Тема на неделата : Утро Утро Нов зрак ѕирка од прозорецот, со или без будилник секое утро има своја приказна. Посебно утро, свое на свој начин, а сепак различно. Ново утро, нов ден, нова надеж . Дожд, небото плаче во утринските часови дождовните црви се на гости кај асвалтот, а чадорите се сретнуваат и узминуваат со звукот кој се одбива од нив како некоја позрадвна песна што ја праќа дождот. Утро, секое различно, а сепак свое на свој начин.
Тема на неделата : Утро ~Утро~ Ги напуштив тајните што лежеа на мојата перница, Ги разголив спомените што се тркалаа под јорганот. И боса тргнав во поход, да те барам залутан низ зборови, со надеж дека ќе те здогледаат, очиве мои уморени. Сакав да ја збришам ноќта и да запловам во денот неосамено Сакав да ми простиш и да сфатиш, Дека, утрото од ноќта е попаметно.
Тема на неделата : Утро Утро Повторно онаа златна светлина надѕира во мојата соба. Ги осветлува моите соништа , ја зема мојата тага ја носи далеку зад планините . Ја топли мојата душа , носи нова радост во мене . Повторно онаа златна светлина ми покажува за што вреди да станам . Да научам да живеам без луѓето што ги сакам а ги изгубив.... Да се борам за себе , да одам гордо со своите победи . Повторно онаа светлина ми покажува дека се раѓам сама , умрам сама , но живеам за неа и со неа.....
Тема на неделата : Утро Ја пак инспирацијата во мене се побуни сакала да искуца уште нешто . УТРО Предизвик, затвораш очи, вчерашниот ден веќе е минато, утре е денес, денес е утрото, денот што завршил го оставаш зад себе, го ставаш во фиоката со заклучени спомени и никој не може да ти ги земе. Се будиш, утро е, денот што следи е твој и го следиш чекорот свој Утро, бело и тивко како снегот кога паѓа безшумно...
Тема на неделата : Утро Утро Ноќта ја спушти својата темна завеса. Како некоја претстава да завршила. А всушност само еден ден изгаснал засекогаш. Месечината веќе се населила на сцената, а ѕвездите танцуваат околу неа. Како да гледаш најубав балет. Таква ноќ одамна не сум видела. Се трудев очите да ги држам што е можно подолго отворени. Но, уморот од денот која ја напуштил сцената ме совлада. Без да почувствувам заспав. Кога ги отворив очите имав чувство дека поминала само минутка. Но, поминала цела ноќ. Ах, го испуштив тој балет на ѕвездите. Сега гледав како тие се поклонуваат и ја напуштаат сцената. Полека... Се крена повторно завесата. Полека... На сцената се појави сонцето. Како да се разбудило од зимски сон излегуваше од зад планината. Срамежливо, навестувајки го новиот ден. Кога веќе силно настапи на сцената сфатив: утро е!
Тема на неделата : Утро добро ти утро кафеноока моја сакам да те гледам наутро и те гледам а ти.. ме погдледнуваш и повторно заспиваш неколкупати така помислувам дека погледот значи ти верувам и нека ти биде...тоа ќе можам да го исполнам.. најмила моја ако погледот значи верувај ми нека ти биде...тоа ќе сакам да го знам.. но.. те молам не дозволувај никогаш сомнежот како облаче темно упорно да стои над нашите жешки глави
Тема на неделата : Утро Утро А, некој ѕирка? Со светли очи - сјајници го облажува светот мој. Светот мој велам зашто можам да го допрам и да го прегрнам со една рака. Далечен звук чинам ги гледам нотите на таа мистична мелодија, некој најавува нешто ново пристига дур спијат душите тоа се раѓа во срцето на сонот. Лесно како здив лебди во воздухот струи во водата, ги буди ненаспаните со песната на петелот. Носи новост почнал нов ден, ни дава шанса да отпочнеме се одпочеток.
Тема на неделата : Утро Утро Главата ми беше потешка од камен. Едвај ги отворив очите од залепената, помешана со солзи, маскара. Се извлечкав од креветот, речиси паднав. Пуштив млазови млака вода од тушот да течат врз мене. Излегов надвор, а на масичката сеуште стоеја две празни чаши и шише вино. Во пепељарата измешани твоите и мои отпушоци. Фрлив се`. Да, фрлив. Седнав на столицата, а шолјата црно кафе ми ги топлеше дланките. Запалив цигара, која сама стои во пепељарата. Свежо, измиено од роса, утро. Се загледав во пурпурната боја на булките, а срцето ми се стопли. Од денес можам сама. Ова е ново, поразлично од сите, утро.
Тема на неделата : Утро > Утро < Ново утро, нов ден... нов почеток растреперен. Но, сеуште ме мачи нешто, непрекинато, кое одамна требаше да биде само минато! Ново утро, нов ден... будна, но како во сон, низ мислите ми поминуваш, а знам дека со неа си заминуваш! Ново утро, нов ден... Колку ли утра поминаа? Колку ли денови заминаа? Колку ли пати пробав да не мислам на тебе? Но...само знам, се излажав себе. Ново утро, нов ден...
Тема на неделата : Утро Некои работи, едноставно ни времето не ги лечи. Дури ни надежта за новото утро. Те нема, веќе година цела. Зошто? Има ли правда? Како ли да те видам, да те допрам? Како без тебе? И безброј прашања на кои одговор нема. Само ти не си присутен... одговор кој болно продира во мојата психа. И нема да бидеш никогаш. Секаде мириса на тебе, се чувствува твоето присуство во говорот, во насмевот, во воздухот... како да си тука, а те нема. Како да не можам да те видам, а нешто ми кажува дека си тука. Тука си. Во срцево. Во душава. А боли... и ке боли. Не престанува. Солзите капат ли капат. Ке капат секогаш. За тебе. За прерано изгубениот живот. За неправдите во животов. За лутината кон дедо Боже. И ова утро не носи радост. Не се враќаш. Носи само тага и сеќавања. Цела година без тебе. Толку денови, толку утра болни... И ке ги има многу, додека не бидам таму некаде со тебе. Спојлер Посветено на мојот братучед. Вечна ти слава
Тема на неделата : Утро Утро неделно, само што не заврнало ногавиците од пижамите се креваат нагоре, ја откриваат кожата гола а ти упорно со своите раце ги тегнеш надолу но се‘ станува толку ненормално, те мрзи и да живееш дури И радо би да се вратиш в кревет, зашто да знаеше каде да одиш ќе ти беше лесно да станиш да имаше кој така лично да те разбуди ќе ти беше лесно да станиш можеби тоа е се‘ што некогаш ти требало можеби единствената желба ти е по отварање не очите, по враќањето од темнината, него да го видиш да одмориш коски со него на мрзливо неделно утро како денешното и никогаш да не посакаш да замине со прстите го следиш телото негово, сликаш со своите раце, се нишкате напред-назад како гранчиња сред невреме времето се менува, кога се‘ ќе заврши пак сте заедни Навистина, можеби единствената желба ти е него да го видиш, но него го нема.
Тема на неделата : Утро Утро Капките се лизгаа по прозорците, ролетните се тресеа од силниот ветер кој пустошеше надвор. Пустината ја опфаќаше и неговата душа....веќе ништо не е како порано, а нема ни да биде. Од тоа утро кога таа си ги спакува куферите и го напушти, за него повеќе немаше светлина. И сите нови утра во мрак ги дочекуваше. Сега кога ја влажнеше перницата со неговите солзи, се прашуваше - зошто кога имаше срце незнаеше да го искористи во вистинскиот момент - Ја уништи со отровите на неговата душа, оттогаш веќе ниту една утрина не беше подобра од претходната. Сите етапи од неговиот живот веќе проаѓаат во една темнина и горчина .... Сонцето почна да изгревава, крвавите облаци го напуштија небото, тој ја покри главата со перницата. Сеуште ја чека ... Накрај останува само бледа трага, на она што никогаш не било и никогаш нема да биде.
Тема на неделата : Рефлексија Рефлексија на некогаш За миг не се наоѓам себеси во огледалото и попуст се чини секој обид да ги доловам контурите на сопствениот лик, ме гледа лице на странец како рефлексија од неговата површина. Наеднаш густ и леплив, алов флуид врз дланките чувствувам - крв од сегменти на скршената провидна целина. И зјапам во лицето на сенките од некогаш се гледам лесна и нескротлива капка вода, капка крв, капка пот, капка солза, на патот кон големиот океан кој ја апсорбира и осветената вода и крвта пролиена во име на гневот и гревот. Пловејќи во мојата течна структура се пиноцитираа и трулеја честички на различни искушенија кои во просторот ги расејуваше многустраната оптичка призма на опстојувањето. Нивното присуство ме правеше блуткава и матна, од мака се кондензирав во пареа и моќно грабев со својата грациозна мобилност кон синилото сакајќи да ја исполнам секоја пора на хоризонтот на златната врамнотеженост, ослободена од стегите на многу предрасуди и надлетувајќи над сивите рутини на животот сведен на навика. Се додека не се најдов на дното на вртоглаво длабок мрачен амбис. Сфатив дека морам да се трансформирам во оган и да ја дарувам топлината на својата душа на човештвото од кое сум опфатена дека тоа е чекор најблиску до спасот за секој од нас од мракот на нашите души. Сегашна рефлексија Стојам во центарот на галерија од огледала, од секое од нив различна рефлексија иако формата е идентична. Нели е тоа изворот на сите недоразбирања - различна перцепција? Каде е моето вистинско лице, она пред сите огледала? Дали останатите сетила го извалкале преку погрешно сигнализирање? Или тоа се случи тогаш кога ми го покажаа сонцето, а ми рекоа да не му се доближувам бидејќи восокот ќе го стопат зраците негови? Сончевите зраци одблеснуваа од многуте огледални површини. Сфатив дека моќта на светлината е во мракот, нејзиниот ефект тогаш е видлив и се рефлектира целосно, топлината е најпосакувана кога прети заледување, константноста на овој миг е дел од константноста на цел животен век. Мојата галерија од огледала е мојот дом. Секое од нив е сведок на едно опстојување и во тоа е величината на визуелната сензација - кога гледаш дека постоиш, јакне желбата да опстоиш. Сопствениот лик ми врати рефлексија на блага насмевка полна со разбирање.
Тема на неделата : Рефлексија Рефлексија Стојам, исправена, но со наведната глава. Го гледам својот лик во речната вода. Таа тече, а ликот останува. Чудно, зарем не? Си погледнав во очи. Која сум?-се запрашав! Што сум јас? Зошто сум овде? Каде припаѓам? Тука? Или на некое друго место, меѓу други луѓе? Лесни прашања, тешки одговори! Никој не знае! За првпат во животот се видов себеси, онаа вистинската јас, бев искрена со себе! Во очите си прочитав се што мислам, се што чувствувам, се што не се осмелувам да кажам! Бев малечко девојче, кое плачеше и се смееше. Почнав со ползење, се влечев по подот, „ја бришев прашината“, потоа почнав да се исправувам, да стојам на свои нозе, но со туѓа помош. Го кажав првото зборче изговарајки го името на личноста која најмногу ми помогнала! Растев, се справував со тешкотии, ги надминував и продолжував понатаму! ЖИВЕЕВ! Минував низ пекол и рај, низ кал и пат од рози, низ сонце и под виножито! Киснев на дожд, се веев на ветер! Ми слетаа пеперутки во стомакот, ме кренаа во облаци! И ме спуштија, паднав на земја! Но, станав! Ја истресив прашината од себе и продолжив! Среќавав нови луѓе, стекнував пријатели...ги испишував страниците од непишаната книга наречена живот! Го надминва периодот на тага, несреќа, солзи и ги тргнав црните облаци од моето небо! Сега единствено сонцето ми сјае и ми мами насмевка на лицето! И тука филмот запре! Една солза капна и ја измати рефлексијата од мојот лик во речната вода! Го видов својот живот од почетокот до...крајот?? Хаха, не! Туку до сегашноста! А крајот може да почека!
Тема на неделата : Рефлексија Рефлексија а ла шпиун Ја гледам рефлексијата на својата душа насекаде. Во пукнатато огледало со мастики во мојот лифт. Во новите ПВЦ прозори во мојата соба. Во шарените излози низ ГТЦ. Во капките дожд, секој втор ден. Во полузатемнетите прозорци во новите автобуси Во очилата на дедото И рејбаунките на типкана. Си ја гледам душичката и упорно се прашувам Дали јас повеќе не гледам или нема што да се види.
Тема на неделата : Те љубам Слабо претходнава тема ха...олрајт,одиме со нова!!! Не верувам дека постои човек на светов кој не кажал некому едно искрено ... Те љубам
Тема на неделата : Те љубам Те љубам. Те будев со овие зборови. Понекогаш. Понекогаш само те галев. Те љубам. Ме будеше со овие зборови. Речиси секојдневно. Те љубам. Ме гледаше во очи и филмски ми го велеше ова. А јас? Јас имав пеперутки. Колку само ги сакав тие пеперутки. И не ги бркав. Ги оставав да летаат и да прават брауново движење во моето тело. Те љубам. Ти реков тогаш. Покрај морето. Под сонцето кое заоѓаше. Те љубам. Го злоупотреби на најподол можен начин. Го злоупотреби и моето „те љубам“. Си го зема и не ми го врати. Го фрли во секунда. А јас не знаејќи постојано верував во секое наредно твое „те љубам“. Не ми треба повеќе, одамна, твоето „те љубам“. Не го сакам повеќе, одамна, ни моето „те љубам“. Ќе си направам друго. Сакам само едно. Врати ми ги пеперутките. Тебе повеќе, одамна, не ТЕ љубам. Но нив....да. Ги љубам.
Тема на неделата : Те љубам Станав рано. Знаеш ли како? Ме разбуди силен тресок. Не од земјотрес. Ниту на пукотница. Ни на огномет. Свој, личен и сопствен. Треснав како крушка. Не од испит. Не на прав пат. Туку од кревет. Ни помалку ни повеќе, туку го скршив. Да. Се трудев во сонот, како и на јаве, да си објаснам колку сум висока... како прстињата на ноџињата во лежечка позиција на стомак, ми ја допираат рамката од креветот... дури и ја туркаат. Најверојатно сум претерала. Не е ни важно. Важно сум ја дотуркала рамката, па испуштил душа креветот. Мој јаден кревету. Се скрши. Точка, аш, крај. Не крај на светот. Крај на светот да, ама на светот на мојот кревет. Се ближеше крај на светот за мене тој ден. Добив женски маки, па се врзав за кревет цел ден. Почнав да кивам, да го чешам носот и да ми тече... значи сум добила алергија на полен. Ни помалку ни повеќе, почна грлото да ме боли. Верувале или не, окото ми се затвори до пола, зашто најверојатно и тоа си заработило некоја алергија. И еве го, боде, боли, се црвенее, посинува, се намалува. А имам за учење. Требаше да полагам среда ако ми одобри асистентката. Нема вратено електронска пошта, на само 3 дена од испитот. Јас упорно мислев дека ке полагам. Ама како? Таа не ми одобрила, не можам да учам со болно око, со болно грло, со болки во јајници, со нос кој тече и чеша... ах, барем креветот го напуштив, да не го гледам скршен од мака... од тежина... Животе, те љубам. Докрајчи ме, твоја сум цела. Се љубам и себеси. Ах жено, секој дел од твоето тело, од твоето битие е посакуван. Го љубев и креветот. Само тој ја знаеше вистинската моја тежина. Те љубам Боже. Благодарам што ми го одржуваш светов размрдан. Спојлер Автобиографско дело, производ на денешниов ден.
Тема на неделата : Те љубам Те љубев.Те љубам. Можеби и ќе те љубам понатака. Можеби и не. Заслужуваш??? Не!!! Свесен си и самиот. Знаеш или не знаеш како е ??? Боли. Ама само понекогаш. А понекогаш, убаво е. Зошто??? Од двајца-еден. Од еден-две половинки. Тешко е пак да се направи цело. Кога јаже ќе се скине и да го врзеш не е тоа тоа. Викаш ме сакаш. А го докажуваш спротивното. Еј. Одиме заедно или не одиме? Не сакам да одиме заедно по одвоен пат. Убаво беше порано. Убав си ти. Убава сум јас Убави бевме заедно. Не гледаа, ни љубомореа. Фатени за рака можевме до крајот на светот. И пак назад. Сеуште те сакам. И твоите очи. Твојот допир. Тебе. Можеби и не. Ме љубиш, знам. Искрено, чисто, нежно, детски. Меѓутоа. Љубовта не е доволна. Потребно е многу. Џабе што те љубам. Џабе што ме љубиш. Те гледам. Те гушкам. Те љубам. Со сите твои доблести и мани.