Одбојка е преубав спорт.Нема да зажалиш ако се запишеш.Ти кажувам од искуство.А за тоа клубовите не би можела да помогнам не сум од Битола.
Aaa епа океј. Ние игравме со кадетките ваши. Со таа група кај што игра Моника, ќерката на Јанта (сигурно ја знаеш :Р).
Иако не сум нешто талентирана за одбојка, просто го сакам овој спорт! кога наставничката ке ни каже ајде наместете ја мрежата или земете ја топката за одбојка јас сум
Омилен спорт ми е ! Отсекогаш сум сакала да играм,сакав да одам во некој клуб,се имам распрашувано но никој не знае.. Да не знаете некој одбојкарски клуб во Прилеп?
Од Скопје си? Во Скопје има многу клубови. Форца, Јанта, Аеродром Волеј, Бест Волеј, Фит Фан и многу други. Ако сакаш повеќе информации околу клубовите, пиши ми ЛП.
Толко многу бев среќна што ке почнам со одбојка и накрај тренерот ни рече дека оваа година ќе нема одбојка зш немало доволно деца . Ама ако сега пак си се вратив на кошарка, многу ми е жал што се отпишав и пропуштив многу натпревари .
Одбојката е убав и корисен спорт не дека навистина ја сакам одбојката па сега да ја фалам најискрено прекрасен спорт е!!!
Јас на почетокот на учебната година почнав да тренирам одбојка и многу ми се допаѓа.Мене ми е интересен и убав спорт,а и тренинзините ми се допаѓаат.
Jaс тренирам веќе 4 години , ми викаа прво дека сум била мала, па не било убаво за коските и 100 други приказни, ама кога ке наумам нешто , не се откажувам. На сестра ми сум се метнала
Многу ми е криво што не почнав како помлада да се бавам со овој спорт, но планирам здравје мојата внука да ја запишам на одбојка.Еден од ретките спортови каде што девојката е секаде пропорционално затегната и со мускули.А и помага при раст.А и незнам дали имате приметено ама најубавите спортиски се одбојкарките
Се запишав на одбојка во последниот ден на Август. Што да се рече, најубавиот тимски спорт според мене! А и, одбојката веќе не ми е спорт, туку начин на живот. Кога ќе си спремен да си ги искршиш коските за само еден поен, да имаш модринки од силно удирање на топката, кога не размислуваш за себе, туку за тимот, тогаш си вистински одбојкар!