1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбрана тема : Згаснат пламен

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lilit, 15 април 2011.

  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Разговор со тишината

    Повторно на истата точка.
    Ниту на почеток ниту на крај.
    И уште беспомошно трагам по среќа.
    Наивно барам светлина,
    во темнина и тишина.

    И тогаш те гледам тебе.
    Сениште проткаено со нишки од цинизам.
    Ми се потсмеваш дрско и ме уништуваш.
    Ме остави сам,тогаш кога ми требаше
    кога копнеев,
    кога не сфаќав
    дека тишината само ме слуша...
     
    На La.Reina.Del.Sur, Hipster, WarriorAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  2. VeseliCka

    VeseliCka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Разговор со тишината

    Живеам во град кој дише со своите постојани звуци.По цел ден можеш да седиш на балконот и да ја слушаш неговата музика,труби од автомобили и автобуси,џагор од детски гласови,разговор на првите соседи,сите некаде брзаат,секој некаде доцни.Од толку голема врева не можеш да си ги слушнеш сопствените мисли.Но на крајот од денот,кога сите ги затвараат вратите од своите домови,кога некој ја кажува последната молитва,некој го добива последниот бакнеж,доаѓа навидум мирната ноќ,но само навидум.

    Со ноќта доаѓа таа,најгласна од сите,тишината.Тоа што не може да го каже ни еден збор го кажува таа само со еден крик,тишината кажува се.И секогаш ме избира мене.Премногу е гласна,гневна,не ми остава избор,сакам или не сакам,морам да ја ислушам секогаш.И секогаш неуморно ми ги фрла сопствените грешки,мисли,порази,падови како бумеранг врз моето лице.Секогаш си зема за право да ме осуди и секогаш ме прогласува за виновна,без да имам право на одбрана.Секогаш е сурово искрена.Никогаш не сум ја сакала вистината,лагата е сто пати поубава.Секогаш избегнувам да погледнам во лицето на вистината,но тишината ја поставува пред мене,како сведок на сите мои изгубени битки.Немо вртам глава,но пак е пред мене.Толку е груба што ми го одзема здивот.Ми личи на жена без ниедна нежна црта на лицето,без ни малку топлина во големите црни очи,носи искината и валкана облека,но толку е чиста,природна,своја,без ни малку шминка на себе,ја гледам и си мислам вистината е толку вистинска.
    И додека ги слушам силните прекорувања на тишината,вкочанета во својата постела,нестрпливо чекам да се појави сонцето,да го слушнам звукот на првиот автобус,оџата да запее од минарето,нестрпливо чекам градот да ги отвори очите,да ја заќути тишината.Треба да дојде и вториот автобус на кој треба да се качам и да бидам и јас дел од народот кој постојано некаде брза.Чекам да ги слушнам звуците на мојот град до следниот разговор со тишината.
     
  3. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Мое најубаво гратче, полека полетуваме во ноќта.. Мирна и тивка, онаква каква што само на едно место може да биде... По твоите улички. Беше тоа едно не толку дамнешно време, кога срцето го носев скршено на пола.. И кога сите тие долги ноќи, со насолзени очи, го набљудував секој агол од таванот.. Оние кои зборуваа јас не ги слушав.. Нивните зборови се губеа низ просторот.. и низ времето исто така.. И до денешен ден јас не се сеќавам на тие зборови кои можеби биле некоја утеха, или можеби некое прекорување..А јас со месеци бев во прегратката на тишината, доловувајќи си пред очите секоја вечер иста слика.... Моментот на разделба кој ми го сруши светот врз глава...
     
  4. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Разговор со тишината

    Ветерот ми ја вееше косата на сите страни. Ситните капки дожд полека паѓаа врз мојата глава. Не ги чувствував. Се што сакав е да останам во таа положба уште малку. Сосем малку за да можам да размислам за она што ми се случуваше. Сосем малку за да можам да размислам што ќе правам понатаму.
    Тмурните облаци како да беа олицетворие на моето расположение. Тие разговараа со дождот и ветерот, а јас разговарав со тишината. Ме исполнуваше. Ја сакав. Ме советуваше. Јас со внимание и трпение ја слушав. И тишината ме слушаше мене. Секогаш и се обраќав кога ми требаше совет. Секогаш и го раскаував мојот ден, мојот сон. А таа само ме слушаше и одвреме на време ќе ми дадеше некој совет. Така и овој пат. Додека ветерот си ја покажуваше неговата силата врз мене, тишината ме слушаше како плачам и се молам да добијам и јас сила за да можам да се борам понатаму. Ме испуша конечно. Само ми испрати една од нејзините таинствени насмевки и се повлече. Знаев што значат тие нејзини насмевки. Секоја таква насмевка е вредна и значи дека ме поддржува, дека ме чека нешто добро. Нешто прекрасно, кое е малку затскриено. Ме чека мене. Се насмевнав и јас. Од далеку знаев дека и таа ме гледа како и се насмевнувам.

    Моето првнече на темава ;) :$ :inlove:
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Не е време да се смени насловот на темава?
     
  6. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Разговор со тишината!
    Ќе те оставам сам да си го проколнуваш животот. Да немаш мир. Да веруваш во она кое е далеку од духовното. Да живееш во материјален свет на болка и никогаш да не ја дознаеш среќата. Луѓето одбираат страдање мислејќи дека парите ќе им помогнат да бидат среќни. А не знаат дека несреќата може да биде поголема од тоа човек да не живее богат материјален живот. Секогаш ми говореше дека можеш сам да се справиш со се она што може да ти се случи во животот. На крај остана сам и беден. Не беден поради тоа што никогаш не најде богата жена за тебе, туку поради вербата која никогаш ја немаше во Бог, туку само во себе. Силен си. Очите те молат да заплачат, ама ти си ја стегаш болката во себе за да ти плачи душата. Не сакаш да гледам солзи на твоето лице ? А еве ме слушаш за што ти зборувам. Моиве зборови можат да те натажат и да ти ја направат болката поголема. И уште молчиш ? Си го стегаш зборот во твоето грло и не си дозволуваш да испуштиш нити еден крик. Како да не си до мене. Како да не ме слушаш што сакам да ти кажам. Цело време кое го посветив на тебе сакав да те научам да бидиш подобар од сите други. Да бидеш посебен. Ама човек тешко може да се промени. Посебно ти. Што ти остана од сите тие твои желби и принципи. Да можеше ќе направеше безброј гревови само за да стигнеше до исполнување на твоите цели. Ама остави ја болката нека те гризе. Подобро таа, отколку да те уништи совеста. Еден ден таа ќе ти се појави за да те уништи многу повеќе од болката. Болката не боли исто секогаш. Ама совеста. Е таа се носи цел живот и секогаш не потсеќа за гревот кој сме го направиле. Затоа остани тука. Сам. Понекогаш можеш да дојдеш и да ме погледнеш како седам скршена и да позборуваме. Па тоа да е и за добро. Морам да те оставам. Moрам да заминам и да не те гледам. Да ги заборавам сите лаги кои ми ги кажа кога се гледавме на почетокот. Тогаш мислев дека си идеален за мене. Ама сето тоа било лага. Годините кои ги поминав со тебе ми ја донесоа вистината. Тогаш веруваше во Бог. Се сеќаваш како ми кажуваше дека сакаш само да бидеш среќен и да љубиш. Сето тоа било проклета лага. А мојата искреност. Се што ти кажував никогаш и не остана запаметено во тебе. Зборовите како да остануваа во воздухот и ти воопшто да не ги слушаше. Одам. Сега одам. Ме боли разочарувањето кое го добив од твоите лаги. Ама нема да ме уништат. Нема ни да ме променат. Ќе бидам иста. Ќе останам онаа Жена кој можеби ти можеше да ја знаеш најдобро. И она што ти го ветував, никогаш нема да го заборавам или да не го исполнам. А сега те оставам. Сам. На подот од оваа соба. Ќе бидам и јас на некој под од некоја друга соба. За да зборувам со тишината. Ти и онака цело време не ме слушаш што сакам да ти кажам. :x
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Секоја чест за темава, и во средно имавме пишувано на неа, и многу автори ги има инспирирано...

    Нешто кратко и многу старо....

    Слеј се со тишината,
    погледни ме во очи и молчи.
    Молчи.
    Погледот кажува многу повеќе од твоите зборови.
    Тишина, бурна тишина.
    Солзи, многу солзи, многу болка и тага во воздухот
    Разговор тежок, зборови кои како нож сечат
    а зборови нема.
    Најгласните 5 минути во мојот живот.
    Молчам а ти кажувам се што никогаш не сум ти го кажала
    Ме слушаш а не ми возвраќаш
    ти зборуваш, а јас ништо не слушам
    молчи да те чујам подобро
    зборовите не ти се потребни
    остави ме да ги впјам зборовите од оваа тишина.
    Вдишувам болка, љубов и тага,
    без ни еден збор искажан.
    зборовите ги голтна тишината...
     
  8. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Разговор со тишината

    Молк...тишина,
    а длабоко во неа избива силен глас,
    глас, заробен некаде во душата,
    сака да излезе, да излета, да ја испушти сета болка,
    болка, собрана внатре, во тоа мало парче,
    кое тлее, се разжарува...гори.
    И повторно, молк...тишина,
    и сеуште трае,
    толку тивка, а толку гласна,
    толку голема и за многумина нејасна,
    сите зборови потребни да се кажат,
    ти сакаше да ја прекинеш, но не,
    немој, не зборувај ништо,
    те прекинувам, пред дело да сториш
    остави, тишината сама се` ќе каже,
    тишината не може и нема да не излаже...
     
  9. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Навистина,кога ќе се смени ?
     
  10. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    треба да се смени темава, редно е.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.726
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Разговор со тишината

    Срцето скршено на илјада парчиња е новата тема.
    И за да се менува темата поредовно пишувајте ваши предлози по лична порака на било која од модераторките, ако има предлози ќе си функционира темата како што треба. :)
     
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Срцето скршено на илјада парчиња

    Срцето скршено на илјада парчиња
    Судбината не е прашање на шанса, тaа е прашање на избор.За неа не се чека.Таа се постигнува.Најдлабоките чувства најтешко се изразуваат со зборови.Сите убавини ги примаме преку срцето, очите само се залажуваат дека ја гледаат убавината.Сите ние сме во потрага по таа единсвена личност што ќе ни го донесе сето она што му недостасува на нашиот живот.И ако не стигнеме да ја најдеме, ни останува само да се молиме таа да не најде нас.
    Не доаѓај зоро!Сонце не излегувај!Плачи зелена горо!Тагувај,кога тој си заминува!Паѓајте,солзи, бисери бели...Вечерва само тагата зборува...Небото заплака како да знаеше дека тој си заминува.
    Ќе дојди сонцето,ќе замини дождот...Не давам место на ниедна солза!Не!Така ќе се спротиставам на тагата....
    Срцето скршено...да,да скршено!На илјада парчиња!Љубовта тече како река,ама кога љубовта ќе замине-доаѓа таа пуста тага!Се заматиле очите од дождот,се удавило искинатото срце во водите на времето...Зборот е нож,змија над спокојот...
    Сега се е тишина...тишината,заедно со мене спие...
    добро е? :!:
     
  13. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Одбрана тема : Срцето скршено на илјада парчиња

    Срцето скршено на илјада парчиња
    Боли кога го чуствуваш кршењето на срцето,тоа е нешто што те притиска сецка,гуши те тера да врескаш.... бидејки знаеш дека ти си виновникот,што незнаеш да ставиш крај на љубов која те уништува. Секоја секунда,минута знаеш дека потонуваш во безизлезна ситуација бидејки си кукавица....Ајде признај можеби подобро ке ти биде...
    Немој да бараш виновник за твојата болка која ја чуствуваш ти знаеше дека таа љубов ќе те уништи...Зошто не застана цврсто со вистинка одлука? Празните зборови ѓи слушаше и кажуваше секоја ноќ ... или тоа беше твоја молитва издржи бори се за невозможната љубов....Ти живееше во твоите соништа таму ја доживуваше својата срека која не можеше да ја имаш нели?! Но ете дојде денот кога сонот заврши и ти остана со насолзени очи кои немаат сила да пуштат ни една солза очите немаат во кого да гледаат,жално!Обиди се овој пат да си ја поправиш грешката....Испружи ѓи рацете дозволи му на ветрот да те гали,насмеј му се на сонцето и земи здив...Пробај лесно е само треба да сакаш.Дозволи ли си го тоа и повторно ке можеш да живееш но да живееш убав живот....тогаш ке можеш ситните парченца да ги собереш и да го оформиш и подготвиш своето скршено :u: во убаво :l: кое ќе може повторно да сака но да го сака вистинскиот човек кој никогаш нема да те повреди.
     
    На Marossa и tessie им се допаѓа ова.
  14. Blue.Ribbon

    Blue.Ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    78
    Одбрана тема : Срцето скршено на илјада парчиња

    Срцето скршено на илјада парчиња

    Веќе не можеше да дише... Урнатините од она се што го градеше за нивната љубов да биде вечна ја преклопија. Повеќе не го гледаше неговиот лик во огледалото, гледаше поразена личност, личност што нема воља за живот. Само еден момент и ја уништи нејзината иднина, во тој момент нешто ја маѓепа остана здрвена додека очите и се полнеа со солзи. Се тресеше, беше избезумена се загледа во аголот од ѕидот како нешто да имаше интересно таму. Наеднаш се сепна го мразеше и го сакаше со цела своја душа, се прашуваше што ли направила за тоа да го добие.Одговор немаше.. Само мртва тишина околу неа и измешани чувства во срцето. Го пушти тушот и влезе во туш-кабината, не ни примети дека ја имаше пуштено само ладната вода, напротив и беше жешко, жешко од пеколот што го доживуваше. И се чинеше дека потонува заедно со капките што доаѓаа од тушот измешани со нејзините ранилви солзи.. Погледот и го пресретна жилетот оставен на лабавото. "Размислувај со ладна глава" - си рече, но во неа се бореа битки помеѓу ангелот и ѓаволот. Се одлучи. Го зеде жилетот го фрли на креветот. " Да го земам или не? ". Го отвори виното што и подари за нивната годишнина, не ни помисли да земе чаша пиеше неуморно од шишето додека не дојде до половината. " Добар вкус си имал за одбирање вино, штета што немаш за жени.. ". Не поминаа ниту 10 минути а шишето беше празно, исто како нивната љубов, барем таа мислеше дека е љубов.. Немаше пријатели, немаше ни роднини... " Што ќе ми е животот ?" Собра храброст, го направи тоа.. Тие мили очи згаснаа во тој суров живот од неа останаа само сеќавањата на девојката со златно срце..
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Срцето скршено на илјада парчиња

    Срцето скршено на илјада парчиња

    Летото е најубаво зошто сите го поминуваат безгрижно. Го поминуваат со огромна насмевка на лицето, која се надеваат дека ќе ја задржат и во текот на наредното годишно време. Меѓутоа секоја претстава за летото како што е плажа, море, песок, коктел... исчезна во моментот кога срцето се скрши на илјада парчиња. Сакањето во овај случај е негативна карактерна особина, зошто е злоупотребувана. Ти сакаш, а не си сакан, се трудиш да докажеш дека си сакал, но тој труд лесно пропаѓа во некоја провалија без дно. Исто како да не си пробал да докажеш... и тогаш се чувстуваш како некој да ти ја изел душата, вриштиш, ползиш и се виткаш, а главоболката која почнува да слегува надолу од тироидната жлезда и го зафаќа срцето преминува во тахикардија. Вториот најважен орган бие со сета сила, крвта во него чука по ѕидовите и бесно чека да излезе надвор. Но тоа не е крвта што излегува, тоа е само еден бесен крик, исполнет со очај, исполнет со чувство на предавство од личноста за која би го дал небото.
    И се крши, се крши и се крши на безброј ситни парчиња и веќе не се чувствува на левата страна кај градниот кош. Како да го избришале солзите кои непрекинато течат. Но знаете како викаат, времето лечи се. Не времето воопшто не лечи, тоа само не учи да живееме и да продолжиме понатаму :d:
     
    На Blue.Ribbon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Срцето скршено на илјада парчиња

    Срцето скршено на илјада парчиња

    Пред мене се наоѓа еден наслов кој денес ме врати во минатото... Да, се сетив на секој миг, секој твој кажан збор, твојата насмевка, твојот поглед... Но се сетив и дека ти беше тој кој што ми го скрши срцето на илјада парчиња и си замина без да погледнеш дали дишам... Долго време пловев на кајчето на осаменоста... Секогаш кога сакав да продолжам понатаму тапкав во место, едноставно нешто ме влечеше назад и не ми дозволуваше да продолжам. Солзи, болка, неспокој, поминував низ се... А ти беше далеку од мене, во нејзината прегратка, ги бакнуваше нејзините усни...
    Но дури сега сфаќам дека секое лошо за добро е. Ти ми го скрши срцето, не ми даде ништо освен солзи и болка, но знај дека сето тоа ме направи посилна од било кога.
    Сега јас сум онаа што е среќна, сега пловам по долината на љубовта и живеам среќно без тебе... И само знај, касно е за да ми се вратиш, бидејќи ти, она што можеше да биде твое му го даде на друг...
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.726
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Срцето скршено на илјада парчиња

    Се фрлив на креветот и си го пикнав лицето во перницата. Како тоа да ќе ме заштити од сè, како воопшто нешто да можеше да ме заштити. Не сум некоја наивна глупачка со розеви очила, знам дека не е така.
    Станав, тргнав накај бањата да ја исчистам нечистотијата од себе. Се погледнав во огледалото. Погледнав во ликот од кој сега ми се гадеше. Црната коса во локни ми паѓаше сè до половината, длабоките темни очи ми изгледаа уште потемни од црните облаци насобрани во нив. Уф, колку ги мразев тие очи, ги мразев исто толку колку што тој ги сакаше.
    Ја фрлив облеката од мене, влегов под тушот и со остри потези почнав да ја тријам кожата. Крвнички. Почнаа да ми се познаваат темно црвени линии, но тоа не ме спречуваше во мојата намера. Само сакав да се почувствувам чисто. Како пред тоа. Ама знаев дека не е можно, што е направено е направено, не може да се повлече.
    Излегов и го избегнував огледалото. Облеков една стара маица и искинати фармерки. Не заслужувам повеќе. Токму кога зедов да отворам едно шише вино го слушнав ѕвончето. Не, те молам Господе, не ми го прави ова. Ко божем молитвите ќе помогнат.
    Знаев дека немам друг избор, морав да ја отворам вратата, немав каде да избегам.
    И се сретнав со нејзиниот поглед. Не беше бесен, немаше лутина во него. Само едно бескрајно сино море од тага. Тој поглед беше доволен да ме скрши, ама немаше место за моето самосожалување.
    "Зошто?" ме праша.
    Што да и речам? Зошто и јас го сакав? Зошто и тој ме засака, а не можеше да ти каже бидејќи си моја најдобра другарка, а негова средношколска љубов?
    "Јас немам повеќе сила, ми го скршивте срцето на безброј начини, на илјада, на милиони парчиња..."
    Ја отворив вратата пошироко за да влезе, но таа само стоеше таму. Сакав да ја гушнам, да и речам дека сè ќе биде во ред, како толку многу пати пред тоа...
    Во следниот момент ми врза шамар. Мислам дека одекна низ целата зграда, како што болката одекнуваше во целото нејзино тело.
    "Не сакам да те видам повеќе никогаш, ниту пак него, не знам како ќе можете да живеете со себеси после ова, но тоа не е ни моја грижа повеќе."
    Со тие зборови се сврте и си замина. Ме остави на прагот, со прсти кои се познаваа на моето лице и звукот на срам кој како сè уште да одекнуваше низ ходникот.
     
    На Aneto10, Marossa и L-a-r-a22 им се допаѓа ова.
  18. Dimkovska123

    Dimkovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Срцето скршено на илјада парчиња

    Срцето скршено на илјада парчиња

    Се запознавме многу случајно. Се започна со обичен разговор. Потоа следеа искачања, забава, дружба, и од сето тоа дојде до љубов..до една голема невозможна љубов. Ме чекаше цел месец..цел месец за да бидам со тебе, поминавме низ многу препреки и на крај бевме заедно, конечно се оствари тоа што го сакавме. Се беше прекрасно, иако моравме да криеме за нашата врска, но тоа беше голема љубов, но.. ти се измени. Стана сосем друг човек, стана фраер..фраер кој беше популарен меѓу другите, фраер кој мислеше дека може да ги има сите, тој беше фраерот кој заборави на мене и сите наши спомени поминати заедно. И тогаш ми го скрши срцето на илјада парчиња. Тоа беше многу болно, едноставно се прекорував себе си, како можеше таа љубов да изветрее...и тогаш нашата приказна заврши.. Го гледав секој ден, но бев јака, бев силна бев девојката со скршено срце но со челична насмевка.
    Но сепак болно е..болно е да го поминеш денот без оној кој ти значел се, а повеќе го нема. Понекогаш си помислав дека ми беше грешка..грешка и ништо повеќе, но понекогаш имаше моменти кога сета љубов за миг ќе ми се вратеа.. но животот продолжува така и ние..
    Ехх драги мој.. јас бев таа девојка со скршено срце, јас бев таа која што покрај се те избра тебе, но јас ќе бидам таа која секогаш пред сите ќе блесне со насмевка, ќе бидам таа на која никогаш нема да и видиш капка солза пред твоите очи, таа која ќе те мачи со нејзината насмевка.
     
  19. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Одбрана тема : Срцето скршено на илјада парчиња

    Што бидна со темата?
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.726
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Срцето скршено на илјада парчиња

    Ајде, да се размрда малку темава.
    Поглед полн со надеж.