1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбрана тема : Згаснат пламен

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lilit, 15 април 2011.

  1. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз

    Блуз и три коцки мраз

    И двајцата го обожаваа ритамот на блузот. Танцуваа до прозорецот од нејзината соба. На една мала масичка до прозорецот стоеја две чаши, едната за него, наполнета до половина со виски во која имаше три коцки мраз, а нејзината чаша беше полна со сок од портокал. Коцките мраз од неговата чаша сјаеја од зраците на сонцето кои навлегуваа од прозорецот. Беа како дијаманти опиени од сончеви зраци. Изгледаа како сетиот сјај на светот се збрал во нив. Но, зградата отспротива го скри сонцето, е тогаш трите коцки мраз беа на работ од темнината. Навлегоа во неа. Мажот и жената не престануваа да тануваат. Се гледаше дека беа вежбале и дека беа професионалци. Беа виртуози на тоа поле. Блузот беше нивната професија и нивното хоби. Звукот на блузот беше толку силен, што се опиваше во коцките мраз, чиј сјај веќе исчезна.
    Но, повеќе не се познаваше дијамантски сјај на трите коцки мраз, тој исчезна.
    И бестоа ќе исчезнеше, зашто трите коцки мраз веќе се претворија во вода.

    :)
     
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз

    Тој седнат на големиот камен
    си го потпираше лицето со дланките и гледаше
    во земјата.
    Мислите бледи,изветрејани стоеја над неговата
    глава обесени на тишината.
    Со врвот од чевлите црташе три коцки мраз
    во песокот додека тивкиот блуз од далечината
    пробуваше да ги спаси неговите мисли од
    бесење во тишината.
    Се слушна силен звук во позадина тој се штрекна
    нагло го помести телото,ги избриша коцките од песокот.
    Погледот му се судри во крвавата девојка на
    крајот од патот...И згасна животот.
    И згасна животот додека тој се двоумеше
    дали таа го сака.
    А таа загина на патот до него,
    на пат да го гушне и каже колку го сака.
    Не го гушна-не му кажа...таа загина!
    Љубовта одлета во тој миг на сообраќајката.
    Тој е сам а блузот од далечината пак се слуша...
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз

    Блуз и три коцки мраз


    Идеите ми доаѓаат токму пред да заспијам.
    Во некаква си алфа фреквенција – велат.
    Подоцна кога ќе се разбудам,
    гледам како се се губи
    во пепел се растура,
    а јас во состојба
    многу поблиска до tabula rasa
    отколку пргав феникс кој пак ќе се роди
    одново и одново
    се повторувам.
    И се во нов круг се врти,
    круг над круг
    блуз по хиерархија.
    Ставам од најскапото виски
    точам и се навраќам назад
    ме топли во грлото
    ме вжештува
    го разладувам со мраз
    о не,веднаш станаа течност
    трите коцки кои вчера ги фрлав по казината
    денес го заменив со три коцки мраз
    блузот сеуште свири!
    ме смирува,
    додека тажам за тебе
    хиерархијата продолжува,
    200 мл.виски ги нема!
    веќе заспивам
    со тебе во моите мисли
    мила моја..
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз

    Блуз и три коцки мраз

    Знаеш како? - Со три коцки - ми одговори
    И ми го донесе лилавиот баш таков, со три
    Малце заледен, да не ми замрзне грлото ми хубаво, од дробнаго бисера хилјана п‘ти побело

    Грлото не ми замрзна, ама мислите да
    кога ТЕБЕ те видов со подадена рака и палто боја мастило, како блузов и триве коцки мраз погоре
    Раката подадена од мојата згреана
    иако пред тоа знам друга ти ја грееше

    А блузот... тој ме дотолчи. Заедно со џезот.
    Како браќа сложни

    За на крај се‘ да кулминира со средба по малце романтична и смрдлива.
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз

    Use to be so easy to give my heart away,
    but I found that a heartache was the price you have to pay...

    Љубовници-кованица направена од зборот љубов,ете тоа сме ние двајцата.
    Крадеме мигови од времето со години скриени од туѓите погледи.
    Ох,колку е чудна меморијата на телата слоновска ќе да е.Како само одново се разоткрива оној врежан релјеф од линиите на нашите кожи,воздишките во кои се насетува нотката на бурбонот,сето тоа одново оживува пред нашите сетила и е наменето само за нив,паѓа прашината од времето кое сме го поминале одвоено,а се чини како цела вечност.А,сепак е пак тука,пак истиот дежа ву ефект.
    Но,има вечност и во овие мигови додека страстта не обзема и нашите тела образуваат еден амалгам,како да се обидуваме да продреме во нашите души и да го најдеме спокојството кое ни недостасува.Бидејќи надвор во тој туѓ свет ние припаѓаме на други луѓе и се водиме од други принципи и сме марионети контролирани од нечии замисли и сме најмалку свои.
    Но,сега одбираме да се опиеме од овој бурбон и радоста на нашите испреплетени тела.
    ...I' ve still got the blues for you...оди во позадина додека бурбонот веќе пулсира во нашите глави,трите коцки мраз се стопиле во празните чаши.Бргу се облекуваме,не гледајќи се веќе в очи,знаејќи дека треба бргу и да делуваме,како вешти крадци-да побегнеме што побргу од местото на злосторот,со оној дел од своите души кој уште има сила да го направи тоа...
     
    На De-lovely, Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз

    Кој би рекол дека таа умее така прекрасно да танцува? Старото радивце беше вклучено и насекаде низ станот се разлеваа звуци на блуз.. Како тој да ги пиеше нејзините грациозни движења со своите жедни очи, желни за уште и уште. Ја гледаше неуморно додека цигарата му гореше меѓу прстите а вискито стоеше на масата. Таа се насмевна заводливо и во меѓувреме ја виде желбата во неговите очи и реши.." Ќе танцувам цела ноќ, се додека тој сака, се додека тој не ме замоли да престанам. А потоа ќе се препуштам на вечерта, ќе дозволам тој да биде мој господар и ќе ги послушам сите негови наредби." Како да стана неподносливо жешко во премалиот стан, што од нескротливата желба а што од страста што гореше секаде околу нив. Тој со брзо и отсечно движење посегна кон масата и си стави три коцки мраз во вискито. Испи две-три голтки и повторно ја врати чашата на старото место. Таа бавно се приближуваше кон него, а потта се слеваше насекаде по нејзиното тело. Очите и беа како дијаманти кои сјаеја непрестано во бескрајната ноќ.. Се гледаше дека и обајцата гореа од желба да бидат заедно, да се спојат во едно и никогаш да не се разделат. Нивните погледи го покажуваа тоа и говорот на нивните тела. Сеуште се слушаше стариот блуз од радивцето но девојката престана да танцува. Ја подотвори устата со цел да изусти нешто, нешто што одамна требаше да биде кажано а остана скриено, како тајна во нивните срца што чукаа едно за друго. " Ах, драга моја, нема потреба од зборови. Ти си тука а јас сум до тебе. Зар можеме и да посакаме нешто друго?! " -и се обрати тој нежно покривајќи и ги усните со неговата рака. " Не, остави ме да го кажам она што одамна го чувам недокажано.. Знаеш ли колку долго ја чекав оваа ноќ кога повторно ќе бидеме заедно, колку ноќи го сонував истиот сон.. Загаснати светла, твојот стан и тивки звуци на блуз. Ти, потпрен на старата фотелја, виски во раката а во него - три коцки мраз. Потоа доаѓам јас и танцувам, танцувам се додека не паднам на нозеве од умор и се додека зората не ме разбуди. И иако можеби не те познавам толку долго време и имам поминато само една ноќ со тебе (можеби безвредна за другите, но проклето вредна за мене) , јас сепак мечтаев за уште една таква ноќ кога повторно ќе ти се предадам не размислувајќи.. зашто и како. " Во моментот кога и последните зборови излетаа од нејзината уста, тој почна страсно да ја бакнува, насекаде и без престан. Не можеше да се воздржи, тој толку многу ја посакуваше, а и таа него.. А и мислата дека можеби веќе никогаш нема да ја види и да го почувствува оној мирис на ванила на нејзината кожа , го тераше се повеќе да се препушти на моментот и да ужива во него.. Зашто истиот можеше да му е последен.

    Се зазори, веќе стана утро. Тој само што се разбуди, а таа не беше веќе крај него. Другата страна на креветот беше празна. Тој како да се насмевна, можеби со надеж дека повторно ќе ја сретне, " неговата газела на ноќта " која како да ја имаше моќта да ги направи и најневозможните работи - возможни.. Мирисот на кафе и свежо лиснато тесто допираа до него од кујната. Кафето беше сеуште топло.. Изгледа таа си заминала пред малку, но не сакала да го разбуди. Имаше и порака на масата. " Ти зготвив кафе и ти купив лиснато тесто, пред да заминам.. Шприцнав и неколку капки од мојот омилен парфем од ванила во твојата соба, со надеж дека ќе се задржи што подолго и ќе те потсетува на мене.. Ти благодарам на прекрасната ноќ за која имам преголема желба да се повтори, а ти тоа и го знаеш.. А, ако веќе никогаш не се вратам, сепак, чувај ја оваа порака и секогаш кога ќе ти недостасувам - посегни по неа и така ќе ме најдеш мене во неа. Се најдобро, твојата ноќна газела. " Tој само воздивна и промрморе .. " Ах, драга, да знаеш дека ќе те чекам, вечно ќе те чекам да се вратиш.. и да останеш со мене. "

    И така, ноќта си замина, трите коцки мраз беа одамна стопени а вискито испиено. Звуците на блузот повеќе не допираа до него, тие како да беа изгубени во ноќта која пребргу си замина и ја однесе грациозната танчерка со неа.. Сега, кога веќе не постоеше ништо како остаток од таа прекрасна вечер, остана нивната љубов, да живее засекогаш.

    А, таа никогаш не се врати. О, повеќе никогаш не се врати. Само остана да живее во неговото срце, како бескраен спомен кој никогаш нема да се избрише..
     
    На white.kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  7. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз

    Застана гола пред огледалото.
    Голотијата во нејзината душа, веќе потполно ја обземаше.
    Трагите од кармин на неговата кошула одново и одново и ги рануваа никогаш не зараснатите рани.
    Модринки по телото-онаа вечер кога грубо посегна по неа, а таа немаше сили да го одбие....
    Една коцка мраз, за белезите на нејзиниот врат...
    Втората за прекрасните, нежни и крвави раце .....
    Третата и последна за неговите ледени усни .....
    Со последни сили ги собра и последните сведоци за нејзиното присуство во неговиот стан таа студена ноќ.
    Ја извади и нивната омилена плоча, некој стар, досаден и ефтин блуз, кој порано го обожуваше.
    Уништи се, ја искрши плочата на мали ситни парченца, како и нејзината душа
    - Друга веќе нема да повредиш ...-беа нејзините последни зборови.
    Неговото вкочането тело повеќе не покажуваше никакви знаци на живот.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.566
    Тема на неделата : Блуз и три коцки мраз

    Мммммм...прекрасно,сончево,свежо и ветувачко... Утро !
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    Тема на неделата : Утро

    утро
    Утро дел од денот каде што таа седеше сама, во аголот од собата која навидум беше голема а внатре празна. Баш како нејзината душа. Секогаш наутро нешто и се случуваше, да ја прими и најубавата и најтажната вест..Тоа се случи токму и тоа утро колку и да сакаше да се воздржи од емоциите кој и надоаѓаа неможеше, неможеше ни да ја сокрие таа солза што полека и се слеваше по лицето, баш тоа утро. Јас само бев нем набљудувач на се што се случуваше тоа утро........................
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Тема на неделата : Утро

    Розево утро

    Нежна, сребреникава пајажина се вдомила на рамот од мојот прозорец.
    Сладникава прашина ми го попрска врвот на носето.
    Додека ја мирисав розата што си ми ја оставил на малата масичка за чај.
    Го вкусив третото утро на месецот мај.

    Црвено утро

    Со леснотија, глатко и сурово поминував со ножот низ срцевината на јаболката.
    Сакав да ти направам пита - вкусна, и лесно да ја поросам со соништата.
    Одненадеж, сечивото се зари во мојата срцевина.
    Ја поросив со капки. А подоцна - ја фрлив.

    Blue morning

    Те немаше да ми посакаш добро утро со детска насмевка.
    Не те видов сонлив и замрсен во косата, за да ти ја домрсам, со љубов во прстите.
    Те отплакав, ко да си заминал засекогаш.
    Заборавам - ние си бевме НИЕ, некогаш.
     
    На Strumfeta93, nela.oh, De-lovely и 3 други им се допаѓа ова.
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Тема на неделата : Утро

    Пролетно
    Саботно
    Најубаво
    Утро.
    Сончевите зраци навлегуваат низ венецијанките, ми ги скокоткаат очите.
    Нетрпеливо ги отварам, се смешкам.
    Полусонливо, полусрамежливо.
    Како божем либето да стои врз мене и ме гледа.
    Утро.
    Викаат по него денот се познава.
    Јас викам
    Не е убаво кога човек ќе го преспие утрото.
    Утро.
    Птиците пеат, сите негде трчаат.
    Добро утро. Добро ти Бог дал чедо. Баба ми.
    Мила како саботното утро.
    Нескафе, чај, доручек, било што.
    Тераса, книга, уживанција.
    Пауза, поглед кон небото.
    Чувство незаменливо.
    Тоа убаво саботно утро.
    Утро како и секое, а впрочем толку посебно.
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Утро

    Утро

    Свежина.
    Свежина навлегува низ подотворен иот прозорец,
    ги крева трепките полека,и тежат.
    Првите зраци и ја топлат голата кожа,
    убаво и е,пријатно и е.
    Топло.
    Неговата дланка поминува низ нејзината
    оскудна половина му го прати движењето.
    Ја скокотка,се насмевнува.
    Ја повлекува кон него,
    бакнеж....
    Убаво е кога секој ден,секое утро
    би греело вака сонцето.
    Утро а тој е крај друга....
    Проклето нека е!
     
    На De-lovely, Lux, Wild-GirL и 2 други им се допаѓа ова.
  13. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.539
    Допаѓања:
    8.233
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Утро

    Утро

    Како да ми тежеше олово врз трепките сношти,
    и утрово повторно ми тежи
    Болкава во градиве не ја преспав,
    солза по солза - знак за збогум.

    Трагам по одговор низ мисливе,
    утрото е тажно и мрачно
    во облаците тежи горка болка
    спремни се да ја истурат низ солзи.

    Се спрема бура,утрово е магливо
    фали твојата насмевка,
    фали твојот виц во долгите школски часови
    фали твоето будење во ваквите утра.

    Утрово ме носи некаде далеку...
    Некаде каде што живееш сега,
    се надевам на подобро место,
    верувам во тебе!
     
    На 1209, Lux, Marilyn-Monroe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Тема на неделата : Утро

    Возејќи накај нејзиниот стан имаше лошо претчуство.
    Вознемиреност и се препозна во гласот кога му се јави и го повика.
    Дланките му трепереа, се плашеше од глетката која можеби ќе ја затекне, подголтна и посегна да ја отвори вратата, се отвори сама...
    Зачекори и ... и ја виде како на работ на балконот завртена со грб спрема него. На подот имаше крв а подолу лежеше неговото безживотно тело.
    „Влези внатре„ - ја повика. „Немој да направиш некоја лудост, заедно ќе го решиме ова„
    Таа се заврте и му се насмевна, потоа влезе внатре со заводливи чекори и наметката која лелеаво се нишаше додека одеше, го бакна и додаде „Зар навистина мислиш дека би го направила тоа сега кога конечно можеме да бидеме среќни?„ се насмевна злобно.
    Куферот и беше веќе спакуван, „Ајде да тргнеме„ - рече „Ќе се раздени, утрото е нов почеток, нова надеж, нова сила, нова шанса за нас.
     
  15. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Тема на неделата : Утро

    Ново утро...

    Зора...повторно зазорува, Сонцето изгрева...а пред нас нов ден, пред нас уште едно ново утро. Се буди нов ден, се буди и природата, повторно. Се шири опојниот мирис на пролетните цвеќиња, кои не` маѓепсуваат, и како да имаат некоја волшебна моќ, со која успеваат да не` измамат да го напуштиме топлиот кревет, и да ги наполниме батериите, за исполнување на обврските кои не очекуваат во текот на денот.

    Ах..тоа утро, тој сјај, таа моќ која што ја има, со која не хипнотизира, и длабоко во нас продира. Успева да не натера да помислиме на старата но добра „Утрото е попаметно од вечерта“... Тогаш почнуваме да размислуваме и да филозофираме на таа тема, дали навистина било така...а за сето тоа време утрото полека, поминува...и поминува...
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Тема на неделата : Утро

    Ги сакам утрата не само поради тазе фотони светлина на рамката од прозорецот, не само поради тишината или вревата во етерот од птичји пој или исфорсирано весел глас на радио-водител и сонливиот поглед кој го финишира распознавањето на контурите низ собата, туку најмногу поради тоа што вдишувам свежо исцеден ентузијазам како сок од портокал на чија амбалажа стои ветувачка порака како се‘ ќе биде подобро и пред мене е уште еден прекрасен ден.
    Уживам да ја набљудувам тековната палета на бои на небесното платно, додека кофеинскиот ликвид брза да испрати сигнали на будност до секоја клетка низ моето тело.
    Некои се ноќни птици, јас сум утринска птица - ранобудница и сакам да го експлоатирам денот во што поголем обем, затоа сакам да го загризам сочно и лакомо утрото како сочно јаболко - со оној препознатлив звук при првиот загриз во неговото ткиво и хедонистичкиот фидбек врз сетилата.
    Го сакам утрото бидејќи сите сомнежи од ноќта ги бои во нови нијанси и ги претвора во можности, иако ноќта биле само ограничувања, има моќ и мудрост која ја победува корупцијата на ноќта.
    За вистинските дела и зборови треба многу светлина и нова искра надеж, а утрото флертува ветувајќи ми исполнување, мислам дека е време да му возвратам и со нишање на колковите да му пристапам заводливо шепкајќи му ги своите намери...
     
    На kate21 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Тема на неделата : Утро

    Утро. Дождливо, магливо утро. Проклето есенско студено утро. Без сили да ги дигне очните капаци подзамижува. Гледа. Го слуша звукот на дождот кој паѓа. Се врти и тоне во втор сон.

    Утро. Ја буди звукот на препознатливата мелодија. Срипува од креветот. Се подготвува. Од грдото пајче одеднаш станува кралица на денот. Барем така се чуствува. Чантата во рака, слушалките на уво, насмевката на лице и со своите чевличиња подрипнува како Фред Астер. Нов ден, ново утро. Мириса на пролет. Мириса на нов живот.

    Утро. Мамурно ги отвара очите. Неговите раце како лијани испреплетени околу нејзиното жешко тело. Двајца како да се едно. Се обидува да се сети на ноќта и откако ќе се сети, ја подигнува главата и му дувка на увце со задоволувачка насмевка. Тој ја следи со десното око. Мамурно и тивко. Се шмугнуваат под јорганот и палаво го отпочнуваат новиот ден.

    Утро. Станува. Го освежува лицето со студена вода. Студениот млаз ја удира како водопад. Го прави првото утринско кафе и излегува на терасата. Прекрасен нов ден во градот кој го сака. Седнува и сркајќи го кафето погледнува кон крстот, кон падините под кои води љубов со утрото. Со градот. Вовлекува од цигарата. Сексот со градот беше одличен и заслужи никотин. Замижува како маче и му се предава на овој Дон Жуан од кој никогаш не може да се откаже.

    Утро. Или ноќ. Први мугри. Први сончеви зраци. Чекори во градот. Ги пцуе цистерните кои повторно ја испрскаа. Весела е. Штиклите постепено ја издаваат и последните молекули на вотката и мартинито во нејзината крв ја елиминираат ноќната диско зашеметеност.
    Се смее на глас. Сака да го дочека утрото. Седнува покрај езерото. Келнерот им носи кафе. Се покриваат со ќебе. Го чекаат охридското изгрејсонце. Заедно а не се заедно. Толку совршени а толку разделени.
    Ја фаќа за рака и и вели да не се грижи. Се ќе биде во ред. И го дава своето палто и и го бакнува увцето. Погледни. Твојот град се буди пред тебе. Под тебе. Таму живееше ти. А онаму живеам јас. Знаеше дека што и да прави овој дел од денот таа го обожава со секој атом од нејзиното возбудено тело. И дека е негова, онолку колку што е тој нејзин. Му се предаде. Ја зема и лапна стрвно како бонбонче.
    Тишина. Ноќта полека си оди. Таа седи сама на своето скромно балконче. Ги следи светулките кои полека се гасат. Ја пали цигарата. Го допива виното. И слуша позната мелодија. Charlotte Gainsbourg – 5’55. Утро. Нејзиниот вечен љубовник. Нејзината целоживотна љубов. Нејзината пасија, умор, блаженост, предавство, енергија, живот, воздишка, тишина, најубава мелодија, најубав пејсаж, алфа и омега....

    Утро.
     
    На baguf4e, mims-89, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Тема на неделата : Утро

    Утро

    Зошто не сме како утро?
    Како магично, племенито парче живот?
    Како поим за радост, добра вест и исчекување?

    Што сум јас без тебе?
    Тмурно, облачно и утро кое не ветува насмевка
    Кое чека среќа, а само ти можеш да ја донесеш

    А те нема... нема ни да те има
    Додека не се сретнеме пак
    Некаде на небото во твојот дом

    Ти го имаш својот мир, својот рај
    А јас...

    Јас имам едно ново утро
    Пусто и празно без тебе
    Утро кое не носи добра вест
    Утро во кое тебе те нема.
     
    На baguf4e, kate21, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Тема на неделата : Утро

    Утро
    Мирисот на свежо печено кафе кое се провлекуваше низ подотворениот прозорец и ги заскокотка сетилата и како некое нежно суштество ја натера да ги отвори очите...Утро...уште едно мокро..сиво утро..Брзо затресе со главата, чиниш сакаше да ги скрши мислите. Си вети дека денес ќе биде поразлично. Место да се мурти и мрчи околу сивилото денес само ќе прошепоти...Дождлив ден...
    На масата сеуште стојат кристалните чаши од пред некој ден..виното се стемнило уште толку во нив и фатило некоја чудна положба која и ги дразни очите секогаш кога ќе го види...И тогаш беше утро...Но не беше сиво, не беше ни дождливо, беше преубаво, кашмирско утро со мирис на кожа,цимет и љубов...
    Денот беше подло мирен, иполнет со чести погледи кон часовникот, а патем и кон блесокот на левата рака.
    А потоа сирени и еден повик..Знаеше дека се за него...Само незнаеше зошто...И денес не знае зошто...
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Тема на неделата : Утро

    Утро...Нов зрак влегува низ прозорецот...Дожд...Капка по капка...Нова надежд капи..Истура...Мирисот од кафето ме разбудува...Си го мијам лицето...Ладно....Пијам кафе и го гледам дождот...Врни,врни,врни.....Престана....Наеднаш се појави зрак од сонце и го осветли денот...Започна денот..Сите станаа...Некои на работа,други на училиште...Чекорите по улиците силно се слушаа...Веќе е УТРО...
    ПС.Не е нешто посебно,не ми замерувајте на грешките сега ми текна :)