Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбрана тема : Згаснат пламен

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lilit, 15 април 2011.

  1. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Вина на времето

    Стојам пред огледало. Јас во поинаква верзија која се претопува во изменетиот контекст на моите мисли, заканувајќи се да го преиспита мојот надворешен изглед. Погледот во тој најдобар сојузник на женската убавина на прв поглед не ми открива ништо ново... Но, дали навистина е така или од мене само сака да го скрие времето, да ги избрише неговите траги како северен ветар во зимска снежна виулица... Не знам. Несигурноста во сопствената атрактивност ме наведува да погледнам во него уште еднаш, а таму мојот лик си игра со разнишаната самодоверба, наивно укажуваќи и дека во битката со времето тој сеуште се чувствува како победник. И додека моите мисли непрекинато се борат со очигледните факти кои како непобитен доказ се гледаат на моето лице, душата тежнее да утврди дека таа е позначајна и повредна, зашто без нејзината среќа животот би ми бил празен. Без оглед дали сопствената привлечност го изгубила влијанието по вина на времето...
     
  2. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Тема на неделата : Вина на времето

    Постепено, незабележително му ја одзема невиноста на човека.
    Од дете го претвора во старец, долг период, а чиниш било за миг. Му дава искуство за да знае дека ништо не е онака како што изгледа и зрелост за да стои цврсто на земја. Му дава разочарувања за да се соочи со реалноста и храброст да биде подготвен на се. Му дава спомени за да има минато, шанси за да ги искористи и надеж за иднината. Времето е сведок за животот.
    Виновно е времето што толку брзо минува и што годините изгледаат како минути. Виновно е што се` ни изгледа толку блиску, а е премногу далеку, но сепак брзо доаѓа и проаѓа. Тоа носи, одзема, дава, краде, намалува, зголемува, но сепак никој не останува ист после времето. Тоа сите не` менува.
    Ех, камо да останевме невини...
     
  3. barbiche

    barbiche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    120
    Тема на неделата : Вина на времето

    ~ Вина на времето

    Да останевме така како што бевме таа ладна вечер,прегрнати.Засекогаш така да останевме, со спокојна насмевка на лицата.Безбедноста која ја чувствувам во твоите раце е незаменлива.Ме исполнуваш на секој можен начин.Но кој е виновен што се се менува? Кој е виновен што ништо не останува вечно?
    Знам дека и ти посакуваш да запреше времет во тој момент,знам. Уживав во секој момент поминат со тебе, го паметам секој детал.Го паметам твојот мирис,твоите очи сини.Кој е виновен што не потраефме подолго?
    Куп зборови кои сакам да ти ги кажам, куп зборови кои сакам да ги слушнам од тебе.Можно ли е да помислам на тебе, а да не ми потече солза по образите? Зарем толку те сакам?
    Од сето тоа што го имавме, Сега остана само ладното здраво на разминување и лажната насмевка.
    Ме убива тоа што знам дека бакнуваш друга.НЕ,не ми е доволно твоето здраво.Те сакам тебе целосно да бидеш мој.Ме убива времето што го минувам без тебе.Кој е виновен.? јас, што не знаеф да те задржам? ти, што не знаеше да ме сакаш, или времето кое поминува,а и ти заминуваш со него.А јас останувам таму каде што бев на истото место и те чекам.
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.168
    Тема на неделата : Вина на времето

    По барање на гледачите...новата тема е...Лик од меѓупросторот
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Тема на неделата : Лик од меѓупросторот

    Лик од меѓупросторот

    Скала по скала, се симнува нежно допирајќи ја ладната иноксна ограда. Сликите и се насмевнуваат од ѕидовите, нешто се случува. Чекори со крената глава, високите потпетици одекнуваат низ ходниците. Ги мами машките погледи, ги остава без воздишка. Немирот е се повеќе присутен во нејзината душа. Го осеќа неговото присуство, остава траги како Халеева комета и после го нема 76 години...ах....

    Се прашува дали тој лик што веќе подолго време тлее во нејзиното битие е навистина во тие 1200м2 заедно со неа!? И да, неговото сениште се отсликува во меѓупросторот. Нема повеќе дилеми... Ја делат истата просторија. Доаѓа, бездушно се ракува со неа. Заминува. Незадоволството и немирот остануваат да живеат со неа, уште повеќе од порано...
     
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Лик од меѓупросторот

    Лик од меѓупросторот

    Бледа сенка ту се пјавува
    Ме рогонува страшно, како мртво лице
    усните и трепрерат, осцилираат.
    Дали тоа некој говори?
    Го губам слухот, притисок ме обвива
    чувство како да сум затворена во вакуум
    стравот ме разгмечува, тешки и гломазни чевли носи.

    Што ли ми прави,
    се прашувам сега.
    Лик што не го знам.
    ...
    Непознатото пече
    непознатото боли.
    Тоа гори како врело жарче,
    Надразнува,
    лузносува.

    Тој лик се почесто се појавува,
    страв, а можеби и копнеж
    сениште со луда боја, те исмејува зад грб,
    лудорија.
    Се појавува, не без едно „ПОП!“
    мислам дека на уво ми пука
    детенце со устето ко топ.

    Ликот доаѓа, доаѓа и си оди.
    Но е секогаш тука.
    Обликот го нема, во просторот помалку,
    меѓупросторот го населува,
    не се знае кога на вратата ќе чука.
     
    На DeRose и Cynthia им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.168
    Тема на неделата : Празен перон за возот во 00.00

    Ајде девојки,нова тема...
    Празен перон за возот во 00.00
     
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Тема на неделата : Празен перон за возот во 00.00

    Празен перон за возот во 00:00

    Беше тоа една празна вечер ...
    На возот ќе имаше двајца ...
    Но еден свет се сруши ...
    Го обзеде магла ...
    Од едно цело се добија две половини ...
    Се трудеа, но повеќе не се гледаа ...
    Не функционираа како што треба ...
    Душите им се празни ...
    Она што беше веќе не е ...
    И без тоа возот требаше да тргне ...
    Не можеше да ги чека да се пронајдат пак ...
    А веруваа ...
    И почна да ги боли кога сфатија дека е џабе ...
    Дека грешките можат скапо да чинат ...
    Стоеа на перонот, тие двајца ...
    А перонот како да беше празен ...
    Возот во точно 00.00 тргна ...
    Ги помина и веќе никогаш нема да се врати ...
    Никогаш нема да биде она што можело да биде ...
     
    На Elenuskaa, AnaKarenina, LUNA.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Тема на неделата : Празен перон за возот во 00.00

    Празен перон за возот во 00:00

    Темна и ладна декемвриска ноќ..
    Ветрот свири чудни ноти..
    Снегот замрзнат крцка под нејзините нозе..
    А, таа брза ли, брза!
    Се сопнува и паѓа на снегот..
    Станува, ја проколнува зимата и продолжува..
    Мора да стигне на време..
    Овојпат е решена да постапи правилно..
    Конечно ќе бидат заедно..
    Од самата помисла и светат очите од среќа..
    Срцето забрзано и бие..
    Го забрзува чекорот и се смешка..
    Ја гледа пругата под слабото светло..блиску е..
    Уште само малку..уште само секунди ја делат од него..
    Замислува како се качува во возот..држејќи го за рака..
    Возот тргнува и оттатнува во далечината..
    Насмевнати и заљубени тргнуваат во нов живот..
    Не свртувајќи се назад..
    Веќе е на перонот..
    Часовникот покажува 00:00 часот..
    Се врти лево - десно..
    Нешто ја стега во градите..
    Него го нема..
    Ги затвора очите, стиска палци и пак погледнува..
    Го нема..
    Возот заминува без двајцата несудени патници..
    Го гледа како се оддалечува и очите и се полнат со солзи..
    Овојпат друг одлучи место неа..
    И за прв пат не чувствуваше вина..
    Само тага и неизмерна љубов..
    Несудена љубов..
     
    На Elenuskaa, x.Daisy.x и LUNA.girl им се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Тема на неделата : Празен перон за возот во 00.00

    Маглива и дождлива ноќ, таа чекореше по неговата улица.
    Веќе неколку дена беше во градот, оваа беше нејзината последна ноќ тука и сакаше да ја потроши најдобро што може, чекорејќи на улиците кои и будеа спомени и кои и значеа живот. Секое ќоше, секое дрвце и секоја клупа и будеше спомени и и враќаше насмевка на лицето. Секоја канделабра и ја осветлуваше душата, секое кафуле носеше своја приказна, дури и луѓето што ги гледаше и беа прираснати за срцето. Но од спомени неможе да се живее.
    Дојде после толку години со нови надежи, дека конечно ќе ја пронајде среќата, својот дом и спокојството.
    Само што пристигна купи штотуку испечени чајни колачиња од пекарата на почетокот на улицата, купи од свежо меленото кафе кое тој го обожаваше, продавачот не ја препозна, таа му се налути но повторно продолжи да чекори со насмевка. Како што се приближуваше срцето се посилно и побрзо и чукаше, дланките и се потоа, и стоеше грутка во грлото. Собираше храброст и беше убедена дека се ќе биде во ред и дека ќе му биде пријатно изнанадување. Веруваше дека ќе поминат прекрасен ден заедно во креветот, дека ќе се смеат и ќе се присеќаат на се, а потоа ќе си ја решат заедничката иднина.
    Стигна до куќата, полека се качуваше по скалите обидувајќи се да се смири, два пати зема воздух длабоко пред да заѕвони на ѕвончето. Се накашла, си ја поднамести јаката и здолништето и заѕвони.
    Молк.
    По 2 минути се слушнаа чекори одвнатре.
    Непозната жена ја отвори вратата. Таа имаше ангелски лик и руса коса. Големи сини очи и црвени усни. Беше облечена во бело, имаше кујнска престилка во пастелна боја врз убавиот фустан.
    -„Повелете„ - изусти жената.
    Од кога тој има куќна помошничка? Се убедуваше во себе таа додека занемена стоеше пред вратата, иако длабоко во себе знаеше дека жената е домаќинка во таа куќа.
    Додека стоеше така излезе мало детенце, девојче со весели очиња и кукла во рацете.
    -„Мамичке кој дојде„ - прозборе девојчето.
    -„Јас... јас сигурно сум направила грешка„ - рече таа, и сеуште стоеше пред вратата.
    -„Како можам да ви помогнам, кого барате?„ - рече жената.
    -„Го барам Никола Попов, но можеби се преселил, јас... подобро да тргнам...„ - рече таа.
    -„Не, не, не грешите тука живее, но моментално не е дома, Вие која сте?„ - рече жената
    -„Јас сум негова стара пријателка, не е важно, ќе дојдам друг пат.„
    -„А не... мора да влезете да се напиеме од кафето што сте го донеле, штом го осетив неговиот мирис знаев дека се познавате со Никола мој, добро знаете што сака тој.„ - со насмевка и одговори жената.
    Таа и ги подаде кесите и и рече: - „Јас се брзам, само дајте му го ова, ќе наминам другпат, мило ми беше.„ Се заврте и тргна да си оди.
    -„Но.. чекајте... госпоѓо...?„ - продолжи жената, а таа со брзи чекори замина од местото.
    Солзи и навираа на очите, почна да оди се побрзо и побрзо... седна на една клупа близу паркот и почна да плаче, седеше така со часови, потоа стана и влезе во преноќувалиштето. Помина часови плаќејчи во бањата. Излезе и легна на креветот, прозорите и беа ширум отворени, дуваше слаб ветер и завесите се вееа. Сеуште и течеа солзи, милион мисли и се мотаа во главата. Задрема ...
    Ја задрма чукање на вратата. Праша кој е, но не доби одговор. Стана и ја отвори вратата.
    Пред неа беше тој, сеуште истиот, ни малку не се беше променил. Сеуште исто мирисаше и ја носеше истата шапка. Таа стоеше здрвена и молчеше. Тој влезе во собата и ја затвори вратата и не изусти ниеден збор. По долга пауза рече: „Знаев дека си ти жената што ме барала дома утрово.„
    Таа сеуште молчеше. -„Зошто дојде? Дали дојде да ме казнуваш повторно за тоа што бев премногу добар со тебе или пак затоа што одлучив да живеам без тебе? Погледни се, годините не те стигнале, ти си ги престигнала. Твојот шарм не избледел, напротив уште повеќе плени. Зар не рековме тогаш дека збогум значи збогум, повторно не ги почитуваш нашите договори.„
    -„Молчи!„ - извика таа.
    -„Не! Нема да молчам, се појавуваш по толку години како никогаш ништо да не било, се појавуваш без да прашаш дали сум сам сеуште, се појавуваш без срам, без срам тропаш на мојата врата очекувајќи да те пречекам со насмевка и да ти кажам дека секој ден копнеев по денот кога ќе се вратиш. Тоа ли очекуваш? Жал ми е мила, повеќе не живеам сам, сега имам семејство. Само јас знам како продолжив да живеам и колку маки поминав за да почнам одново, а сега пред мене плачеш, повеќе ја нема твојата гордост, не најде некој друг што би те сакал како што те сакав јас и се врати пак кај мене...„
    -„Молчи!„- повторно извика таа и му се фрли во прегратка. Почнаа да се бакнуваат, тој ја легна на креветот. Повторно беа заедно, се препуштија на своите страсти, водеа љубов како никогаш порано.
    А утрото... утрото тој не беше таму, ја оставил само шапката.
    Таа стана со помислата дека тој ќе биде до неа, но не беше. Го потроши денот во прошетка и во посета на стари пријатели, никој не ја гледаше со истите очи како што ја гледаа порано.
    Ја спакува малата торба што ја носеше со себе и го напушти преноќувалиштето. Почна да врне, а таа се движеше по улицата. Пред неговата куќа виде дека светлата се запалени но беше многу тивко.
    Ја остави неговата шапка на оградата пред куќата и продолжи полека да чекори.
    Стигна на железничката за да купи карта.
    - „ За Виена, карта во еден правец, ќе ве молам.„
    - „Повелете, возот тргнува точно на полноќ.„
    Седна на клупата и чекаше, а солзите сами и капеа. Се упати кон перонот 7.
    Чекаше... беше сосема сама...
    Тој не дојде.
     
    На DeRose, Elenuskaa, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.168
    Тема на неделата : Кожа што чини богатство

    Новата тема е ... Кожа која чини богатство
     
    На Idonea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Тема на неделата : Кожа која чини богатство

    Кожа која чини богатство

    Мала и тесна, евтина хотелска соба. Мемливиот тепих е украсен со по некоја флека и има место за уште многу нови, тапетите имаат меланхолично обоен лик, покривката на креветот ја има онаа болно бледа жолтеникава нијанса, етерот мириса на застоеност на просторвремето, сепак нивните очи се широко насмевнати. Тоа е нивната нова авантура, попладневна прошетка до токму ваква локација каде за не многу пари ќе си купат спомени за почетоците на нивната љубов.

    Полека го отпочнуваат танцот на тарантулите пред отворениот прозорец, каде лелеавата завеса и самата танцува на крилјата на поветарчето. Неговиот јазик со самиот врв остава влажни траги по релјефот на нејзината кожа, добро познатиот свиок на вратот му ги дразни носниците со познатата нотка на нејзиниот парфем - мошус. Таа се повива под допирот на неговото милување како мачка, нејзината кожа толку сензибилно преде, градите и се наткреваат и спуштаат местејќи се и барајќи го своето внимание пред него, моќен шаман во синтетички црни гаќи. Ги затвора очите и немилосрдно продира дури не осети како надоаѓа брановидната ерупција и одговор на нејзиното тело, моќта на оргазмичниот електрицитет, кој го води кон неговиот.

    Легнува на нејзините гради, помеѓу кои открива неколку росни капки пот и ги слуша ритмите на нејзиното срцебиење, среќен поради нивното водиљубење. Ја прегрнува енергично и стариот кревет возвраќа со серија крцкања, додека нејзината кожа шири мирис на непроценливо богатство, мириса на тинејџерска љубов.
     
    На DeRose, Lovely, Gunshine и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.168
    Тема на неделата : Кожа која чини богатство

    Под ризик да биде чудно оценето,не е кратко,а ниту е довршено,но не е ниту целото до онаму каде што е стигнато веќе долго време,се надевам само воведот е доволен...Сеуште не е никако менувано и верувајте е онака како што е првично напишано,а имам идеја за големи измени,па дури и во имињата кои беа стихијно инспирирани... Текстот кој не е текст,е многу подолг и има поинаква идеја,отколку почетокот. Не е тизер(всушност тизерот мене ми го направија утрово),само обид да се појавам на темава ко иницијатор.

    Кожа која чини богатство

    Утрото беше ведро, но нејзината потиштеност од натежнатото бреме на времето правеше да е сеедно. Светот е оставен на млади и снажни кои секојдневно се будат со цел да го зграбат,а можеби и распарчат. Некои ја минуваат својата младост како плевел зад некој медиокритет со титула,сервилни и глупави,за неа сосема неразбирливи.Ги отвори очите за да познатото белило ја заслепи,ја чувствуваше потребата да се измолкне од креветот и да појде до тоалетот,но изгуби уште една битка од многуте во последите години. Коските болат,а и душата не е помилосрдна. Се навали странично за да има поубава глетка кон прозорецот на кој допираа кревки гранчиња на млада фиданка,залистени,кревки и бледникави во споредба со целата останата глетка. Пролет е. Некогаш тоа беше време кога ги добиваше нејзините најголеми војни,но сега е поразена и од желбата да го отвори прозорецот и да седне на фотељата која е поставена токму покрај него која има праскеста боја и цветен дезен кој и е одвратен и постојано наоѓа примедби дека едноставно мора да биде заменет.

    Сепак,светот не и се чини неоктриен и непознат или барем до онаму каде ги искачуваше сите негови скалила кои имаа стрмен нагиб. Го чувствува речиси цел век,а и беше дел од оние кои го обликуваа со своите прсти и го љубеа со цел свој животен мотив.

    Се насмевна благо, дур во неа растеше желбата да ги види своите внуци,но истовремено се молеше конечно да дојде некој да ја подмести и намири. Ветрецот кој дури не го ни чувствуваше зад занданите на човечката дотрајаност и ги бистреше мислите кои ја носеа до нејзината вечна празнина и недостиг. Денес ќе е голем и чуден ден и знае точно каде сака да биде,многу нетипично за многуте размислувања кои најчесто цинично прашуваат,колку може да бара еден стар човек?!

    Мирисот на урина се чувствува веке силно и и пречи,но нејзината гордост ја знае одмереноста и својата моќ за да застане зад својата смртност и истовремено да се помири за својата временост на светот и срдечно да му се поклони. Сака да направи напор и да стане,но знае дека нејзината тврдоглавост од секогаш или носела успех или тежок пад кој создава проблеми,но сега нема простор за дилема и хазардерство,несомнено ќе предизвика невоља. Никогаш не сакала недисциплинираност, безредие и неточност,веќе е девет и петнаесет,а сестра Катја сеуште ја нема. Неописливото чувство на гнев и покорство тука некаде завршува со бурното отварање на вратата и задишаност на исплашено диво животинче. Свикува,мајче,вие веќе сте будна,извинете што доцнам,господинот Тјудор повторно имаше напад,помисли дека дошле фашистите во неговата соба и сакаат да го убијат,раскажуваше додека ја поткреваше мошне трапаво,се обидувавме да му објасниме дека тоа не е вистина,толку многу викаше што ги вознемири сите,стариот офицер Максим во бунило после сонот почна да плаче и се стутка во својот кревет,на крајот моравме да му дадеме инекција,се надевам дека ќе биде добро...Престани,и се обрати,не сум ти мајче,јас сум Елена,а твојата мајка е твојата мајче и не ми раскажувај за тој стар непрокопсаник кој секогаш прави драма кога има чувство на непотребност,по ѓаволите,подкрени ме и смени ја ноќницава.Не мораше да потенцира дека срамот и е неизбежен,но веќе се навикна. Во ред Елена,еве веднаш и за појадок имате од вашиот омилен омлет со печурки,секако не е солен по ваш вкус,ама мислам дека се имате навикнато.Непречајно зборуваше Катја со доза на понизност и почит,на почетокот потивко и како продолжуаше со зборувањето се повеќе го повишуваше тонот додека немарно и ги виткаше рацете за да го надополни времето кое го изгуби со своето каснење. Елена молчаливо и послушно ја следеше од време на време погледнувајќи ја во очи. Генерално имаше убаво мислење за Катја,ја нервираше што е брзоплета и неамбициозна,а паметна и бистра. Често се прашуваше зошто би се помирила со неплатена работа во геријатрискиот центар. Често и зборуваше за нејзината иднина,со цел да и даде шарм и блесок на можностите,но некако наидуваше на зацементирана незаинтересираност која и создаваше сомнеж. Имаа особена блискост,со оглед на фактот што Елена е веќе таму цел три години,дури и кога сеуште ја имаше својата гипкост. Често и нудеше и книги кои и навистина ги читаше и со голема посветеност разговараа за нивната содржина со болна посветеност за да и докаже дека во неа има различност за која многумина можат и да позавидат,но секогаш наидуваше на игноратност и глупава помиреност. И ги набљудуваше манжетните на униформата,повторно не ги наместила уредно,но денес реши да не дава примедби.Катја ја сакаше строгоста на Елена која пополнуваше една голема црна дупка во нејзината личност,прашање на време беше кога работите ќе почнат да се менуваат,моментот кога ќе излета од своето сиво гнездо. Довербата како таква беше прекрасна,но контролата на која се препушташе често беше уметност на умешноста на старата дама,но секако и мудроста над која младата девојка и се поклонуваше.

    Ја поткрепи и ја поведе кон неубавата фотеља.Елена се потпре на наслонот со едната рака, веќе наборана,прозирна,преку која се гледаат сите вени и нокти кои неизбежно беа уредно налакирани во нечисто розово. Сега веќе се гледаа и првите кокичиња и го почувствува навистина ветрецот,промрморе и се потпре удобно со веќе познатата болка во половината при тоа движење. Денот има звук на Вагнеровиот Прстен зад кулисите на наводната убавина на овие сончеви зраци. Всушност,навистина и би требало да има неизвесна убавина и светост зад која таа и самата не е пристапник,но ја сака туѓата среќа.

    Идеите на Елена се наполно апстрактни и далечни,но се говор на времето. Секвенци и го зашеќеруваат умот. Катја внимателно и подава храна,а таа се чувствува како гол полжав,но повторно замижа немо и одби,но Катја инсистираше,Морате,ќе имате исполнет ден,морате да бидете свежа и енергична. Ја прободе во гради жолчната иронија на оваа реченица зад јасните линии на реалноста и горко и се насмеа и и рече,Знаеш Катја,клуч на неуспехот се пороците, те чув ноќеска.

    И така натаму...
     
    На karak, kate21, Theodora и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.168
    Тема на неделата : Кожа која чини богатство

    Дечки,некако сте во зимски сон...ајмо нова тема...љубовна,како год...
    Јас не те сакам трезен
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Тема на неделата : Јас не те сакам трезен

    Тато, бато, дедо, тој

    Јас не те сакам трезен.
    Со поглед полн чудење ми рече дека нема да одам на екскурзија, а вчера со зацрвенети образи, додека весело ги чукавте чашките, одекна ветувањето дека ќе одиме заедно со Кико. Така рековте и ти, и чичко ми.
    А денес велиш друго.
    Не те сакам трезен, остар си и строг. Бакнежот ти е студен и солен.
    Ги измив сите чаши утринава, зошто урлаш?
    Не те сакам трезен.
    Поубав си со зацрвенети јаболкници, поудобно ми е на твоето колено и не ми пречи што ми ја мрсиш косата.

    Не те сакам трезен.
    Постојано брбориш за неа и нејзината насмевка.
    Ти рековме сите - ниту прва, ниту последна е.
    Си се закачил ко слепец за стап и не ја пушташ.
    Ко некое расипано ѕвоно, повторуваш една иста мелодија.
    Единствено во моментите кога мирисаш на скапана комовица, гласот ти е кадифен и полн надеж, не ја ни споменуваш, окото ти зрачи желба за нов почеток.
    Што е исто така жално.

    Не те сакам трезен.
    Се жалиш за сите апови кои ти ги препишува докторот, постојано ти е ладно кога надвор опекува сонце, и ти е топло кога ветерот шиба низ голите гранки и ги тера жално да се виткаат.
    Се виткам и црвенеам додека ме караат зошто скришум во омилената шоља ти досипувам рум во млекото, но ним не им е јасно како што ми е мене; во последните денови душата ти го сака тоа - и тоа ќе ти го дадам.
    Нека викаат и нека обвинуваат - не сакам да се качиш кај Горнион жеден и сув.
    Нервозен и жолт.
    Опустошен и празен.
    Со насмевка сакам да те испратам.

    Јас не те сакам кога си трезен.
    Никогаш не ми кажуваш... дека ме сакаш.
     
    На DeRose, Smilly, Mayyya и 10 други им се допаѓа ова.
  16. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Тема на неделата : Јас не те сакам трезен

    Не ми се кротиш како маче тогаш.
    Не ти се испушта да ме штипнеш за образ како средношколец кога заведува осмооделенка тогаш.
    Не си толку добар во одбирањето зборови да ме заведуваш тогаш.
    Не ти е толку шармантна насмевката тогаш.

    Боже,колку сакам да те бакнам...

    Чаша се крши. Подзинати усни наоколу. И глупави луѓе. Безредие во нас. И околу нас. И тогаш го слушам твоето: Ајде да се губиме од тука. Ќе одиме во на Убавиот станот.

    Скали. И воздишки. Многу пушиме цигари и пиеме алкохол,а ништо не спортуваме. Освен, јадење трици и бурек наоколу за ништо ич.

    Во станот на тој убавиот некоја женска тројка која поседува многу на нив од она што дарувал Бог ( цицка, газ, фаца ) но со ништо квалитетно во нив. Два, три безвеза збора споделени.
    Земи си го ти шишето коњак,убаво ти стои. И цеди го истото. Мачи го додека не ти ја открие тајната. Додека не го разбуди во тебе оној другиот кој знаеш дека ми се допаѓа. Кој го чекаш да се појави,да се роди веќе 9 месеци,но неможе. Толку е слаб што секоја помисла на мене,убива во тебе неколку милиони микроневрони и го дебалансира протокот на крв во телото и го концентрира истото единствено во меѓуножјето. Добро,не само таму,но добар дел.

    Се одврзуваат јазици. Се зборува она што не би требало да се зборува. Се прави она што не би требало да се прави.

    Грев. Јас и ти. И шише коњак.

    Кого лажам дека те сакам таков каков што си? Кого? А кога се лажам самата себеси кој е лажгото,а кого излажаниот..?

    Те обожавам ваков пијан,не од коњакот туку од мене,од моите усни, од мојата љубов која трпеливо ја чекаше и ја дочека и за тој еден ТИ за кого јас умрев од чекање,но воскреснав после овој бакнеж. Те обожавам ваков пијан,кога се што си сакал да ми кажеш трезен не си имал храброст и сега ми го кажуваш. И го обожавам тоа што брзаш додека зборуваш,за да не заборавиш нешто што ти текнало,како да ако не ми кажеш, утре ќе бидам без едно око. Го обожавам и мирисот на коњакот што доаѓа од твојата уста додека ми кажуваш: Копнеам за секој мој изгубен дел што го потполнуваш.. Не се губиш олку во моите очи. Не си толку непромислен. Не си толку спонтан. Не си ти ти.. Трезен.

    Јас врз тебе. Ненаситен еден. Се околу тебе ми мириса на совршен склоп од нас двајца.

    Фала ти Бадел. Или што и да беше тоа во шишето.

    Господе,како не те задржав таа вечер таков за многу подолго..
    Не те сакам трезен, не. Само неможам да ти одолеам. Немој трезен, не.. Не сме ние . Исто е како сон. Се будиш и си друг. Пиј,од љубов. За мене.


    Напишано во некои 20 - тина минути,ептен аматерски,се надевам ќе ви се допадне. :)
     
    На DeRose, srcekrsacka и mims-89 им се допаѓа ова.
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    8.261
    Тема на неделата : Јас не те сакам трезен

    Знаеш кој ми омилен дел од денот?
    Оној кога првите зраци сонце мрзеливо се пробиваат низ завесата додека нашите тела се испреплетуваат под чаршафите. Кога ме прифаќаш со сите мои маани и се претопуваме во едно на прагот на новиот ден.
    Во тој момент си толку различен.
    Тогаш длабоко во тебе продира и те опива миксот од страста и енергијата која без престан се ослободува од нашите тела.
    Понекогаш ме плашиш. Но те сакам таков.
    Кога ми го повторуваш името во занос, кога го одбележуваш секој милиметар од мојата кожа со твој отпечаток, кога ми ги бакнуваш рамената. Кога грубо ќе ме стиснеш до себе.
    Тогаш вистински ми се предаваш со сето свое битие. Нема лаги, грешки, проблеми.


    Не те сакам трезен.
    Тогаш се покоруваш на правилата на ова сурово општество, навлекуваш костум од кој сакаш да побегнеш, се претопуваш во сивилото на монотоноста.
    Тогаш мртво стојам пред тебе впивајќи ги излишните секојдневни муабети, мириси на скапи парфеми, маски на лица изморени од едноличноста на сопствениот живот.


    Те сакам опиен од страст, зошто воздишките ми значат повеќе од излитените фрази.
     
    На mims-89 и zhap4e им се допаѓа ова.
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Тема на неделата : Јас не те сакам трезен

    Те сакам кога си пијан. Од љубов.
    Кога полека, со мали голтки ги пиеш моите усни.
    Ги правиш алови, ко од вино да се.
    Кога се восхитуваш на моето тело
    и полека кружиш со поглед по него
    и ме вртиш нежно
    со рацете...

    Морници ме лазат.
    Ко да испив нешто жестоко наеднаш.
    Сега и јас сум пијана- од тебе.

    Ме пиеш, пожедно, страсно
    чиниш не си пиел одамна
    ти пиеш, а јас се опивам,
    лесно и наивно.

    Се огледувам во твоите очи.
    Светкаат.
    Те стопли ова вино, нели?
    Секое вино исто не е
    А велиш јас те опивам

    Не те сакам трезен, тебе
    Не се сакам трезна ни себе.

    Но трезни сме, и далеку, сами.
    Барем јас сум...
    Без тебе.
     
    На La.Reina.Del.Sur, COollLady, DeRose и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.168
    Тема на неделата : Јас не те сакам трезен

    Нема потреба од објаснување ... Снег и детски очи
     
  20. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Тема на неделата : Снег и детски очи

    Не ми замерувајте ако не ме бидува сакав да пробам. :wasntme:

    Паѓаше белиот снежец по веќе излитените, сиви улици. Ги покриваше клупите по паркот, крошните на дрвјата, стреите, покривите.. Ги покриваше и старите автомобили кои веќе со години не се мрднале. И за некое време градот беше бел. Сосем бел, ко пердувите од оние, прекрасни лебеди. Ги наросуваше капите и шаловите на забрзаните минувачи, кои брзаа дома, да се стоплат со шолја чај и фини колачиња. Меѓу минувачите, ко ѕвезди трепкаа очињата на едно залутано детенце. Сираче, препуштено на суровиот живот како пердувот што му е препуштен на воздухот. Гледаше тажно со заматените очиња, полни со солени, солени солзи. Крцкаше снегот под неговите стари, стари, искинати чевли. Се тресеше неговото кревко тело од студ. Не можеа да го стоплат искинатите ќебенца и парталавите панталони. Му требаше љубов, грижа, мајчинска рака и татков топол збор. Околу, луѓето го гледаа со сожалување и презир, како негова да е вината што е само. А беше сосем само.. Изгубено во улиците на големиот град. Изгубено низ белината која пецкаше. Ги пецкаше неговите голи рачиња кои бараа топлина. Солзите се тркалаа полека низ неговите парталави алишта. А имаше толку убави очи. Крупни, сини, прелиени со сјај како само срните што имаат. Во неговиот поглед блескаше нешто тажно. Не се смееше. Веќе со години насмевка не му го осветлила лицето. Само очите му блескаа како сафири во белината. Го гледаше снегот со милина, чекореше низ него, како да го следеа мамините очи полни со грижа. Седна во аголот на една запуштена улица и од очите му се сронија солзи. Тешки солзи. Солени солзи, кои се состоеа од гнев што е само и напуштено. Солзи кои беа одбрана од ќотекот и тешките навреди од минувачите, кои му беа секојдневие. Солзите блескаа како дијаманти од уличното осветлување. Очињата насолзени и тажни ги скри под искинатото парталаво ќебенце, кое го носеше. Гордоста не му дозволуваше да праша некого за парче леб. Гладот полека го совладуваше. Не смееше да заспие. Некое гладно куче може да го распарчи. Солзите повторно му ги навлажнија образите. Погледот му беше залутан и тажен. Гледаше во белината, во снегот кој се пластеше. И повторно горко заплака. Неговото тажно лице го покри сенка. Беше тоа еден господин во години кој му подаваше рака. Детето само го погледна со сафирните очи и го сврте погледот настрана. Ги избриша солзите и се стутка во ќебенцето. Господинот со зарипнат глас му рече дека е ладно, да појде со него. Детето воопшто не се заврте. Беше изгубило контакт со реалноста од студот. Несвестица го совладала прегладнетото, мило дете. Господинот повика Брза помош. За неколку минути заечи уличката од сирената на болничкото комбе. Го однесоа детето. Се изгуби по широкиот пат, додека снегот продолжуваше да паѓа. Снегулките играа тежок танц. Танцот на осаменоста. Мирно се спуштаа надолу, додека се губеше звукот на сирената.

    ***

    Детето со сафирни очи се разбуди во топла соба. Полека ги отвори очите и го почувствува мирисот на штотуку испечен, топол леб. За прв пат во тажните сини очи се појави зрак на среќа. Не знам дали неговото лице го осветлуваше белината на снегот од прозорецот или пак насмевката. Полека зачкрипија вратите и се појави оној ист господин кој сакаше да го спаси од осаменоста, тагата и студот. Во раката носеше чинија топла супа, а лицето му беше топло и пријатно. Ко небаре, секоја брчка да се смееше. Му ја подаде чинијата на детенцето, а тоа за миг ја изеде со таков сласт и апетит, како само скитниче што можеше да има. Господинот топло се насмеа и отиде по друга чинија. Веќе на чинијата со месо и зеленчук детето и господниот разврзаа разговор. Милите очиња на детето се смееја. Никогаш не биле вака среќни. Сакаше да рипне од креветот и да го гушне господинот како сопствен татко, но тоа го замени со нежна, мала прегратка во која топло се заблагодари, а господинот милото и кротко дете го присвои со зборовите “сине“. Звучеа така меко, толку пријатно, што детето со сафирни очи за ммомент се изгуби во среќата и убавината на тие четири гласа.
    Веќе наредниот ден, избањано, средено, со нова облека се упати кон центарот на градот. Се смееше. Се смееше затоа што знаеше дека очите на господниот милно го следат. Не беше само. Уживаше во снегот. Се играше со истите оние деца кои пред само неколку недели го бркаа и бегаа од него. Очите му бликаа од радост. Неизмерна радост. Во длабичната на сафирите се отсликуваше белината, снегот пред него.
    Добриот господин само се насмевна, ги погледна неговите крупни очиња и воздивна: „ Ах, снегот и милите детски очи...“
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.