Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбрана тема : Згаснат пламен

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lilit, 15 април 2011.

  1. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Поглед полн со надеж

    Беше тоа една студена ноќ. И додека да трепнам, сфатив дека заврши се. Пред моиве очи, и она малку што го имав ми се лизна низ рацете. Некоја чудна топлина, чувство на вознемиреност, разочараност, болка ми го обземаа телово. Пред моите очи видикот беше празен. Хоризонтот покажуваше сивило и тага. Бурата веќе започна да се движи накај мене, посилна од кога и да е. Свиснаа црните облаци над мојата глава...
    И во целата таа темнина, продолжив понатаму. После долго време, повторно ги погледав тие очи. Имаше некоја искра. . Надеж. Нешто што ми влеваше сигурност... Можам да се заколнам дека овој пат видов искреност...
     
  2. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Поглед полн со надеж

    Поглед полн со надеж
    Се обидував полека да го спакувам куферот и да си заминам. Се обидував да ја напуштам додека дожтот удараше по стариот прозорец. Во тој момент се сетив на неа. Се сетив на сите изминати години, се сетив на танцовите под дожд, на лудувањата. Се сетив на бескрајната љубов која некогаш владееше меѓу овие ѕидови... денес тоа беа само стари испукани ѕидови. Пред да заминам ме погледна уште еднаш со тој поглед кој некогаш ми припаѓаше мене, овојпат имаше само надеж во погледот. Падна една солза и полека изусти „Не заминувај“...
     
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Поглед полн со надеж

    Поглед полн со надеж
    Се слушна силен тропот од старата дрвена врата,а сонцето молчаливо навлегуваше во собата.На малата полица од ѕидот се прикрадуваше пожолтено парче хартија.Ветерот ги разбиваше шарените спомени како избледени моменти.Тапи чекори одекнаа доцна во ноќта додека ѕвездите правеа крошна на небото.Крцкаа скалите под превезот на годините.
    Тоа беше неговиот мирис,погледот на неуморниот патник во темнината...
    Одважниот став го правеше сериозен и мистериозен во намерата дека верува во патувањата.Беше во потрага на топлина и искреност.
    Месечината му беше патоказ низ животното талкање.
    Не го слушнав неговиот глас,но парчето хартија криеше зборови низ кои препознав поглед полн со надеж...
    Очекуваше убави денови и живееше со очекувањето.
     
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Поглед полн со надеж

    Поглед полн со надеж
    Доживеа нешто чудно...нешто што не помисли и дека можеби ќе се случи.Беше така повлечена,тивка,со тажен поглед ти се чини...Но зошто беше толку тивка?Ретко можеше да се насмее.Но,што се случи тој ден? Што?Кога,каде,како...одеднаш нејзиниот поглед беше поинаков...Сите се гледаа во нејзиното лице,почнаа да и зборуваат,а тоа претходно не го правеле.Одеднаш од чудна,секогаш со машки алишта облечена и пуштена коса,денес во плетенка,со нова маица,се ново...ја имаше таа полунасмевка на нејзиното лице. Таа беше убедена дека нема надеж,дека нема да ја прифати било кого..ниту на училиште,ниту пак во новата куќа каде што се пресели..Тоа невино лице,таа прекрасна костенлива коса на која сонцето и даваше се поубав и поубав сјај...Кој ја промени така одеднаш?Пак е тивка,чудна како што си беше..но не беше тоа тоа...Таа сега имаше нов поглед,малку поинаква јас...
    -Застани!
    -Тргни ми се!
    -Ама зошто плачеш?
    Се тргна настрана...и следниот ден писмо...Од кога го прочита писмото таа се реши на промена..Што ли пишуваше во писмото?
    Сега имаше нов...нов..Имаше поглед полн со надеж.
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Одбрана тема : Поглед полн со надеж

    Дајте нов наслов, умре темава.
     
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Поглед полн со надеж

    Дали исчезна мотивацијата за нова тема???????????
    :?:
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Поглед полн со надеж

    Можете да предложите тема :)
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    По предлог на членката TheBlueMoon, следната тема е Капка солза од твоите очи.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Браво за темата. :)

    Барам, барам низ ташната, но клучот нигде го нема. Почнаувам да ја чувствувам добро познатата нервоза како ми се искачува по рбетот. Уф, колку мразам ова кога ќе се случи, стојам пред врата, натоварена со ќеси, а не можам да влезам дома. Како идиот. Конечно го дофаќам клучот и влегувам. Со огромно олеснување ги фрлам ќесите на креветот и си наточувам чаша сок. Додека седнувам безброј мисли ми се вртат низ глава. Како ќе реагира кога ќе му кажам? Ќе биде ли лут? Колку ќе се смени нашиот однос?
    Ладна пот почнува да ме облева. Погледнувам кон саатот и во тој момент како стрелките да застануваат, а со нив и времето. Трепнувам и секундарникот се поместува. Ако продложам вака ќе го изгубам умот.
    А и тој исто кога ќе слушне што имам да му кажам. Можеби нашата врска ќе заврши. Засекогаш.
    Го запознав еден ужасно мрачен ден. Надвор врнеше, грмеше, дуваше, право невреме. Кога излегов од колата да претрчам до дома сфатив дека ќе накиснам ко глушец. И ете го него, со чадор, не можам а да не помислам секој пат кога ќе се сетам на овој момент колку ми заличи на Шерлок. Смешно е знам.
    Ама не можам и нема да го заборавам никогаш. Мислам дека кога ќе го испуштам последниот здив и кога последната слика ќе ми се појави пред очите ќе биде токму таа. Тој со чадорот, со краѓната од капутот крената, со толку стабилен чекор, мистерија во сивите очи... "Се извинувам, ама не би можел да си дозволам една прекрасна девојка како вас да ја извалкаат капките од овој дожд... "
    Ах... Какво клише, би си рекол некој. Можеби тоа би била и јас, да не беше тоа токму тој. Испадна дека оди во истата зграда кај некој пријател. Како магија почнаа речениците да ни се сврзуваат.
    И денес, две години подоцна, седам на креветот со тајна што ми ги притиска градите.
    Момент што или ќе не уништи или ќе не спои засекогаш.
    А јас, со целото мое срце се надевам дека ќе биде второто. Како инаку ќе продолжи животот?
    Го слушам клучот во бравата и влегува тој. И повторно ме облева истото чувство. Како прв пат да го гледам. Му се шири насмевка низ лицето кога ме здогледува. Му го опфаќа целото лице и стигнува до очите. Неговите сиви, замаглени очи добиваат една потполна бистрина. Каде би била јас без тебе? -Се прашувам по не знам кој пат.
    "Седни" - Му велам. "Мораме да разговараме"
    "Па, тоа не може да биде добро."- Вели тој, а темна сенка му поминува низ загрижениот поглед.
    "Имам вести кои ќе ни ги сменат сите планови."
    "Добро, ми се накострешија влакненцата на вратот, ама подготвен сум." -Низ насмевка ми одговара.
    Го погледнувам решително и го собирам последното зрнце храброст. Тоа е тоа, нема друг начин да се каже.
    "Бремена сум."- Изговорувам и го сопирам здивот чекајќи ја неговата реакција. Го знам неговото мислење за деца, знам дека не ја сака одговорноста, дека не е спремен, дека... Ах, милион и една причина.
    Здрвена ја чекам неговата реакција.
    А тој... Тој со една единствена солза која протекува од неговите прекрасни, длабоки очи и ми ја заледува крвта ми вели, "Мислам дека не сум бил никогаш посреќен во животот."
    Јас занемена, го мислам истото.
     
    На Espadrila, Lella, Play и 6 други им се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Како лета времето, како вчера да беше таа доцна есен кога мрзневме пред влез и се расправавме кој прв да влезе. Сега ни вратата на влезот не е иста. Нова е и во бела боја ама на неа сеуште стои твоето презиме, а до него виолинскиот клуч.
    Се сеќавам многу добро на сите наши глупости, буткањето во кални вирови, тркалањето во купови суви жолти лисја, моја порака напишана на стаклото на твојата кола, дупнати гуми за да не одиш без мене кога бев лута и кога ми го крадеше кучето за да ме вадиш од кожа. Ха, сеуште се смеам на овие работи и како мало дете им се радувам.
    Се сеќаваш ли и ти колку пати го гледавме Скопје од твојата тераса и колку пати се обидуваше да ми го убиеш стравот од височина наслонувајќи ме на оградата? Се сеќаваш ли колку врескав?
    Сега е истата улица прекриена со жолтило, сиво е и магливо како тогаш кога многу се сакавме, и студено е како тогаш. И скоро се е исто, само што на твојата тераса наместо твоите кошули сега оптегнати се сушат шпикозни, бодиња и маички во сина боја. Речиси се е исто само што во колата имаш вградено седиште за бебе и низ дворот ти се расфрлани колички и точачиња. Се е исто само што веќе не живееш сам.
    Јас не те сакам, вскушност никогаш и не те сакав, ги сакав само работите што ги правевме заедно, начинот на кој ме смееше и ме правеше да се чувстувам слободна и своја, пред тебе можев да бидам се што сакам. Јас не те сакав тебе, јас се сакав себе си кога сум со тебе. Никогаш и немав прилика да ти кажам колку вистински ми значиш и колку навистина сакам да можеше да останеш во мојот живот засекогаш, но ти и јас сме како плус и плус и минус и минус, никогаш немаше посебна хемија, искри и романтична љубов, само длабоко чисто и искрено пријателство, пријателска љубов. Што зборувам јас кога очигледно дека тоа е она што јас го мислам, а ти, а ти остана така. Ти остана така немо во потрагата што побрзо да заборавиш и да си го продолжиш животот, јас останав само една дамка која сакаше да ја снема.
    И што направи?
    Кога повторно ќе те видам знам ќе биде исто. Ќе ми кажеш дека имаш синче и капка солза ќе се стркала по твојот образ исто како кога ми кажа дека ќе се жениш.
    А јас ќе пролеам повеќе солзи и ќе се проколнам што неможев да усреќам прекрасен човек како тебе.
     
    На sia.bella, Serafima и Monroe им се допаѓа ова.
  11. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Го повредив, знам. И тоа многу. Си заминав без збор, без поздрав. Тој заслужи многу повеќе од она што му го пружив. Но што можев да сторам. Немав друг избор.
    Еве сега, после две години се вратив дома, во Скопје. Талкам по улиците, двоумејќи се дали да одам кај него.
    Но каде е сега тој? Што прави? Ќе ми прости ли? А што ако има друга? Што ако ме заборавил? Незнам... Незнам ниту еден од одговорите на овие прашања.
    Се наоѓам пред неговата куќа. Во мене се јавува некоја чудна нервоза, почнувам да се потам. Вдишувам длабоко, издишувам, пробувам да се смирам и притискам на ѕвончето. Во главата ми прелетуваат сеќавањата од сите наши доживувања. Сите наши мигови во среќа и љубов. И тогаш, го гледам денот на моето проклето заминување.
    Вратата се отвора. Ме облева ладна пот. Што ли ке биде сега?
    Се појавува тој. Косата му е разбушавена, веројатно станал од спиење. Сеуште е истиот спанко по кого копнеев две години.
    Стоиме еден спроти друг, незнаејќи што да кажеме. Оставаме очите да зборуваат место нас. Веројатно поминаа две вечни минути. Незнаејќи што друго да кажам, од мојата уста излегува само едно: "Прости ми".
    Не ми одговори. Се доближи до моето лице и ме бакна. Устите ни се споија. Срцето ни чука во ист ритам. Осетив како му потече една солена солза. И тогаш сватив: Една солза од неговите очи е повледна од било што во мојот живот!
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508
    Би сакала
    да можам да те опишам
    Онака во прозен текст,
    но не ме бидува
    многу со физички описи,
    Ќе се обидев да ја насликам
    секоја твоја болка,
    секоја твоја тага
    што ти се собира е баш Онаму!
    на горниот десен агол од
    левото око,
    за десното секогаш
    ме лажеш онака детски и неумешно
    (но, сепак делува слатко)
    Тоа ми е само прашинка
    на клепкиве, цитирам
    и знам следи потоа
    наведната глава
    Во тежиштето и лежат
    Безброј соништа.
    Ја гледам,
    тихо се слизнува,
    Колку може таа да биде различна
    од сите други во морето;
    Капка солза од твоите очи.
     
    На mims-89 и Mishela им се допаѓа ова.
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Нема да дозволам.
    Ти ветувам дека нема да дозволам.
    Додека сум жива ни една капка
    солза од твоите очи да ми избега.
    И милиони нека се, на моето рамо ќе се!
     
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Безимени лица чекорат на гратското тло.Чувство на студенило,јад и по некоја скриена насмевка го обзема трулото секојдневие.Чиниш тоа се само некои случајни минувачи кои не допираат до нас.
    Тогаш се сетив на оној проклет ден кога разговорот ја разби неподносливата тишина во малата соба.
    Одвај ги извлекував зборовите од твоето тешко его.А ти,самоуверен и горд,непоколеблив и таинствен, со изразена висина на гласот се обидуваше да ме разубедиш со својот исказ.
    Се сеќавам на погледот...
    Недефиниран,конфузен и по малку чувствителен.
    Дали тоа беше онаа силна и цврста личност што ја познавав? Каде исчезна човекот на кој му се восхитував кога се спушташе мракот?
    Беше подготвен и од невозможното да ја извлечеш вистината.Но,кога таа требаше ти да ја изговориш,навистина затајуваше и вешто ги одбегнуваше одговорите на сите прашања што останаа отворени меѓу нас.
    Тогаш твоите крупни очи со боја на костен како да не ги препознавав.Одеднаш прочитав некаква мистерија.Тоа ме трогна,ме заболе до срж,само ја проголтав кнедлата и премолчев.Молчев затоа што тебе ти го препуштив говорот.Јас бев нем слушател во глувата тишина.Сакав да те слушам и повторно да ти се восхитувам.Знаеш...Така беше некогаш,ама не и сега.
    Сега ти си далечен,непознат лик во моите сеќавање.Патник,странец,туѓинец.Не знам...Само не си мојот херој,оној во кој верував и со кој се гордеев.Тишината не победи.Завледеа меѓу нас како никогаш до тој момент на соочување.Зборовите ги премолча,ги закопа во себе,ги зачува за себе,а мене ми подари дел од твојата машка емоција.Капката солза што се лизна по твојот образ беше едно големо признание за она во што се сомневав.Но,за мене не е доволно тоа.Сакав да слушнам зборови.Не сакав солзи,очекував покајание.
    Тебе ти недостасува машкост,а мене ми е потребен човек што ќе ми биде потпора во животот.
    Ти не си тој...
     
  15. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Сфатив,
    дека неможам да гледам
    како плачеш.
    Сфатив,
    дека твоите солзи
    се претешки за мене.
    Сфатив,
    дека ти е тешко,
    и мене ми е.
    Сфатив,
    се каеш, во ред е,
    ќе помине.
    Сфатив,
    дека те сакам,
    ќе пробаме од почеток.
    Се ќе биде подобро.
    Но те преколнувам,
    нека ова биде последната
    капка солза од твоите очи.
     
  16. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Тивко...на небото веќе полека си доаѓаат ѕвездите...сама шетам низ улиците,полека си одам накај дома. Тивко е се’,тивка сум и јас.Ветер.Да,си поигрува со мојата коса,ги разбранува моите мисли и јас стигнувам...те наоѓам тебе...повреден,на тревата.Што ти е?Се загрижив..имаше рана на ногата...Те повреди некој.Ах,ама зошто невино суштество како тебе?Зошто?Е сега сум гневна,бесот зборува во мене. Веднаш се решив да ти помогнам,но како што забележав...веќе беше доцна...забележав капка солза од твоите очи,од тие мали мили очиња,се тркалаше една капка по твоето лице.Последната капка солза.Јас не можев да заплачам заедно со тебе во последниот миг.Не знам,во тој момент ми се исушија солзите,ми се исуши срцето.Горе,горе ќе си го најдиш мирот...Ох,колку боли баш јас да ја видам таа капка солза од твоите очи,колку боли што дел од мојата душа се откина од мене и замина...последната капка солза...но сеуште беше малечко...невино,мило,весело...
    [​IMG]
     
  17. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Одбрана тема : Капка солза од твоите очи

    Предоцна. Секогаш е така. Ти станало навика да доцниш. Но јас одамна прекинав да те чекам. И сега што? Ме остави нема кога погледнав во твоите очи од кои се одрона солза. Зборовите ми застанаа во грлото,сакав да те утешам, да те прегрнам.... Но не можев. Веќе имам друг живот. Не можам туку така да оставам минатото да ме повлече на старото место. Јас одамна ги спакував куферите и заминав. А со што ги спакував? Ех.... Со она малку што остана. Неколку спомени, море од солзи, изумрени надежи,погледи и тишина. Најмногу со тишина. А сега доаѓаш и ме бараш повторно. Па како да ти простам? Веќе имам друг живот, веќе не патам по тебе. Имам некој кој пред спиење ми посакува добра ноќ. Секоја вечер. А сега ги гледам твоите очи како очајнички ме проколнуваат додека солзата уште се тркала по твојот образ и ти запира на усните. Првите усни кои ги вкусив. Го спуштам погледот, мора така да биде.... Не можам да го гледам тоа синило светнато од тага. Нашето одамна го однесе виорот на заборавот и ниту еден ветер нема да го врати.Доцниш. Навистина премногу доцниш.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Ајде нова тема: Згаснат пламен:)
     
  19. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Згаснат пламен
    Прв пат те гледам...прв пат ти пријдов...треперев...мислев никогаш..никогаш нема да бидам блиску до тебе. Но ти си премногу блиску до мене.Симпатијата во љубов ја згрутчи.Кога и да поминеше,кога и да те погледнев,кога и да ми го речеше твоето единствено Здраво,мојата крв зовриваше како сонцето да течеше низ моите вени...Толку пламен да гори,толку срцето за малку љубов да те моли...толку обиди,толку сигнали...ти...не ни се осмели на некаков чекор,не ти трепереше срцето како на мене,не ти бев во мислите како ти кај мене,не ти бев гостинка во сонот како што секоја ноќ во сон те очекував тебе?
    Па не...јас и ти,ти и јас немало.Така?Па и немаше..имаше,но платонски.Од едната страна?А другата?Полна прашина на чисто стакло.Пајажина нема да фатиш ти кај моето срце.Само ќе бидеш катанец на една од моите врати на срцето.Ќе те заклучам и клучот ќе го загинам.Пламенот што гореше,сега пуф,паф!Го нема!Згасна...Твојот глас го започна,но твојата незаинтересираност го згасна..Го згасна,ме слушаш ли?Го згасна...
     
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Во малата куќарка распослана покрај речниот шум на крајот од балконот заспана стои старата дрвена масичка. Поминати денови, засенети месеци и испишани години остануваат зад неа со секој изминат миг. Време и невреме низ глетката на природата и по некој одвеан разговор со силината на студениот ветер.
    Го памети таа белиот растреперен лист со кој си поигрушуваше кога најмалку требаше да го стори тоа. Спомени, сеќавања, игри и насмевки исцртани низ магловитите утра и сонливите ноќи.
    Разгорен пламен на чувства ја подгреваше топлината на телото и ја одржуваше светлината на зборовите. Испишана белина на листот кој одвај го задржуваше моќта на распуканиот камен. Одекнуваа силни гласови во далечината како ек во планина. Тлееја мислите во жолто-портокалов раскош се до мигот кога не падна прав во сива наметка. Пепел и тежина на прагот од трошната куќа ја разурнаа прекрасната идила.
    Никој не стапна таму повеќе.... Се потона во заборав...
    Исчезна и последната искра дека некој ќе го заживее животот во далечната тишина каде некогаш имало виталност и џагор.
    Згасна пламенот што гореше и ја осветлуваше куќата како лампион полна со убави моменти, а со тоа замре и последниот здив на живот.