Одбрана тема : Згаснат пламен

Discussion in 'Литература и уметност' started by Lilit, Apr 15, 2011.

  1. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Joined:
    Jul 26, 2010
    Messages:
    478
    Likes Received:
    1,931
    Тема на неделата : Делче од небото

    Тонам во свет исполнет со лажни фантазии. Сонувам.... Сонувам дека сум твоја, дека само јас сум во твојата прегратка а не и таа... Боли... Боли се во овај свет исполнет со лаги и лицемерија, свет исполнет со лажни егоисти кои мислат само на себе... Чуствувам како овај ден да е последен од мојот живот... Како да на овај ден ќе застанат сите часовници, а пак соништата ќе отидат да се одморат . Сравот во мене пополека ме гуши, секој земен здив е се потежок и потежок.. Се плашам, дека ќе ја избереш неа а не мене тоа е мислата која ме убива ... Времето тече, пополека зрната во песочниот часовник паѓаат.. Се ближи часот кога ќе мораш да одлучиш, зошто стварно не е фер да ме убиваш полека и олку болно, веќе ако е решено да умрам нека биде тоа брзо стори го тоа кажи ми дека ја бираш неа, да престанам да се измачувам сама себе или пак избери ме мене и дозволи да се чуствувам како да сум ДЕЛЧЕ ОД НЕБОТО...
     
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Joined:
    Jun 1, 2011
    Messages:
    910
    Likes Received:
    1,769
    Тема на неделата : Делче од небото

    Делче од небото

    Зарем и овој небесен свод над нас нема крај,
    и има место за сите нас?
    И сите трепети мали, треперат за наша среќа?
    Под ова небо се родив јас, се роди и ти.
    И истово ова небо трепереше заедно со нас
    кога двајцата се туркавме во снегот како мали деца,
    потсетувајќи не на едно детство веќе одамна минато.
    Дали сами се дрзнавме да украдеме едо мало-големо делче
    или само ни се подари и денес не знам.
    Едниствено што ми паѓа на памет, е оти нашиот синхронизиран трепет остави траг,
    ја извади сета кревкост од мене,останав ранлива под ова делче од небото,
    мојот нем сведок за сета искажана и неискажана љубов кон тебе и човештвото,
    кон Бог кој иако е до мене, сепак го барам таму горе, во тоа мое делче.
    И колку денови и години минаа, од кога последен пат чекорев во зимските квечерини,
    по стариот познат пат за дома, кога најтоплото чувство го обземаше целото мое битие
    кога ќе зачекорев по мојата уличка и ќе гледав се на горе во ѕвезденото небо, додека да дојдам до куќниот праг.
    И сега пак гледам синила, црнила, белила,
    тие нови небеси задишани со тебе, и нови делови,
    и не можам да го прикријам оној задишан притаен плач кој полека ме обзема,
    за моето старо небесие, за наште мали безначајни тајни, за мојот нем сопатник.
    Ме рани, но не даде да искрварам, туку да тлеам во благо искушение, за нов повтор.
    Ах мое мало делче, мое си и само мое.
    И ми навираат спомени ли се редат, како да е Божиќ во душава.
    Донеси ми го тој мирис на топлото лепче од баба ми, и безбројните безвременски разговори, мојата најверна друшка,
    приказните на дедо ми,
    мирисот на прегратката од мајка ми,
    скутот од татко ми по кој толку копнеам,
    и мојот најмил, мојата неизгора и непребол...
    Честитам...ме победи небо мое, ме срамна со земја без да изустиш било што.
    Чекај ме, јас пак ќе се вратам...
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Тема на неделата : Делче од небото

    Делче од небото

    Низ отворениот прозорец во нејзината соба влегуваше студен зимски воздух.
    Полната месечина го огреваше нејзиниот лик кој уморно гледаше во хартиите на работната маса.
    Работеше на слабата светлина од столната ламба несакајки да му пречи во сонот.
    Часовникот одамна имаше откучано полноќ, а таа имаше уште еден куп работа која требаше да биде готова до утрото.
    Годините ја газеа и немаше сила како порано да работи по цела ноќ.
    Се што сакаше сега од животот беше одмор. Заслужен одмор за долгогодишното вредно работење.
    Во еден миг ја испружи левата рака и се помина по ’рбетот. Полека се исправи. Почувствува болка во вратот, а потоа силно се закашла. Едвај успеа да ја земе чашата вода од масата и да се напие.
    Погледна во часовникот: 04:15...
    Стана од столот, но едвај стигна до прозорецот. Погледна кон небото.
    „Само таму горе ќе се одморам. Тогаш кога ќе добијам мало делче, се ќе ми помине.“
    Го затвори прозорецот, седна на креветот и го испи лекот. Знаеше дека е залудно, но барем моментално и ги намалуваше болките.
    Се вртеше во креветот не можејки да заспие од силната кашлица.
    Месечината се повлекуваше и настапуваше зората кога ги затвори очите.
    Алармот ѕвона во 07:30. Тој се разбуди и ја протресе неа.
    Но, нејзиното тело беше студено, а душата веројатно замина да се одмори. Таа го доби своето делче од небото кое го посака.
     
    Grunge likes this.
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Joined:
    Oct 24, 2010
    Messages:
    2,191
    Likes Received:
    3,859
    Тема на неделата : Делче од небото

    Делче од небото
    падна на земјата
    се отвори голема дупка
    и излезе сето зло.
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    15,433
    Likes Received:
    126,193
    Тема на неделата : Делче од небото

    Делче од небото ти припаѓа тебе.

    Делче од небото те прими тебе,го проколнувам.
     
  6. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Joined:
    Jul 14, 2010
    Messages:
    160
    Likes Received:
    683
    Тема на неделата : Делче од небото

    За нас двајцата,
    само за нас двајцата имаме свое љубовно катче
    -свое делче од небото.
    Во него сонуваме, мечтаеме, посакуваме,
    во него сме толку блиску- засекогаш!
    За некој толку мало, а за нас толку големо...
    Во него, само во него е впишана нашата судбина, нашата љубов
    сами сме засекогаш, во тоа делче од небото!!!
     
  7. karak

    karak Популарен член

    Joined:
    Apr 11, 2010
    Messages:
    4,491
    Likes Received:
    5,473
    Тема на неделата : Делче од небото

    делче од небото
    Сакам делче од небото да биде наш дом, да шеткаме боси по меките облачиња а ѕвездите да ни го осветлуваат патот :sun:
    Сакам делче од небото да ти го подарам тебе, ако небото е мерка за бесконечност ти го подарувам во името на љубовта :inlove:
    Сакам делче од небото да ја сокрие тагата и да дозволи да продре радоста :)
    Сакам делче од небото да ги врати бар на миг сите драги особи кој ги изгубив :worried:
    [​IMG]
     
  8. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Joined:
    Sep 12, 2010
    Messages:
    1,493
    Likes Received:
    2,951
    Тема на неделата : Делче од небото

    Делче од небото те проголта, направи да те нема, засекогаш да те нема.

    Ти си еден незбиднат спомен,
    еден лик кој го имам видено само на слика,
    но, ти си во моето срце.
    Засекогаш ќе си тука!

    И, знаеш што?
    Сношти те сонував.
    Ти зборував, а ти ми ја милуваше косата.
    Го осетив твојот допир, твојот мирис.
    Ах, ќе беше тоа прекрасен луциден сон.

    Еден ден...
    ...еден ден, ќе дојдам кај тебе!

    Истото делче од небото ќе ме проголта и мене.
    Зашто, живееме за на крај да умреме.

    Можеби вас ви звучи безвезално и глупаво, ама посветено е за мојот дедо, кој никогаш го немам запознаено, починал кога мајка ми била на моја возраст. Ах.
     
    DeRose, L-enna, SexyLady and 3 others like this.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Staff Member

    Joined:
    Aug 19, 2010
    Messages:
    20,019
    Likes Received:
    83,791
    Gender:
    Female
    Тема на неделата : Делче од небото

    Бездни од синила
    Полни со бранови немир.
    Ветришта ги брануваат
    И им го одземаат спокојството.

    Едно око трепнува
    И солза полека се спушта удолу.
    Се руши синото небо.
    Делчиња се лизгаат и испаруваат
    Го чувствувам нивното отсуство.

    Дури и тогаш кога небото е мирно
    Ги чувствувам неговите бранувања.
     
    Chennole likes this.
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Joined:
    Dec 20, 2009
    Messages:
    4,220
    Likes Received:
    3,857
    Gender:
    Female
    Тема на неделата : Делче од небото

    Заплакав кога по којзнае кој пат ми текна на тебе. Посакав да постои рај, и ти таму да се белееш. Застанав и ги слушнав чекорите на другиот ти. И сфатив дека сме себични. Ме прегрна тој, мал, сличен на тебе, но сосем различен. Тој не е ти, но ја поседува и твојата љубов. Ќе љуби сам, но ќе е љубен за двајца. И знае дека во срцето на мајката треба да исполни уште едно делче...кое сега припаѓа на небото.
     
    st-el and eli25 like this.
  11. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Joined:
    Sep 12, 2010
    Messages:
    1,493
    Likes Received:
    2,951
    Тема на неделата : Делче од небото

    Уште едно делче од небото фалеше

    за да ја составам сложувалката небесната сложувалка.

    Знаете, онаа бескрајната.
     
    DeRose and Trendafilka like this.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    4,177
    Likes Received:
    13,287
    Тема на неделата : Делче од небото

    Лежам стуткана под дебелата покривка. Волшебни звуци на пијано ги скокоткаат моите сетила. Ги затварам очите- пролет е песната, ме носи толку далеку преку многу мориња, во некоја ветена земја полна со расцветани божури и пријатно ветре. Рај на земјата. Но каде е? Каде?

    Ги отварам очите, песната е уште тука, само сликата не е таа, пролет не е- магла е.
    Магла тешка, магла која крие се`.

    Зошто се чувствувам така празно? Ко маглата да ги голтнала моите причини да бидам среќна, ко да сум само една обична безлична капка која стои на работ, држејќи се со последните сили пред да падне во бездната.
    Сакам некаков зрак, некаква искра која ќе го поттикне огнот во мене, зошто одамна веќе не гори...
    Безлично е се. Ко опустошено село е мојава душа.
    Само срушени куќи кои сведочат за животот кој некогаш се одвивал нормално, а сега останале само голи ѕидини обраснати со пиреј.

    Да можев да заспијам, барем сонот ќе ме однесеше таму каде што сака да ме носи музиката, барем на кратко ќе ја одложев оваа тапа болка која ми прави мачнина во утробата.
    Или не?
    Или реалноста ќе станеше еден тежок кошмар кој ќе ги испука силните стеги со кои го врзав плачот и врисокот?
    Барем солзите ќе излезеа, уште еднаш ќе докажев колку сум кршлива, побогу.
    Можеби сум само слаба личност која се самосожалува, не знам.
    Знам само дека боли, и дека ми фали нешто, нешто чудно и апстрактно, нешто волшебно.

    Можеби делче од небото- синото.
    Ова сега, темно е. Ко душава.

    Полека тонам во сон. Нека биде убав, ко полето божури, ко магијата изведена на пијано.
    Нека биде.
    Конечно.
     
  13. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    912
    Likes Received:
    600
    Тема на неделата : Делче од небото

    Делче од небото

    Нека биде радост и смеа, нека биде занес и љубов
    Нека се чуствува трепет на срце полно надеж, идеи и сништа
    Нека се слуша детски џагор, игра и песна
    Нека биде пролет во сечија душа, цут на среќа-весела и лесна.

    За срце кое ќе преброди болка
    За ден во кој нема грижи за она од вчера
    За иднина во која смело се гледа
    За живот кој е вреден сега.

    Да живеам и љубам
    Да сакам без страв од разочарување
    Да чекорам по вистинската патека на животот
    Да го почуствувам совршеното, да го допрам возвишеното
    Барем на еден ден, да сум толку високо што би допрела делче од небото.
     
    Chennole and K0STOVA like this.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    13,356
    Likes Received:
    169,185
    Тема на неделата : Вина на времето

    Тема за оваа недела (или нешто повеќе) ... Вина на времето
     
    sesilija likes this.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    24,571
    Likes Received:
    207,280
    Gender:
    Female
    Тема на неделата : Вина на времето

    Она што еднаш беше небо за нас
    одамна станало нечие туѓо време...


    Време. Незапирливо, недофатливо, немилосрдно. Гази се' пред себе.

    Понекогаш посакувам да останевме заробени во оној сладок момент на првиот бакнеж, исто како мушичка во килибарен кафез фатена во еден миг од својот последен лет пред милиони години.

    Не знам пред колку време онаа ѕвезда го пратила својот сјај на земјата за да не осветли нас. Можеби е веќе мртва, одамна згасната. Исто како она што живееше меѓу нас, а милував да го наречам љубов.

    Ах тоа време...
     
    x.Daisy.x, marama, Theodora and 3 others like this.
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Joined:
    Sep 5, 2010
    Messages:
    2,800
    Likes Received:
    3,270
    Gender:
    Female
    Тема на неделата : Вина на времето

    Вина на времето

    Лази како бубачка, крај секого минува
    нема форма математички искажана, просторно опишана
    како богартот во филмовите безформно се оформува.
    Живее минувајќи, никогаш запирливо, на часовник впишана (со ноџиња – стрелчиња).
    Око водлесто разнолико ја гледа
    ко производ, резултат
    на тесен агол на перспективата, открива еден дел – ѕирка како грешник –
    дал брзиот ил спориот.
    Некој го гледа магливо, брзо го шиба по вратот,
    некој го анализира, како трупот – човечката анатомија.

    Но и тоа минува, нема знак Стоп!
    не можеш да го фатиш и да го заробиш во тегла
    и никогаш да не го испушташ,
    да го чуваш скржаво
    само за себе,
    како светулките фатени во ноќта...
    Минува и носи се’, крадец е на емоциите
    зашто секоја смрт
    е вина на времето.
     
    L-enna likes this.
  17. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Joined:
    Oct 24, 2010
    Messages:
    2,191
    Likes Received:
    3,859
    Тема на неделата : Вина на времето

    Не е времето виновно,
    виновни се луѓето
    за сите свои постапки.
    Времето само може
    да ги избледи спомените.
     
    marama and Trendafilka like this.
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Тема на неделата : Вина на времето

    Времето ги лечи раните,
    ги избледува спомените,
    времето е виновно што ме заборави,
    времето е виновно што те заборавив.
    Или можеби времето ја покажа вистината?
    Сеедно, нека ја носи вината!!
     
    LUNA.girl and K0STOVA like this.
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    2,547
    Likes Received:
    5,525
    Тема на неделата : Вина на времето

    Да ја префрлам вината на времето, т.е. невремето? На дождот кој истураше, но не успеваше да ги изми сите мои гревови и болки? Како така? Јас сум крива. Не е времето.
    Да го обвинувам ли времето за тоа кога дека пловев низ црвени вина и немав грижа за понатаму? Јас премногу уживав во тие моменти. А, ако не уживав немаше да дојдам до сите гревови и болки? Чудно.


    (ништо лично, само така измислено)
     
    DeRose likes this.
  20. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    555
    Likes Received:
    1,030
    Тема на неделата : Вина на времето

    Времето полека одминува и се повеќе е виновно за сите свои дејности
    не балансира таа мала нишка од животот,времето неможе да се измери колку брзо поминува
    виновно е за се,а ние луѓето сме само марионетки кои го следиме времето
    времето помина а судбината си остана
    колку ли тоа само може да промени се?
    времето дојде и овојпат нема да биде виновно за ништо,доста!!
    долго време него го обвинувавме за се,тоа не е виновно, виновни се само некои луѓе кои го прават времето побрзо со своите постапки!!
    Вина на времето сме ние,луѓето створени да господариме со времето
    се раѓаме и умираме -тоа е најголемата вина

    кога првпат ја отворив оваа тема за да пишувам помислив и грешка про читав вино,а не вина и планирав да пишувам за добри вина за пиење,но навреме се сепнав :D :D
     
    DeRose likes this.