Одбивност на родителот спрема детето

Дискусија во 'Дете' започната од sevda.a, 4 октомври 2016.

  1. sevda.a

    sevda.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2016
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ја има темава но сакам да слушнам ваши мислења околу темава
    Деновиве бев сведок на некои случувања и бев просто запрепастена.
    Мајката чуствува одбивност кон своето дете кое има 7 годинки :hug:
    Таа е самохран родител и премногу работи а детето го гледаат нејзините родители
    Нема многу време за било што и она што го има го користи само за неа.
    Малку ми е несватливо
     
  2. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    29.001
    Пол:
    Женски
    Исфрустрирани луѓе или луѓе со психички проблеми може да имаат ваква одбивност спрема невино детенце.
    Баш пред некој ден една мајка ја слушав како се дереше на цел глас , ќеркичка и беше :(
    Прво не загледав , мислев маж и жена се расправаат :x
    Ми одеше да и се симнам...
    Па после децата не чинеле , агресивни, анксиозни и сл...
    За мене вакви не задлужуваат да се родители ама тоа е. Треба да се пријавуват вакви родители :doh:
    @Kukla994 и таткото си сноси одговорности. Ама што ако е некој шутрак ? Или пак работи далеку некаде?
     
    На Mr. Right, Јаневски, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  3. ninorta

    ninorta Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2016
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    За да има одбивност спрема своето дете, тука е проблемот во неа, тоа не е нормално!! Јас кога гледам некој деца што не ги знам и не се мои па срцето ми е толку големо а не свое!!! Стварно како е животот чуден кога слушам вакви работи , се чудам понатаму што ќе биде. Не е светот лош туку од луѓето , сами тие го прават животот ваков! И таа некоја си неизживеана, си видела дека родителите водат сметка и не ја боли уво.Затоа децата патат на крај од разводи и г...а ! Кога не си спремен/а на брак не го започнувај ако неможеш да гледаш деца понатаму. Жално е , мн во светот се мачат за дете а некој би го убиле за да не го гледат. Кога баш оформува карактер и тоа со разрушен брак , таа (демек) Мајката нема време пуууу.:swear:
     
    На galapce, Јаневски, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sevda.a

    sevda.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2016
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    не знам што е работва и како се одвиваат работите но има моменти кога седат заедно и учат и играат. мајката ми е комшика и некако се слуцува да бидат кај нив намерно или не. но како и да е јас не можам да го сватам тоа ем има одбивнос спрема своето дете ем го сака. ем вика по него и нема време ем игра и уци
    го гали и сака или пак е некоја маска за пред луѓе стварно не знам
     
  5. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    4.238
    Пол:
    Женски
    И јас сега брзо дознав од еден пријател таксист, жената ја собра од удолу незнам дали се курваше или беше со другарките цел пат му велеше на таксистот побрзај побрзај во 3 сатот и ко ја оставил пред зграда го слушнал бебето кај шо плачи комшивката на џам и рекла од 1 сато плачи чупето само дома како си го остајла мори :shake:. Се запрепастив јас а имала и маж на работа бил тој ноќна смена :@
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.606
    Допаѓања:
    48.882
    Пол:
    Женски
    Се сетив сега на еден настан, на една слика што ја видов кога бев средно. Се враќав со другарка ми од школо и видовме еден човек како си ја удира ќеркичката со дебела гранка, стап. И тоа силно. А таа колку многу плачеше. Не знам како се воздржавме да не изреагираме... што тоа девојче толку згрешило за така да го удира?
    А друг случај... има едно дете од 3 години, ептен заостанато во развојот. Мајка му има психички проблеми, не се грижела за него и сега којзнае каде е, изгледа се лечи во душевна болница. Уште пострашно е што и останатите членови од фамилијата не се грижат за него како што треба. Детето не сака да говори, многу е тивко. Само со мене се опушти ама ептен голем напор вложив за да ми прозбори и да се здружи со мене. Со задоволство би прифатила и зела отфрлени деца да се грижам за нив.
     
    На Mr. Right, EminemsGirl, Viki693 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ако мајката во првиот пример погоре, понекогаш и го игра, и учи со детето, не се работи за одбивност. Не дека ја оправдувам-далеку од тоа, но одбивност е кога воопшто не може да го "смисли" така да се изразам. Може емоциите и одат до крајност, кога е послушен и соработува го гушка/гали како што пишавте а кога е немирно реагира преагресивно.
    Еве на пример кога син ми че збесне и не ме слуша ништо, значи главата ми пука од нервоза, играм на емотивната карта, му кажувам дека мама е лута и дека со тоа ме натажил и се смирува. Кај секое детенце има нешто што пали за да се смират. И нема тука одбивност од моја страна туку тактика, а може на друг му личи дека мене детето ми е одбивно.
     
    На joy1 и MilaP им се допаѓа ова.
  8. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.927
    Допаѓања:
    13.926
    Пол:
    Женски
    И јас знам една жена што најпрво го тепаше детето цело време затоа што ради тоа што останала трудна се омажила со татко му. Детето од толку ќотек се разболе, доби детска шизофренија. Сега го тепа ради болеста, ради некои испади што ги прави детево поради болеста. Почина тој маж и, па сега детето е криво што ради него не сакал никој да ја земе сега. Не му дава лекови редовно, наводно лековите го збудалувале.
    Работам во училиште инаку. Како институција реагиравме, и во Општина, и во Министерство, и во Социјално, а пред се во Центарот за Ментално здравје. Луѓе, ви се верува ли дека на никого не му е гајле? Само не препраќаа од еден кај друг, и буквално никој не се замара.
     
    На Salome, tina-63 и Victorian им се допаѓа ова.
  9. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Женски
    Па не сме во држава кај што работат таквите институции за жал. Да е на др.место одма ќе и го земат.
     
    На EminemsGirl, PaLaVa, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.927
    Допаѓања:
    13.926
    Пол:
    Женски
    Душа ме боли за него, верувај, го гледаме се мачи а не можеме да му помогнеме....
     
  11. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Женски
    Ти верувам....
     
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.126
    Пријави во Центар за социјална работа како за почеток, ќе ја викнат на разговор и ќе и запретат малку со одземање на родителско право па дури и старателство над детето па да го доделат на таткото. Ако веќе не го сака таа нема ниту што да биде кај неа, нека го чува и воспитува таткото, никој не должен да трпи насилство уште помалку дете.
     
    На rose60 и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.325
    Пол:
    Женски
    Овде ќе смешам и друга тема малце бидејќи баш вчера ја читав темата за абортусот.
    Ова е доказ дека не секој човек без разлика дали жена или маж има предиспозиции да биде родител. Не секој сака, не секој го бива, не секој би го ставил детето на прво место.
    Подобро да ги остават ваквите родители децата во дом, или во краен случај кога се толку огорчени што имале односи и не мислеле доволно или им се згрешило- подобро и абортус да биде опција од колку невини дечиња да патат бидејќи ги створиле такви луѓе.

    На темата поконретно- жал ми е што децата секогаш плаќаат за фобиите, стравовите и бубачките на родителите. Иако кај нас институциите кои треба да се грижат за ваквите случаи се за нигде, доколку гледате малтретирање на деца обавезно пријавувајте! Не бидете неми набљудувачи со тоа само се влошува состојбата. Полиција на лице место или снимање или било што. Мора по секоја цена да се заштитат невините дечиња.
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Mr. Right и 6 други им се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.803
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал, зошто не е само еден ваков случај. Како што кажа членката погоре кога ќе дојде до бременост се размислува, ако исчезне партнерот тоа е премногу и затоа треба добро да се размисли.
    Во случајот најмногу ќе пати детето, за љубов од родителот.
    Мислам дека единствен начин да се подобри ситуацијата е родителот да поминува повеќе време со детето, да го прифати тоа што се случило во минатото, дека идината е подобра, дека детето е нејзината иднина и дека таа ќе биде горда на него, без разлика на се друго.
    Мора да сфати дека животот сега ќе и е поврзан со детето, таа мора да е сведок на напредокот на детето и да биде покрај него во текот на животот. Така ќе научи да го сака и почитува и како личност и како мајка. :)
     
  15. alena19

    alena19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Нека ми го даде ја ке си го чувам .:hug::l:
     
    На cresa-jagoda, leona83, EminemsGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.112
    Пол:
    Женски
    I jas isto mislenje imam.
    Plus pogore e kazano i toa deka majkata mnogu raboti.
    Sigurno raboti za nejzinoto dete da ima podobar zivot.
    Nikade ne napisa deka imalo nasilstvo pa sto proizlegoa komentari da se jave vo socijalno za da se razgovara so majkata.
    Na smena sum bila od 7 vecerta do 7 sabajle ili obratno,plus pat 3h i koga ke si dojdam doma nemam zelba da disam a ne da smeam pa moze i jas na nekoj mu licam deka sum neodgovorna majka.

    Taa ne e majka tuku psihopat .

    Imam videno sekakvi deca veruvajte nekoj ne se razbiraat od zbor i od ne.
    No dete ne se kaznuva ni pak se tepa.
    Koga pokazuvas nervoza kon dete i toa ke bide takvo.
    So deca samo smireno i takticki kako sto kaza i leona.
     
    На cresa-jagoda, leona83, Mr. Right и 10 други им се допаѓа ова.
  17. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.838
    Допаѓања:
    16.286
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека не секој е створен за истото, и не секој сака деца. Тоа е ОК, меѓутоа!..
    Убаво велат дека Господ на погрешни луѓе им дава деца.
    Ако не го сакаш, воопшто не го прави. Ако веќе си го направила а и понатаму не го сакаш, подобро дај го на посвојување, огреј им ги срцата на пар луѓе кои се мачат со години да имаат свое.

    Баш летово на одмор, вечерта бев излезена и се шетав низ градот, и налетав на македонка која влечкаше (ама буквално влечеше) за рака мало машко детенце. Детето беше нешто вознемирено, и таа наместо да го смири, гушне, крене в раце, било што да направи, застана на сред улица, почна да му се дере, а откако тоа се вознемири уште толку, почна да го мава силно по главчето, и тоа не обична шлаканица, туку неколку последователни силни удари. На страна што бев запрепастена и шокирана, бев искрено и загрижена за последиците кои тие силни удари би можеле да ги остават врз главата на тоа мало детенце.
    Кога таа тоа се осмелува да го прави во јавност, на улица на која врие народ, тогаш што ли се случува кога ќе и се спојат жичките дома, во затворен простор, за што е тогаш и таму способна?
    Е тие таквите, т.н. „мајки“, да земеш и не знам што да им направиш - малку ќе е.
    Децата никогаш не се виновни за непромисленоста на своите родители.
     
    На cresa-jagoda, ♡BuBaLe♡, EminemsGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. sevda.a

    sevda.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2016
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    колку што знам мајката работи постојано по 13-14h и кажува дека тоа е така баш поради таа причина затоа што нејзиниот поранешен сопруг ( со кој се уште не е судски разведена а не живеат 4-5 години заедно) не и помага финансиски. го зема детето само по барање на бабата и дедото ( неговте мајка и татко).
     
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    18.423
    Пол:
    Женски
    Умоболни ! Подобро дај го на посвојување , ем некој друг пар ќе му се израдува , ем детето ќе има дом полн со љубов и разбирање , ќе има семејство ! И моето дете е немирно , си тера по негово , ама до сега не сум повишила тон на него , а не па да кренам рака и да го удрам . Што разбира детенце од 2 ипол - 3 години , па и 7-8 нека има , тие се деца , не велам се им е дозволено , ама секогаш постои начин со убаво да се објасни .
     
    На shz и LollySky им се допаѓа ова.
  20. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.112
    Пол:
    Женски
    Trebalo vo vovedot da go napises i ova.
    Ziti tatkoto.Sigurno treba da plaka alimentacija ama znaeme kako odat tie raboti,i da tuzes deka ne ti plaka treba advokat plus pari...pa ako tatkoto ne raboti ili raboti kako neprijaven nema od kade da mu zemat.
    Dokolku cuvstvuva majkata odbivnost kon deteto ni ke raboti za nego ni pak ke ja interesira da uci ili da si igra so nego voopsto.
    Zatoa i kazav vo prviot post ovoj ne e slucaj kade sto roditel cuvstvuva odbivnost kon dete.
    Dobriot roditel sekogas go saka svoeto dete i mu misle dobro no toa ne znaci deka ne prave greski ili deka so deteto sekogas ke si igra i ke pee.
    Nekogas kolku i da go sakame toa ednostavno nemame sila.
    Majkata e zrtva vo ovoj slucaj bravo za nea sto sama se grize za da mu ovozmozi dobra idnina na deteto.
     
    На cresa-jagoda, Gosh, PaLaVa и 6 други им се допаѓа ова.