Првата работа ми изгледа како поинтересна, но понапорна, постресна, а вторава како полесна и понезависна. За вторава валда ќе си в канцеларија пред компјутер, еве како мене, ем си работам, ем си пишам на Фемина, Фејсбук , си варам чај, слободно се јавувам на мобилен. Некогаш знае да биде и досадно. За првата работа, се што е поврзано со училишта (а, посебно приватно школо) е многу понапорно и постресно, потешко ќе ти е да дојдеш до слободен ден, или ако нешто ти искрсни. Имам 4 месеци работено во училиште на замена и многу беше поинтересно со деца, но одговорноста беше преголема. Не смееш ни минута да задоцниш, има сенекакви деца, сите ќе разберат, неколку не, па преповторуваш, знаат многу да те исцрпат. На сегашново место ми е поопуштено, дома си идам свежа и одморена. Полесно е да се работи со документи отколку со деца. Посебно денешниве деца маста ќе ти ја истават. Сепак, ти пресметај. Кое место ти е поубаво платено, кое ти е поблиску до дома, чие работно време е поубаво, какви колеги би имала. Разговарај со домашните, сигурно ќе те посоветуваат најдобро. И што да избериш нека ти биде среќно.
^^Знам дека работата со деца е потешка, а плус јас завршив Преведување, а не Наставна насока. И мене поголем ќеиф ми прави работата во конфецкијата, макар што се ќе треба да учам од нула. Ама што ако утре одбијам во школото, а не ме ни повикаат на второто место? Знам дека никој не може да ми помогне, ама сакам да слушнам повеќе мислења и искуства од другите, за да одлучам сама на крајот. Фала на сите
Дефинитивно гласам за школото , тоа е тоа што имаш учено (не како педагог ) туку јазикот што го познаваш и што можеш да го предаваш .Искуството како професор стекнато таму повеќе би ти користело како отскочна даска за на друго место отколку средување на документи ( читај секретарка што вари кафиња ,што ке трпи разно разни исфрустрирани малце платени луѓе .. газди,шефови,колеги ..)Школото за јазици е покултурна работа посебно за почетник каде и евентуална грешка ке се толерира без никаков проблем ,деца што се таму по 1-2ч и сигурно нема да се однесуваат некултурно или лошо бидејки плаќаат да научат а не да им помине време како во школо .За работење со документација како што напомена царински декларации ,фактури итн потребно е искуство бидејќи нема можност за толеранција на грешки .Можеби седењето во канцеларија звучи примамливо и фино но тоа е само она што подлажува .Поченички да не влеташ во работа каде што СУМ сигурен дека е работа под голем притисок и со големи одговорности ке ти се одрази на се.Човек несвесно станува нервозен поради работата , нема време за ништо постојано напнат ....А зошто ? Ти како почетник нема да бидеш имуна на сето ова но барем со деца е полесно-интересно да се разбереш отколку со некој што му зависи бизнисот-работата или платата .. Секоја грешка се казнува ако не директно ,индиректниот начин е тој што највеќе боли .Ако ти е потребна работа,прифати кој ке понуди прв .Нека не те става во дилема ако 2 фирми те викаат ,двете различни работи ти нудат ..Од тебе зависи што сакаш ние само може да кажеме наши мислења
Прифати во школото, па ако ти се јават од конфекцијата види какви услови ти нудат, ако ти се допаѓа повеќе отиди таму. Искрено, прави тебе како што ти одговара. Школото сака да те искористи, ќе работиш месец и кусур без пари, па зошто и ти да не ги искористиш. Ако не испадне ништо со конфекцијата ќе си останеш таму и готово. Не ги одбивај, нема причина зошто би го направила тоа.
Хепигрл, јас бев во многу слична дилема пред околу 13 години (аууу, ама лета времето ). Ги одбрав двете. Канцелариската работа ја работев од 8 до 5, а во школото предавав од 6 до 10. Многу ми беше напорно, уште повеќе затоа што тогаш ја слушав четврта и имав два испити од трета, ама некако ја истерав годината. За работа важи правилото - подобро врапче во рака отколку сокол на гранка. Ако не ја добиеш работата со преводот, ќе ја пропуштиш и шансата со школото. Јас би почнала со школото, но би се обидела и да работам во фирмата, т.е. би ги терала двете паралелно, до крајот на училишната година. Тешко е, ама не е неизводливо, а само така ќе знаеш што ти е подобар избор. Со школото би почнала секако, дури и да не сакам да ги работам двете. Второто се уште не ти е сигурно. Ако сепак го сакаш многу повеќе, и условите ти се прифатливи, тогаш можеш да дадеш откаж во школото. Не е убаво, ама моето, и искуството на моите најблиски кажува дека лојалност на работа не се исплати. Ти ќе донесеш одлука на своја штета за да не ги оставиш на цедило, а тие никогаш нема да го направат тоа. Суров е капитализмот, тоа е тоа.
Помислив и јас на тоа да почнеш прво со школото, ама да не добиеш таму документ за потпишување или друго? Не верувам дека е лесно, но и дека тебе ќе ти е згодно туку така да откажиш од таму на сред работа.
Ајде да ви кажам како поминав сабајлево во школото. Првин, да одговорам на постот на Ариел, не можам да ги прифатам и двете места затоа што во школото (ако почнам да работам) ќе имам часови цел ден, со паузи од 2-3 саати меѓу нив. Да е до мене, јас попрво би работела во конфекцијата, иако треба да почнам се од почеток. Ама од таму уште не ме викнале, не знам ни дали ќе ме повикаат. Е сега, од школото ми кажаа дека сум влезена во најтесниот избор, и во рок од 2-3 дена ќе ме известат дали од понеделник ќе почнам таму. Јас им предложив доколку може, да почнам од 1 декември бидејќи имам уште некоја обврска со дипломската работа, консултации, термини и сл. Ама нив им се брза. Работата е што јас треба да влезам на местото на една професорка која ќе работи кај нив до НГ, и да ја заменам. Затоа, би требало да биде тој пробен период, да се уклопам со децата и часовите. Ќе треба да одам секој ден, на сите нејзини часови, без плата или хранарина. Моментот кој денес многу ми засмета е тоа што за плата ми рекоа дека дополнително ќе се договараме, а на претходното интервју ми ветија дека веднаш ќе знам за колку ќе работам. Плус, сега газдата ми вика дека и јануари, т.е. после распустот тие 2 недели, се ставени под знак прашалник дали ќе биде пробен период! Демек не е сигурно уште тоа, ќе се договараме цело време. Ако ме викнат во понеделник, а верувам дека големи се шансите за тоа, ќе им кажам дека според мене е фер да знам за колкава плата станува збор, и дека тоа е многу голем пробен период, скоро 2 месеци. Јас да ги држам часовите, да губам од моето време, а тој не сака да се сложи ни за единствениот предлог што го имав јас - да почнам од 1 декември. Веќе ја изгубив и желбата што се вели, и еланот за работа. Зошто уште од почеток сакаат да го користат работникот? Тоа што јас немам искуство не им дава за право да ме користат.
Цццццц...какви работодавци постојат, зарем ова е законски? Не можам да верувам. Мислам дека треба да го пријавиш ова, еве нека каже и некој адвокат, ама ти да работиш, а да не те платат не е во ред, срамота. Па како ќе одиш до работа, трудот и времето што ќе го изгубиш, башка не е едноставна работа, треба да се спремаш за секој час...Јас пред 10тина години како мое прво искуство ми беше во училиште за странски јазици и ме плаќаа 400,00 од група. Во денот имав 3-4 групи и ок ми беше, но не бев пријавена. Си заминав поради тоа што работев на црно, сопственичката никаде не ги пријавуваше парите од учениците. Мој предлог е уште пред да почнеш со работа да си потпишеш договор каде јасно ќе ти бидат дефинирани условите и начинот на работа и како ќе бидеш платена. не после не накнадно ,одма и без одолговлечување. Ако си како хонорарец обавезно нека ти платат персонален данок. Почни да работиш за да не седиш дома, па штом ќе ти се укаже подобра опција оди си. Поздрав
Дечки а дали можеш да раскинеш договор за вработување? И кои се последиците ? Треба да потпишам договор за 6 месеци , а другата недела сум повикана на интервју за работно место кое е баш според моите квалификации и во фирма во која одамна посакувам да работам , не значи дека ќе ме примат ама нели надеж .. Па сум на два ума , другото работно место не ми според струка ама е лесно и ок плата . А нели подобро врапче во рака
Одбив скоро бидејќи не ми се допаѓаше работата и беше слабо платена за полно работно време(10 000). Ќе прифатев ако ми беше по струка, но за полно работно време, стресна работна задача, ниска плата и позиција што не ми е битна за завршениот факултет, реков не
Мими го имаш прочитано договорот? Дали има некој клаузула за казна од не знам колку пари доколку дадеш отказ пред истекот на рокот на договорот. Ако нема тогаш можеш да го раскинеш во секое време, барем јас знам за многу такви случаи(само мислам дека требаше порано еден месец да го врачиш твојот отказ) Еве- Али имаш и ваков член, Пази на договорот, не знам колку време ќе ти остават да го разгледаш, ама мој совет отвори очи 14 пред да потишеш.
Хипстер ти благодарам на информациите . Баш на тоа мислев дека имав читано дека морам да ги известам 1 месец порано. Па ме интересираше дали има санкции . Договорот не сум го видела , ме известија дека сум примена и дека од понеделник треба да почнам со обука која трае 2 недели па да потпишам договор , а во вторник сум на интервју . Марфи е крив Периодов немав никаква понуда ни за интервју , а сега се собраа . Ќе видам во вторник ваљда после интервјуто ќе знам кои ми се шансите отприлика па да размислам околу договорот оти ќе немам можност да ги известам еден месец порано , а знам дека во другава фирма процесот на селекција е побавен па може да се случи јас веќе да имам потпишано договор а да ме побараат за работа ( дај Боже ).
Tell me about Murphy.... Кога нема ништо нема, кога има сите во иста надела се јавуваат Истото и мене ми се случи, одбив и јас нешто слично пред да почнам кај што сум сега, ама јас дури ни на интервју не бев отидена, ама имав некое пречуство дека ќе биде и ете бидна и сега сум среќна што не се премислив во врска со работава Мој совет оди на праксата од 2 недели, обука што и да е, и во исто време иди на интервју. Ако ти се допадне толку многу односот и ти понудат работа ќе имаш време пред да го потпишеш договорот во тие 2 недели да им откажеш, без договор не си обрзрана на ништо, свесна си и сама, така да со изговор дека не е тоа што си очекувала си одиш на ова второво без никакви пенали. Али оди на интервјуто, испитај ги сите шанси и можноси на теренот Среќно, да ти исполнат плановите и да си се вработиш таму каде што ти е најпожелба и нај по џеб
Имав пуштено една апликација за кол центр, и ми се јавува човекот и ми вика: ние сме хот-лајн сервис, 80€ неделно ке те плаќам уште сакаше на тел да ми покаже каква би ми била работата
Не ми се верува мене па една дотична персона ми има спомнато за овој центар зошто не сум аплицирала... Последна работа што ја одбив беше понуда за во конфекција, ко да имам две леви раце никогаш не би знаела тоа да го работам освен ако се најдам ептен во небрано ќе морам и тоа да го научам.
Јас не знам како ми најде еден чичко бројот и ми се јави исто за хот-лајн, абе почна да ме убедува дека гласот добар ми бил, па колку требало да се работи па ова, па она. Да не бидам некултурна му прам дека не сум заинтересирана и на крај му реков дека ќе му прејавам ако се предомислам зошто само така можев да го откачам. Другарите ми беа лути оти не сум прифатила, и криво им било што не биле женски иначе тие ќе оделе.