1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбрана тема : Згаснат пламен

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lilit, 15 април 2011.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Тема на неделата : Те љубам

    Седам сама. Во собата на дада ми. Нема да влегувам во мојата. Таму се е твое. Каде и да погледнам твојот лик е. Секој зид, секоја тетратка...
    Секој постер на зидот, слика во споменарот.
    Ти си моја прва љубов. И единствена.
    Ех кога ќе ми текне на твојата насмевка, твојот лик, твоите мускули, твојата висина... ах... не. Како ли само играше, се виткаше... а твојот глас?! Леле Боже, растерај ми ги овие мисли, се повеќе се повредувам.
    Но не. Не можам да не мислам. Колкав печат остави врз девојчињата. Во трансови паѓаа заради тебе. Солзи ронеа, коси кубеа. Сите те сакаа, но ти беше само мој. Само во мене гледаше и покрај толку народ. Не можеа да се помират со тоа па ти сковаа заговор. Господ ќе им плати.
    Плачам и плачам. Без престан. Си заминуваш. Знам дека не сакаше. Така ти наредија. Те наместија. Ме напушташ... Зошто?
    Зошто ли животов е таков? Има ли трошка правда? Има ли зрно надеж дека ќе се вратиш?
    Не, не можев да те спасам од пропаст, не можев против волјата на посилните.

    Те љубам, ќе те љубам секогаш. Ќе останеш во моето срце. После тебе нема да сакам никој. Единствен си, најубавото нешто што ми се случило во животот.
    Само ти и никој друг. Те љубам, Виктор!

    Простете ми, не можев да се воздржам. :wasntme:
     
    На marama, kate21, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    Тема на неделата : Те љубам

    ТЕ ЉУБАМ
    Те љубам од мигот кога во мојата рака падна твојата слика
    Те љубам од мигот кога го здогледав твоето лице, крупните усни, плавите очи....
    Те љубам од мигот кога го кажа твоето име, од нашата прва прегратка.
    Те љубам кога нежно ме галиш
    Те љубам кога ми шепотиш дека неможеш без мене
    Те љубам и во мигот на нашите караници
    Те љубам и кога разумот те мрази
    Те љубам.........
    и потајно сватив дека целото ова време Те љубам :inlove:
     
  3. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Тема на неделата : Те љубам

    Те љубам
    Кога те видов правиот пат... Ах, чудно чуство!
    Останав без зборови.
    Запрепастена од твојата убавина, од твојот глас.
    Ме викаат, но не го оттргнувам погледот од тебе.
    Те сакам со секои твои несовршености кои те прават посебен.
    Сите во салата се подбуцнуваат и се вртат кон тебе.
    Прекрасен си!
    Јас сум позади, не ме гледаш.
    Заврши цитирањето, ни збор не слушнав,
    Нема врска и онака сигурно било досадно.
    Си отидовме.
    Помислив нема повторно да те видам.
    Повторно на истото место!
    Се изненадив.
    Само два дена подоцна,
    не ми се веруваше.
    Беше во првиот ред, разгледуваше наоколу,
    но јас не! Повторно гледав само во тебе,
    неможам да си помогнам...НЕ!
    Правам реанимација на фантомот,
    сеуште те гледам, ме опоменуваат,
    не правам добро знам, но не сум јас виновна!
    Дознав како се викаш, тоа и беше целта.
    На натпреварот повторно те видов,
    како да те следев, не сум јас,
    нешто како да ме влече накај тебе,
    очигледно не само мене,
    безброј други девојчиња.
    Последен пат те видов тогаш.
    Се на се дали те љубам?
    Или е само детско свиѓање кое мислиме ние дека е љубов?
    Има време..
    Можеби..и најверојатно тоа сеуште не сме го почуствувале.
    Сепак ке те памтам.
    Колку долго незнам.
    :inlove: Лео :inlove:
     
  4. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    8.038
    Тема на неделата : Те љубам

    Те љубам
    Те љубам како парче чоколадо после диета. Како голтка вода по пијана вечер.
    Те љубам како што љубам да пишувам,мислам и дишам за тебе. Те љубам не за тоа што си, туку за тоа што сум кога сум со тебе.
    Те љубам и те посакувам, копнеам и тежнеам кон бесконечност кога сум со тебе. Станувам патетична и полна со клишеа. Затоа што те љубам.
     
    На BoaVista и shiningstar им се допаѓа ова.
  5. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    Тема на неделата : Те љубам

    ајт нешто и од мене :)

    те љубам..
    како започна- незнам.. зошто тебе- незнам.. до кога вака- незнам...
    од моментот кога твојата сенка се појави пред мене, тогаш кога погледите ни се вкрстија, во твојата душа прочитав- ‘Сакај ме!‘... и ветив ќе бидам твоја и само твоја...
    каде и да сум, со кого и да сум, секогаш ќе ја носам трагата на првата љубов, првата болка, првата солза.. јас можеби ќе се изменам, но чувствата никогаш не..
    зошто?? затоа што те љубам...
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.102
    Допаѓања:
    155.698
    Тема на неделата : Збогување

    Новата тема гласи...Збогување
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Тема на неделата : Збогување

    Заборав-кој не е лесен
    Болка-за која нема лек
    Омраза-предизвикана од преголема љубов
    Глупост-предизвикана од љубомора
    Убавина-поради која се страда
    Мој-беше некогаш

    Недостигање-немањето тебе крај себе
    Ахх-изговор при споемнување на твоето име
    Јас-личноста која најмногу те сака
    Сакање-состојба после вљубување
    Ама-збор кој често го изговарше после „те сакам“
    Каење-кога ќе го почувстуваш знај дека е касно
    Ајде-оди си и не враќај се
    Не-нема да ми биде тешко без тебе! Не гледај ги сега солзиве, ќе ги снема штом ќе кажам ЗБОГУМ!
     
  8. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.766
    Тема на неделата : Збогување

    Памтиш ли кога ми кажа дека со мене ќе бидеш засекогаш.
    Памтиш ли како ме лажаше и ми велеше , со тебе сум , не те напуштам никогаш.
    Не , не , не памтиш бидејќи сега ме напушташ.
    А , зошто ме напушташ ...е тоа не го знам .
    Ти не најде време за да ми објасниш , ни зошто , ни како...

    Имав тежина во душата
    се гушев тој ден , но си велев од жештината е.
    Ама не , не било од времето...

    Ја пронајдов разгледницата на која пишуваше:
    „Збогум, имај убав живот !“


    Зар вакво збогување заслужував!?
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  9. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    Тема на неделата : Збогување

    не е од мене но еве една убава поема, ќе ви се допадне.. се вика Funeral Blues од W.H.Auden

    Stop all the clocks, cut off the telephone.
    Prevent the dog from barking with a juicy bone,
    Silence the pianos and with muffled drum
    Bring out the coffin, let the mourners come.

    Let aeroplanes circle moaning overhead
    Scribbling in the sky the message He is Dead,
    Put crêpe bows round the white necks of the public doves,
    Let the traffic policemen wear black cotton gloves.

    He was my North, my South, my East and West,
    My working week and my Sunday rest
    My noon, my midnight, my talk, my song;
    I thought that love would last forever, I was wrong.

    The stars are not wanted now; put out every one,
    Pack up the moon and dismantle the sun.
    Pour away the ocean and sweep up the wood;
    For nothing now can ever come to any good.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Тема на неделата : Збогување

    Повторно мирис на пролет ..... Повторно те сакам . Повторно ми фали твојата прегратка , топлина , допир. Не ме оставај !! Викам внатре во себе . Борба на срцето и паметот . Не ме оставај ! Не сакам да се збогувам неможам..... Можам да живеам без тебе , ама несакам . Не сакам .....
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Тема на неделата : Збогување

    Низ мозаикот составен од сеќавања испливуваат потрагите по розевата или црвена внатрешност на затворените булки, шлапнувањето во езеро со весел трк и дневната доза од два сладоледи, раскрвавените коленици, лошиот пес на соседите кој ми ги уништи новите кломпи, рачето отпечаток вдлабнато во гипс и печатот од компир, падот по скали со штиклите на мајка ми, лошо налакираните нокти поприлично надвор од опсегот, бескрајните игри пред зграда додека падне ноќ и шлапкања во вирчиња со гумени чизми, цртаниот филм и какаото пред спиење...
    Убаво е да се чекори боса по ливадите на безгрижноста, убаво е да се живее спокојот на ларвата, убаво е исчекувањето на мајка ми од на работа, на денот кога ќе почнам да одам на училиште, на првата љубов...Најубава е закрилата на светот кој се чини безбеден поради разиграната кристално чиста среќа својствена за таа возраст и отсуството на тешки мисли и филозофии и мачни проблеми.
    Дојден е и изминат одамна периодот на збогување со тебе драго детство, уште радо се сеќавам на тебе и задржав еден дел од тебе себично и трајно иако не барав да станам пеперутка или молец или што и да е, не барав да се движи толку немилосрдно бргу стрелката на часовникот, радо ќе си бев среќна ларва да можев да бирам.
     
    На DeRose, LivingGlam и L0ve им се допаѓа ова.
  12. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Тема на неделата : Збогување

    Таа стоеше пред неговиот лик ишаран со прекрасните топли нијанси на зајдисонцето... Неколку минути се гледаа еден во друг без зборови. А што да кажат?! Кои проклети зборови ќе ја опишат нејзината тага, после се, после се што проживеаа, после сите страсни бакнежи и топли прегратки тој си заминува... Ја остава, но не овој пат не кажува догледање не овој пат следи само едно ладно и сурово збогум... А што да и каже мораше, мораше да оди не знаеше како стои на земјата кога не го чувствуваше срцето, во себе се колнеше себеси проклет да си! Проклет! , самиот си велеше на себе, но мораше да оди никогаш не би помислил дека тие сурови зборови ќе излезат од неговите усни, неговите усни свиени и превиткани држејќи ја целата болка што ја чувствуваше, гледаше се матно, солзите останаа како вечни гости во неговите очи, бура од оловни облаци се пролеа во нивните срца, но мораше го кажа тоа проклето збогум, си замина... Оставајќи ја во трепет се чувствуваше како како птица која го доживеала својот последен лет, седи сама тажна осамена, крилјата и се скршени, и следува болна и бавна смрт... Се чувствуваше така за последен пат ќе го почувствува неговиот страсен бакнеж, за последен пат ќе го почувствува неговиот директен,но толку нежен поглед... Го сакаше,а и тој неа,но таков им беше крајот едно зајдисонце таа остана на тротоарот со една речиси овената роза која и ја подари имаше трња ја болеше додека ја држеше,но беше прекрасна иста како и нивната љубов прекрасна, но болна... Тој се сврте си замина срцето му чукаше, се сврте назад истрча крај нејзе,а и таа крај него...
    „Немој, немој! Проклет да си ако си заминеш... Не можам знаеш дека ќе умрам ако си заминеш не можам без тебе не си ни заминат,а ми недостигаш те молам, те молам остани...“
    „Не можам, знаеш каква ни е финансиската состојба ќе поминат неколку години,но ќе се вратам ја гледаш ли онаа прекрасна куќа во преградиево? Ќе биде наша ќе бидеме заедно ќе имаме семејство,но парите се важни, морам да одам...“
    „Немој! Ќе живееме со една корка сува леб, ќе ја поделиме на половина ќе ни биде доволна, љубовта ќе ни ги грее срцата, ќе бидеме среќни немој да одиш...“
    „Те сакам... Но морам“ Ја бакна за последен пат и замина поминаа неколку години, но не се врати двајцата знаеа дека ќе биде така после неколку години ќе бидат странци еден за друг, слушна дека му тргнало добро си основал и семејство... Ја гледаше неговата слика опиена од љубовта која никогаш не згаснала и од црвеното вино кое го држеше чашата и падна... Се скрши се скрши и нејзиното срце и нејзината душа, почина... После неколку часови дојде полиција и амбулантна. „Болеста го сврши своето, немаше што да се направи...“ Подоцна слушна и тој совеста го изгризи неговото срце, мислеше дека тој ја убил...
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Збогување

    Збогување

    Немам страв од краток поглед,
    немам страв не добиен допир,
    немам страв од далечина....
    Погледот каков и да е ќе ми ја стопли душава.
    Допирот и да не го добијам,можам сама
    да си го создадам.
    Не се плашам од далечината,може
    да ја минам пеш,колку и да е далечна...
    Знам на целта ќе ме чека некој.
    Имам страв од еден збор.
    Еден збор изговорен во погрешно време,
    на погрешно место и од близок човек.
    Имам страв од зборот ЗБОГУМ!
    Збогум значи збогување,а збогувањата
    ми се слабост...
     
    На DeRose, skyAngel, Acerola и 4 други им се допаѓа ова.
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Тема на неделата : Збогување

    Збогување.
    Кај нас секојдневие.
    Црнила пак.
    Збогување пак.
    секогаш сме биле такви.
    Секогаш било подеднакво болно.
    Збогување.
    Го поистоветувам со болка.
    Чао и догледање.
    Исти а толку различни.
    Стојам. седам. Лежам.
    Во секоја позиција боли.
    А зошто боли ...
    Па само се збогувавме.
    Збогување.
    Не ни е прво.
    Можеби ниту последно.
    А предизвикува доза на омраза.
    И на тапа болка во градите.
    Постојано.
    Срцето се буни.
    Разумот е среќен.
    Телото омалаксано.
    Јас, растргната меѓу се.
    Не знам кај сум.
    Не знам што сум.
    Знам дека сум сама.
    Знам дека се збогувавме.
    Лоша работа е тоа.
    Да, тоа.
    Збогувањето ...
     
    На innablood и marama им се допаѓа ова.
  15. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Тема на неделата : Збогување

    Пак на прагот мој ?
    Не треба да се враќаш кај мене
    Едноставно животот не оди така
    Јас не сум веќе тоа што мислиш
    Ти не си тој што го знам
    Иако си тој што го сакам
    Јас не сум таа што ти ја сакаш

    Друга жена се буди покрај тебе
    Ајде сега оди си, пред да стане доцна
    За вас
    Како што беше со нас ...
    Доста ...
    Те молам прекини со тие глупости
    Дека животот е еден
    Оди живеј го ако е еден
    Јас не сум веќе тоа што мислиш
    Ти не си тој што го знам
    Иако си тој што го сакам
    Јас не сум таа што ти ја сакаш.
    Збогум ...
     
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Збогување

    Јас го запомнив тоа утро, студената рака што низ магла сече. И двајцата ги помниме жарта и огнените зборови.
    А ти, заборави по кој пат трргнавме и се засолна повторно зад мојата упорност.
    Сега и двајцата живееме во делумно нов свет и знам, нема да има збогување.
    Не сме доволно храбри за тој чекор!
     
    На mims-89, marama и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Тема на неделата : Збогување

    Збогување.
    Тешко е... Тешко е да се збогуваш со некој кој е дел од тебе, од твоето срце, од твојот свет. Во тие моменти дел од тебе умира.
    Тешко е кога знаеш дека веќе нема да го видиш, сакаш да викнеш по него а немаш глас, сакаш да одиш по него а немаш сила.
    Таков е животот, може се да ни донесе. Солзите продолжуваат да течат, сеќавањата не избледуваат, и никогаш нема да избледат.
    Најтешко е да се каже збогум, после тоа веќе ништо не е исто.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Тема на неделата : Збогување

    Збогување

    Беше еднаш одамна, веќе не се ни сеќавам кое време беше, дали пролет или есен, дали лето или зима. На времето не се сеќавам, ама настанот... Е тој настан е длабоко врежан во мојата меморија...

    Се сеќавам како да беше вчера кога до нашата куќа се паркираше убава црвена кола. Од неа прво излезе високо русокосо момче, со јадри кафени очи, беше онака smarthly dressed и брзо брзо отиде до спротивната врата. Од неа излезе убава девојка, со долга кафена коса и зелени очи. И двајцата беа насмеани, срцата им играа, беа толку среќни. Ме погледнаа и весело ме поздравија, додека стоев на терасата и љубопитно гледав. Очигледно тие ја беа купиле куќата одспротива, која толку долго се продаваше. Девојката на прв поглед ми изгледаше дружељубива и се радував што конечно ќе имам со кој да си го поминам слободното време. Се надевав на кафе муабети, прошетки низ паркот, шопинзи и што уште не..

    Така и беше. Девојката уште наредниот ден ме повика на кафе, додека нејзиното момче Николај беше на работа. Таа имаше толку убаво име, Катарина, кое навистина и прилегаше. Додека човек ја гледа така мисли дека и цветаат рози во животот, но навистина не беше така. Полека, полека почнав да ја дознавам горката вистина. Таа и нејзиното момче Николај по потекло од Русија, побегнале дури овде, само за да бидат заедно, само за да се љубат без страв. Овде знаеја дека се сами и дека никој, никогаш нема да може да ги раздели...

    Но за жал грешеа. Еден ден додека седев на терасата и по обичај го пиев попладневното кафе, го здогледав Николај, како се враќа со наведната глава. Не ме забележа, ниту ме поздрави, обично секој ден го правеше тоа. Чудно - си помислив - што ли му се случило? Две минути подоцна во тивката улица слушнав женски глас. Низ солзи довикуваше: Немој не оди си, не оставај ме, те сакам! А оттаму некој велеше: Не грижи се Ката ќе биде подобро, ќе најдеш некој кој те заслужува, некој подобар од мене. И одеднаш слушнав силно пискање: Немооојјј! Николај не одииииии! Неможам без тебе! Те сакам! Тогаш се отвори вратата и Николај излезе со торба во рацете. Набрзина ја фрли торбата, отиде до Катарина која се давеше во своите солзи, ја бакна во челото и изусти само едно тивко: Збогум. Се качи во колата и замина засекогаш. Катарина уништена седеше едно време така на земјата, со наведната глава, тивко плачејќи. Јас сеуште запрепастена од сцената што ја видов, станав сакајќи да отидам до кај неа, да и помогнам. Но, кога ме виде таа влезе во куќата и се заклучи..

    Следното утро дознав дека Катарина ги собрала торбите и во текот на ноќта заминала. За мене оставила само едно писмо:
    Драга моја,
    јас не бев достојна да живеам овде. Ова со Николај беше премногу добро за да биде реално, нашата љубов беше премногу добра. Сега сфаќам дека не го заслужувам овој живот, дека не те заслужувам тебе, дека никој не заслужувам. Затоа си заминувам. Одам за Романија, можеби таму ќе најдам подобар живот. Знај само дека ти беше единственото реално нешто во мојот живот и дека никогаш нема да те заборавам.
    Со љубов,
    твојата Ката.

    Оттогаш повеќе не слушнав ништо за неа. Ја барав насекаде, но никаде не ја најдов. Незнам што се случи со неа и никогаш нема да дознаам. Но секое попладне додека го пијам моето вкусно кафе и погледнувам накај виолетовата куќа се присетувам на она тивко збогум, што ја уништи мојата добра пријателка.

    Затоа јас никогаш не велам збогум, туку до следното видување!

    Се надевам дека ви се допадна.

    Искрено,
    од надежната писателка :)
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    Тема на неделата : Збогување

    збогување
    Беше пролет и кога ќе ми текне ми навираат солзи. Јас така мало и невино девојче потпрена на прозор и чекам, чекам, те чекам тебе............ Помина и времето во кое секогаш беше дома, кога и покрај се ја добивав твојата прегратка за добро дојде. Но тој пролетен ден тој проклет пролетен ден не се врати.Колку и да чекав тебе те немаше......... Како ли можеше да отидеш а да не кажеш ЗБОГУМ. Да ме гушнеше за последен пат и да ми кажеш те сакам мало мое. Од тој ден не го здогледав твојот лик незнам како изгледаш ни што правиш само знам дека ми фали твоето збогум и причината зошто замина.Како твое дете имав право на збогум иако збогувањето е тешко животот без причина е уште потежок. ЗБОГУМ ЗАСЕКОГАШ А САМО ВЕЌЕ ИЗБЛЕДЕНИТЕ СЛИКИ ЌЕ СВЕДОЧАТ ДЕКА НЕКОГАШ СИ ПОМИНАЛА НИЗ МОЈОТ ЖИВОТ.
     
    На viki44e и kate21 им се допаѓа ова.
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Тема на неделата : Збогување

    Збогување.

    Тивка ноќ. Темна. Сенки. Ти и јас. Стоеме. Беше навистина тешко, болно. Но, тоа беше реалноста. Суровата реалност. Моравме да си кажеме „Збогум“ . Единствено моравме. Можеби не сакавме, ами моравме. Ние сме двајца млади, изгубени барајќи го патот кон успехот, среќата. Но, колку и да газиме кон нашиот пат, ние газиме кон сосем различни патишта. Нашите патишта не се вклопуваат. Како две паралелни прави, никогаш невклопливи. Тоа сме јас и ти. Двајца различни млади. Ни беше потребно време за да го сватиме тоа, многу време. За тоа време направивме многу грешки, но еве, сега го исправаме тој грев. Ноќта кога си кажавме „Збогум“ звучеше навистина нереално. Но, сепак беше навистина реално. Копнежите, желбите стивнаа. Затоа што, јас го продолжувам мојот пат во сосем друга насока. Непозната за тебе. ,Збогум, ти реков. Епа, толку. Заврши. Заврши сето тоа кое го преживеавме. Тотално заврши.
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.