не си ни свесна дека таа личност те потсетува. Или препознаваш нешто што го имаш и не сакаш да го имаш или го немаш, а сакаш да го имаш и ти е болка и комплекс. Е сеа... ако си многу емпатична особа со иразена спиритуалност и интуиција, едино да фаќаш нешто друго, на друго ниво. И при тоа не е препознавање или не е она што сите го викаат - лелееее многу сум интуитивна особа, а врска нема, туку таквите луѓе се баш баш ретки и ако си една од нив, осеќаш нешто друго кое што е баш на личноста и нема врска со тебе. Ако ти е така битно, размисли си...ќе добиеш одговор.
Размислувано е милион пати, значи немам разумен одговор за таква одбојност или антипатија кон таа особа. Мислам дека аурите не ни се совпаѓаат, штознам, не сум единствена се надевам во овој поглед.
И јас сум сензитивна на енергии, ако имам лош впечаток уште од старт мислам на лоши вибрации од страна на извесна личност по некое време тоа се потврдува како точно дали преку нејзините/неговите постапки или дела сеедно не ме лаже интуицијата и да, тие што се премногу емпатични многу лесно препознаваат енергии.
Насловот на темата треба да биде ОДБИВНОСТ а не одбојност Непознати личности не ми предизвикуваат негативни вибрации, иако имам изразена интуитивност. Тоа е така затоа што не се замарам да ги перцепирам и да си создавам каква било слика без причина. Не очекувам ништо и не правам анализа на нивната аура. Но не негирам дека има такви личности.
Одбојност кон личност без никаква причина не сум почувствувала. Одбојност бар кај мене секогаш има некоја причина, било да е ради стилот, начинот, односот, гестикулации, целокупен изглед
Сум почувствувала . И ден денес чувствувам од истите личности . Едната , колешка на мајка ми . Имаме муабет и се е ок , ама кога ќе излезам од таа соба , чувствувам некоја вознемиреност , тмурност , нерасположеност .. Ај оваа можам да ја одбегнувам , не одам секој ден кај мајка ми на работа , втората особа е баба ми по татко . Жената ми е во куќа цел живот . Од секогаш ми се случувале чудни работи поради неа . И отсекогаш сум чувтвувала одбивност кон неа , за разлика од дедо ми на пример .
Можно е и таа одбојност да се почувствува ете и на форум, од некој член....без причина да не ти се допаѓа неговиот виртуелен лик и неговите мислења. Мислам дека тоа што ние не се поднесуваме има причина, но не би сега тука јавно обеледенувала.
Ми се случило да ми се јави одбивност но после извесен период откако ќе запознаам некоја личност. Отпрво си мислев дека е случајност но потоа кога малку подлабоко ги проанализирав тие личности, сфатив дека сите тие припаѓаат во онаа група на паразити, џаболебари и лицемери кои не поседуваат аполутно никаков квалитет а се во животот добиваат преку мамење, лажење или лигавење. Значи не е без причина сепак, можеби мене лично не ме повредиле но самиот факт дека се способни да повредат друг ме иритира и е доволна причина да неможам да ги смислам.
Не може да има одбивност без причина, мора да постои макар мало жарче. Имам и јас ваква личност. Точно знам каде лежи зајакот.
Порано или подоцна секогаш ја наоѓам причината поради која некој ми е одбивен, иако на почетокот не ми било јасно зошто. Некогаш причината е врзана за самата личност, ама ете еднаш ми се случи една познаничка да ми стане одбивна од старт, само затоа што многу личеше на моја поранешна другарка Некогаш ми се чини дека само името може да создаде одбивност, ако имате некоја таква личност во животот со која не сте во добри односи.
Не сум почувствувала и не постои според мене такво нешто како одбивност без никаква причина, бесмислено е. Дури и да е во првите моменти од запознавањето, би било прво поради негативна енергија (намуртеност), циничност во изразот на лицето, па потоа лоши манири итн.
Постои..да, да..постои и се вика АНИМОЗИТЕТ! Браво за чичко Гугле Анимозитетот се провлекува на разни начини, има разни"врсти" како на пр.за народ, раса, боја на кожа, религија...ете имаме анимозитет во политика, фудбалски натпревари..ОЧИГЛЕДНО е дека постои и овде на форумов, без причина некој член едноставно ни е иритантен, антипатичен а причина немаме.
Одбивност имам, али увек причината е карактерот на особата. Не патам од анимозитет. Не ми се случило да судам човек, освен по карактерот, нит осеќам вибрации и аури.
Во претходни животи не верувам, а ни во тоа дека може да чувствуваш одбивност спрема некого, без причина. Еден голем проблем е дека многу често, пред да запознаам вистински некого( а добивам некакво одбивно чувство за него , неубаво) се обвинувам зошто така мислам. Дека треба да го запознаам, пред да пресудам, дека сум на штрек па затоа така и разно разни глупости. За на крај да се вратам на она моето, првото и да си признаам дека сум била во право.Иако во цела таа фарса, сум се убедувала колку личноста нема потреба да ја бркам од себе, дури сум и додавала особини и слично, кои ги нема. Ова се повторува како дежаву, само што во последно време си ја слушам интуицијата и не давам шанси, едноставно не ми се губи време, Си верувам на моите емоции кои никогаш не грешат. Обично се тоа луѓе кои сакаат и бараат преголема близина со мене, спротивни енергии итн.
Да, исто како што може да се случи и некој да ти се допаѓа пред да го запознаеш. Препознаваш одреден шаблон на однесување кој го поврзуваш со некоја индивидуа или однесување од свое претходно лично искуство, па заклучокот доаѓа сам по себе.