Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбрана тема : Згаснат пламен

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lilit, 15 април 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.166
    Одбрана тема : Нова земја

    Малце затаивме а?!
    Новата тема е ... Вртелешка
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Вртелешка

    Па ајде, ваљда, треба нова тема да дадете? :?:
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Одбрана тема : Вртелешка

    Mи се зборува за се`, а всушност не кажувам ништо, внатрешни крици кои никако и никогаш не излегуваат на површината, се губат некаде по пат.
    Анализи за многу работи, враќање години наназад.

    Агонија. Ужас. Страв.
    Болка ми ја кине душава.
    Се почесто мислам дека носам некакво проклетство и дека сум осудена да страдам.
    А еден период мислев дека се` ќе биде подобро, дека можам да бидам среќна, дека има и добри луѓе таму некаде.
    Но одамна ми се скршија розевите очила, па сега убаво гледам каква е вистината, дека работите се лажни, луѓето се лажни, се` е лажно и проткаено со заговори.

    Од кога станав ваква?
    Кога почна да се крши во мене се`?

    Можам ли сама да дојдам до тој одговор, и дали некој е виновен што пак и пак, одново ги повторувам истите грешки?
    До кога вака?
    До кога ќе се вртам во круг, качена на вртелешка која никако да сопре.
    Чекам некој да го притисне копчето, гледам во публиката која го набљудува моето вртење, гледам, а не се прашувам дали има некој друг начин.
    Можеби премногу очекувам од нив, можеби треба да го насочам погледот на друго место, сама да ја најдам целта, да се симнам, конечно да престане ова вртење.
    Можеби тогаш нема да ми бидат матни мислите и ќе продолжам од почеток.

    По којзнае кој пат.
    Можеби.
     
    На mims-89 и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Одбрана тема : Вртелешка

    Вртелешка
    од 30 септември 2010 г.

    Откако ја прими лошата вест ликот ѝ се збабичкоса, а јас не умеев да ѝ помогнам, ниту, пак, знаев каде најлесно може да добие неколкумесечна доза на ботокс.
    Воздухот помеѓу нас стана остар, ќошињата мирисаа на киселко.
    Лебот што го јадев беше бајат со денови, но не ми пречеше.
    Потполно се исклучив од светот, додека таа вртеше каталози, дробеше апчиња со помош на две лажички и глокаше сируп наместо вода.
    Навечер гледав филмови без тон за да не ја разбудам, возбудам, ниту повредам, а во себе си мислев – oва ли е сè што остана од нас?
    Сакав да одам и силно да ја протресам, но право да ти кажам, ми беше некако гнасно, чувството беше како да допираш костур-макета од кабинетот по биологија. Телото ѝ беше мовливо, а згора на сè темпераментот – како темпирана бомба.
    Раздразлива до немај каде.
    Меланхолијата не ми беше непозната, се дружевме во студентските денови, додека осамено превртував списанија со еротска содржина.
    Сега немав повеќе списанија, сега инспирацијата лежеше во собата залепена до мојата.
    Едно утро ме разбуди викање – порачала нови тапети и беше запнала да ги лепиме од утро до мрак, додека бесно ѕенѕаше на хитчиња од 80-тите.
    Ја гледав чудно и помалку љубоморно – кој е болен жено Божја, јас или ти?
    Наредниот ден беше накупила некакви стаклени монистра и шарени кончиња, светликави камчиња. Погледот хипнотички ѝ се џареше додека ми објаснуваше како отсекогаш сакала да прави накит. Ги нижеше со милина и топлина, а мене од глетката ме притисна болка во желудникот.
    Ни отиде скоро целата заштеда кога маестрално изјави дека патува за Тајланд. Целата светкаше, додека со мака го закопчуваше патентот на новото зелено куферче. Рече – сакала да патува целиот свој живот. Рече – сама. Рече и ја затвори вратата, додека се џарев во тапетот со мотив на цреша.
    Ја немаше чинам една вечност. Во меѓувреме, мојата мигрена стана хронична цртка во здравствената книшка, стекнав уринарна инфекција што се појавуваше почесто од снегот во јануари, сакав едноставно да спијам, без да бидам прашуван и осудуван од светот.
    Па што дека не сум избричен со недели и што дека не сум пуштил машина кога тоа е нејзина работа и што дека не сум излегол надвор, кога ја слушам временската прогноза секоја вечер на радио.
    Ноќта кога одвај се довлечкав до бањата со силни грчеви во стомакот и чувство дека мускулите ми дистрофирале, а коските ќе ми доживеат спрашување, крцна кваката и на вратата се појави жена – привлечна, убава, румена, жива.
    Ме погледна молкум, со некој превез на сожалување. Чинам, поискрено беше од моето. На времето.
    Продолжи и кога ми ја подаде кофата да повратам. Потоа нежно се заврте и само рече: „Ова ли е сè што остана од нас?“
     
    На Mayyya, Mishela, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Вртелешка

    Најдов една црно-бела избледена стара фотографија!
    Беше сокриена во метална кутија од колачи, во креденецот на баба ми, позади чашите кои никогаш не ги користеше.

    Тие чаши кога и да посакав да ги дофатам и земам, таа ми велеше да ги оставам за да не ги скршам несакајки - ќе било штета бидејќи и биле подарок од мајка и.
    Тоа го кажуваше панично и исплашено како да криеше нешто, а јас се до денеска не сфатив зошто така реагираше?!

    Конечно останав сама, чувствував дека не ја загрижуваат чашите, бев љубопитна па посакав да проверам што е тоа што не сака да го видам.
    Се качив на столче, ја испружив раката и место чашите вниманието ми го одзема таа метална кутија од колачи.
    Ја отворив и во неа освен фотографијата и мирисот на кокос немаше ништо друго.
    Ја зедов фотографијата, ја ставив во џебот и повторно љубопитно ја чекав баба ми да се врати дома.

    Ах, да знаев дека денеска толку ќе ја растажам никогаш немаше да и ги спомнам тие чаши, никогаш немаше да ја прашам кои се тие двајца вљубени на фотографијата?

    Подголтна, очите и се насолзија..
    Ја држеше и милуваше фотографијата со своите раце, а рацете и се тресеа како никогаш до тогаш.
    Ми кажа дека дедо ми секогаш го сакала, чувствуваше потреба да се оправда.
    Се чувствуваше како таа да е виновна, а не јас што љубопитно копав по нејзиното минато, за кое знаев дека не сака да зборува.
    Неколку пати рече: Го сакав дедо ти, го сакав повеќе од се на светот, а дури потоа како да се срамеше од мене тивко изусти дека човекот од фотографијата бил нејзината прва љубов.
    Се плашев да прашам што се случило? Се плашев да не ја повредам повторно.
    Таа ми одговори без да прашам.
    Рече: Го изгубив засекогаш, токму кога животот за нас започна!
    Го изгубила само неколку дена по просидбата, а единствениот споменот од него и била токму таа фотографија.
    Никогаш не го преболела, никогаш не го заборавила.. .
    На фотографијата беа тие двајца прегрнати, а позади нив една огромна вртелешка.
     
    На Lepaaa, MerlinMonro8, COollLady и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Вртелешка

    - Умот да ти се заврти од таа вртелешка.
    Животoт ни е една вртелешка, мудро заклучив.
    Одејќи низ паркот, здогледав една клупа на која седнав, го извадив дневникот и почнав да пишувам:
    2.2.2013 година, седам во паркот Парк во близина на Рингишпилот. Насекаде околу мене гледам луѓе, мајки и татковци кај што ги шетаат своите деца за раце, баби и дедовци со бастумите во рака шетаат фатени еден за друг посматрајќи ги раздвижените луѓе. Децата трчкаат наоколу молејќи ги родителите да ги однесат на рингишпил и да им купат од шеќерната волна. Раздвижен народ, времето не стои за нив -си помислив, добро е што луѓето знаат сеуште да се забавуваат.
    За миг погледот ми застана кај една вртелешка која беше најголема и зафаќаше најголем простор од рингишпилот. Си помислив, баш како оваа вртелешка е нашиот живот.
    Еднаш си горе, другиот пат си долу. Целото возење е испреплетено со емоции, возбуда, за на крај еднаш вртелешката да застане, за потоа некој друг да се качи на неа...
    Искрено, не знам што толку ги привлекуваше таа вртелешка што беше најполна со луѓе, а редици чекаа да се качат. Можеби на луѓето им недостасуваше во животов возбуда, можеби им беше монотон па посакаа да почувствуваат висок адреналин и барем за момент да заборават на сите проблеми што ги имаат возејќи се на вртелешката. Како и да е, барајќи возбуда, спас од монотонијата, сакајќи во животот да внесат свежина и покачен адреналин луѓето го живеат животот барем на некаков начин.
    А што е со оние, кои се живи, само колку да се рече дека се живи? Изгледа за нив вртелешката наречена живот не е толку возбудлива, се научиле да не се соочуваат со падовите, т.е одлучиле воопшто да не се возат со вртелешката за да не го почувствуваат она чувство кога вртелешката е долу, па така непревземајќи ништо, животот им тече, нивниот живот е како застаната вртелешка, празен, безволен, невреден....
    Можеби еден ден касно сфаќаат дека убавината на животот го прави таков токму тоа што е како вртелешка. Да небеше таков, непредвидлив со падови и издигнувања, немаше да ни биде интересен, а ни возбудлив. Нека се вика вртелешка, тркало или воденица, подобро него ли празнина во која нема ништо.
    Животот е убав, само ако ја погледнеш насекаде убавината, само ако се научиш да ја препознаеш и во најмалите работи и најмалите случувања. Убав е кога знаеш да се израдуваш и на шеќерната волна како мало дете и кога знаеш да им се восхитуваш на другите околу тебе кои го живеат животот во полн ек.
    Да наздравиме во негова чест, да сме благодарни што го имаме и сме негови горди сопственици се додека "се врти", ако еднаш застане, со него ќе застане се, а само она што останува зад нас ќе сведочи за него и за неговата убавина.
    Ја напишав последната реченица, го затворив дневникот и продолжив со поглед да му се радувам.
     
    На GazdataodParencoJR му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.166
    Одбрана тема : Полноќно кабаре

    Лонг тајм ноу си...
    Новата тема е ... Полноќно кабаре.
    Како вечер во крчма, како вечер во дискотека, како полноќ во сопствениот кревет кога мислите почнуваат да ви играат кан кан, а ве заведува похотна дама,иако сте убедени во својата хетеросексуалност,а се вика желба за живот... Полноќно кабаре како кога нему ќе му светне да ве остави за сон, друга, за онака, засекогаш. Кабаре кога ќе почне да ви се мешаат во глава минато и сегашност,а сте помудри.

    Ајде момички.
     
    На La.Reina.Del.Sur и COollLady им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Одбрана тема : Полноќно кабаре

    По некое правило во мојов живот дождлив ден значи само едно нешто - лош знак. Да, врнело кога сум се родил, врнеше кога го загубив татко ми, врнеше кога таа ме напушти, врнеше и тогаш кога дознав дека...

    ***

    Петок, ден како и сите други различен само по тоа што на денешен ден сум роден пред 26 години. Се планира вечерта додека со јако еспресо го лечев мамурлакот од претходната вечер. Знам, празен сум, несакам да размислувам, ретко нешто да ми го дигне расположението, моралот и ентузијазмот. Спремен сум на се и прифаќам се, сеедно... Знаев само дека ќе врне, се двоумев само дали да ја преспијам вечерта бидејќи знам какви ми се дождливите денови но сепак решив да го разбијам малерот и да видам дали животов и дождот можат да ми донесат нешто уште полошо... И би вечер.
    Мразам чадори, го мразам и дождот ама нескам да му се кријам, му дозволувам да ја испере таа несреќа што ме следи. Јасно ми е дека и вечерва нема да ја видам низ Скопје, видов се чекирала во Лисабон. Во целата предвидливот што ја носеше вечерта едно нешто не очекував, дека ќе се заљубам на прв поглед и дека другарите ќе ме однесат на стриптиз во кабарето под железничка. Беше лудо морам да признаам, пригушени светла, виски, згодни женски, гради насекаде, добра музика и моето подобрено расположение. Изненадување на вечерта, специјално шоу од специјална танчерка. И излезе, долги нозе, кратка сукња, долга коса, отворено деколте, сензуални усни и маска на очите. Блескаше и пленеше, ја гледав, но таа не ме гледаше. Занемев и чинам дека цел саат додека таа играше и ги фрлаше парчињата облека една по едно од себе гледав со отворена уста. Играше толку лесно и толку заводливо како да води љубов со шипката, како шипката да е само за неа создадена. Не беше обична жена, не беше обична ефтина жена која се соблекува за пари, таа ме фасцинираше, ме привлече и морав да ја имам. Се повлече од сцената, а мене не ми беше дозволено да и се проближам. Решив да ја чекам додека си замине од кабарето. Стоев точно 45минути како глупак на дождот, чекав и ништо друго не ми беше важно, само сакав да ја видам пак. После долго чекање излезе една од танчерките, ја прашав каде е „ѕвездата„ а таа ми кажа дека штотуку заминала од другата страна. Трчав како луд на сите страни и ја видов од далеку дека се движи по кејот, ја познав дека е таа. Одев брзо за да ја стигнам, носеше високи потпетици и мантил, носеше и чадор. Од чадорот неможев да и го видам лицето повторно, и ги видов само усните, чадорот ме спречуваше да и ги видам очите. Реков само „ Здраво, извини што те следам, нека не те плаши тоа, само сакам да те запознаам, јас сум Јован„ Таа го крена чадорот и го видов нејзиното лице. И таа добро знаеше што се случува, таа сфати уште кога го изустив првиот збор, таа ме позна по патиките и по гласот. Очите и беа расплакани и црни, безгласно молеше, се каеше и се срамеше. Јас стоев цврсто, како човек кој веруваше дека ништо повеќе неможе да го допре ниту пак изнанади, а повторно беше повреден и премногу изнанаден.
    Само ја гушнав и се упативме накај дома, не и реков ништо, и таа молчеше.
    Ми се гади од неа и од себе си. Ми се гади од неа затоа што тргна по погрешен пат, а глумеше дека се е во како што треба, ми се гади од себе си затоа што ми дојдоа такви мисли и почувствував такви работи за својата сестра.
     
    На Oxymoron, Jagoda123 и Mishela им се допаѓа ова.
  9. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Одбрана тема : Полноќно кабаре

    Како бре до сега не сум ја видела темата ахх брее :tmi: Ајде малце да живне темава и ајс ќе почнам да пишувам :$
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Месечеви прошетки

    Нова тема: Meсечеви прошетки. :)
    Ако имате предлози за тема слободно испратете ги по лп.
     
  11. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Одбрана тема : Месечеви прошетки

    Месечеви прошетки
    “Се сеќаваш ли се уште на мене ? Ми имаш ли обезбедено место во твојата совршена глава, во која би ме чувал засекогаш? Ме сакаш ли ? ”
    До утре можев да измислувам прашања кои би ги отсликувале нашите зачетоци. Зачетоци на љубов и пролетна топлина која ги грееше нашите срца и ги зголемуваше желбите да се преточиме во едно. Распламтената природа секогаш знаеше да ни го оттргне вниманието од секојдневниот хаос и да ни ги приушти најубавите мигови во кои можевме заедно да дишеме. Не стигнавме ни убаво да се запознаеме. Само знаевме дека на некој начин, не знаевме ни на кој, меѓу нас имаше нераскинлива врска. Стариот дел на градот секогаш ни беше засолниште. Не криеше од злите јазици и љубопитните очи кои во нашето мало гратче правеа чуда. А доста ни беше од чуда ! Сакавме мир кој ќе го поделиме на две парчиња и ненаситно ќе му се насладуваме.
    Свесни бевме за меѓусебната привлечност, но никогаш не се осмеливме да ја овековечиме. Можеби времето во кое животите ни се сретнаа не беше она вистинското. Таа привлечност ден денес остана сенка која одвреме-навреме тивко оди зад мене. Ја слушам..но не ја разбирам. Поминаа 6 години а гласот на сенката е се уште нејасен. Често се сеќавам на тие времиња. Беа убави времиња...му бегавме на секојдневието за да го гледаме месецот качени најгоре на градот. Успевавме да им избегаме на сите и барем на два часа да постоиме само ние ...за себе...засекогаш...барем така мислевме.

    Денес мемориите ги делам со сенката...се надевам ги дели и тој. И денес сме свесни за својата несекојдневна врска. Врска која физички и практично не постои, ами само како некој тенок конец пробува да не спои. И после толку време...безуспешно, апстрактно. Но, ќе го причекам Бог да ја вмеша судбината која е последното и конечно решение на се. Можеби таа ќе не замота и повеќе никогаш нема да се одделиме. Можеби.....многу можеби.

    До тој ден ќе ја замислувам нашата повторна средба. Барем за неа сум сигурна дека ќе ја има. Каква и да е ќе ја има. Не би било интересно оваа бајка која уште не е сосема реална да заврши тука. Нема да заврши . Ветувам и верувам ! Ќе и се обраќам на месечината и ќе се надевам дека таа е нашата нераскинлива врска за која тврдам дека постои.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Одбрана тема : Месечеви прошетки

    Срцето силно и лупаше во градите. И додека такси возилото јуреше по Њујоршките улици, таа се чувствуваше беспомошно. Чувствуваше како го губи здивот. Времето минуваше. Секое зрнце песок што ќе се провлечеше на другата половина на песочниот часовник како да и се потсмеваше. Дали ќе успее да стигне на време? Дали ќе успее да ја спречи оваа трагедија? А тогаш сите мисли и навираа во главата. Колку и да се трудеше да ги запре тие безмилосно и одекнуваа. Како може да направи нешто? Како може да е толку суров? А како можам јас сеуште да го сакам?

    Таксито пристигна. Само му фрли на таксистот 100 долари и јурејќи излезе од таксито. Таксистот викаше по неа за да и го врати кусурот, но таа не го слушаше. Единственото нешто на што мислеше е дали е веќе предоцна? Дали тој го направил ужасното дело? Дали повторно ќе и се потсмева од страна додека таа лежи врз безживотното тело на жртвата и го проколнува? Или можеби ја чека неа. Сака и таа да присуствува..

    За неколку секунди се увери дека нејзините претпоставки беа вистинити. Виде како една млада девојка седи заврзана за столбот на старата фабрика. Се гуши во своите солзи. Пробува да викне но нема глас. Рацете и нозете и се толку силно заврзани што на зглобовите веќе се познаваат рани. Таа само можеше да замисли што девојката чувствува во тој миг. Кои мисли и поминуваат низ главата. Сигурно се прашува каде згрешила, зошто е казнета на ваков начин. Се обидува да се сети, но ништо не доаѓа.. Таа беше само девојка со соништа, соништа што полека испаруваа. А потоа и се појавува стравот. Затоа што знае што ја чека.

    Таа совршено ја разбираше девојката. И таа беше во таква ситуација. Само успеа да го избегне неизбежното, бидејќи неговиот болен ум во неа ја виде својата сродна душа, девојката за која сонувал. И од тогаш ја прогонува. Секогаш и секаде. Ги навестува неговите дела. Сака таа да биде сведок. Сака да му се заблагодари затоа што не минала низ истото. Но, таа нема да го направи тоа. Не може да го направи тоа.

    Во тој момент ја виде неговата сенка. Тој излезе од темнината.
    - Чекај! вика таа.
    За момент тој запира. Се врти накај неа и ја гледа со една задоволна насмевка на лицето. Потоа бавно продолжува кон девојката чија судбина е запечатена.
    -Зошто го правиш ова? Зошто ме тераш да ги гледам овие ужаси? Што сум ти згрешила? Подобро ќе беше да ме убиеше уште таа вечер, отколку да ме тераш секоја наредна да ги гледам твоите морничави претстави!
    Тој не ја слушаше. Само бавно чекореше.
    -Зарем никогаш не си имал соништа? Зарем никогаш не си посакувал нешто? Верувам дека девојкава има многу соништа, а ти и ги уништуваш!
    Стигна до девојката. Полека ја испружи раката тешка како камен врз нејзината глава. Таа потрча да и помогне на девојката. Но предоцна.. Крвта веќе се разлеа низ целата просторија. И повторно истото. Се прашуваше уште колку пати ќе го доживее тоа. Кога ќе престане.

    Тој веќе си замина. Излезе надвор од фабриката. Месечината сјаеше. Реши да се врати пеш дома. Веќе ништо полошо не може да и се случи од ова што веќе и се случува. Чекореше полека. Гледајќи ја од страна некој би помислил дека тоа е една среќна девојка излезена на една месечева прошетка. Но тие малку знаеја за неа...
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Новата тема на предлог на La.Reina.Del.Sur е Разговор со тишината. :)
     
    На Hipster и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Тишината тивко се расплака, додека цврсто ја прегрнував. Ми раскажуваше за кредити и домашни кавги, пресолени манџи и пресни мозолки кои ѝ го шаркаат ликот во ПМС.
    Сфатив дека делиме ист род, жени со проблеми, но овојпат решив да ги ислушам нејзините, за промена.
    Преплашена е од иднината и смета дека направила грешка со изборот на академско обликување.
    Не е зависна од материјални ствари, но каде и да се сврти го слуша истиот збор – пари, пари, пари.
    Се обидува да пишува и поезија и проза; на моменти нема грам инспирација, а на моменти се искрадува од креветот длабоко во ноќта да ги откуца нејзините отровни мисли.
    Се плаши од старост, смрт и самотија.
    „Ох тишино, не плаши се“ – изустив додека ја гушкав уште посилно.
    Ме оттурна, испушти леден здив – и од пареата се создаде мојот лик.
    Така се проѕрев самата себе.
     
    На Hipster, Hinebrra, lilybeth и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Разговор со тишината
    Мрак. Во својата соба на таванот, легната на најудобниот кревет со дневникот во рака уживаше во разговорите со самата себе. Нејзината најдобра пријателка која секогаш имаше време да ја сослуша, никогаш ја немаше изневерено, па така ни оваа вечер не беше исклучок. Додека сите спиеја ТАА размислуваше за себе, за светот, за животот, за НЕГО, за НИВ, за сите работи кои сакаше да ги направи, за сите нешта кои беше спречена да ги направи. Размислуваше и за нејзината животна желба која сакаше еден ден да стане реалност, па ги согледуваше можните начини како да ја оствари. Уште многу мисли вечерта прошетаа во нејзината глава, а тишината и шепна дека е време да се одмори за да биде свежа утредента. Отсекогаш го сакаше мирот кој го носеше тишината и на мудрите забелешки што ги заклучуваше во неа, па можеше речиси со часови да седи пишувајќи го дневникот во тишина и разговорајќи со неа.
     
  16. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    38
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    .Не беше лесно да се повреди девојка како неа, но тој успеваше.Успеваше со малку напор да и ја симне насмевката од лице да ја натажи да ја натера да се затвори во себе.Таа беше од оние кои имаат многу пријатели..посакувани во друштво со многу додворувачи. Но што се случува кога ќе најдеш некој?
    Таа вечер врнеше. Дождот ги миеше солзите од нејзиното лице а таа тивко полека влегуваше дома. после таа помината вечер се и изгледаше бледо ниедна приказна не и нудеше утеха. Седна до прозорецот и се обидуваше да го смири липтањето да ги сопре солзите но некако овој пат неуспеваше во тоа..
    се заврши токму коа мислеше дека и тргна..
    збореше и и се жалеше на тишината..си вети никогаш повеќе нема да дозволи никој да и ја симне насмевката од лице.
     
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Сама сум, се слуша глас.Сакаш да разговараме?Но како, јас сум потполно глува?Еве јас и ти, та нели ме слушна.Да, те слушнав.Што сакаш да разговараме.Сакам да знам како и во тишина слушаш.Па ти тишината најмногу зборуваш, најгласна си и затоа можам да те слушнам.Ме сметаш за пријателка, праша тишината или ме мразиш.Не те мразам, ти си дел од мене, запишана во мојата судбина, напротив благодарна сум ти зошто ме научи дека тишината најмногу кажува.Така научив дека џабе е ако некој ги слуша славејчињата а не и се восхитува,научив дека и глувонемиот потпевнува кога е срекен и ако не чул песна, научив , најубава е тивката мелодија на душата.Научив најубав е разговор со тишинта. :$
     
  18. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Разговор со тишината


    Зборувам.Да сама.
    Не застани со неа зборувам таа секогаш е тука.Молчи слуша.Гласна е.
    Ја молам да замолчи .Понекогаш сама доаѓа .Понекогаш ја барам понекогаш ми ја испраќаш.
    Никогаш не сум ја слушнала погласно од денес,навечер седи во ќошето на собата и трпеливо молчи.
    И кажувам за моите тајни ..во 4 наутро се би и кажала.
    Плачеме во себе.На лицата ни се чита тага.
    За мене малку е потребно...а тишината е тежок товар.

    Само тишина .Долга .Бескрајно.
     
  19. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    314
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Разговор со тишината

    Се затскрив повторно
    во темниот јазол на ноќта.
    Исплашена.
    Срцето тропаше,
    а усните само слабо
    испуштаа
    молежливи крикови
    за спас.
    Од болката.
    Солзите капеа
    врз застоените рани
    на душата,
    и проклето печеа.
    Замислената утешна
    прегратка
    од тишината
    бараше слушател
    за изневерени верувања.
    И зборовите почнаа да течат.
    Екотот
    ми ги заглушуваше
    ушните тапанчиња
    додека зборовите
    остро се одвраќаа назад.
    Бурата полека стивнуваше.
    Склопени раце за молитва
    и учтиво
    „Благодарам“
    на тишината.
    Ќе го повториме разговорот.
     
    На Chennole и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Разговор со тишината

    Ја погледнав во очи,
    а таа не ми возврати.
    Не дека немаше очи,
    ниту дека не можеше да гледа,
    ниту дека не сакаше да ме гледа.
    Туку дека проклетото гледање болеше
    печеше силно
    дрско и остро,
    како тенка острица на гладиаторов меч
    што продира во сржта на битието.
    Го боде
    го пара
    го дели на парчиња,
    парчиња на кои не им знам број.

    Повеќе сакаше погледот да го држи надолу
    со тие непостоечки прекусовршени очи.
    Да го боде тлото
    да го пара тлото
    да го дели на парчиња,
    парчиња на кои не им знам број

    Повеќе сакаше да создаде дупка
    која веќе и егзистираше меѓу нас,

    Дупката ни е црна бескрајност,
    црна бескрајност без граница,
    црна бескрајност без причина.
    Таа ми е мене смртница на хартија,
    смртница пресудена.
    Убиствена напивка
    со опивна арома,
    арома што убива,
    арома што оживува.

    Таа ми е мене единствена стихија,
    кога осаменоста ќе чукне на вратата
    са разговор со тишината –
    најдобра придружба.

    http://stargazers-view.blogspot.com/201 ... -post.html