1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбрана тема : Згаснат пламен

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lilit, 15 април 2011.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.566
    Допаѓања:
    78.847
    Пол:
    Женски
    Тема: Згаснат пламен (прво да кажам браво за темава) :)

    Чекореше боса низ тревата и тесните козји патеки. Погледот и беше отсутен. Фустанот беше извалкан од прашина. Во дланката држеше цвеќиња кои веќе овенаа од силниот стисок. Одејќи се боцна на парче стакло и од болката ги испушти цвеќињата. Седна на големиот камен и со раката си го фати крвавото стапало. ,,Не е тоа ништо'', си рече во себе. Го извади парчето стакло од стапалото и го фрли. Се чувствуваше изнемоштено. Веќе четири часа луташе незнаејќи каде. Не е важно. Што подалеку.
    Погледна нагоре во небото. Ги затвори очите и рече: ,,Зошто''?
    Животот неа не ја галеше. Наместо тоа, добиваше само удари. Кога веќе се и дојде премногу, замина. Не знаеше каде. Не е важно. Само да е далеку. Иако каде и да е, од себе не може да побегне.
    Ги отвори очите и безизразно се загледа некаде нагоре. Погледот и беше празен. Очите како да беа празни, како да беа стаклени без никаков жар во нив. Без живот во нив.Пламенот беше згаснат. Веселото девојче со среќни очиња од кои блика радост одамна го погреба. Не, не беше виновна таа. Таа само сакаше да биде среќна. Кој беше виновен за одземањето на среќата на тоа девојче? Кој беше виновен што таа умре во себе уште пред навистина да умре? Што згасна пламенот во неа. Што згасна животот во неа.
    Кога процени дека болката од стапалото веќе поминала и може да продолжи да чекори, таа воздивна, се исправи и го истресе фустанот од прашината. Продолжи нагоре по патот накај шумата.
    Набргу почна да се темни, да паѓа мрак. Силата, која и онака беше одамна при крај, почна да ја напушта. Одејќи пополека, најпосле се изгуби меѓу темнината и големите шумски борови. Веќе никој не ја виде од тој ден. Можеби нашла подобар живот, на некое друго место, далеку од тука.
     
    На КикиМаус и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Можеби треба нова тема да се постави, штом има интерес...макар и еден:D:clap:
     
    На 7.Marty и simonna.a им се допаѓа ова.
  3. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Ајмо нова темаааааа
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.