Тема на неделата : Порака - Ти оставив пари на масата. Купи си бурек и јогурт. Ако ти остане нешто, можеш и крем крофна. - Б сврати денес и ти рече да ја побараш, сакаше да јадете заедно сладолед. - Не ме оставај. Јас сум само твој. - Добро бре ќерко, сега забележав дека не си ја земала четката за заби. Зарем 3 дена шеташ немиена?! Те молам купи си под итно четка за заби, срамота е! - Спасете ги нашите души. - Доаѓаш? - До кај си? - Се извинувам ќе доцнам. - Каролина, простете што ме немаше толку долго, но патот до Лондон траеше подолго од вообичаено. Не фати ужасна бура по пат, моравме да се засолниме кај едни селани. Прекрасни луѓе навистина. Колку подолго сум без вас, толку повеќе чуствувам тага и празнина. Не ме заборвајте, сеуште ве љубам и го чекам мигот кога ќе можам да ве држам повторно во своите прегратки. - Remélem, hogy ezt az üzenetet valaki metalálja. Тетеравејќи се и едвај држејќи ја главата на рамениците, ја најде пораката со едно снопче пари на масата во кујната. По ѓаволите, таа нејзина мајка секогаш мислеше на секој детаљ. Отиде до кај Б и долго се шетаа во паркот јадејќи го сладоледот од ванила и јагода. И не го остави, како би можела? Остана негова а тој само нејзин. Колку само и беше смешно кога ја најде пораката на нејзината работна масичка. Тој нејзин татко знаеше да биде навистина комичен. Пробуричка во несесерот, ја најде својата четка за заби и слатко се изнасмеа. Во далечина Џек забележа испрекинато светкање во подеднаков интервал - се растревожи, некој повикува помош - S.O.S. Не, уморен сум. Еве ме на Рекорд, за 2 минути сум таму. Се намурти и си рече - Боже секогаш доцни, секогаш! Оливер, неизмерно се израдував кога го примив вашето писмо. Колку сум среќна што сте во ред. Ве очекувам со сета душа и срце. Знаете дека се само ваши. Го чекам денот кога ќе бидеме едно. До тогаш ви ја испраќам мојата најдлабока наклонетост и бескрајна љубов. Бојана размислуваше колку само и е потребна некаква промена во животот. Овие прошетки покрај Дунав и вдахнуваа нови сили. Одеднаш доплови кон неа едно старо шише. Внатре имаше ливче хартија. Воскликна речиси неверувајќи дека токму таа нашла вакво нешто. Се нетрпение ја извади тапата, и полека го извади ливчето. Се обиде да прочита но немаше поим што пишува. Не и изгледаше како ништо важно. Го врати ливчето промрморе нешто во стилот - глупи Мађари, - и повторно го фрли шишето назад во Дунав. Реши да го напушти Белград , реши да има нов живот, реши да се изгуби од секојдневието. Иташе дома да се спакува и да напише само една порака. Се насмевна и одлучи да ја стави во шише а шишето да го остави пред врата.
Тема на неделата : Порака Седеше надвор, на терасата од ресторанот во најсветлата метропола. Го пиеше своето благо кафе со млеко, каснуваше од питата со јаболка и погледнуваше кон облаците. Како и секое утро, го читаше весникот на таа иста маса, во тој ресторан. Пиејќи кафе. Внесена во темните букви од весникот, некој ја допре за рамото. - Госпоѓице, ова стигна за вас. Писмото беше упатено до неа, но не пишуваше кој е виновникот на кому му треба минутно внимание од госпоѓицата со очи на дијамант. Нежно и суптилно го отвори пликото, го извади листот правејќи движења со својата негувана рака во воздухот небаре слика на штафелај. Таа се насмеа. Истовремено се натажи. Нејзините очи наликуваа на обработен и сјаен дијамант, повеќе од секогаш. Стаклени и влажни. Полни, но истовремено и празни. Ја стутка пораката како одметник, без никаков шарм, без никаква нежност. Потоа ја запали од свеќата на масата и со огромен жар во тие дијамантски очи набљудуваше. Како тоа да и‘ ја полни нежната душа. Како да и‘ се исполнуваат соништата. Остави пари на масата, повеќе од доволно, и со мали чекори нејзините високи потпетици војуваа со калдрмата. Таа се бореше со воздухот кој и‘ влегуваше во очи, небаре е лута на сиот свет. Беше тоа прекрасна глетка за персоналот во ресторанот. И таа, повеќе никогаш не дојде таму, никогаш не пиеше кафе со млеку, ниту јадеше пита од јаболка. Навистина се прашувам, што пишуваше во таа порака, која ја собра госпоѓицата со лесен од. Која никогаш повеќе не ја врати на нејзиното омилено место.
Тема на неделата : Порака Во темнината блесна пламенот од запалката. Повлече само два дима од цигарата и ја одложи во пепелникот. Гледаше во нешто сега веќе толку недостижно, а сепак не почувствува ни трошка каење. Ливчето лежеше положено во нејзината водена дланка. Дополнително го влажнеше со своите солзи. Го препрочита по којзнае кој пат. Не ме чекај, нема да се вратам Толку. 7 зборови сврзани во реченица. Без чувства, без никаков знак дека некогаш пак ќе го види. Доволно е само да го види, да се збогува. ПОвторно посегнува по цигарата. Се прашува како да продолжи. Каде да бара нова причина за живот. Знае зошто замина, беше неминовно тоа да се случи, но не очекуваше дека ќе биде толку брзо. Ја зафрли косата на страна. Сеуште мирисаше на неговиот парфем. Веќе два дена одбива да ја измие косата затоа што мирисот ја потсетува на него. Но, наскоро и тој ќе избледнее и потоа? Што ќе остане потоа да ја потсетува на него? Тогаш реши да ја разбие оваа проклета монотонија која веќе се закануваше дека ќе ја предаде во канџите на депресијата. Го облече својот капут и ја отвори влезната врата. Таму уште една порака Чувај се. Иронично се насмевна. За сето ова време, тоа е се што има да и каже? Можно ли е да беше толку слепа па никогаш не си дозволи да ја дознае целата вистина. Бесно истрча по скалите. Влезе во колата и со сета сила ја притисна папучата за гас. Да, ќе се чува, секако ќе се чува. Не помина долго, веќе зад аголот се слушна чкрипење на тркала. Некој залудно ја притискаше кочницата.
Тема на неделата : Порака Се вратив од Недојдија. Те немаше. Те барав. Те најдов. Речиси. Ја најдов твојата порака. Пишуваше: Има време. Да, време има. Но те немам тебе.
Тема на неделата : Порака Новата тема е Насмевка на лицето, тага во срцето... И уште еднаш ве замолувам доколку имате идеја за тема слободно пишете на модераторите по лп
Тема на неделата : Насмевка на лицето, тага во срцето... Насмевка на лицето, тага во срцето Секогаш кога ќе те видев, сонце ја огреваше просторијата во која се наоѓав. Знаев да ја читам најгласно твојата поезија. Знаев со часови да ја гледам твојата прекрасна насмевка. Но...не знаев, не знаев зошто твојата поезија искажува огромна тага. Се дури еден ден љубопитноста не замеша прсти... Бевме во твојот дом, го славевме твојот 25 роденден, 12 март. Додека од дневната соба продираа гласови кои составуваа мелодија, се искрадов и скришно влегов во твојата соба... Навистина се осеќав како предавник, но љубопитноста премина преку се. Твојот дневник беше скриен под меката перница во твојот огромен кревет...Се мислев и премислував и на крај го зедов. Го прелистував стариот дневник со дебели црвени корици и златни букви. Истиот онај кој го купивме пред многу години, уште бевме малечки, на нашиот прв заеднички одмор...Листајќи вниманието ми го одзеде страницата на која беше превиткан листот, почнав да читам: „Ех, кога би можела да кажам на сите, кога само би имала доволно храброст...Затоа пишувам овде, бидејќи тука и само тука можам да истресам се. Зошто неможам да ја кажам оваа тага која толку години ми го пара срцето...Сите мислеа дека бев на студии но, јас бев за да го родам тоа дете, кое беше невино...Тоа не беше криво поради нашите грешки, не, не...Но и него ми го одзеде Бог. Мораше ли да се роди мртво? Мораше ?!?!?!?!? Да, јас останав бремена од......“ Тогаш влезе во собата. Помислив дека ќе ми се налути и никогаш повеќе нема да сака да ме погледне во очи. Таа спокојно се приближа до мене и ме прегрна. И беше мило што барем со мене ја подели својата тајна. Тогаш за прв пат увидов зошто нејзините песни се толку тажни. Таа, тагата од срцето ја пренесуваше на поезијата...
Тема на неделата : Насмевка на лицето, тага во срцето... Насмевка на лицето, тага во срцето... Таа крива линија што можеше да исправи многу работи беше наречена насмевка. Најубавата шминка на секоја жена е насмевката што продира до сечие срце. Таа Синди, ја имаше најубавата насмевка на целиот свет, но само едно нешто и недостасуваше, а поради тоа нешто во срцето имаше еден празен дел кој и предизвикуваше тага. Синди се смееше со лицето, а плачеше со срцето. Што ли ја болеше таа навидум весела и безгрижна девојка? Никој тоа не го забележуваше зошто "украсот" на нејзините усни тоа многу вешто го сокриваше. Кој не би возвратил на таква насмевка каква што имаше Синди? Со насмевката развеселуваше многу луѓе, а во срцето плачеше, кога едниот дел од неа беше весел, насмеан или барем така изгледаше, со другиот беше обратно. Синди, девојката со најубавата насмевка која со лицето се смееше, а со срцето плачеше, никогаш не дознав зошто, но секогаш ќе ја паметам таа прекрасна насмевка.
Тема на неделата : Насмевка на лицето, тага во срцето... Насмевка на лицето, тага во срцето... Вреди ли да одам понатаму? Да се трудам? Да се борам во животот? Вреди ли? Прашања кои често се мотаа во умот на Сара-16 годишна тинејџерка кон која животот не бил баш фин. Судбината си поигра со животот на нејзините блиски. Претрпе болести, смрт и разделби на најблиските, разочарувања од оние од кои најмалку очекуваше, од оние на кои мислеше дека може да се потпре. Нејзината среќа се удави во тага, мрак...во солзи! Веќе ништо не можеше да ја развесели. Се смени: стана сурова, груба, насилна, депресивна... Во доживеаните болки бараше оправдување за тоа. Понекогаш сакаше да се ослободи од сите маки, да стави крај на животот, но никогаш не собра храброст за тоа. Од девојче кое секого го засмејуваше со своите шеги стана прерано созреана млада жена која доживеала и премногу за своите години. Но, за своите болки не разговараше со никого. Не ја споделуваше маката.. Не бараше помош. Се трудеше да успее сама, да се справи сама со животот и неретко успеваше. Годините минуваа и раните се затвораа. Никој не ја прашуваше за темите кои и ја тргнаа насмевката од лицето која полека полека и се враќаше! Пред луѓето повторно беше онаа Сара која сите ја знаеја: весела, насмеана, расположена за шеги... Старата Сара! Но, штом влезеше во својата соба, каде што можеше да биде она што е, ја тргнаше маската наречена насмевка и тагата од срцето се рефлектираше на лицето. За неа, времето не ги излече сите рани...
Тема на неделата : Насмевка на лицето, тага во срцето... Насмевка на лицето, тага во срцето Се секаваш кога се смеевме со часови на глупости?Се секаваш кога заедно правевме се? Се секаваше кога заедно делевме се ? Се секаваш ли..? Те познавав многу добро, секоја црта на лицето ти ја знаев, но сега повеке не.Според изразот на лицето можев да заклучам како се чувствуваш,но сега не.Ти ми беше сестра која што ја немав, ти ми беше се.Нашите разговори никој не ги разбираше, само јас и ти, имавме сопствен јазик.Твојата насмевка значеше и моја насмевка.Првата симпатија, првата љубов, првиот дечко,ти беше тука да ми дадеш совет искрен од срцето.На Нашите лудости секогаш се секававме заедно со насмевка, а сега се секавам сама и со солзи во очите.Зарем ти заборави се ? И сега кога ке се сретнеме, кога ги гледам сите тие што се на моето место, свакам дека помина нашето време.Сега остана само избледена слика како доказ за нашето пријателство кое без да сакав и без да сетам заврши.За жал. Секогаш кога ке те видам те поздравувам со насмевка,но зарем не гледаш дека таа насмевка е лажна? Ти, која што толку добро ме познаваше, те преколнувам видија мојата лажна насмевка..види подлабоко и ке ја видиш тагата.Ми недостигаш.
Тема на неделата : Насмевка на лицето, тага во срцето... Кога ќе погледнам позади мене , во моите чекори , во секој од нив гледам по една ноќ со тебе . Се сеќавам на првиот бакнеж , на нашата младост , на нашата живост , љубопитност . На зедничките тајни . На нашето место , сокриено и од Бога , таму каде научив да љубам . Да љубам до смрт. Како вчера да е , кога прв пат посегна по мене , моите усни , моето тело. Со некоја слатка болка го обви моето тело . Веќе не го чувствував ладниот под , бев некаде на небото танцувајќи со твоето тело , во ритам на љубов. Младата месечина , чиниш завидуваше на нас , на нашите долги ноќи ... Можеби се би дала за уште еден "танц" со тебе , да не сфатев дека јас сум танцувала со ѓаволот... Дојде како сениште , ме опи од љубов , ме научи да љубам и .... замина... Не се каам за ништо , Бога е сведок . Се каам што те пуштив да заминеш . Што немав шанса ни да те бакнам за збогум , и не ми кажа дека одиш . Проклет да си ! Те проколнувам што млад замина , ме остави со спомените . Секој чекор го правам храбро , но сама , и често фрлам поглед назад , за да не заборавам ништо . И секој ден го молам небото " Врати го ... " Останав со мојата лажна насмевка и тага во срцето .... http://www.youtube.com/watch?v=3r8ZfkfY ... re=related
Тема на неделата : Насмевка на лицето, тага во срцето... Види ме, успеав! На врвот сум, го исполнив она за што заедно некогаш сонувавме! Ме слушаш ли? Дај ми знак од некаде, дека се радуваш на она што го постигнав. Дојди, допри ме преку ветрот, да знам дека има зошто да се насмевнам. Погледни ме, патот кон дома е ист, ништо не е сменето откако замина. Не, не бев тажна. Бев насмеана. Бев упорна. Се жртвував, се борев, губев почесто од што добивав, но бев упорна, а тоа ме искали, ме изваја во силна индивидуа со постојана насмевка на лицето. Ги помнам твоите зборови, не давај им на луѓето повод да те сожалуваат, нека ти завидуваат. И се смеев. Се смеев кога те немаше, се смеев кога губев, се смеев кога плачев, се смеев кога ме болеше толку како неколку пати да умирав во себе. А што е лицето ако не само една фасада на срцето. Не знаеш што има во куќата ако ја гледаш само фасадата. Никој не знаеше, никој не дозна. Дека насмевката е пластична. Вистинита е само тагата во срцево.
Тема на неделата : Насмевка на лицето, тага во срцето... Насмевка на лицето, тага во срцето Сега се смеам..но без тебе сум..секогаш ме учеше "И покрај се ти само насмеј се" Kаде си сеа ти??Не се смееме повеќе заедно..ги нема миговите кои ме праеа пресреќна..ја нема ни прегратката која сеа највише ми треба да ме крене, да бидеш тука покрај мене..те нема тебе а сепак се смеам го праам тоа што ти го сакаше.Па ти ми беше се како успеавме да сме на ова ниво..каде што ни заедничките пријатели не успеваат да не смират..Знам.Време ќе помине..лажната насмевка останува..раната во срце длабока е..велат годините ќе ја излечат..не е така..поминаа две години само лажна насмевка и ништо друго..а под таа насмевка тажно лице.. И покрај се ТИ само насмеј се..
Тема на неделата : Насмевка на лицето, тага во срцето... Насмевка на лицето, тага во срцето Како ми е си знам само јас. Колку е тешко секое утро да се будиш, принудена да ја ставиш маската, да глумиш дека се е во ред, а срцето да ти плаче. Би сакала да го вратам времето, да вратам се што имавме, да го вратам тоа што бевме ние, но знам дека е невозможно. Морам да живеам вака, пред другите насмеана, а во себе да умирам. Полека, но сигурно. Ќе помине некогаш, но кога? Болката е неиздржлива. Секоја солза на моето лице ме гори толку силно и ми остава лузни што нема да се излечат никогаш. Остануваат спомените но и тие болат како отворени рани, те сонувам секоја вечер и се будам без здив, а толку би сакала барем уште еднаш да те видам, да те допрам, да те почувствувам...
Тема на неделата : Насмевка на лицето, тага во срцето... Насмевка на лицето, тага во срцето... Реченица чие значење помалку или повеќе го знаеме сите. Чуство, состојба со која ретко кој може да се пофали дека ја нема почуствувано. Тага... Тага заради животот, љубовта, неостварените планови и сништа, поразите и загубите, пропуштените можности и погрешните одлуки. Животот е премногу краток или долг ако се препуштиме само на тагата и нејзините последици. Како една да повлекува друга. А насмевката... Може ли со една насмевка да се поттиснат овие чуства. Насмевка на лицето, тага во срцето... Првиот чекор е најтежок. Да се смееш додека срцето тагува. Насмевка за најблиските, насмевка за пријателите и насмевка за непријателите. Но тука е и онаа најбитна насмевка, насмевка за самите себе. Онаа насмевка која ни порачува "Ќе помине, ќе преболам, ќе продолжам по својот пат вака или онака затоа што животот е борба, борба за живот. Падот не е пад ако со себе не ја носи пораката-Стани, продолжи". Оваа насмевка е онаа која не оддржува и која ние треба да ја оддржуваме. Оваа насмевка на лицето е единственото нешто што и се спротиставува на болката во срцето. И колку и да е апсурдно, таа е моќна. Моќна за упорните, моќна за храбрите, моќна за оние кои и покрај се го сакаат животот. Но таа е најмоќна за трпеливите, оние кои ја знаат вистинската вредност на времето и неговата моќ да го лечи срцето. Сепак почеток на сето ова е Насмевка на лицето.
Тема на неделата : На чекор поблиску до почетокот Тема за оваа недела ...На чекор поблиску до почетокот Благодарност до Теодора! Инспиративна тема,ајмо!
Тема на неделата : На чекор поблиску до почетокот Се будам со една мисла. Каде си? Како си? ..Ти текнува ли понекогаш на мене? Се сеќаваш ли на деновите полни со смеа и разговори до зори? Понекогаш се присетувам на нашето време.. како низ сон ми текнува на твојот лик. Времето минува. Можеби и те заборавив, но зошто сеуште ме боли кога ќе го видам твоето име од некаде очекувајќи дека и ти си таму некаде и мислиш на мене. Сакам да ти пишам некогаш..да те прашам што има ново? Среќен ли си? Но гордоста е тука. Гордоста која не ми дава да го направам тој чекор кој може да промени се, или пак ништо. Знам дека се залажувам и тука е крајот. А што е крајот? Крајот е еден чекор поблиску до почетокот.. Почеток без тебе..
Тема на неделата : На чекор поблиску до почетокот На чекор поблиску до почетокот Еве ме пак во истата сала, во истата болница во која поминав три години борејки се со мојата болест. Колку ли различни терапии, од кои не добив ништо а ја изгубив надежта . Таа единствено ми остана во животот но со секоја наредна несупешна терапија губам дел од надежта. На последнава се помолив на Бога да ми ги скрати маките, подобро нека ме однесат ангелите на оној свет отколку да се мачам овде. Не знам дали повеќе ме боли болеста или погледот на сите оние што ги среќавам секој ден, погледот на моите најблиски кои на секое одење од болницата се поздравуваат со мене како за последен пат. А имав толку планови во животот, толку зборови што треабаше некому да му ги кажам, толку воздишки, треперења.Кога си на чекор до смртта многу ладно гледаш на работите кои некогаш ти значеле, а копнееш по нешто што порано не ти било важно. Сега не ти е мака за бившиот дечко за кој толку те разочарал, туку мака ти е што никогаш нема да станеш мајка, што не си бил никогаш на море, што нема да присуствуваш на свадбата на брат ти. Пред некој ден дојде лекарот и ми рече ’’Тања постои нова многу ефикасна терапија. Сепак според твојата состојба терапијата е многу ризична. Може да се случи и најлошото затоа сама треба да одлучиш што ќе правиме.’’ Еве сум пак во истата сала, исти лекари,иста болест а нова терапија. Ми се појавува и последното зрно надеж дека ке оздравам и ке му се вратам на животот. Седам овде пред да го направам последниот чекор до почетокот на мојот нов живот. Сепак може следниот чекор да ме однесе во смртта. Каков и да е резултатот морам да зачекорам ,и смртта и животот се подобри од секодјневното умирање во болница. Подобро болен крај отколку бол без крај.
Тема на неделата : На чекор поблиску до почетокот На чекор поблиску до почетокот Ученик-како тоа за некој звучи далечно, за некој блиско, за некој минато, за некој непосакувано, но за повеќето најубава улога... Ученичките клупи сите еднаш ќе ги напуштиме, но дали сите исто ќе жалиме за нив?! Се започна во градинка, кога сите бевме среќни деца кои се борат со цртички, буквички и бројчиња... Се учи она најосновното, најлесното, кое тогаш е најтешко... Прво, второ, трето...живот давам тие години да се вратат. Но, пораснав, петто одделение, и настапи хоророт за мене. Вечна борба со поголемите од мене, со помоќните, со посилните, со похрабрите. Молчаливо и срамежливо девојче на само 11 години почнува да се бори за себе, за успехот свој. Се бори со оние против кои не може.. Минуваа денови, месеци, години... Со секое ново утро, со секое ново станување за во таа зграда на пеколот врз себе ставав тешко бреме кое морам да го носам. Сакав да си впишам во себе дека товарот на животот е потежок од периодот во таа зграда меѓу тие за мене туѓи лица и не сакани личности...сакав, но не можев. Бев свесна дека не е така. Знаев дека тој период е само тоа, само период кој ќе заврши наскоро и после кој ќе бидам како нова. Но, тешко минуваше. Борба, маки, проблеми, нервози, грижи, неприфаќање од страна на другите, туѓиот успех за повеќето таму беше трн во око. Не те сакаат зашто си повеќе од нив... И конечно, крајот на сето тоа се виде. Кога на први септември последната година стапнав таму, сфатив дека дошол крајот. Денот мина во секунда, а веќе следниот таму отидов со полни батерии, наоружана со сили да издржам и да не потклекнам. Додека сите со нетрпение ја очекуваа полуматурската вечер, јас го очекував денот кога засекогаш зад мене ќе се затворат вратите од пеколот. Со секој изминат ден бев чекор поблиску до новиот почеток, до нова етапа од животот. Чекор поблиску до живот каков што сакам, а не каков што ми тие сакаа...
Тема на неделата : На чекор поблиску до почетокот Само јас знам што има во моето срце. Само лицемерие што го продавам за вашите бедни насмевки на туѓата несреќа . А ти ? Што ли мислиш ти? Се ти дадов , сега немам ништо . Се колнам и животот би го дала , да ме прегрнеш , да ме бакнеш. Да го видам крајот на тунелот , да погледнам во светлината која толку ја чекав. Седам во мојата соба , затворена во некоја идила , каде ти си совршен , каде јас се губам во моите редови . Каде не еважно што ќе кажам . Ќе знам дека си мој . Само мој. Ќе можам на светот да му кажам . ЕЕЈ ТОЈ Е МОЈ !!! Сонувам за нас . За само една секунда . За само еден бакнеж на лицето , само еден допир со врвовите од твоите прсти на мојот грб. Само еден звук од твоите усни. Само една секунда . Животот без тебе е само пустош . Само болка. Еден звук од пијано , прашина на сликите , празна постела . Тоа го имам сега. Можеби сум на чекор поблиску до почетокот . Или можеби крајот....