Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Блуз и три коцки мраз Очи полни со тага, навидум стари и искусни, а од лицето светлина. Остана сам, напуштен. Чуден човек со чудни манири. Проклето многу ме привлекуваше. Седеше на полуосветлената бина, а сина сенка се спушташе врз неговото лице. Магијата започна како што рацете му прелетуваа низ типките од пијаното. За момент-два ги видов сите негови страдања, сите соништа, пијани ноќи. Влегов во неговата душа и излегов побогата од сите. Знаеше, тој знаеше дека знам. Дека сонувам она што тој сонува, дека верувам во магија. Останав разголена пред него, без одбрана. Во душата чувствувам спокој. Некаде таму го имам него, неговиот блуз и три коцки мраз. Доволно добро за мене. Проклето добро за мене...
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Ја пронајдов во мовлива и зачадена дупка. Извлекувајќи ја, нејзиното кревко тело ми се лизгаше како коцка мраз. Ја зачистив, ја дотерав и повторно стана жива кукла. Една од најскапо платените. Поминаа просечни 2555 денови откако дрвената клупа ја заменивме со удобни софи, скромниот џепарлак со напластено, дебело конто, а душата никогаш не ми била повеќе строшена и бедна. Нејзината - бетер. Тажно го вдишуваше вискито. Се' беше кажано, а милион работи недоречени. "Свири го оној твојот блуз" - посака. А јас, како послушна марионета - одговорив. Знам, и утре ќе ја носам помеѓу дланките како растопена водичка од совршена коцка мраз. Пукнатините секако, се обидувам да не ги забележам.
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Три коцки мраз, во чашата со црвено вино. Од старото радио свири блуз. Легачам на тераса, пијам и уживам. Додека ги гледам ѕвездите, во моето вино трите коцки мраз се стопиле. Радиото престана да свири. Блузот го нема. А јас пијана сум заспала.
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Блуз и три коцки мраз Три солзи пролеа, отрпнати од болка се претворија во три коцки мраз кои ги пиеше секоја вечер заедно со тагата, вискито и нотите од блузот кои се ширеа во собата. Три коцки мраз пиеше и кога ја сретна, тогаш заедно со неа го вдишуваа мирисот на новата љубов во ритамот на блузот олеснувајќи си го животот. Малку фалеше трите коцки мраз да се скршат, се скрши и неговото срце кое како ледена карпа, место топли солзи испушташе мраз кои се претвораа во коцки и ги пиеше секоја вечер во присуство на блузот кој освен мразот стана негов најдобар пријател . за 5 минути истрескав нешто, не знам во што спаѓа, можда и во обично сра*е битно ја го напишав .
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Беше тоа тело, што и среде толпа од илјадници налик нејзиното ќе го познаеш. Нема промашај со тело ко' тоа, запамети што ти велам. Макар мрак ти ги покрил очите или слепило ти ги изгорело зениците, тоа тело беше таму створено да ти ги захефта капаците како да си Том, па пробуваш да останеш буден дур Џери ти го грицка сиренцето. Еднаш ќе се заврти и чиниш сиот свет околу чади, ко пиштол што го испукал и последниот куршум, па сега го лажеш со некои си ќорци, кои како вијагра треба да те фокусираат на тоа на што и самиот Бог би си ги грицкал ноктите, пробувајќи да се дефокусира. „Перфекција драга, ако немаш име јас би ти го истетовирал долж таа твоја вдлабнатина на грбот, па да те свирам нота по нота од првата буква на вратот до последната на таа гола, кревка половина. И колкумина се тие што си ја изгореле кожичката на врвовите на прстите, само да си ги залепат своите отпечатоци врз тебе, само да те зборуваат пред другите и да те сонуваат зашто само во сон можат да те играат повеќе од еднаш... или и таму знаеш како да им ги стиснеш зглобовите да не мрднат а?!? Парализираш Перфекција. Гориш, а си ладна ко’ кучка, прибрана од улица само да си ја заврши должноста. Ама не душо, ти не си оган, ти ѓаволесто тело, не си. Ти си нежна, ти си срна со очи на пантер. Знаеш, се колнам дека би си ги исекол вениве да истече сета крв што ми ја отру, змијо една, еве на, само ако не те пробам, повторно, макар уште само еднаш, макар уште оваа една вечер и никогаш повеќе да не си ги протријам рацеве од тоа твое тело....“ Зема уште еден, последен дим од цигарата и ја фрли преку масата. Ги брцна прстите во чашата со мраз и извади една од трите коцки што стоеја на дното заедно со уште неколку капки виски. Ги протри старите прсти, ги протегна неколку пати за да ја раздвижи крвта во нив и ја зеде гитарата. Ова беше неговиот последен ритуал, од неговиот последен концерт, што и го вети на ќерка си на нејзиниот последен роденден. „Нема повеќе душо, нема. Толку од овој стар излитен блузер. Си го отсвирив јас својот блуз. И без тоа нити блузот, нити Перфекција ми ги ладат раниве. Мраз, душо, обични коцки мраз и Џони, само на нив заборави, па ми ги остави во наследство. Е, што доживеа овој стар пијаница, да се радува на наследство од ќерка си, видиш ли душо видиш, а оние дури и немаат поима, само и се радуваат на Перфекција, ко напалени тинејџери“. Излезе пред толпата за да си го наплати последниот аплауз пред да им извика фајрон блузери, фајрон.
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Ефтина дупка полна со народ, пригушено светло и многу чад. Во позадина свири блуз, а јас сама на стар дрвен шанк со од мене постаро виски со три коцки мраз. Те здогледувам, те препознавам, секогаш толку проклето привлечен, секогаш толку проклето згоден. Те здогледувам, те посакувам Те посакувам Еј младичу зар не гледаш ??? Го посакувам твоето тело, некаде сами јас, ти, виски и добар блуз. Посакувам да ме топиш како некогаш како коцка мраз, посакувам но ти не си сам, не си сам пак си со неа... Нешто на брзина пред спиење,а инаку бравос за темата и штета што не ја приметив предходната недела
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Блуз и три коцки мраз Трепереше од возбуда додека се движеше кон неговите порти. Ги надбљудуваше светулките од градот кои долго време се криеја пред нејзините очи а сега се палеа и гасеа како ѕвезди. Замижа. Нежни, слатки тонови на опоен и страстен блуз и го топеа десното уво а левото го слушаше неговиот глас во телефонот...дојди. Те чекам. Те посакувам. Нестрплив сум. Се погледнаа. Молчеа. Ја допре со раката и го погали нејзиното десно увце сосема бавно притоа треперејќи од возбуда. Неговото прсте едвај ја погали. Таа се насмевна како несмасно ја погали небаре пишува СОС порака по рецепт на Морзе. Тој се приближи и и шепна. Прекрасна си. Таа повторно замижа, како маче коа ужива во галењето. Му се препушти на моментот. Уживаше во тој излитен и вообичаен комплимент. Прекрасна си....ехо кое грее. Што ќе се напиеш? Тоа што ти. Виски? Не биди здодевен. Вино? Може. И вода. Со четири коцки мраз. И повторно тој блуз, некаде во позадината на тишината над светулките на урбаноста која таа толку многу ја обожува и ја прима со сето свое јас. Повторно го скокоткаше нејзиното црвено увце разгорено од страст и исчекување додека го чекаше својот пијалок, додека го чекаше својот мраз, додека го чекаше него да ја згасне страста која гореше. Зборовите не се битни. Ова е блуз. Ова е убавина на звуци. Зборовите треба само да звучат убаво. Прекрасна си. Р и С во одлична симбиоза во еден збор кој одамна е преценет. А сепак е B.B. King за нејзиното уво. Неговите воздишки се топеа на нејзиниот врат. И веќе беше негова. Црвеното винце ги разгоре мислите, таа ја извади едната коцка мраз од чашата и бавно, имајќи го целото време на овој свет ја топеше на својот врат, на своето рамо. Остана само блузот, трите коцки мраз и таа и тој испреплетени над тишината на градот. Тој нешто и шепотеше и нежно, несебично ги делеше своите допири. Таа не знае што тој и шепотеше. Мижеше и уживаше. Ова е блуз...на кого му се по ѓаволите битни зборовите?! Таа блузна, тој се стопи. И коцките мраз во чашата со вода чекајќи го нејзиното суво грло...
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Блуз и три коцки мраз Пролет, влажноста се беше налепила на асфалот.... Ја крена главата, а горе низ замаглените канделабри месечината се влечкаше мрзеливо. Таа стигнала пред него,со долгите црвени нокти си играше со едно непослушно перче врз челото. Тој не седна до неа, порача шток и ја повлече на подиум. Една коцка мраз и слизна во нејзината страсно црвена уста. Се нишаа во занес на магичен блуз, а сексуалноста зрачеше од нивните припиени тела....
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Меланхолија и тага во дур. Не само гитара и усна хармоника. Парчиња душа низ развлечени ноти како крик од црнечки души... Гледај - јас сум блуз човек, но добар човек... Добрите нешта доаѓаат за оние што знаат да чекаат - пее БиБи, но не сакам сега утеха, не. Сакам да тагувам, сакам да избие од мене она што живее длабоко зад насмевката. Добар човек ли сум? Не баш. Само тажен. И чекав доволно. Не ми требаш вечерва Би Би, дајте ми го Браун. Мазно и кадифено, лизга како третата чаша виски. I'm drifting and drifting, Just like a ship out on the sea. I'm drifting and drifting, Just like a ship out on the sea. Well I ain't got nobody In this world to care for me. Оставам неволјата и мизеријата да го исцицаат доброто од мене, зашто така сакам. Патетичен? Можеби, но кому му е гајле? И така немам ништо, немам никого. Мразот се стопи во чашата, но остана во душата... Не останаа никакви мисли, никакви чувства. Само ноти што сечат и параат, само глас што со себе ја носи судбината на илјадници понижени и згазени... остана само блузот. Ја земам салфетката од под чашата и пишувам: And there's two white horses following me And there's two white horses following me I got two white horses following me Waiting on my burying ground There's just one last favor I'll ask of you And there's one last favor I'll ask of you There's just one last favor I'll ask of you See that my grave is kept clean Кому му напишав не знам ни сам. Немам никого. Ставам три коцки мраз врз хартијата и со часови гледам како буквите се разлекуваат и ја губат формата. Имам време, толку многу што веќе не ми е потребно.
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Блуз и три коцки мраз Неколку звуци влетуваат од подотворениот прозорец на теснава соба. Тивок блуз Таа седи во чудна положба, едната дланка потпрена на коленото во дланката нешто држи. Подот е влажен, капка по капка се слева низ нејзината бела рака. Во рака држи три коцки мраз. Три коцки мраз, се топат, полека го губат обликот, ги снемува. Три коцки мраз-три капки на подот, ги снема коцките мраз остана водата на подот. Ги снема нејзините среќни денови останаа само спомените од нив. Се слушаше тивкиот блуз.
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Блуз и три коцки мраз Да, тоа бев јас, но не ме препозна. Сивилото го покри мојот убав лик, Свиреше блуз, ти подзастана за момент, Слушна, иако не сакаше. Го зеде палтото и далеку отиде, Отиде каде не можам да те видам, да те почуствувам. Поминаа две ноќи, се сетив... Да, ти ми донесе Џек Даниелс, Ја наполнив чашата, трите коцки мраз ми се лизнаа од рака, искршени на земјата беа како кристали, како оние кои ти ми ги поклони. Повторно пуштив блуз, ја земав чашата и легнав до кристалите кои ги снемуваше брзо, како нашата љубов.
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Иронично... приказната се повторува. Таа се врати... тој го чувствуваше нејзиното присуство. Свирејќи го својот стар добар блуз погледот случајно му заталка надвор. Пред „Џубокс„ застана една кола, црна, голема, со затемнети стакла. Се отвори вратата долга и мазна нога со црвена штикла се подаде одвнатре. Срцето му затрепери, неможеше да го тргне погледот оттаму. „Игор внимавај!„ - го потчукна басистот. Мораше да се заврти но го почувствува мирисот на нејзиниот Шанел 5. Се препоти. Знаеше, длабоко во себе знаеше дека е тука. Кога се појавии таа сите погледи се вперија во неа, беше со совршена фигура, црна хајлина го оттцртуваше нејзиното тело, полните црвени усни предизвикаа жар. Тој се вкочани, немаше ни сила да се заврти, не беше ни сигурен дали го сакаше тоа. Таа седна, не ги извади очилата. Беше толку мистериозна, предизвика возбуда кај сите. Блузот престана, тој стана и отиде до кај неа, целиот трепереше. „Добредојде„ - И рече, и и подаде чаша коњак со три коцки лед „Повели, како што го сакаш„ - додаде. Ја зема чашата, при обидот да се напие една капка и се одлеа од усните, се стркала по нејзиниот врат, се слеа низ бисерите се до нејзиното деколте, брадавиците и се наежија, тој доби ерекција.
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Блуз и три коцки мраз Зар не е совршена, мислев на сликата како од некоја филмска сцена. Тој поминува со коцка мраз по нејзината разголена убавина. А таа се ежи, трепери од комбинацијата топло-ладно, не верува, потег од кој и се разгорува желбата. Слуша некаде во позадината блуз мелодија...for my lover, for my lover... каква совршена приказна. Уште две и шепнува, се сепнува од мислата, веќе е влажна коцката се разлева. Тој ја гледа со занесеност прекршената светлина во чашата, таа е совршена над влажната свилена прекривка. И по толку години сеуште безмилосно го возбудува.
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Блуз и три коцки мраз Беа тоа денови кога од неговата мала куќичка одекнуваше познатата блуз мелодија. Се познаваше дека ужива во неа. Се познаваше дека ја сака. Слушањето блуз му беше хоби. Секоја вечер, кога сите ќе ги изгаснеа светлата, тој најмногу уживаше. Уживаше мислејќи дека е сам и музиката си е само за него. Беше егоист. Поголем - не се беше видело. Сепак, знаеше да направи добар муабет и супер журка на која ги покануваше сите познати. Секогаш и насекаде се слушаше неговата музика - веќе позната, блуз музика. Сите ја засакаа, поради него. Ех, колку ноќи беа неспиени поради музиката која го одземаше сонот на луѓето. Но, тој продолжуваше по своето. Мугрите ги поминуваше спиејќи, на само неколку часа, а потоа се фаќаше за работа. После работата се знаеше-музика и тоа блуз. Секогаш сакаше да пие нешто жестоко со коцки мраз, многу коцки мраз. Така можеше да си го пружи најголемото задоволство - седнат над креветот, до него системот од кој одекнуваше музиката, а во неговата рака прозирно-сина стаклена чаша со пијалок и тоа со многу коцки мраз. Но, тој ден во фрижидерот му беа останале смрзнати само три коцки мраз. Но, тоа не му спречи да си ужива заедно со препознатливиот (по него) блуз. Наеднаш се случи нешто кој тој не го очекуваше. Лентата која стално вртеше веќе престана да врти, престана блузот. Само три коцки мраз, без неговиот блуз.. е, сега знаеше дека нешто се случува. Легна да спие. Се испружи на креветот - колку е долг и жирок. Заспа. Засекогаш. Потона во најдлабокиот сон. Никогаш повеќе во неговото гратче не се слушна препознатливата блуз музика. Никогаш никој не прозборе за него. Неговиот живот заврши, а така и блузот кој никогаш повеќе никој не го слушаше. А, во неговата соба, на малата масичка остана расипаната лента, а до неа чашата во која беа стопени трите коцки мраз. Го напишав така, набрзина, знам дека не е нешто посебно ама сепак си реков ај да пробам и на оваа тема.
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Блуз и три коцки мраз "..Бакни го дното кога врвот ти е далеку!" Така му рече таа му го сврти грбот и си замина. Три коцки мраз стоеја подредени во идеално права линија, таа ги остави таму. Тој под рака држеше нова девојка ништо не и кажа и ја гледаше идеалната фигура додека таа заминуваше и си мислеше... "Оваа што ја држам под рака не е згодна како тебе но блузот и пијалокот се во нејзината крв,ќе го добијам она што од тебе не го добив..." Таа не му ја слушна неискажаната мисла. Тој вивнат со главата во небесата,под рака со новата подаде еден чекор и тресна на земја. Го бакна дното! Не ги видоа трите коцки мраз!
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Големиот салон во неговата куќа беше преполн. Имаше премногу луѓе, а многу од нив тој не ги ни познаваше! Гледав скришум од прозорецот во кујната. Таму беше збрка. слугинките и келнерите брзаа да ги послужат гостите, кои повеќе дошле да се најадат и напијат отколку што им прават чест на домаќините. Како и да е, никој не ме забележа дека сум присутна. Седев до прозорецот и набљудував. Него не го испуштав од вид. Беше облечен во убав смокинг, косата ја имаше пуштено во негов стил, онака со шишки каков што јас го сакав. Брада од неколку дена...да, таков беше тој! Го славеше својот 27ми роденден! Таа, неговата вереница беше постојано до него! Го држеше под рака и блескаа заедно! На себе имаше долга свечена тоалета во темно сина боја, со дијамантски детали и огрлица на рубини! Косата и беше крената и собрана, убаво обликувана, со мали извиткани прамени надолу кои го галеа нејзниот врат! Нон-стоп беа заедно! Ја славеа и неговата победа! Тој беше одамна во музичките води, но токму тој ден заплива како ајкула на сред океан. Наближуваше полноќ кога тој застана зад микрофонот. Ги поздрави гостите, учтиво кажа дека сака да замине бидејки имал напорен ден и им се заблагодари на присуството! Го поздравија со аплауз и тој полека замина! Се ракуваше со најблиските, па се упати кон автомобилот! Таа не беше до него. Истрчав во дворот брзо и застанав токму кај излезот... Тој ме виде и ја запре колата пред мене. -Влези-ми рече и ми ја отвори вратата од автомобилот. Не знам зошто влегов, тој не ме познаваше...или само јас така мислев. Сепак се качив, тој продолжи да вози. -Среќен роденден-му реков кога го паркираше автомобилот пред нивната викендичка која беше надвор од градот. Знаев и за неа. Колку пати само сум го следела до таму. Бев опседната со него, знам дека бев. Како вистински џентлмен ми ја отвори вратата и ми подаде рака да излезам. Влеговме внатре. Беше темно, но тој не запали светло. Ме остави во ходникот и ми рече тука да го почекам. Послупно стоев тука се додека тој не се врати и не ме поведе! Во дневната гореа мали свеќички, на масата имаше голем букет цвеќе и две чаши вино! -Каква музика сакаш? -Сеедно е, нека биде твој избор! Пушти тивок блуз. -Пиеш вино или можеби сакаш нешто друго? -Во ред е виното-одговорив тивко. Блузот свиреше додека тој ме гледаше во очи. Прв пат ми се случуваше тоа! Голтав од виното кое беше пред мене, уживав во музиката и во неговиот поглед! -Зошто беше таму? -Сакав...сакав да бидам со тебе во важен момент од твојот живот! Но, не можев од неа... -Знаеш дека таа ми е судбина, не можам да се одделам од неа! А најмалку заради тебе! Го спуштив погледот не знаејки што да кажам. -Јас, јас...-пелтечев! -Шшшш, не вели ништо! Знам што мислиш. Уште вино? -Не, благодарам! -Можеби виски? -Ах, може! Ако ми правиш друштво! Не знам од каде најдов сила да прифатам, но сепак тој веќе сипаше виски во чашата! Ми ја подаде. Ја прифатив, притоа допирајки ја неговата рака! Тој допир ми беше магичен, ме качи над облаците! Станав и си ставив мраз во чашата. Три коцки! -Не знаев дека сакаш мраз во виски! -Ни јас не знаев дека слушаш блуз! Има многу работи кои не ги знаеме еден за друг! -Но, вечерва ќе ги дознаеме! Ми ја зеде чашата од рака, испи една голтка, ја остави на масата...Ме фати за рака и полека зачекоривме кон софата пред каминот...
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Јас. Ти. Уште еден помеѓу нас. Три пара очи, три коцки мраз од солзите кои се слеваа од нив...ледени...неискрени... Никој не е безгрешен ниту пак виновен. Само облакот од љубомора над нас има смисла затоа што долго се собираше и ете го,истече! Сега можам да изберам. Всушност, можев и порано, ама чекав да приврши тивкиот блуз па да одберам нова мелодија за нов почеток.
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Помина полноќ. Таа го облече омилениот фустан и се нашминка. Стави огромна шнола во косата и застана до масичката да си стави пијалок. Имаше потреба да биде убава. Задоволна. Се приближи до грамафонот кој го најде на таванот пред 1 месец. Ја пушти плочата со стариот добар блуз. Си помисли колку може да потоне во музиката..... Игличката од грамафонот се спушти и старата плоча зашкрипе. Момент подоцна собата ја облеа тивка мелодија. Се врати до масичката да си дотури пиење. И три коцки мраз. Ги промеша. Звуците од блузот ја понесоа. Почна да го движи телото по ритамот. И одеднаш светло. Кола се пракираше во дворот. -Конечно.- помисли. Тој влезе. Остана стаписан од нејзината убавина. Се приближи до неа и страсно ја зеде во својата прегратка. Таа ја чувствуваше неговата вобуденост на нејзиниот врат. Тој беше опиен од неа. Неколку мига подоцна заедно се движеа во ритамот на блузот. Мразот се стопи. Тие заспаа. Остана само тивката музика да ги покрива нивните уморни тела
Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз Го мразеше летото. И беше досадно и лабаво и и имаше форма баш како желе. Живееше на осми кат, високо над обичните смртници, како што честопати си ги нарекуваше здодевните комшии. Блесаво, но најголема радост во животот и беа прозорците. Распространети долж синиот ѕид, прозорите и беа најдобар пријател, посебно во раните утра. Повторно, за разлика од многумина закоравени романтичари, таа не го сакаше зајдисонцето, туку изгрејсонцето. И затоа и тоа летно утро, се разбуди пред 6 часот. Облечена само во една долга маица со куси ракави отиде во кујната и си ги зеде шишето виски, широката чаша и сите коцки мраз. Лесно потскокна и седна на рамката од прозорецот. Сонцето почна да изгрева. Полека и моќно, баш како блуз. Таа ја тргна чашата и се напи голема голтка виски директно од шишето. Потоа изџвака точно три коцки мраз, една за неа, една за сонцето и една за уличното куче кое сега ја преминуваше улицата. Останатите коцки мраз ги фрли кај комшиите на балкон. онака, затоа што ја нервираше тоа што беа млади и вљубени.