Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбрана тема : Згаснат пламен

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lilit, 15 април 2011.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Избрана тема : Пролет и нешто друго

    Чекам да дојде 20-ти за да помине гајлето.
    18 годинчиња со тенденција да останеш иста будала.
    Чекор од кич од стил во триста варијации.
    Лорди победи на Евровизија.
    Секој останува да чека момент во животот.
    Јас чекам да помине моментот.
    Се радувам на една среќна издишка.
    Чекам да заврши Светско 2006-та.
    Ко второкласен лудак прашувам по 24-ти пат:
    Каде замина пролетта?
    Одговорот е во недојдениот момент.
     
    На mims-89 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    11.603
    Пол:
    Женски
    Избрана тема : Пролет и нешто друго

    Некогаш тежок е животот,
    како мачен есенски лет на птиците селници,
    кои одат во краиштата каде секој е осамен, сам.
    Враќање нема.
    Само времето што поминало,
    жолтото лето,
    зелената пролет,
    останува внатре.
    Маките, тагите, разочарувањата се чинат полесни,
    отколку самотијата за која нема лек.
    И додека бараш утеха,
    сфаќаш дека недостига нешто повеќе, нешто друго...
     
    На SEKSI.BARBI му/ѝ се допаѓа ова.
  3. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    38
    Избрана тема : Пролет и нешто друго

    Малце ја запоставуваме оваа категорија..дај надлежниве нека сменат тема више :)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.166
    Избрана тема : Време на дождови

    Време на дождови
     
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Избрана тема : Време на дождови

    Со двете раце бев потпрена до големиот прозорец,и со погледот шарав лево-десно. Надвор се случуваше вистинска приказна,на едната страна имаше дрвена клупа каде што седеа баба и дедо,си помислив дека веројатно се сеќаваат на моментите од нивната младост,зборуваат за своите внуци,и во одредени моменти пак се расправаат за пензиите. На другата страна беше одсликана младоста и лудоста,момчињата си играа фудбал а девојчињата скокаа на јаже. Понатаму на тревата седеа двајца заљубени, момчето си играше со косата на девојчето а таа пак го излудуваше со својот поглед,го шармраше и веројатно направи пак да се заљуби во неа.
    После некое време,небото ја смени својата боја,почнаа ситни капки дожд да го попречуваат мојот поглед. Бабата и дедото заминаа од клупата,децата почнаа да трчаат накај дома за да не се разболат, а двајцата заљубени останаа да се радуваат на дождот,се љубеа,се гушкаа... едноставно си припаѓаа еден на друг, нив дождот не им попречи да го искористат секој момент за да бидат заедно. Подоцна накиснаа,и двајцата се упатија кон иста насока,веројатно отидоа да се засолнат негде.
    Мојата приказна овде заврши,но не беше моја,јас само ја гледав,јас само посакував да бев на местото на девојката,за подоцна да се најдам на местото на старата баба и на крај од нив две да бидам мајка која ќе го чека своето дете да се врати дома. А тој да биде оној истиот што би ме љубел на дождот,и што би ме сакал кога ќе остарам.
     
    На SEKSI.BARBI му/ѝ се допаѓа ова.
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Избрана тема : Време на дождови

    Време на дождови

    Студени ноќи се надвиснале на плеќите на градов,
    мрачни лице ги надвладеале улиците,
    солзи ги покапале асфалтите,
    мачките се скриле зад стреите.

    Овој дожд ја разви меланхолијата
    и за љубителите ја стимулирање ерогената зона.
    Започнаа редови од поезија да се пишуваат
    и на полноќ љубов да се води
    во свилени постели.

    Музичка симфонија од црвените ќерамиди
    се слева низ олуците,
    чевли накиснати,
    бездомници во картонски кутии,
    ги анализирам најситните детали,
    Јас,
    сама на овој дожд
    ја чекам последната капка надеж за почеток.
     
    На DeRose и SEKSI.BARBI им се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Избрана тема : Време на дождови

    Лежеше во нејзиниот удобен кревет и гледаше со тап поглед во ѕидот на кој беа закачени многу дребулии. Ги имаше во изобилство- работи за китење, работи кои прават убава фасада.
    Но денес некако гледаше во нив со рамнодушност, и` беше сеедно за се` што ја опкружува.
    Веќе и собата што ја сметаше за нејзина не и` го даваше мирот на кој порано толку ретко се радуваше.
    Сега го имаше него- долго очекуваниот мир: нејзината одамна поставена цел која порано и` се чинеше толку недостижна што дури се плашеше да мисли што ја очекува после неа, ја плашеше помислата дека нема никогаш да има спокој.

    Сепак еве ја сега, мирна како никогаш порано, застрашувачки мирна, со поглед полн со желба за самоуништување.
    Го постигна тоа за кое се бореше, ама не беше ни малку свесна за работите кои се криеле зад нејзината првична желба.
    Не беше свесна дека нејзините маки биле само првите дупки и нерамнини на патеката на животот.

    Лежеше и мислеше за сите овие работи, а всушност не мислеше за ништо- само гледаше во купот обетки кои ги имаше купено последните денови.
    Беше несреќна.
    Барем во моментот.
    Се прашуваше до кога ќе трае оваа нејзина состојба?
    Не сакаше да се самосложалува. Се бореше со сите сили да ја избрка депресијата чиј мирис веќе подолго време го чувствуваше во нејзина близина. И` стана веќе толку познат што почна да и` бидува пријатно мирисајќи го. Знаеше дека не смее да се предаде- нема да биде фер кон сите луѓе кои веруваа во неа, кои и помогнаа на некаков начин.
    А сепак сакаше да ја нема, имаше милион прашања кои си ги поставуваше, милион пати ги разгледуваше работите и се прашуваше дали можеше да бидат поинакви, дали можеше да смени нешто од тоа што помина?

    Можеше ли?

    И самата веќе не знаеше, не знаеше и дали сака да ги знае одговорите- зарем е веќе важно?
    А сепак ,еве, лежеше и гледаше отсутно.

    До кога?
    Додека да осамне?
    Ќе се погледне во огледалото и сама ќе си даде сила да се насмевне и да изгледа дека не се грижи за ништо, дека се` и е полно рамно- а реално кажано, кога сакаше да мисли трезвено и објективно така и беше, навистина немаше некои сериозни проблеми, освен што не беше робот, ами човек и тоа несовршен, со сите негови маани. Човек кој чувствува, сочувствува.
    А кога живееш со некој друг и страдаш заедно со него, ги живееш паралелно и неговите маки- тоа боли и истрошува.

    Чувствуваше дека се гуши, и беше топло иако надвор одамна врнеше.
    Беше време на дождови- небото плачеше исто како и нејзината душа која се грчеше од болка, но Таа не можеше да пушти ни крик.

    Каде замина старата таа, што плачеше за разни ситници?
    Сега и` идеа деструктивни мисли, а таа немаше сила да се помести од креветот и нив да ги реализира.
    Можеби сепак не сакаше да ги разочара луѓето околу неа, кои знаеше дека веруваат во неа многу често дури и повеќе од неа самата.
    Можеби не беше депресија тоа што го чувствуваше, можеби сепак беше само страв од она што ја очекува, или разочараност од тоа што не се случува?
    Не беше веќе и самата сигурна, ама знаеше дека мора да продолжи да ја игра нејзината улога во општеството и дека не треба да биде плачка.
    Небото нека плаче наместо неа. Навикнало тоа уште одамна да ги тажи изгубените души.

    Стана.
    Си пушти една од “нејзините“ песни.
    Сепак е жива, а тоа е доволно за добар почеток на денот.
     
    На DeRose, SEKSI.BARBI, JoxyTheFreak и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Време на дождови

    Време на дождови
    Капка по капка
    врнеше секоја солза од нејзините очи
    капка по капка и се растури шминката.
    Жалеше за разделбата со него.
    Капка по капка паѓаше
    дождот, а таа сеуште не можееше да го преболи.
     
    На SEKSI.BARBI му/ѝ се допаѓа ова.
  9. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Одбрана тема : Време на дождови

    Време на дождови

    Време. Невреме.
    Двајцата стоиме и се гледаме.
    Зборови нема, веќе се' си кажавме.
    И повеќе од што е потребно.
    Болат тешките зборови длабоко врежани во душата.
    Плачам јас. Плачеш ти.
    Плаче и небото со нас.
    Капките дожд ги измиваат солзите.
    На нивно место паѓаат други.
    Бура.
    Ме гушкаш за збогум липајќи.
    Скаменета стојам на место.
    Ми шептиш: "Никогаш нема да те заборавам".
    Молчам.
    Си заминуваш.
    Те гледам и не се поместувам.
    Нема да те заборавам ни јас тебе, помислувам.
    Ни тебе, ни ова проклето време на дождови.
     
    На SEKSI.BARBI и Hayley им се допаѓа ова.
  10. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Одбрана тема : Време на дождови

    Време на дождови

    Дождови, силни поројни дождови
    се лијат од очите мои,
    полни се и очите на мајка ми,
    полни се и очите на татко ми,
    само твоите очи се суви и затворени.

    Срцето со тага полно е,
    душата се топи во гнев и болка,
    животот уште еднаш
    ја докажа својата немилосрдност и неправедност.

    Ликот твој пред очи ми е,насмеан и ведар како и секогаш,
    ја чувствувам твојата сила и желба,
    која ја имаше до последниот миг.
    Надежта и борбата за живот сеуште ги гледам во очите твои,
    очите кои надежно се бореа до крај,
    очите во кои пишуваше „сакам да живеам“

    Раката која силно ме стисна,
    која цврсто ме држеше до крај,
    раката која бараше утеха,
    раката чија топлина кажувше „ве сакам“

    И додека животот гаснеше во твоите очи,
    во душава настана невреме, силна бура,
    громови удрија во срцево,
    а очите пролија дождови.

    Временската прогноза сега јасна е,
    дојде време на дождови,
    долго, мачно време на тажни дождови... ;(
     
    На Chennole му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Одбрана тема : Време на дождови

    “Маана ти е.’’
    Ме запрепасти.

    Можам да бидам сушна
    како жештината во два напладне
    само кога не гледаш.
    Има нешто
    што ги зелени планините
    кога пожолтело се и сешто.

    Слобода без лимит
    сакана и од невљубените
    а јас со душа чекам свежина
    чекам
    време на дождови
    за да заиграм боса
    на асфалтот.
     
    На SEKSI.BARBI и lady.N им се допаѓа ова.
  12. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Време на дождови

    Одамна е суша.Уште поодамна беше онаа златна доба кога моите поетско-налудничави дела ќе ги срочев на лист хартија или ќе ги истипкав на излижанава тастатура на која треба петпати да „мавнам“ па да оставам простор. И тука доаѓа она...
    Има денови во кои се прашувам како да оставам простор и да ја вратам онаа живописна девојка со асиметрична фризура,калеидоскоп во зениците и букет полн глуварчиња во срцето,кои ги потроши на погрешни лица,дефинитивно во вистинско време потрошени,но на погрешно место. Кога ја оставам фантазијата да царува во оваа мала собичка во која ја поминав раната адолесценција,си мислам- ете ја,се смешка од мониторот. Смешно ,после толку години налетав на својот блог,мојот интимен простор,можеби не толку интимен затоа што ми годеше добиениот виртуелен аплауз па сакав да го „слушнам“ и од соседната соба нели...сосема случајно,барајќи нешто сосема неповрзано од комплицираната плетка на моето уметничко миле наречено : Зрелост,прерано почната,непотребно горчлива.Ги читав делата кои ги избришав од сеќавањето,силна молња затрескоти во моите вени,срцето почна забрзано да ми чука. Се скрив набрзо од дождот кој сама го предизвикав и чекав да престане,но не престана,стануваше се` посилен и посилен. Почувствував немир,студ,го видов црвот за кој ми требаше долго време да го исфрлам од мојата утроба која ја нагризуваше без пардон, но тогаш...беше проклето добро чувството. Ми даваше чувство на надмоќ,како јас да ја владеев ситуацијата цело време. Загатката на ова имала едноставен одговор,целото време. Никој не сака црв во јаболкото,навидум сочно и зрело,а труло одвнатре
    Во моментот сфатив. Ми треба добро туширање.Излегов на дождот,го изми моето лице,раце,стапала,мастило...да се смеам за некои други лица,да подарувам рози во други срца,да одам по други патишта,да создавам поинакви редови.
     
    На SEKSI.BARBI и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    Одбрана тема : Време на дождови

    Млада девојка само што влезе во своите 15 години наивна, искрена, среќна чекореше по дождот се радуваше на секоја капка која паѓаше во нејзините кадрици... Веруваше во животот, веруваше дека постојат добри пријатели и искрени луѓе како неа...Не знаеше колку светот е суров колку неправди има колку себични луѓе постојат...Една летна дождлива јунска ноќ шетајки со својата "Најдобра другарка" по дождот отидоа така водени во блиското кафуле каде беше дечкото на таканаречената "другарка" со неговите другари. Оваа си муабетеше со дечкото а наивната, срамежлива и повлечена 15 годишна девојка седеше збунето, додека здодевните пријатели на дечкото на нејзината другарка се врткаа околу неа како мали деца околу чоколада и ја распрашуваа се и сешто а таа по природа беше мирна и повлечена девојка,овде имаше уште еден од другарите кој стоеше понастрана и само се вмеша и рече оставејте ја девојката намира па подоцна дојде само и културно се претстави и се повлече...Следеа уште многу дождливи ноќи мирисаа на свежо расцутени липи девојката често шеташе со "другарката" и се повеќе добро го запознаваше момчето кое го запозна таа ноќ тој имаше 18 години и беше популарен во друштвото беше духовит, паметен, романтичен карактер. Во една од многуте дождливи ноќи на 1 јули ја бакна за прв пат таа трепереше како лист на нежно ветре во неговата прегратка ја праша да му биде девојка таа го одби, но веќе неколку месеци подоцна свати дека е лудо влјубена во него и во студениот дождлив ноември таа стана негова девојка... Беше пресреќна срцето и беше полно лјубов по една година на своите кревки 16 години му ја даде невиноста, водеа лјубов во неговата кола а надвор врнеше дожд исто како кога се запзнаа свиреше некоја романтична мелодија а капките бавно се лизгаа по прозорците се беше така романтично и совршрно минаа година две три таа го лјубеше се повеќе а тој како што престанаа дождовите така и тој се промени... Стана окрутен, студен, почна повеќето време да го минува со своето друштво, отколку со неа се шушкаше на околу дека тој ја изневерува, но таа не сакаше да верува на другите, му веруваше само нему тој и беше се додека еден ден со свои очи не се увери дека нејзината лјубов тој ја предаде...Го виде како во темницата се бакнува со друга девојка не сакаше да поверува дека е тој... Реалноста и падна пред очи тој не ја виде таа плачејки побегна уништена премногу и значеше и му прости а така наречената нејзина "другарка" на која и се доверуваше се по неколку месеци и призна дека го видела со друга девојка уште пред да му ја даде невиноста што за неа беше нешто најскапоцено... Каква ли е таа другарка да дозволи сама да си го уништиш животот знаела се а молчела какво е тоа пријателство??? Тој веќе беше променет да како да не беше човекот во кој се влјуби,немаше повеќе дождови а за неа имаше само солзи и не проспиени ноќи но не и овојпат не му прости, а ниту на другарката која ја лажела цело време. Тој ја бараше сигурно и сватил што изгубил, но касно и таа се промени солзите престанаа, сега имаше веќе друг во животот нејзин иако не го сакаше тој ја сакаше за двајцата, само таа стана лошата се претвори во човекот кој беше нејзината прва лјубов нејзината невиност нејзиниот живот...Беше добра додека овој не се влјуби лудо во неа остана со него но му правеше се што таа преживеа,а во исто време си поигруваше и со чувствата на нејзината прва можеби и единствена лјубов но никогаш не му прости само сакаше да го измачува да го почувствува огнот на кој таа се изгоре во првиот нејзин лјубовен лет, како пеперутка која ги изгорела своите крилца и можеби никогаш нема повторно да летне привлечена од светлината на лјубовта...И кога ќе заврне дожд таа се крие повеќе не се радува на дождот и на мирисот на липите во лето... Тоа дождливо лето кога го запозна остана како жиг на нејзината младост и остави длабока лузна засекогаш...Не постојат искрени лјубови, пријатели, па ни фамилија тоа е суровата реалност која не може да се избрише ни со милиони поројни дождови...
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.166
    Одбрана тема : Нова земја

    Беше доцно лето, се сеќавам зошто привршував со подготовките на последниот испит. Типично доцно лето, малку спарно, но како земјината топка како џамлија да се отркала токму до корењата на стариот багрем во дворот.Си фатила ладовина,не знае што да прави со себе,чека да се спушти сонцето на хоризонтот и да започне да живее. Е до тој багрем често правевме дупки кога бевме мали и игравме џамлии. Интересна сенка,со многу процепи, вжарено сонце и прашина.
    Тешко ми беше да се концентрирам да учам,иако ми беше премногу важно. Постојано ме матеше мислата дека можеби ќе е крај во кој нема да имам светлина за понатака. Не можев да се концентрирам да направам круг зошто го слушав ударот на неговиот бастун по дрвениот под. Не сакав да си признаам дека е така,затоа што сепак е тој во прашање. Никогаш не бев гледал на него како пречка,ами спротивното, како причина и повод за нештата да носат една целина,а не како апатична слика без конкретна композиција, но која скапо би се платила.Веќе кога сум искрен, почна да ме излудува. Сакав да поентирам со цел да научам повеќе за она кое ме подготвуваше цел живот,но беше повеќе од очигледно дека не ќе биде возможно да биде луцидноста на мојот ден во секој момент,па дури и кога ќе го држам во раце своето прво дете.
    Тоа беше последниот звук и следеше бесконечна тишина која и ден денес владее во неговата соба со под од кедрово дрво на кој токму до креветот остана флека од восок од свеќа која никогаш баба ми не се потруди да ја исчисти...Личеше на шеќерна волна... личеше како штотуку да е избричен и среден... Личноста која некогаш ми ги даваше најдобрите метафори за смртта се претвори во непореклив факт,болен факт додека лукавиот живот ми мава жешка шлаканица дека јас сум само една проста интерпретација на неговите желби. Каде сега?!
    Чувството како да се печам тивко на врел порцелан додека ритамот на срцето ми забрзува и ми иде да си ги отворам градите за да ја намалам еуфоријата,тешката еуфорија која бледее се што сум бил и знаел.Нема умолливост,нема бесконечност,нема утешност,вечна болка и крај. Му ги држев дланките, допирав прст по прст,ја стискав свеќата и изговарав работи кои ни самиот не ги разбирав. Му ја ставав дланката на моите гради,седнат на подот.Останав така додека не дојдоа да го изнесат.
    Го закопавме утредента. Не знам ни кој ја пренесол веста,дојдоа многу луѓе.Се што се сеќавам од тој ден како го фрлам брашното врз сандакот,а потоа грст земја. Оттогаш во мене остана една укотвена тишина како амбиетот на неговата соба. Не бев најдобриот внук.
    Дипломирав еден месец потоа, токму кога почна периодот на дождови.
     
    На DeRose, SEKSI.BARBI и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.166
    Одбрана тема : Време на дождови

    Новата тема е... Нова земја
     
  16. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    Одбрана тема : Нова земја

    ✪Му ја подари сета љубов, но го погреши човекот - тој за љубов незнаеше.
    ✪Му ја подари светлината на животот, но залудно - тој гледаше во мракот.
    ✪Го сакаше со целиот жар во себе, но згреши - него жарот неможеше да го стопли.
    ✪Го остави својот живот и живееше само за него - тој ни малку не го заслужуваше тоа.
    ✪Му го подари срцето, но не требаше - тој го скрши срцето на два дела и никогаш не ти го врати.
    ✪Но сега тој за неа е минато, а таа за него копнеж!
    ЗА НЕА ЖИВОТОТ ПРОДОЛЖИ КАКО ДА Е ВО НОВА ЗЕМЈА А ТОЈ ОСТАНА ЗАГЛАВЕН ВО ВРЕМЕТО ЗАСЕКОГАШ...
     
  17. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Одбрана тема : Нова земја

    “Би било исто, само што така ќе биде исто.’’
    Моментот беше бавен, а јас те гледав како да си и под мене и над мене. Буквално насекаде. Си помислив дека овој пат умот не ми е запрен, туку времето си игра со него. Ти мислеше друго.
    Не те гледав в очи. “А зошто да не е исто?’’ Се осмелив, гласот ми трепереше. Очите ми беа вперени во местото каде што трагавме, се додека нежно со прстот ме сврте кон себе.
    “Колку пати само се обиде?’’
    И погледот дури ти беше едноставен.
    Јас се обидов да го интерпретирам како далечен.
    “Но...’’ Ме прекина.
    Ја носеше омилената насмевка. “Не си ти единствената што треба да си бори. Не си ни лепак, не си ни судија, не си ни безгрешник. Зарем не гледаш што направи ова?’’
    Ова.
    Ми одекнуваше во мислите.
    Зарем треба само да се откажам? Да ги оставам сами? Да не ги барам? Изминаа денови. Се околу мене беше само разурнатини, а јас ги барав. И продолжував само да го најдам одговорот.
    Зошто јас?
    Ако пиштат по помош, а јас да не слушам?
    “Тие ми се се,’’ прошепотив.
    Не ни приметив дека солзи пред тебе покажав.
    Пак се насмевна, благо. “Така одлучил Бог,’’ ме уверуваше повторно. “Затоа ги викаат природни катастрофи, земјотресите. Тој ги зел со причина. Тебе те оставил тука со причина. Почекај да видиш што е. Не мора да се правдаш како знаеш не си грешела. Ти, таму се најде, не можеше никако да го смениш тоа. Биди благодарна само. Не се обвинувај себе си.’’
    Тука запре и ме проучиваше.
    “Погледни околу тебе, и кажи ми што гледаш.’’
    И вистина гледав. Сите краеви и сите почетоци, сите висини и падови, сите дупки. Сите разурнатини и сите цврсти столбови. И на крај те видов тебе.
    Колку време те познавав? Два дена? И толку дали беа..
    Цела фамилија, сите што ги сакав најмногу исчезнаа. Ни трага ни глас не им најдов. Вистина минаа денови. А како за возврат, седеше ти пред мене, со најискрениот поглед што некогаш сум го видела. Ми се смешкаше.
    “Гледам нешто ново..’’ конечно одговорив.
    Тогаш се напрегна поблиску до мене и ми го исуши лицето. Знаев дека се ќе биде во ред, дека ќе го пребродам и ова. Знаев, затоа што ти невербално успеа да ме убедиш.
    “Да,’’ рече пред да ме прегрниш. “Нешто ново. Нов почеток, затоа што се избришаа трагите од се што постоеше. Ова сега е нова земја.’’ Стана, и ми подаде рака. “Ќе ја разгазиме?’’
    За прв пат после несреќата јас искрено се насмеав.
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  18. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    38
    Одбрана тема : Нова земја

    Заминување и беше тоа што и требаше. Го спакува куферот и тивко искочи од задната врата без никој да ја чуе..па ни самиот он..полека но со големи чекори се упати кон станицата..знаеше дека нема назад, си вети, чим еднаш искочам со куферот повеќе не се враќам назад. Стоејки на станицата и чекајки го автобусот ги брише спомените, го брише него од нејзиното сеќавање..Кој беше тој? Тој беше човекот за кого до вчера можеше животот да го даде, мислеше дека е правата за него дека само она го заслужува тоа совршенство, но што ќе ти е совршенство кога не си среќен? Проба да го промени, барем малце да го прилагоди на себе..но не успеа..постојано таа беше личноста што се мења и прилагодува. И здодеа таквиот живот. Понекогаш во себе си кажуваше..почекај ќе се смени..но што кога луѓето не се мењаваат? и 15 минути на дожд она беше среќна со него..но наеднаш се откажа..сфати дека неможе понатаму така, ги заборави своите цели, скоро цел живот за кој мештаеше го снема, најбитен и беше он.
    но сега веќе ја нема...тој ја побара да се врати но таа никогаш не прозборе за тоа..реши да се врати на стариот добро познат живот по кој мечтаеше.
    отиде во нова земја, земја која нема да ја потсетува на него и на нивните спомени...
     
  19. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Одбрана тема : Нова земја

    Мојте чекори полека лебдеа на новата, влажна земја. Лебдеа, не сакаа да се сплотат, да се претопат со неа.
    Мојте сеќавања кон тебе. Моите болови за тебе. Твоите татковски прегратки, твоите мајчини бакнежи, се изчезна кога зачекорив на новава земја. Стојам на неа, но срцето пати кон тебе. Срцето плаче. Се сеќавам на бранот костеливи прамени од твојта коса како ме милуваат. Бранови прегратки, бранови љубов. Бранови топлина, бранови треска, бранови стуенило.
    Твојата вистина- непогрешливост , твојот мирис на море, твоите бранови.. Недостиг. Мизерна сум. Очајна. Новава земја ме голта. Ќе ме голтне. Ќе ме повлече.
    А ти? Ќе дојдеш? Некогаш ќе ми се вратиш ли? Ќе танцуваме во ритамот на твоите бранови ?
    Или ќе останам со куферот во раце, чекајќи те, додека т некаде го пиеш утринското кафе, уживаш. А нечии туѓи костенливи прамени те милуваат ? Ќе останам ли чекајќи те на земјава.. Мизерно, очајно..
     
  20. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Одбрана тема : Нова земја

    Новата земја...
    За мене секогаш недостижна. За мене секогаш инспирација и копнеж. Новата земја,донесе насмевка на лицата на луѓето иако,не ја знаеја. Секогаш сонував ја замислував како од бајките полна со добрина и храброст. Живеев во неа и ми беше добро. Не знам каде се наоѓа, а постојано и неуморно ја барам. Каде си? Каде си скриена? Повеќе немам ниту солзи,ниту желби да те барам се изморив! Земјата која си ја создадов за да се чувствувам заштитено во неа.Сигурно.Таа живееше,но повеќе не! Исчезна заедно со мојата тага. Повеќе ја нема. Само во избледени слики ми се прикажува,но не можам убаво да ги видам,зошто повеќе не сонувам. Можеби и не сум во право, не знам. Не знам што чувствувам. Каде е мојата земја која ми беше заштитник? Каде се моите чувари? Каде е сега господарката која доаѓаше во бел свилен фустан? Каде е да ја видам? Што се случи со земјата? Си бевме заштитници,таа на мене јас на неа. Јас не дозволував никој да ја допре,но некој ја избриша. Како успеа? Како успеа да го направи тоа? Мислам дека виновникот за тоа е тагата. Проклета да си! Вечен непријателу! Не беше присутна,па сакаше да се пикнеш во нашите срца. Не успеа! Ја избриша земјата од нашите срца,но избедените слики не можеш! Не можеш колку и да се обидуваш! Ја немаш таа моќ,проклетничке! Љубовта,среќата и соновите на луѓето имаат поголема моќ од тебе! Ќе ја вратат и повторно ќе ја видиш насмевката на луѓето! Ќе те победат кога најмалку очекуваш. Не се надевај на живот зошто немаш заштитник,а ние сите сме заштитници едни на други. Се штитиме и сакаме.
    Ќе те победиме.