1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбојка

Дискусија во 'Спорт' започната од Nannaa, 24 јуни 2010.

  1. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    kaj koj trener si??
     
  2. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Одобојкаааа :inlove:
    Значи одбојката ми е најомилен спорт... :rofl:
    Веќе 3 и пол години тренирам во ОК „Феникс“ Прилеп и ептен сум задоволна. :D
    Исто така и тренерите се супер, а и целата група со која тренирам! :rofl:
     
  3. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Дури сега го гледам ова :tmi: Иначе кај Маца сум :)
     
  4. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Јас уште од мала многу сакам одбојка. Ептен интересен спорт ми е и кога има на телевизија, толку се загледувам, што надвор може војна да има, а јас нема да приметам! :D
    Инаку од кога дојдов во Виена тренирав одбојка од 2010 значи и тренерот ми се погоди и групата. Арно ама оваа година нема да има, зошто многу малку деца се пријавиле и не може група да се формира и престанав да одам. :( Ама мајка ми сега гледа за други клубови, па сигурно пак ќе одам. :)
     
  5. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Најомилен спорт :inlove:
     
  6. clock.pot

    clock.pot Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    335
    Гледавте вчера САД против Бразил (женски)? Кажете краен резултат, само прв сет гледав! Инаку, тренирам веќе две години, 3 пати неделно. Прекрасно е! Еве, за 2 саати на тренинг сум :D
     
  7. style-girl

    style-girl Нов член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    0
    Јас тренирам одбојка и мислам дека и преубав спорт :inlove:
     
  8. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Одлично нешто е одбојката.Највеќе сакам на плажа да играм. 8)
     
  9. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Јас тренирам одбојка и мислам дека одбојката е најубав спорт за женски :)
     
  10. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    22
    Тренирав одбојка и многу добро играм ама и тоа ми е досадно! ]:)
     
  11. Actress

    Actress Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    Ќе сакате ли да ми ги кажете правилата во одбојка и колку судии судат на натпревар?
    Итно ми се потребни.
    Благодарам однапред.
    Ве сакам ♥
     
  12. poffy.pie

    poffy.pie Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Еве ти линк :) http://iml.jou.ufl.edu/projects/Fall08/ ... fault.html
    Има 7 играчи: два примача, техничар, коректор, два блокери и либеро, но само 6 се во игра. (блокерите се менуваат) Позициите почнуваат од долен десен агол на теренот и одат во спротивно од стрелките на часовникот, а ротацијата е во правецот на стрелките на часовникот.
    [​IMG]
    Во позиција бр. 1 е техничар, во 2 е примач, во 3 е блокер, во 4 е коректор, во 5 е примач и во 6 е либеро (или блокер, зависи од ротацијата и планот на играта). Позициите 5, 6 и 1 се така наречени позиции на задна линија, а позициите 4, 3, и 2 се позиции на предна линија.

    Теренот (до мрежата) е: 9 x 9м, целиот е 18 x 9м, а и исто така е поделен со уште една линија - 3м. Еве сликовито за да не пишувам:
    [​IMG]

    По сервирањето од страна на едната екипа, играчите од другата екипа имаат право до трипати да ја удрат топката пред да ја префрлат преку мрежата. Поен се добива кога топката ќе падне во полето на противничката екипа, ако противничката екипа не успее правилно да ја префрли топката назад во полето на нивниот противник или ако противничката екипа заработи фаул.
    Се игра до добиени три сета при што во секој сет треба да се освојат 25 поени, освен во петтиот сет кога се игра до добиени 15 поени. При тоа, победничката екипа мора да има два поени разлика во однос на противничката екипа, при освојувањето на потребниот број поени за победа во тој сет. Во спротивен случај, сетот продолжува се додека некоја од екипите не направи разлика од два поени.
     
  13. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Дали во Борис Трајковски (спортски центар) има опција за тренирање одбојка?
    А каде на други места во Скопје има училиште за тренирање одбојка?
     
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Јас многу сакам да играм одбојка. Некако сета негативна енергија, ја исфрлам.
    Али работата е што немам таленат. :D Имам многу јак удар. Почнаа да ми се љутат. Оти јас кога ќе ја мавнам од еден крај на сала, таа за секунда летнала на друг крај. :D Не знам малку да ја лупнам. Ако ја лупам, ја лупам на до крај. :D Цело време ми викаат полека, а јас не знам полека. ]:)

    А и често губам координати. Топката ја мавам во таван или на некоја скроз петта страна. :D Тоа е проблемот. :D Искрено, да не си мачкаме очи, поима си немам. :rofl: Имам само желба, а другото јок. :D
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Ух,одбојката не ја сакав многу и заради неа физичко мразев :devil: .Во прво полугодие,професорот само по мене викаше,не со една рака, со две,а јас гледам да ја удрам топката,сета збунета ко теле само гледам :D .Али сега се подобрувам и дури сите правила ги научив :$ .
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  16. poffy.pie

    poffy.pie Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Форца - Скопје, си имаат голема сала, и жени одат таму и играат, според мене се многу добра екипа има добри тренери итн итн. http://forza.com.mk/za-nas.html :D
     
  17. love-it

    love-it Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    78
    Знаете што?
    Сум се подобрела во одбојката.Тапа бев :lol: :$
     
    На Maria.Vampire му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anisijaf

    Anisijaf Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    15
    Одбојка за мене е живот. Иако пет месеци тренирам, се чувствувам како да сум играла од секогаш. Навистина сум среќна кога ќе го слушнам тој збор. Е сеа кој се разбира у одбојка, а верувам сите горе долу знаат техники, што би рекле што според вас е најтешко? Упијач, смеч, блок? Би сакала да знам дали сте заинтересирани за спортов. Инаку воопшто не сум слушнала да се збори и да се форсира спортов овде у Македонија.... :^)
     
  19. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    33.323
    Пол:
    Женски
    Најмногу ја сакам одбојката,омилен спорт ми е! :lol:
     
  20. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Јас одбојка само кога имаме физичко играм, интересно ми е :D Не дека многу разбирам, онака основното само, колку да се каже дека играм :D И другарките ми се такви, така да нема од што да се срамам :D