1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбрана тема : Згаснат пламен

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lilit, 15 април 2011.

  1. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Тема на неделата : Те љубам

    Те љубам

    Не кажувај го ова.
    Не кажувај го ова ако не го мислиш.
    Не кажувај го ова ако не го мислиш оти ќе повредиш.
    Не кажувај го ова ако не го мислиш оти ќе повредиш заљубена душа.
    Не кажувај го ова ако не го мислиш оти ќе повредиш заљубена душа што те сака.
    Не кажувај го ова ако не го мислиш оти ќе повредиш заљубена душа што те сака, гледа и слуша.

    Не кажувај, те молам.
    Не повредувај ме.

    Кажи ми ТЕ ЉУБАМ ако срцето ти сака.
    Кажи ми ТЕ ЉУБАМ ако ти гори под нозе кога ме видиш.
    Кажи ми ТЕ ЉУБАМ ако во стомак ти трепери нешто, кога ме погледнеш во очи.

    Но не повредувај ме.

    глупо глупо глупо. :$
     
    На teddybear, moonlight-girl.55 и Adi888 им се допаѓа ова.
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Те љубам

    Те љубам

    Сама седе и го посакува.
    Мислите и се заробени во далечината,
    не тој не е за неа но таа мечтае.
    Би го крицнала како свежо јаболко,
    по секоја нова грицка би излегло едно
    тивко ТЕ ЉУБАМ!
    И трепери гласот иако не е до неа,
    го замислува преку мислите
    и тивко го подгризнува јазикот.
    Нешто ја тера да не ги замислува
    тие зборови ТЕ ЉУБАМ...
    Пречка-психичка...
    Го љуби но тој неа не...
    Те љубам но го пишувам само вака
    во песни,си ги смирувам само страстите.
    Заминувам...пак сама.
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Тема на неделата : Те љубам

    Те љубам. Бескрајно. Неописливо.
    Заедно сме, а блесокот во твоите очи ми дава сила. Моето срце чука забрзано. Две тела сме, а една душа. Околу мене се изгледа поубаво. Сакам вечно да останам во твојата прегратка. Вечно да трае овој миг. Да ја чувствувам твојата топлина. Не. Не ми е доволно. И сто години покрај тебе не би ми биле доволни.
    Секој ден ми го правиш посебен. Секој ден ми е поубав од претходниот. Секој дождлив ден знаеш да ми го направиш сончев, и правиш моето лице да биде допрено од зраците на љубовта. Само ти го можеш тоа. Ти и никој друг. Само ти можеш да го разбудиш ова возвишено чувство во мене, овој наплив на емоции. Само ти можеш да ме насмееш, но единствено ти можеш и да ме расплачеш.
    Забележуваш ли колку сум среќна кога сум со тебе? Колку сум исполнета со живот и позитивна енергија? Знаеш ли дека ти си причината поради која останувам будна цела ноќ и мечтаам... Чекам да се разбуди новиот ден, кога повторно ќе бидам со тебе.
    Те љубам. Само твоја сум. Твоја сум со душа и со тело. Целосно твоја.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Те љубам

    НЕЕЕЕ!!! Врисокот излегува од дното на мојата душа. Солзи. Солзите ми го матат погледот, погледот на тебе, на твоето беспомошно тело. Потрчувам како целиот живот да ми зависи од тие чекори. И да, ми зависи. Осеќам како душата со секој чекор ми го напушта телото. И таква болка... Ох, Господе, болката ме раскинува, ми ја пара душата на парчиња, ме прободува како најстуден нож право во срцето.
    Како да беа години, вeкови, а не само неколку кратки мигови, доаѓам до тебе, до твоето тело, кое толку многу пати, бескрајно многу, лежело голо до моето, твоите раце ме држеле во цврста, топла прегратка...
    А сега лежи долу, како некоја вреќа испадната од багажникот на камион. Рацете безживотно виснати, неподвижен, го гледам животот како истекува од тебе...
    И тогаш, во тој момент, ги отвораш очите, ох очите кои безброј пати ме гледале со толку љубов, со огромно разбирање. Во мојата глава само едно нешто одѕвонува како ехо, не, не, не....
    Слушам сирени како низ некоја магла, зрак надеж блеснува во моето срце, го осветлува како факел во ноќта, но тогаш, те слушам како се обидуваш да ми кажеш нешто. Се наведнувам до твоите усни, усните кои сум ги љубела, и слушам како со последниот твој здив ми ги кажуваш зборовите кои мислев дека ќе ги слушам целиот мој живот: Те љубам.
     
    На teddybear и unique123 им се допаѓа ова.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Те љубам

    Да, ти не си Бог.
    Не си најнежното суштество на светот и немаш храброст да застанеш цврсто на сопствените нозе. Немаш дури ни храброст да и погледнеш в очи на слепата зависност од она што го правиш. Твоите зборорви се малку, а нивното значење го разбираат само двајца. А тоа е големо.
    Немаш ниту една особина која може да се соедини со друга. Ниту пак замисла за иднината. Често те фаќам како бледо гледаш на мигот, а подоцна се разочаруваш што кратко трае. Кршлив си. Заплашен. Еве, ти давам рака, следи ме. Докрај. Нема да те разочарам, затоа што те љубам. А ако јас се изневерам себеси, ќе биде затоа што...љубев...

    Посветено :$ :)
     
    На marama и teddybear им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Тема на неделата : Те љубам

    Те љубам

    И кога ќе го вратам времето назад-Те љубев,
    И кога ќе ја предвидам иднината-Ќе те љубам,
    И сега кога живеам во сегашноста-Те љубам.
    Животот без тебе-смрт,
    моментот без тебе-болка.
    Раната голема,
    чувствата уште поголеми,
    срцето задушено,
    градите потиснати,
    Од што?
    Од твојата љубов сакан!
    Но,
    застани,
    сопри се,
    размисли!
    Нема каење,
    Нема кавги,
    Нема неверство,
    Нема песимизам!
    Заедно сме
    Те љубам,
    Ме љубиш!
    Целта е наша,
    Победата е неизбежна-
    Затоа што се љубиме!
    (од кога не бев напишала нешто љубовно :D , мислам и оваа не врвно уметничко дело, но битни се чувствата) ;)
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Тема на неделата : Те љубам

    Jaaaa, од волку љубење, да му се скисели душата на човека.
    Мала шала. :)

    Те љубам како што си знам - затоа што поинаку, не знам.
     
    На teddybear и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Тема на неделата : Те љубам

    Секоја секунда, од секоја минута, од секој час, од секој ден......Те љубам :*
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Тема на неделата : Те љубам

    Постојано и секаде сакав да ти кажам те љубам. Невино, детски. Пробав да напишам писмо, не успеав. Пробав да ти шепнам додека игравме жмурка, не успеав. Посакав да викам на цел глас,но за млада дама тоа е сосема непристојно.Те љубам беа зборови, букви, слогови, кои иако никогаш не кажани создадоа празнина меѓу нас.
    И така времето помина. Секој нареден ден како да истураше млаз вода врз моето Те љубам и така го топеше, како сочна карамела в уста. Денес, кога и да те здогледам не можам а да не се прашам: дали ова некажано Те љубам можеше да смени многу, и во мојот и во твојот живот?
    Се разбира дека да. Но што да се прави. Одиме понатаму, далеку еден од друг. А знам, навистина знам дека некогаш и јас тебе и ти мене копнееше да ми кажеш те љубам. Можеби во следниот живот.
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Тема на неделата : Те љубам

    Ахх, тие чекори, како повторно да ги издовуам... Така се чувствувам гледајки ги овие слики!!
    Се заврши, се беше подготвено! Јас, облечена во бела венчаница, дизајнирана од мене, го носев мојот сон! Нежна шминка, виткана коса, долгиот вел на мојата коса фатен со круна!! Малечка, светкава! Како на принцеза!! Се беше совршено, се беше како што јас секогаш сум сонувала дека ќе биде!
    За последен пат како девојка чекорев по скалите на мојот дом! На вратата ме чекаат сите со фотоапаратите! Се чувствував како ѕвезда, како принцеза... Татко ми ми ја подаде раката и ме однесе до лимузината!! Внатре шампањ, мраз, чаша! Татко ми го отвори и ми сипаше во чашата!
    „Да наздравиме, душо!! Нека ти е со среќа!!“
    Се слушна одѕвонот од ударот на чашите! Отпивме малку! На двајцата ни течеа солзи радосници!
    Се симнавме пред црквата! Таму веќе пристигнале сите поканети, роднини, пријатели, познаници...сите на едно место! Стапнав на црвниот тепих, кој беше послан од пред лимузината се до олтарот! Одевме полека, насмевнати, го чекорев патот кон новиот живот! Знаев дека таму пред олатарот ме чека љубовта на мојо живот! Односно така се надевав и така требаше да биде!
    Но, глетката ме стресе! Влеговме внатре со татко ми, а сите останати доаѓаа по нас! Таму требаше да биде тој со кумот! Но, пред олтарот немаше никој!! Местото беше празно. Ни кумот, ни тој! Никој не ме чекаше!!
    На сите им стана јасно! Тој побегнал! Не сакал да се ожени со мене! Го сфатив тоа!
    Го пуштив татко ми и паднав на колена!! Плачев, солзите ми го наквасија мојот сон, мојата венчаница!
    Сите излегоја, останав сама внатре! Липав, се чувствував беспомошно, лошо, понижено, одвратно, сакав да излезам од својата кожа, да се разбудам од тој кошмар!! Но, не, тоа не беше кошмар, беше мојата проклета реалност! Така, во најнезавидна состојба само изустив:
    Те љубам, драги мој. Те љубам најмногу, те сакам, те обожавам, ТЕ МРАЗАМ, но најмногу те љубам!
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Тема на неделата : Те љубам

    Видот ми се замаглува од обилниот тутунски чад делумно и од вишокот алкохол во мене дури етерот трепери од звуците на саксофонот. Меѓутоа, во ред е, ти си тука и во твоите очи јас сум епицентарот на твојот земјотрес и ти си центарот на мојот свет. Споделуваме воздишки, телесни течности и еруптивни емоции преку нашите испреплетени тела на чаршафот со боја на кајсија, потоа додека приготвувам какао со цимет покриена само со чаршафот кој ја впил нашата топлина, ми приоѓаш полека зад грб и ме бакнуваш зад увцето. Се наежува инстантно релјефот на мојата кожа додека ме свртуваш кон себеси како што тоа го прават танчерите, подземајќи ја мојата рака и лесно свиткувајќи ја над мојата глава и во таа фина ротација ме дочекува свежината на твојата насмевка.
    Стојам пред тебе со поглед кој тоне во твоите зеници, чаршафот паѓа на земја ја земаш својата рака и ја поставуваш над мојата лева дојка.
    -Овде сме споени- ми велиш.
    -Знам...шепотам дури гласот ми потреперува, додека сум спокојна како никогаш претходно.
    -Знаеш-почнуваш...
    -Шшш...те замолчувам со бакнеж. Знам дека не се потребни зборови кога спокојот во моето срце и тишината на воздухот пулсираат само во една насока - конечно нашите срца го пронашле својот дом и патувањето е завршено. На крајот од патот твојот поглед ја пее симфонијата на твоето срце која има два стиха-
    Те љубам.
     
    На LivingGlam и marama им се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Те љубам

    Те љубам

    Сакаш да ги слушнеш зборовите,
    бакни ги помилувај ги усните мои
    тие ќе ти ги шепнат...Те љубам!
     
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Тема на неделата : Те љубам

    Те љубам. Дури и кога те мразам те љубам. И секој пат одново и одново, сфаќам те љубам.
     
  14. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Тема на неделата : Те љубам

    Моето тело .... мојата душа ..моите илузии ... моите солзи , болки ... Се што имам , се што сакам , се што не поденсувам .... те сакам до болка .... болка .. те љубам и веќе нема... не , те нема , липам . А ти слушаш ? дали слушаш??
     
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    91.210
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Те љубам

    Беше светлата точка во мојот живот, беше оној кој ме научи да се борам како лавица за своето. Ти беше оној кој се обидуваше да ме научи на лекции од животот кои најверојатно подоцна ти ги научи. Ти беше оној кој мислаев дека никогаш нема да го преболам, дека никогаш нема да ме остави. Знаев дека се лажам и себе ,а и тебе. Знаеше и ти вешто да си играш со мене, со моите нерви, со моето срце. Знаеше да ме стопиш, но знаеше и да ме изгориш. Речиси секој твој збор беше жарче кое го гореше моето срце, секој твој поглед беше карта која се тргаше од мојата кула со карти самодоверба и вешто ја рушеше. Но, ти беше и оној со кој без престан би водела љубов, би уживала во твоите прегратки и твоите бакнежи, но само да молчиме. Тогаш се беше совршено. Би сакала да можам да кажам дека те љубам, но можам само да кажам дека те љубев, како што ме љубеше и ти некогаш.
     
  16. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.766
    Тема на неделата : Те љубам

    Комплициран си ...но кој не е?
    Ама како што си ти па и никој не е.
    Тешко ми е со тебе но без тебе не можам , навистина не можам.

    Нежен си...некогаш дури претерано, но не ми смета.
    Љубов си ми,не знам зошто , не знам како ...
    Љубов си ми , те љубам !
     
  17. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.236
    Допаѓања:
    6.671
    Тема на неделата : Те љубам

    Тоа утре ме разбуди сонцето кое продираше низ полузатворените ролетни .. Кога ги отворив очите ги видов најубавите очи . Мислев дека потонувам во тие сини океани кои полека стануваа моја навика да ги гледам . Фрлив поглед на расфрланите алишта и мистерично се насмеав.Додека ставав кафе дојде зад мене и тивко ми шепна:Te љубам , како никој на светов..ме правиш среќен и ги обожавам овие утра кога се бидиме разбушавени во косите ..Го сакам твојот мирис на бадеми , косата ти е како зрел јоргован (се занесов малце ) :D . Кафето со тебе има посебен вкус , вкус на топло пролетно утро .
     
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.164
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Те љубам

    Кога ќе те видам срцево возбудено и вљубено започнува да чука. Твојата насмевка ме привлекува, а кога ќе те видам насмевнат и моето срце се смее. Твоите очи постојано ме гледаат, блескаат од сончевите зраци, а твојата прекрасна фигура те одделува од другите момчиња. Ти си тој што ми ја грее душата, она силно чувство што покажува каква е всушност вистинската љубов... Она што и кога сум тажна ме прави среќна и она што понекогаш и без причина ме тера да плачам, да пролевам солзи без потреба. Те сакам со сето мое срце - ти си мојата најголема среќа. Ти си мојот сладок копнеж кој успеа со само еден поглед да го освои моето срце. Она срце кое дотогаш незнаеше што е всушност љубовта. Остани засекогаш мој... Само мој!
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Тема на неделата : Те љубам

    Нашата совршена љубов ја уништи таа проклета вест.
    Колената ми се тресеа, изгубив здив, само паднав, ме потфатија, неможев да издржам.
    Немаше солзи во мене, немаше сила за солзи од преголемата болка.
    Само немо гледав како заминуваше од овој свет.
    До денес збор не изустив, до денес моето лице не се насмеа, до денес солза не капна од моите очи, до денес сум како жив мртовец.
    Ништо не размислувам, на ништо не се пристеувам, ништо не прашувам, само знам дека никогаш повеќе нема да слушнам „ТЕ ЉУБАМ МИЛА„ од твоите усни.
    Изгледа после се и не беше се толку совршено....
     
  20. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    68
    Тема на неделата : Те љубам

    Едноставно те љубам... Само ТЕ ЉУБАМ ми е малку да го искажам она што ми е внатре. Се радувам на секој нов ден бидејќи си покрај мене и само Ти си ми најголема потпора во се што правам. Ти си мојот херој, Ти си ми брат и другар, Ти си мојот љубовник, Ти си мојот немир... Те чувам како капка вода во дланка. Те штедам како последен здив. Овој пат не те пуштам и јас нема да одам никаде без Тебе.

    Те љубам... и ти го знаеш тоа...