Одбрана тема : Згаснат пламен

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lilit, 15 април 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    9.301
    Допаѓања:
    120.152
    Правилото е едноставно,секоја недела ќе се менува насловот на темата на која што ќе пишуваме и секој оној,кој го инспирира,кој има желба,без разлика дали го бидува или не,може да напише нешто во проза или поезија,па дури и ако љуби хаику.

    Слободни бидете да сугерирате теми по ЛП кај модераторот одговорен за овој подфорум.

    Темата за оваа недела е ... Синот на жената со тажни очи

    Не судете на неделниов,почетен наслов,под импресија на лик од книга е,ќе биде подобро,ама мислам дека има простор за пишување. :)

    П.С.Ако ви се допаѓа некој текст,ве молам инсистирајте да ја користите опцијата ми се допаѓа без да го коментирате текстот. :)
    П.П.С.Да,можете да пишувате на одредена тема колку пати ви сака душичката. :D
     
    На Elenuskaa, BeYourself, Mandarinna88 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.525
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Инспирирана сум. :)

    Синот на жената со тажни очи

    Се влечка, неволно, мрзоволно и тажно.
    Се мрцвари како спружена простирка пред влезот на сечиј дом.
    Наголтана прашина, тага и страв.
    Порабена во очните капаци со солзи,
    наместо со црно моливче.
    Жената со тажни очи.

    Уморот ја свлечка во ендекот на спомените
    каде соништата се свенати и тажни.
    Но, не се лажни.

    Таму за прв пат,
    вкуси усни со мирис на каранфилче и вино.
    Одговараше сосем, можеби затоа што беше една зима.

    Сега, во утробата е тешко,
    а устата и мириса на сматок
    како да се одговори на прашањето
    - Мамо, кој е мојот тато?

    (далеку од совршена, ама за три минутки, јбг :D . Ќе напишам уште нешто подоцна. Ако смее :wasntme: )
     
    На SunshineYo, little-girl, nati44 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.404
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Стои таму , молк.
    Никој не му приоѓа, а он ја гледа мајка си. Тешки солзи паѓаат на земја, прават дупки во земјата. А таа свежо ископана, оградена...споменик и цвеќиња.

    Стои таму, молк.
    Никој не го забележува, а он жали. Жали за секоја кавга, за секој лош збор, за секоја ноќ непроспана .. он лудувал, а мајка тагувала.

    Стои таму, молк.
    Плаче мајка. Зарем отсега тука ќе се среќаваат ? Зарем овој мермер е негова врата, и оваа земја негова постела ? Прости сине, за секој лош збор, за секој удар...прстиве да ми се исушат.

    Стои таму.
    Мајче ќе те чувам !
    А она не слуша.
    Мајче сврти се !
    Црна марама и го крие лицето.

    Само едно ветре, топло и миризливо ја погали,
    и даде малку сила да тргне по патот.

    Утре повторно ќе го посети, повторно ќе донесе цвеќе, повторно ќе плаче... и се ќе породолжи да тече, да цвета, да расте... се овен нејзините очи, тие засекогаш ќе останат тажни.
     
    На lady.N, hunny-bunny, MarchelineAmaru и 10 други им се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    И јас сум инспирирана.

    Синот на жената со тажни очи.

    Каде е ??? Гледа во небото чекајќи одговор.
    мало створење, кое излезе од неа.
    Очекувано или неочекувано небитно.
    Битно сега го нема.
    Нејзината љубов е голема.
    Но ниту пружена а уште помалку возвратена.
    За тоа не ни постои можност.
    Капат капки по нејзиното лице тешки како олово.
    Не, не врне дожд.
    Тоа се нејзините солзи.
    Солзи на една мајка.
    Солзи за загубеното единствено чедо.
    Посакува да скокне.
    Посакува да го врати времето.
    Не може.
    Повторно капат капки.
    Нејзините очи се полни со болка.
    Никогаш веќе нема да има радост во истите.
    Тој, беше нечиј син.
    Нејзин син.
    Синот на жената со тажни очи.


    Извинете што е тажна ... ама ете. Знам како е да загубиш син. На блиска особа и се случи. Многу пати сум пишувала и пишувала за тоа. Па еве. И јас како трендафилка за некои три минути го скроив ова.
    може не е совршено ама мое дело е :)
     
    На Elenuskaa, MarchelineAmaru, Em4e711 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.563
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Погледна наоколу брзо и внимателно.Детето во нејзината прегратка беше уште сонливо.Небото беше оловно сиво и во непосредна близина одекнуваше по некоја детонација која го параше воздухот со своето громогласно ехо,кое продолжуваше да се шири и по падот на одроните земја и делови од градби,лица и што уште не во тој амалгам на хаосот.
    Со растреперени прсти му мушна нешто во внатрешното џепче од палтенцето.Детето го набљудуваше нејзиниот лик кој имаше некоја чудна насмевка без оној препознатлив звук кој ги пратеше верно нејзините ведри насмевки,а кој толку го сакаше,а сепак некаква тага имаше во нејзините костенливи очи.Истата таа тага која се вгнезди ноќта кога неговиот татко излезе низ вратата на нивниот дом и не се врати повеќе.Оттогаш во нејзините очи се зациментира тагата.
    Брзаа накај границата.Беше општ неред,сега беше можноста за спас.Бегаа само со кошничка полна со еден бајат леб,бардаче вода,малку сол и Тората.
    Уште неколку чекори.Наеднаш згрме глас-
    „Стооој„!
    Таа почна да трча со детето во рацете,воздухот го распара краток,подмолен звук кој излезе од цевката на пушката на човекот во униформа.Наеднаш се најдоа на земјата ничкосани и навидум неподвижни.Само ритмичното наткревање на градите беше знак дека уште е присутен животот.Униформата се доближа и ги поттуркнуваше со извадениот напред нож од пушката.Наеднаш детето виде како мајка му ја зграпчи пушката пред изненаденото лице на човекот во униформа и го наби сечилото во неговите гради.И паднаа двајцата,од двајцата се ширеше алова дамка која правеше мала баричка во правливата земја.
    Од усните на мајка му се испушти едно последно-
    „Трчај,сине,таму е твојот спас„-никогаш во нејзините тажни очи немало поголема одлучност.
    Сега после цели 17 год.го држеше медалјонот со фотографијата на која неговите родители кои се смееја прегрнати,и ја премина границата да положи букет свежо цвеќе на местото на кое последен пат ја виде неговата мајка.
     
    На O.l.i.v.a, MarchelineAmaru, velesanka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    5.582
    Допаѓања:
    54.424
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Виновен е тој
    за нејзините солзи.
    Не му е важно.
     
    На MarchelineAmaru, Phyramide, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.346
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Дождливо утро.
    Улици замаглени, темни мисли.
    Една мајка со дете во прегратка талка безнадежно, чекорејќи со тажен поглед кон портите на недостижното.
    Капка по капка, од очите солзи како дожд и капеа, една врела солза го погали по косата нејзиното најмило .
    Тоа како во сон, незнаејќи што се случува, ја почувствува болката и несигурноста на неговата мајка и силно заплака.
    Силен дожд од солзи, страв, несигурност и капки паѓаa како да ја наговестуваа бурата, бурата од емоции....
    После преморувачкото талкање, детето заспа, не можеше повеќе да издржи, преморено, изгладнето, измрзнато, за последен пат беше во прегратката на мајка си, заспа и никогаш повеќе не се разбуди.
    Жената со тажни расплакани очи беше во крајно безнадежна ситуација во која дотогаш не се беше нашла. Си помисли : Ова не смееше да ми се случи! Покрај толку лоши работи, изгладнетост, тој ми беше единствената надеж и причина за да живеам.
    Би го дала и сопствениот живот, само тој, синко мој, да те гледав како растеш, се ќе сторев да можевме да ја преживееме оваа сиромаштија и да те изведам на прав пат.
    Пет дена по ред не јадев за тебе да те нахранам....
    Ахх животе, колку си НЕПРАВЕДЕН ! Зошто ми го даде, кога толку бргу ми го зеде?
    Не, не сакам да живеам повеќе, земи ме и мене, земи ме, ајде слободно !
    Да можев да бидам добра мајка, уф се мразам, се каам што сум жива!
    Зошто господе не можев да бидам добра мајка и сама си го убив моето чедо? Зошто?
    Зар јас сум крива или мојата сиромаштија или татко ти што загина уште пред да се родиш?
    Ахх, животе, после него, само ти ми беше единствена спас и утеха и желба за живот.
    Го немам него, те немам тебе, немам ништо.
    Мојот живот е безнаечеан и покрај тоа што беше таков.
    Те проколнувам животе, ми ги зеде моите најмили, аххх синко.....
    Колку сакав да биде се поинаку, проклето нека е се, со се' мојот никаков живот....
    Тажните очи беа така чисти од нив покрај врелите болни солзи извираше една таква мајчинска љубов што никој не може ни да си ја замисли, ако не ја почуствува....
    Пекол, солзи, болка, воздишки, проколнувања, каења, лелекања, бура, која ја беше најавил дождот тоа проклето утро.
    Еве ви ја на тацна мојата креативност, моментална инспирација ми беа уште кога го видов насловот социјалните загрозени семејства и многуте бездомни деца кои умираат од прегладнетост и студ
     
    На Elenuskaa, MarchelineAmaru и velesanka им се допаѓа ова.
  8. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    528
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Синот на жената со тажни очи

    Пред 8 години во нашата малечка околина се всели едно интересно и мистично семејство.
    Уште поинтересен е фактот што тоа семејство се всели во куќата која е лепенка со нашата.

    Рано наутро домаќинката која всушност е една средовечната жена со прекрасни сини тажни очи, во исто време секој ден го пие своето првото кафе надвор на својата тераса.
    Тогаш мирисот на тазе мелено кафе низ микроскопските дупчиња од моите прозорци влегува право во мојата соба и ме извлекува од сонот.
    Се радувам што ме буди мирисот на кафе кој го обожувам и без кој и онака денот не може да ми започне.
    Ги кревам ролетните, ја изнесувам својата постелнина на воздух и се поздравувам со жената.
    Сето тоа во пролетните и летни денови просто ми станува како утрински ритуал.

    Неизбежно е да се завртам накај жената, да ја поздравам и да направам неколку редови муабет.
    Таа е толку љубезна, културна и повлечена. Жена каква што секој може да посака за своја соседка.

    Во почетокот не забележав ништо. Потоа почнав да сфаќам дека нејзината насмевка не доаѓа од срцето, дека зборува механички и дека нејзините мисли некаде летаат. Што беше причината за тоа?
    За нејзе знаев дека живее сама со својот сопруг.
    Се прашував зошто немаат деца?
    Долго време не можев да разберам зошто таа жена е толку тажна. Не беа само нејзините очи, туку и нејзината душа. Ах.. Не рекле за џабе, очите се огледало на душата!
    Тие очи повредуваат. Тие очи се полни со тага и разочарување.
    Не само нивниот облик, туку и тие крупни зеници.
    Тие влажни долги трепки и сјај низ кој зрачи болка.

    Едно утро повторно ме разбуди мирисот на кафе, знаев дека е време да станам.
    Ме чекаше убав ден, ја собрав целата постелнина и излегов надвор насмеана сакајќи да и посакам добро утро на жената со тажните очи.

    Тој ден го видов него. Беше свртен со грб, а таа му читаше книга.
    Ја читаше книгата знаејќи дека тој ништо од тоа нема да разбере. Ме забележа, престана да чита и ми рече: Добро утро, ова е мојот син! Стана и инвалидската количка ја заврте накај мене.
    Јас некако успеав да се насмевнам и реков: Драго ми е, јас не знаев.. и не успеав да ја довршам реченицата.

    Таа ме погледна и ми рече: Доживеавме сообраќајна незгода, него тукушто го зедовме од болница после неуспешно долгогодишно лекување.
    За жал во сообраќајката тој се здоби со тешки оштетувања на мозокот, а ние од тој момент ја изгубивме сета наша среќа.

    Господи колку ме погодија нејзините зборови и целата глетката.
    Ме гушеше сето тоа и едвај успевав да изустам по некој збор.
    Пред мене стоеше одговорот на сите мои прашања. Одговорот кој ме остави без зборови и без здив.

    Таа ги имаше најпрекрасните а истовремено и најтажни очи на овој свет.
    Тие некогаш блескале со радост и среќа, но јас тоа нема никогаш да имам прилика да го видам!
     
    На MarchelineAmaru, kate-the-great, easyyyyy и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.781
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Синот на жената со тажни очи

    Очи тажни, солзи полни
    Ете ги, готови да капнат
    Тие солзи матни, а бистри истовремено

    Погледот заматен
    Упатен кон мала книшка
    Насочен кон кружен бројчаник

    Го бара со поглед таа синот свој
    А синот е во рерна врел
    Колач со вкус на вишни и цимет

    А таа со поглед тажен оти нема со кој да ужива во вкусот.
     
    На Chennole, MilanoGirl, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Ова ме инспирираше:
    http://www.youtube.com/watch?v=ultUCC1-7Y0&feature=relmfu

    . . .ТАА повторно му пријде. Ја зеде неговата дланка и ја стави на мокриот образ. Едвај собра сили да прозбори.

    Таа:Чедо мое.. Мајкино сонце... Злато мое најмило.... Прости ми, љубов моја, прости ми!!
    Тој: „НЕ! Повторно Ви велам госпоѓо, онаа за која тврдите дека сте Вие, е мртва. Разбирате ли ? Мртва е! Ве преколнувам, не инсистирајте повеќе. Ако е тоа се што имавте да ми кажете, Ве молам не трошете го своето, а и моето време залудно.“

    . . .ТАА горко заплака. Не можеше да верува на она што го слушна. „Госпоѓо.... Мртвааааа... “ и одѕвонуваше во ушите. ДА! Тој се одрече! Едвај земаше воздух.. Го бараше паричникот. Откако го најде, извади мала црно бела фотографија. Му ја подаде и во истиот момент како да почна да тоне во океанот од своите солзи.

    Тој:Зошто инсистирате? Ова момче на фотографијата не сум јас. Не го познавам! Не Ве познавам! Ве молам, последен пат, напуштете ја мојата канцеларија. Јас сум премногу зафатен за да можам да Ви помогнам во потрагата по она што го барате! Разберете ме, госпоѓата која ме родила е одамна мртва! Умрела иситот ден, откако ме предала на зимата..
    Ви велам, напразно се обидувате. Јас сум роден сам. Сам и ќе умрам. А сега Ве преколнувам! Смирете се и заминете. Секретарката ќе Ви помогне да ја напушите зградата.... Доцнам на состанок. Имајте убав ден!! “

    . . . ТАА веќе едвај стоеше, а Тој индиферентно и` ја подаде сликата во рака, и како ветер замина, трескајќи ја вратата. Немаше ни миг, кога падна на подот. Лежеше на студениот мермер и цврсто ја држеше сликата...Немаше ни солзи за да плаче. Немаше ни душа за да живее.

    ТАА сепак му беше МАЈКА. Грешница, но сепак МАЈКА. Но сега умре по вторпат. Еднаш во неговиот живот, вторпат во себе.
     
    На nati44, BeYourself, MarchelineAmaru и 7 други им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.843
    Допаѓања:
    103.449
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Седеше ко' закован за столот, кој тој самиот го беше избрал за свој пријател. Уште од влезот го беше здогледал и како во истиот момент да беше начул како му зборува со истиот оној јазик со кој и тој самиот час претходно беше разговарал со огледалото во неговата соба, со сите излози и прозорци, кои и го довлечкаа до тој еден, осамен стол. Телото му беше згрчено, истрошено, чиниш гладното за живот време му се нафрлило со сите свои заби, глодајќи му ја и последната коска со која се држеше за својата душа. Секоја линија, секоја вдлабнатина како магнет го привлекуваа неговиот ненаситен прст, па ги допираше и ги допираше, повторно и повторно, сеедно ги милува и теши, а скришкум во себе им се радуваше на маката. Го протна прстот и во неколкуте дупчиња, кои беа останале вдовици, без нивните, изгубени во темниот под, штрафчиња. Но, друго му беше на ум, друго, а не празнината во тие дупчиња, нити пак честиците од насобраната прашинка, дојдена да одмори од безбројте нозе што везден шараа по салонот. Не тие го мамеа неговиот ум.
    ...Се го потсетуваше на неа. Колку и да се трудеше да ги отргне мислите од тие очи, тие капаци и клепки натежнати врз болката и тагата, што како мали деца си играа криенка де во кафеното, де во белото, де во црното од нејзините очи.
    Се' па дури и тој проклет стол, кој самиот тој го беше избрал, го навраќаше на неа. Се чувствуваше ко' осуденик седнат на вртелешка, која без престан го вртеше и го вртеше ден, два, три, месец, година и повторно ден, два три, месец, година наназад, роварејќи му во минатото, во целиот живот, за кој се беше заколнал дека никогаш повеќе нема да го споменува во мислите . Сите слики, сите спомени, мирисот на нејзината коса, кој се ширеше како што таа се наведнуваше кон него за да го крене во своите раце, монистрата од нејзиниот ѓердан со кои си беше играл додека и стоеше во рацете, нејзините очи... тие очи, тие зеници, во кои од тогаш не си го беше видел своето детско лице.
    - Клетнику, ти ме намами. Не јас решив да седнам тука. Ти, проклетијо ти.Ти си виновен за се. Ти и само ти.... - возкрикна со сиот бес, насобран во телото кое чиниш од внатре испушташе чудни звуци, сеедно нешто во него беше живо и мрдаше, додека се кинеше и пукаше како суво дрво фрлено в оган. - Ти !!! - викна повторно и го подигна тој изгужван старец и го фрли во ѕидот пред себе. Го погледна задоволно, со подмолна насмевка извиена само од едната страна на неговата уста, небаре сиот пекол во неговата глава се беше насобрал од нигде никаде да му ракоплеска за стореното.
    - Браво, синко, браво.... - слушаше и се радуваше.
     
    На MarchelineAmaru, anastasija85, irenna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    6.148
    Допаѓања:
    53.606
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Мајка, како мајка, сакаше да му ги исполни сите желби...
    Од овие или оние причини, не беше во состојба да го прави тоа...
    А сакаше, о колку сакаше нејзиното чедо да биде среќно. Судбината не дозволуваше.
    Погледот и стануваше се потажен како што растеше момчето...
    А тој, тој не беше задоволен од трудот кој го вложила мајка му. Дури ни луѓето од страна не ја оправдува... Всушност и немаше изговор... Таа сакаше тој да биде среќен, но не превземаше ништо... така гледаа другите на тоа... Но,
    Мајка, како мајка, сакаше да му ги исполни сите желби...
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.828
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Ах тој ден. Тој црн ден полн со тага и болка, солзи и колнења.
    Зошто? Зошто? Само тоа се слушаше од нејзините усни, само солзи се пролеваа на нејзиното лице... само тага се гледаше во нејзините очи. Браше помош, со поглед бараше помош... Чувствуваше гнев, беше лута, бесна... но немаше на кого да е.
    Дали на Бог што го зема прерано, или...? Не, апсурдно е да размислува на таа тема...

    Не, не можам да и го заборавам лицето кое тагуваше за него... нејзините раце кои го носеа белиот цвет... свеќата која гореше само за него... очите нејзини кои го молеа да прозборе... Музиката која беше во негова чест... Но се беше залудно.
    Стоеше, стоеше до својот син... го гледаше неговото убаво лице, неговото лице кое ќе го краси рајот.
    ......... го остави сам таму, дозволи да и го однесат..... Поминаа месеци, години, години. Но сепак таа остана тоа што тој ја направи во моментот кога замина... жената со тажните очи.
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.836
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Таа беше мајка. Нечија мајка. Го позна тоа по тажниот копнеж во нејзините очи, по бледите усни стиснати и свиени.
    Но, дали беше неговата мајка? На клупата пред црквата освен неа седеа уште неколку жени, навидум слични, но секоја различна. Секоја со својата болка.
    Таа беше посебна. Нејзината душа му мирисаше на багрем и топол леб. Таа мора да е неговата мајка! Годините му го избришале нејзиниот лик, но, не погреши. Таа беше неговата мајка.
    Си вети, ќе остане до неа до крајот на нејзиниот живот. И остана, уште неколку дена.
    Таа се нарадува за сите изминати четириесет години откако не е покрај неа.
    Кога почина, се врати кај мајката на неговиот син.
    Се радуваше на своите, на внучињата, но не прежали за неа, за мајка му, жената со тажни копнежливи очи на која требаше да и пружи повеќе. И сега и неговите очи се тажни.
     
    На MarchelineAmaru и irenna им се допаѓа ова.
  15. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Mandarinna88 Ме воодушеви твојата мала драма, имаш талент за пишување би било добро кога би ја завршила :)
     
    На Mandarinna88 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.024
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    не ме гледај не, ти не постоиш
    ти си само сон
    синило во твоите очи но не од нивната боја,па ти дури немаш ни плави очи
    замина кога најмногу ми беше потребна,те сонувам секој ден
    ми недостигаш мајко!
    како очите на слепиот,како слухот на глувиот
    мајче не ме гледај денес,денес сум тажен за тебе
    тажам зошто те нема
    те имав и прерано те изгубив
    ме тешеше како дете!
    ме креваше кога паѓав како пијано сеуште ненаучено дете да оди
    се караше со комшиките и ме бранеше силно само мене
    ме чекаше навечер додека јас се пијанчев и пијан,ме успиваше
    ми требаш болно!!
    не требаше да ме оставиш.
    Сега секоја вечер те гледам
    те сонувам во моите соништа
    но,сега не си иста
    сега си со тажни,натажени очи,гледајќи ме од рајот
    сега твоите очи ме советуваат да живеам правилен живот
    го живеам но залудно,те нема тебе и
    таа празнина во моето срце никогаш нема да ја надополнам

    посветено
    од твојот син кој никако не те заборавил
     
    На MarchelineAmaru, rossan, Mandarinna88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    2.921
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Да, онаа жена, со солзи во очите и таинствена тага. Тоа беше таа жена - неговата мајка. Беше навистина тешко да се соочат со вистината, но, така беше. Тој веќе не беше дете, а таа не беше онаа истата, како кога го остави. Веќе и двајцата беа сменети - тој во прекрасен маж кој ја имаше преболено болката за неговата мајка, а таа во веќе остарена жена со тажен лик. Се каеше. Се каеше за она кое го направи пред многу години. Немаше враќање назад. Син и’ едноставно ја избегнуваше. Во неговиот живот, очигледно немаше место за жената со тажен лик, за жената која тврдеше дека му е мајка, а и му беше, а тој тоа го знаеше. Таа го молеше, но беше залудно. Тој веќе имаше свое семејство, родители кои го изгледале, имаше сопруга, ќеркичка. Таа во неговиот живот важеше само како една обична жена која немала милост кон своето дете. Тој тоа не го прифаќаше - а и никогаш не го прифати. Мајка му не можеше, а да не заплаче. Дали плачеше со искрени солзи? Не знаеше, не ни дозна. Односно, не ни сакаше да дознае. Не сакаше да слушне ништо за неа. Таа за него беше веќе стара болка која му има оставено горчлива лузна. А, тој за неа беше нејзин син кого таа никогаш не го беше држела во рацете. Таа не го виде како проодува, како прозборува, како расте, како успешно создава семејство и е се подобар во професијата. Се гледаа немо кога и да се видеа, без зборови, кога наеднаш мајка му ќе ја прекинеше тишината, ќе го молеше да и се врати, да и каже мамо, но тој кон неа се однесуваше ладно. Не беше таков тип на човек, но умееше да се преправа.
    Така продолжија - ладнокрвно. Неговите рамена веќе не можеа да го издржат големиот товар, големата дамнешна болка. Жената под име МАЈКА, никогаш не го слушна зборот МАМО од неговата уста. За тоа најмногу жалеше, дека никогаш не се почувствува како мајка, а таа го сакаше нејзниот син. Мајчината љубов е безгранична. Но, дали пред многу години таа чувствуваше љубов кон нејзиното дете? Тој се сомневаше, а тоа прашање остана реторичко, без никаков одговор. Е, тоа беше најголемата загатка.
     
    На MarchelineAmaru и pink4ever им се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.685
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Седеше на прагот со црна марама околу вратот додека есенските листови паѓаа лесно на земјата. Гледаше во една точка, со истоштена снага, не можеше воопшто да се движи. Сончевите зраци го осветлуваа нејзиниот лик. Имаше рамно четириесет лета, а на нејзиното лице се забележуваа брчки - белези за доказ на нејзиниот тежок живот, нанижан со многу падови, страдања, мачења и загуби. Немаше што да добие, немаше што да загуби. Времето за неа не постоеше, не беше способна да се справи со неправдата која ја носи животот. Очите и беа две сини езера, полни со солзи. Длабоко имаше школка со гнев, но преплавена од тага, се губеше во длабочините. Ако очите се огледало на душата, нејзината беше мала, истрошена и тажна.
    Се потсетуваше на нејзиното чедо. Не можеше да се помири со вистината која беше сурова - никогаш повеќе нема да го прегрне, бакне и помилува. Никогаш нема да може да го види како се радува, како му сјаат очите на секој успех... Сина си го бакна и испрати засекогаш, во длабок вечен сон. Ја стегаше нешто во градите, не и даваше мир и спокој. Ноќта ја спушташе темната завеса, а очите на тажната жена се затвараа се` повеќе и повеќе. Сјаеше само солзата која се тркалаше по нејзиниот образ. Се стркала набрзина, беше многу тешка. Очите и се затворија.
    Се роди ново утро, но не носеше надеж туку беше обвиено во црнила, пискот и солзи.
    „Болката ја изеде.“ - велеа.
    Можеби се сепак некаде заедно, онаму каде што има вечен мир, спокој и љубов.
     
    На Grunge, BeYourself и kate21 им се допаѓа ова.
  19. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.009
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Синот на жената со тажни очи

    На крајот од кривата уличка
    Една жена секое утро стои
    Тивко во себе се моли,
    Надежта во нејзе сеуште гори.

    Грутка во срцето лежи
    Загушлива болка неизмерно тежи
    Да можеше барем некој абер да слушне
    Нејзе нема кој топло да ја гушне.


    Синот нејзин на пат тргна
    Разделбата тој ја избегна
    Сеуште нема гласини
    од тие недостижни висини.


    И денес ако таму поминете вие
    Ќе ја видете мајката која ретко спие
    Таа таму сеуште стои
    Трпеливо чека од мрак до зори



    Моето е детско, ефтино. Не се споредува со вашите, само сакав да се пробам :)
     
    На Chennole, MissCupcake и BeYourself им се допаѓа ова.
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Тема на неделата : Синот на жената со тажни очи

    Мртва тишина. Прзна мрачна соба. Низ малиот прозорец влегуваше само мал зрак од светлината која беше надвор. сонцето силно светеше, но таа немаше храброст ниту нему да му погледне во очи. После срамот кој го доживеа. Секогаш беше жртва за најмилото, па и тогаш. Береше туѓ срам.
    Дури и својата трошна куќа седеше стутулена во еден ќош, усрамена и тивко плачеше. Нечујно. Само солзи се забележуваа како се тркалаат по браздите на нејзиното лице. Оддеднаш се чу силен тресок. Таа, како некоја виша сила да ја крена од местото, стана и ја отвори вратата од собата.
    „Повелете, добредојдовте“-рече, го зеде палтото од човекот кој влезе, ја зеде и неговата шапка и отиде да ги обеси. Тој седна на масата и чекаше да му се постави ручек. Без збор да изусти му го постави јадењето, му тури во чинијата и се повлече во својот ќош.
    „Еј, дојди овде!“-и викна. „Земи чинија и седни да јадеш!“
    Го послуша не знаејки од каде сега таа милостина негова.
    Почна да јаде од ручекот од кој јадеше и тој. Прв пат после три години вкусува топло јадење. Во еден миг тој и рече: „Од денес заборави ја твојата улога на слугинка, среди се, купи нова облека и немој да ми се обраќаш како досега. Од денес повторно ќе бидеш моја мајка!“
    Таа се насмевна среќно, но знаеше дека тоа не е се. Знаеше дека зад тоа стои некоја личност пред која треба да глуми. Знаеше дека постои некој кој тој многу го сака, некој кој го натерал да ја погази гордоста. Само што сакаше да го крене погледот и да го запраша зошто е сето тоа и за кого, тој ја пресече: „Ќе се оженам!“
    Таа сакаше да скокне и да го избакнува од радост но не се осмели. После толку години конечно една радосна вест. Се надеваше дека повторно ќе се зближат како некогаш. Но, пак, пред да искаже некаква емоција, тој и рече:
    „Таа знае се за мене. Знае за моето црно минато, за мојата темна сегашност, знае каде би требало да бидам сега, знае дека се кријам од полицијата, знае дека сум зависник од дрога, знае дека шверцувам дрога. Знае колку деца имам од силувани девојки, знае и за детето кое ти го носиш, знае се. Со неа се женам бидејки ќе ми помогне во една голема зделка, но немој да мислиш дека таа е некоја богата девојка која под твое влијание ќе ме извлече од кашите во кои западнав. Таа е обична проститутка, курва!“
    И застана кнедла во грлото. Беше готова. Пред да биде силувана од сопственото дете не мислеше дека нешто лошо може да и се случи. По тој настан не веруваше дека поголема тага може да се насели во неа. Но, оваа вест ја дотолчи.
    Тој и кажа се што имаше, стана, го зеде палтото и шапката и се упати кон вратата. Но, запре. Го запре извикот нејзин!
    „Не! Нема да се ожениш со неа! Нема, ако сакаш детето во мојата утроба да се роди! Нема, ако сакаш твојот бизнис да продолжи да цвета со моите пари! Нема, ако сакаш да останеш на слобода! Нема, ако сакаш татко ти да го видиш мртов!“
    И тука запре, не продолжи. Знаеше дека тој ја сфати нејзината порака! Во нејзните очи повторно се разгори жената, не мајката, туку жената која е спремна на се за да ја постигне својата цел.
    Таа го сакаше својот син, таа беше спремна на се за него, затоа и не дозволи да се ожени со неа! Таа знаеше многу повеќе за неа отколку тој.
    Таа повторно се врати во својот ќош, а тој излезе! Вечерта, ја најде неа со заледени солзи мртва во нејзниот ќош, а тој немајки сила да ја поднесе загубата ја прими последната доза и заспа засекогаш!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.