1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбрана тема : Згаснат пламен

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lilit, 15 април 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.564
    Тема на неделата : Јас, (твоја) тежина

    Новата тема е... Јас, (твоја) тежина
     
  2. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Тема на неделата : Јас, (твоја) тежина

    Јас,(твоја) тежина

    Не гледај ме !
    Не сакам !
    Ти причинувам ли болка?
    Тогаш оди си...
    Или да одам јас
    Така е подобро за нас.
    Иако сум ко некој обезглавен бумбар
    Се движам од некаде кон никаде.
    Знам, грешев !
    Но, човек сум, разбираш ли?
    Иста како тебе
    А сега, сега и давам се на судбината, и тебе и болката и себе.
    Нека ги однесе на различни патишта.
    Да не бидам веќе јас, твоја тежина.

    И еве по кој знае кој пат
    Јас останувам сама
    Со немир во душава
    и зборови така насобрани во гушава
    Во најдлабоките часови од ноќта
    Чувствувам како некој ми ја одзема моќта
    Ти ли си?
    Заради тебе чепкам по минатото.
    А не сакам
    На празно се измачувам, да го составам скинатото.
    Не можам
    Можеби е време за заминување
    за да не бидам веќе јас, твоја тежина.

    Се обидов да останам.
    Но, животот не ми дозволи
    ми рече-
    Немој да остануваш,
    таму каде што не си добредојдена
    немој да бидеш нечија болка,
    нечија тежина.
    И така јас ,
    ги собрав моите солзи
    и заминав во тој суден час,
    за да не бидам веќе јас, твоја тежина.
     
    На Elenuskaa, Divinebutterfly, miljkovic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Тема на неделата : Јас, (твоја) тежина

    Се сеќавам на денот како да беше вчера,
    сонце блескаше а пред нас градина расцветана
    слушав како срцето ритмички ти отчукува,
    според тој ритам јас песна ти напишав
    (а ти ја пееше подобро отколку што ја компонирав)

    Дали долго те заоблачила мислата,
    или само ненадејно заклучи – не знам.
    Ми го пронајде увото и ми шепна
    „ти, немаш против тоа што често си летам?’’

    не ми пречи затоа што ти ме земаш со себе
    на кое и небо да си одлетал...

    Ти, ме правиш полесна.

    Јас се задлабочив во црнилото на сериозноста
    и во тој бунар често умеам да тонам
    а ти, за рака ме влечеш кон светот твој
    ме правиш полесна.

    Ќе забегам повторно, во тоа не се сомневам
    и неможам да се освестам
    ниту пак да разберам

    Што ќе ти е оваа тежина која што нон стоп те приземјува?

    Што ќе ти сум јас да ти го препречувам патот кон вселената?

    И ме смири, повторно, ме разбуди
    од таа ноќна мора што ме демнеше со денови
    ми кажа, тебе ти треба потпора
    (нешто како тежок камен како за балоните во цртаните)
    затоа што и ти се плашиш...

    Јас пред тоа не знаев дека толку далеку си забегал
    ти, имуниот на гравитација.

    Ме убеди да не се грижам
    (само тебе тоа ти успева.. понекогаш)
    и ми вети дека ѕвездите што ќе ги именувам ќе ги поседувам.

    Ти, ме направи полесна.

    За возврат, така ќе си останам
    (затоа што сфатив дека неопходното
    често е неопходно за компатибилност
    во моментот кога запомнив дека
    многуцифрена бројка после нула е позитивно)
    Јас, твоја тежина.
     
    На DeRose, Elenuskaa, Mandarinna88 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Тема на неделата : Јас, (твоја) тежина

    Јас, твоја тежина

    Седам сама во темната соба. Тук - таму извира светлина низ ролентните натежнати од прашина. Седам и гледам во белиот ѕид. Тишина. Кобна тишина. Ме убива. Ме потсеќа на тебе. Да, на тебе. Ти, кој сега безгрижно шеташ по темните улици на овој мал град. Ти, кој сега забавуваш некоја од твоите девојки. И не, не можам а да не помислам на тебе со секој здив што го земам. И не, не можам а да не помислам на тебе секојпат кога трепнувам.Телово те бара. Душава те бара. Каде си? Со мислите те барам низ оваа кобна тишина. Јас твојата тежина.
     
    На Elenuskaa и eli25 им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Тема на неделата : Јас, (твоја) тежина

    Додека пурпурното руменило
    лесно го боеше моето лице,
    сонцето милозливо припекуваше.
    Ветерот ја нишаше китнестата завеса,
    а јас немо зјапав во просторот пред себе
    - премал за мене, претесен за остатокот од белиот свет.

    Чудесна горчина ми се излеваше низ утробата
    како - тука и сега, е премалку, претесно, пресиромашно,
    иако ведро се трудиш да биде - повеќе, пошироко, побогато.

    Се менуваат ли луѓето,
    постојано мислата ми врволеше низ умот.
    Одговорот доаѓаше сосем природно и неизнасилено,
    како рефлекс за преживување.
    Да, да, да.
    Повеќе не сум истата, онаа јас.

    Заедно пораснавме,
    и се оддалечивме,
    ем свесно, ем несвесно,
    ем среќно, ем тажно.
    Попусто ќе се обидувавме да останеме заедно
    само за да си докажеме - дека љубовта не беше лажна.

    Јас станав твоја,
    а ти моја,
    неуморна, сеприсутна, мовлива тежина.

    Бајат остануваше воздухот
    после секој наш обид за нормална комуникација.
    Кисело стануваше чувството,
    кое требаше според сите клишеа да потсетува
    на пеперутки во стомакот.
    Станавме синоним за осаменост,
    при двајца в куќи.
    Метафора за странци,
    а те познавав од 7 наполнети лета.

    Додека пурпурното руменило
    лесно го боеше моето лице,
    сонцето милозливо припекуваше.
    Ветерот ја нишаше китнестата завеса,
    а јас немо зјапав во просторот пред себе
    - премал за мене, претесен за остатокот од белиот свет.

    Тежината како да се намалуваше.
     
    На DeRose, Hayley, Elenuskaa и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Тема на неделата : Јас, (твоја) тежина

    Различни лица на истата паричка..

    Целосно твоја,
    се препуштам во твои раце, тонам во твои зборови
    Живеам за моментот...Се губам во крајот.
    Силен отпор..
    Вдишувам како прв пат, те гушкам и затворам очи
    Ја чувствувам твојата празнина, тој бакнеж веќе не е ист..

    Полека чекорам надвор од мојата мисла
    Страста стивнува
    Љубовта разгорува
    Далечината пререкува

    Веќе ништо не е исто..
    Остана само една темна празнина
    Останав јас...

    Сега сум само залутана нота во цела композиција
    Сега сум само далечна мисла
    Сега сум лага
    Сега сум само твоја тежина...
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Тема на неделата : Јас, (твоја) тежина

    Јас, (твоја) тежина

    Барот беше задимен. Ноќва за некое чудо не беше полн со пијаници кои ги плескаа келнерките по задници, ниту се влечкаа по валканиот под. Недела беше, ден кога целото семејство се собираше на маса. Ги вкусуваа деликатесите, раскажуваа како ја поминале седмицата и се редеа анегдоти на синџирот. Единствено за работниците неделата беше како и секој работен ден. Дома си доаѓаа капнати од работи и се фрлаа ласта во кревет. Вечерва иако не беше довршена втората/третина од нивното работно време, тие едвај чекаа да ја заклучат надворешната врата.

    Барот личеше на мала кутија, неуредно уредена. Замислата на менаџерот беше секој гостин да се чувтвува како дома. И навистина беше така. Ѕидовите има некои земјени тонови, масите и столовите беа дрвени и на некоја средна висина, подот направен од патос кој на секој втор чекор крцкаше, одвај виснати на ѕидовите се држеа уметнички слики на кои беше претставен непознат асиметричен кич. Високите шанкерски столици беа неискористени, а од вискито се земаше најголемиот профит. На грамафонот вртеше плоча од застарен џез по претпоставка дека беше Луис Амстронг.

    На десниот агол од Пандоринава кутија, далеку од каде што допираа звуците на крчењето од грамафонот и близу до каминот, седеш господин Тој, непознат за универзумот што живееше загубен под ова парче небо.
    Годините го беа надвиснале и се чинеше дека е близу до работ на смиреноста. Со годините што ги влечеше зад себе правопропорционално го зголемувал и бројот на проблеми. Носеше темно зелен џемпер и црна кошула под него што му ги топлеше бубрезите, црни панталони и голем часовник на раката кој и онака не го перцепираше. Одамна се збогува со времето.
    Вискито на масата му мамеше кисели гримаси на лицето, сеуште немаше отрпнато од неговиот вкус, кој не му годеше.. но стекна веќе навика. Со секој вовлечен дим од цигарата се гореше замиот себе.
    Со празен и тап поглед луташе низ просторот, мислите му беа уредно нафрлани за закачалката заедно со капутот од кашмир.
    Загрижено ја гризеше долната усна и одвај се воздржуваше да не пушти солза. За деловниот свет беше една сурово стабилна персона, а во себе ја оплакуваше и колнеше неговата судбина. Некогаш имаше навика да ги склопи дланките и да се помоли што побрзо да ги отвори портите на крајот од автопатот.
    Изгледаше безнадежно, допре до дното на разочараноста и тагата му ја исполнуваше стомачната празнина која одвреме-навреме го грчеше.
    Имаше во него мака, носеше со себе торба со тежина и во внатрешниот џеб на капутот му наѕираше бедата. Се јави Тагата кога беше негова најголема тежина. Секоја вечер со неа водеше љубов, најверојатно.

    Сеуште можев да седам од внатрешната страна на шанкот, да го анализирам странецот и да ја развивам својата имагинација. Но чукна саатот кој го означи крајот на работното време.
     
    На Hayley и Elenuskaa им се допаѓа ова.
  8. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Тема на неделата : Јас, (твоја) тежина

    Таа е секогаш горе.
    Во твоите очи, секогаш била.
    Затоа е горе.
    А јас?
    Во твоите очи сум подолу од нејзините пети.
    И повторно те сакам.

    Ја гледаш како лета.
    Патиш што лета без тебе.
    Затоа ли си тажен?
    И јас некогаш знаев да летам.
    Ќе летавме заедно.
    А сега сум таа што те влече надолу.
    Летај!
    Летај, но не се враќај како порано.

    Зошто ме гледаш така?
    Зарем сеуште не ми веруваш?
    .. Те сакам.
    Не сум луда.
    Не сум чудна.

    Немој да го правиш она што најмногу ме боли!
    Знаеш ли дека боли?
    Секој следен пат ти е уште потешко?
    Знаеш ли дека и мене ми е тешко?

    Мислиш дека сум луда што сеуште сум тука?
    Би ти било ли полесно да не постојам?
    Молчиш пак.
    Не те прашувам зошто молчиш.
    Знам.
    Знам се`!
    Слушам и без да кажеш.

    Чувствувам.
    Олово на постела.
    Ладно, мрачно, тешко.
    Ти си виновен!
    Ти почна прв... прв да ги отежнуваш нештата.
     
    На mims-89, eli25 и firequeenn им се допаѓа ова.
  9. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Тема на неделата : Јас, (твоја) тежина

    Зарем јас можам да бидам твоја тежина?

    Кога со толкава леснотија ги цртам насмевките на
    тоа прекрасно лице.Ги држам твоите дланки толку
    силно и нежно истовремено стиснати со моите
    ти ги читам пораките од длабочините на моето
    твое срце.

    Ги градам моите соништа на твоите.Моите надежи
    врз твоите ненадејни падови.И се исправуваме
    пред животот да ги исправиме сите на нас
    зададени неправди,да се бориме со сета сила.

    Среќа е што се имаме еден со друг.Што бевме споени
    во едно страшно невреме.Јас како твоја надеж,ти како
    моја утеха.Никогаш нема да бидеш моја тежина,а уште
    помалку јас твоја.Нашата љубов е исполнета со
    прекрасна леснотија ...
     
    На Elenuskaa и eli25 им се допаѓа ова.
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Тема на неделата : Јас, (твоја) тежина

    Јас (твоја) тежина
    Сама сум, самотијава убива! ко нож ме сече, седам во темната соба, солзите се тркалаат низ моето лице, прашувајќи се до каде стигнавме, зошто се одеднаш заврши? Болката се поголема и поголема ме гуши, сакам да вриснам, но немам глас, сакам да побегнам но немам каде, каде и да се свртам ја гледам твојата насмевка, твоите очи, го слушам твојот глас.. Зошто отиде зарем мораше вака, зарем морав толку многу да те сакам.
    Се враќаат спомените еден по еден како филм сите среќни моменти, сите караници, секој бакнеж...
    А сега... сега не ми преостанува ништо друго освен засекогаш да жалам што веќе не сум дел од тебе, засекогаш да жалам што сум сега сум само твоја тежина...

    П.с Не е нешто посебно ама е од :l: напишано
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.564
    Избрана тема : Пролет и нешто друго

    Пролет и нешто друго
     
    На Elenuskaa и sesilija им се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Избрана тема : Пролет и нешто друго

    Ноќеска додека спиев, си ми развлекол линија над усните со црвен фломастер.
    За да се разбудам – насмеана.
    Дали ти си нормален, личам на Џокерот од Бетмен. Налудничава и очупана во косата.
    Триев со сета сила со сапуницата. Се расплакав со совршено алиби – меури ми се пикнале во окото.
    Се држиме до старата кинеска – појадуваме како кралеви, ручаме ко просјаци, а вечерата му ја даваме на непријателот.
    Самошто непријателот ни зема нешто повеќе од вечера, ни ги зема надежите и соништата.
    Блуткав е воздухот наутро, кога треба да мириса на свежина.
    Сите мои хероини од детството се пропија.
    Желбите живуркаат на стаклени нозе, ентузијазмот спласна и се тегне лошо како скиснато тесто.
    Очекувајќи го летото господово 2012, пристигна пролетта... и нешто друго.
     
    На DeRose, thinkerbell, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Избрана тема : Пролет и нешто друго

    Пролет и нешто друго

    Ни пристигна пролетта. Веќе се е раззеленето и сонцето ни ги грее нашите лица. Птиците ни се вратија од југ, секое сабајле ни црцорат на прозор. Животните се будат од зимскиот сон и се е прекрасно наоколу. Гледаме прекрасни расцутени дрвја со преубави крошни, насекаде има шарени цвеќиња. Земјоделците почнаа да си ги обработуваат своите ниви, да ораат и да садат. Насекаде се слуша брмчење на тракторите, зуење на пчелите и џагор на деца. За секое годишно време можеме да кажеме нешто лошо, но за пролетта апсолутно нема ништо лошо. Сите не исполнува убавото време, протегањето на сончевите зраци и играта на децата. Меѓутоа, освен пролетта не исполнува и нешто друго.. Пролет и нешто друго, за кое останува да зборуваме нареден пат драги читатели :lol: :*
     
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.003
    Избрана тема : Пролет и нешто друго

    Зар ми велиш дека е време кога по дифолт треба да се разбудиме? Ама пусто, кое јаве не чека.
    Си го отсонувавме зимскиот сон, ама од сонот само спомени останаа. Не дофатливи.
    Турни ме назад во бездната на сништата, сакам да сонувам пролет. Не сакам да ја живеам.
    Дрска е. Ми го напаѓа телото и умот, ме тера да започнам, да продолжам.

    Пролет и нешто друго.
    Алергија од твоите лаги.
     
    На Phyramide, sesilija, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Избрана тема : Пролет и нешто друго

    Слушав како паѓаат дождовите капки на покривот од колата, за мене толку непозната. Карактеристики на новото годишно време. Гледав како се бориш со вировите кои толку силно те предизвикуваа да се шлапкаш. Би било глетка, да го запознам детето во тебе. Но, кога подобро ќе размислам, листата на работи кои што те прават толку совршен е веќе предолга. Ја отвори вратата нагло и се смести зад воланот. Се насмевнав забележувајќи ги капките кои се тркалаа по твоите образи. Кесите ги фрли безгрижно на задните седишта и твојот поглед го фиксира на мене. Очите ти патуваа по мојата експресија и запреа на усните. Ми се доближи така бавно и само сантиметри не разделуваа. Ти го почувствував топлиот здив и ја видов твојата широка насмевка. Најпрво усните ми ги допре нежно, колку да ги затворам очите. И не ги отворив додека не завршија тие неколку волшебни моменти... Те турнав како на шега за да те потсетам дека ако продолжиме, најверојатно ќе задоцниме. А ти само се насмеа гласно кога те повлеков за уште еднаш да те бакнам, и при тоа навлажнувајќи си ги прстите во твојата водена коса. Крадец сум, како што ретко ме нарекуваш.
    Возеше внимателно и не толку брзо, како што те замолив. Од време на време ти крадев по некој поглед. Кошулата која што јас ја одбрав беше прошарана од дождот, но сепак прекрасно ти ја отцртуваше фигурата. Го пуштив радиото но неможев да се одлучам да запрам на ниедна станица. Повторно го слушнав твоето мелодично смеење и ти го пушти ЦД-плејерот. Засвире мојата омилена песна. Јас те гледав внимателно а ти запеа, небаре се обидуваше совршеното да го направиш посовршено. Гласот, таа твоја специфична боја ми навлезе во секоја пора и се сокри, истовремено креваќи ми го секое влакно кое ми никанло по кожата. Ти се восхитував, оние ноти кои јас со години се обидувам да ги совладам ти ги пееше без никаков напор. Знаев дека сакаш да те придружам кога ја испружи твојата десна рака и со неа ја поклопи мојата. Терцата со која што се обидов да те надополнам и не беше нешто посебна, но не трошев многу време да размислувам за тоа; те слушав тебе, ме преокупира. Така измина петнаесетина минутното возење, и можеби некому ќе му биде чудно кога ќе кажам дека во колата не разменивме ни два збора.
    Стигнавме, а јас не ни забележав дека преврнало. Музејот стоеше пред нас, а јас до тебе. Со преплетени прсти стигнавме до влезот само за да откриеме дека е затворено. Задоцнивме. Те слушнав како опцу тивко. Гледаше некаде во далечините, јас те набљудував. И конечно, ме повлече кон себе гледајќи ме искрено. Тоа беше тажен поглед. “Извини,’’ ми рече развлечено, но јас се насмевнав. “Шшш,’’ прошуштив пред да те бакнам. Ти, ме прегрна силно, ме држеше цврсто.
    Повторно влеговме во твојата кола, и ти целосно му се посвети на воланот. Едно време ги извади двете неупотребени карти што ме натера да се сетам на тој мил ден, денот кога се запознавме.
    Редицата на шалтерот беше предолга а јас на самиот крај од истата. Чекав ред можеби половина саат. Пред мене стоеше ти, така висок и така занесен во некоја апликација од телефонот. Снегот се беше напластил до моите коленици, а температурите беа симнати под нулата.
    “Две карти,’’ слушнав како замоли, и веднаш почнам да ја замислувам среќничката, таа што ќе ја носиш на новата музејска егзибиција.
    Ми го отстапи местото на шалтерот со насмевка, но остана во близина, внимателно разгледувајќи ги картите. Се прашував зошто не поита до некое потопло место, чекаше долго време и беше ладна зима. Девојката на шалтерот ме врати во реалноста – се накашла.
    Ги прибрав мислите. “За мене само една,’’ реков, а гласот ми збучеше грубо. Мора да е настинката.
    “Жал ми е,’’ добив како одговор, “но штотуку ги продадов последните две. Има слободни за следниот месец...’’ Го процесирав тоа неколку минути и љубезно одбив, се заблагодарив и со наведната глава тргнав кон улицата. Чекорев додека не слушнав “Еј,’’ кое што доаѓаше од зад мене. Не бев сигурна дали е наменето за мене, но сепак запред и се свртев, само да те видам како ми се доближуваш.
    “Имам две крати, знаеш...’’ рече ноншалантно.
    Јас ги кренав веѓите. “Да?’’
    Ти потврди со главата. Со насмевки од уво до уво продолживме заедно по улицата.
    Се прашувам за кого беше наменета картата пред да се појавам јас но никогаш не дознав. Ти повторна запеа и се сетив дека сум две и пол недели понапред од настанот. Ти сеуште си до мене, како што беше секој изминат ден од тие нецели три недели. Можеби очите наеднаш ми блеснаа, но не се грижев, твоите не беа ништо поразлични.
    “Знам едно место,’’ изусти тивко, а јас јас сменив песната. Возевме уште неколку минути додека ти не ја паркира колата покрај една зелена лединка. Надвор имаше неколку впечатливи сончеви зраци. Ти излезе прв и дотрча да ми ја отвориш вратата, небаре си некој џентлмен. Ми ги стегна прстите пред да посегнеш по кесите од пред тоа. Лединката беше голема, широка а во средината се висеше едно дрво. Одевме додека не го стигнавме. Кесите ги остави покрај стеблото а мене ме гледаше длабоко. Почна да ме милуваш, по рацете, по рамената, вратот, косата, образите.. Ме бакна, нежно и страсно како секогаш. Си мислев ќе ти се стопам в прегратка. Најдов сили да се повлечам, и прашав без да размислам. “Што е ова?’’
    Ти погледна нагоре пред твоите очи да ги пронајдат моите. “Пролет... и нешто друго.’’
    Тоа беше денот кога сфатив колку ми значиш.
     
  16. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Избрана тема : Пролет и нешто друго

    Морам да признаам забавно ми е седејќи и правејќи ја презентацијата по биологија.
    Скичмена седам и блеам во компјутерот како теле во шарена врата.
    Боже помогни ми побрзо да завршам.
    Сега се ми изгледа попримамливо од досаднава презентација.
    И бесцелните прошетки покрај нашиот ни мил и загаден Вардар, и онаа глупава турска серија што секогаш кога ќе почне револтирано го менувам каналот.
    Гледам низ прозорецот.
    Помислувам на тебе.
    Полека но сигурно паѓам во светот на фантазиите.
    Тука си, до мене. Повеќе не си илјаднци километри оддалечен, го чувствувам твојот врел здив на мојот врат.
    Се присетувам на минатата пролет, кога седевме на полјанката и јадевме свежи цреши.
    Посегнувам кон полицата.
    Го отворам тефтерот со неколку килограми прашина на него.
    Се присетувам на моментот кога за последен пат се видовме на таа полјана.
    Тогаш во тефтеров запиша: до наредната ни мила пролет... и нешто друго.
    Се насмевнувам. Веќе не ми е здодевно. Се вртам накај компјутерот и ја заземам почетната положба. Да ја завршиме презентацијава.
    А во меѓувреме ќе ја чекам таа пролет... и нешто друго.
     
  17. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Избрана тема : Пролет и нешто друго

    Пролет и нешто друго

    Утро.
    Прекрасниот мирис на свежо искосена трева ме буди, Излегувам на балконот, полека се протегнувам и вдижувам свеж воздух, погледнувам наоколку се е зелено, ластовичките веќе почнале да градат свое гнездо, сонцето со своите зраци ме милува и ме мами да прошетам. Седнувам на поставената трпеза, на која се наоѓаат леб и џем, го земам намачканото лепче и како дете истрчувам низ врата, повторно сонцето ме пречека со својата насмевка.
    Стигнала пролетта а со неа и нешто друго....
     
  18. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Избрана тема : Пролет и нешто друго

    followed by -> [http://www.youtube.com/watch?v=XqeiwXDP_10&feature=relmfu]

    • Тишина - која воздишки ја гушат.
      Ситна роса -на која Сончев зрак и се радува.
      Виножито -кое повторно ги смирува Сонцето и Дождот... за да се смеат, како некогаш....
      Ветер - кој сака се` да избрише.

    ......Ги гледам. Се смеат. Уште еднаш успеаа да ги победат сите. Повторно се заедно... неразделни партнери. Се гушкаат силно. .. и душата им се смее.

    Ветер! Ах ти дволичен подлецу! Сега дуваш толку силно!! ПРЕСТАНИ! Зарем пак сакаш да ги разделиш?!
    Слушни ме! Престани! Немој! Зарем не гледаш колку беа среќни?!
    ......
    Залудно.

    Зошто не постои барем едно Време кое ќе те запре??
    Неизбежни се штетите кои ги нанесуваш на сите!
    Во Лето си опиум. Во Есен си немир. Во Зима си сол на рана, во Пролет... Во Пролет си разделба.

    Повторно се лути, а не знаат дека ти си виновен! Ја бараат вината во Пролетта.
    Не е Пролетта виновна.

    Колку си ти љубоморен што никој не те сака!.. Затоа си секогаш сам. Валкан! .. Сите ги затвараат очите штом те почувствуваат дека си блиску. Никој не те сака!
    Остави барем оваа Пролет нека е волшебна..
    Проклет Ветер!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Избрана тема : Пролет и нешто друго

    Нели е време да се смени темава :)
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  20. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    38
    Избрана тема : Пролет и нешто друго

    Пролет и нешто друго
    Падна ноќ, тебе сеуште те нема.Бурната караница на почетокот на уште еден месец поминат со тебе не донесе ништо освен силни ветрови, ветрови кои ни ја оладија душата не оставија сами во себе.
    Втора пролет со тебе, истиот месец, месецот кој ланска го славевме, месецот во кој ланска бевме опиени од љубов, не викам не, сеуште сум опиена од тоа вино наречено љубов, љубов кон тебе.Но оваа пролет се е поразлично, се е некако сменето, рековме ќе бидеме наши и нема повеќе делење но дали овој месец и дали оваа пролет ќе биде наша и ќе донесе нешто друго или повторно ќе почнеме од почеток...
    ајде, врати се..те чекам тука..