Одбиени работни места

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 11 јануари 2012.

  1. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Бев на разговор за работа и се договоривме што се договоривме,газдата напомена дека постои дрес код ,дека мора деловно да се облекуваме,ок велам и онака не планирав да одам по стартки на работа.
    Кога утредента одам,тој ми напоменува дека нувниот дрес код опфаќал здолниште над колена или во превод минич и дека треба да ги служам клиентите со кафе и да ги "забавувам" кога тој че биде отсутен. Во истиот момент му реков " со должна почит Директоре,но јас не учев 5 години факултет за да заработувам со кратко здолниште,во овој момент ја прекинуваме соработката!". Тој пак ми вика,па добро и онака гледав дека не си тој тип ,дека не можеш да се вклопиш во оваа работа.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.956
    Пол:
    Женски
    ilyan уште поодвратно ми е што настапуваат со понижување кон таквите девојчиња, демек заостанта си што не можеш да се вклучиш во таква група на девојчиња :puke:|(
     
    На SummerGirl, theowndemon и DAngel им се допаѓа ова.
  3. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Нека мисли што сака,јас имам гордост,сакам да заработувам чесно и го избирам потешкиот пат во градење кариера,ако беше за провокативна облека немаше да се образувам и да учам по цел ден.
    Тој ми нудеше добра плата,службен автомобил и мобилен,а и платени семинари во странство. Се одбив зошто очигледно имаше друга цел,друга замисла во однос на тоа како ќе ги заслужам горенаведените поволности и бенифиции затоа работно место.
     
    На SummerGirl, theowndemon, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Имам чувство @ilyan дека сме одбиле исто место за работа. До душа моево искуство е поодамна, ама исто добра плата, службен автомобил, обуки, кодекс на облекување, бла бла бла...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Ова беше пред 4 години :)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Работам како професор и преведувач од руски јазик, што значи дека за стабилна работа по струка можам само да мечтаам. До сега имам доста работено, и имам поминато милион интервјуа и имам одбиено доста од нив.

    Првата работа што ја одбив беше за некоја квази фирма којашто уште не знам со што се занимаа. Зачадена канцеларија, демек директорот и 5 кандидатки одеднаш интервјуираа. Демек одма не примија мене и уште едно девојче. Јас не се појавив наредниот ден, се јавив дека маж ми не ме пушта да одам по службен пат (демек често ќе се одело), а не бев ни мажена тогаш :) Цело време имав чувство дека господинот пуштил оглас за швалерка. Бљак.

    Последно одбив да работам во фирма што имаше пуштено оглас за секретарка, а описот на работното место вклучуваше да бидеш се‘ - од чистачка до сметководител и комерцијалист. Саботи работни, работно време до 5-6, а плата 250еур. Нејсе, може ќе се сложев да не ми кажеше: „А, бе, чим маж ти е програмер, тебе работава ти е за да не седиш дома, не ти е тебе до платата дојдено.“
    3 пати ми се јавуваше после интервјуто и 3 пати му викав, не ми е за парите, дома ќе си седам.

    Имам одбиено многу преводи поради тоа што сум знаела дека нема да ме платат, или не ми одговарале условите (нереални рокови, прениска цена и сл.)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Машки
    сум одбивал заради арогантен однос на неписмени газди, демек имаат завршено факултети ама немаат.
    Дека треба се да работам, да помогам да кревам како обичен работник, иако сум инженер.
    И секако заради ниска плата.
     
    На prashinka, eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.