Тема на неделата : Збогување Си одиш а јас гледам како со секој здив се оддалечуваш од мене. Ги зеде со себе мојата љубов, надежта и вербата дека повторно ќе бидам среќна. Ме остави сама да се борам со секоја следна препрека во животот. Касно е веќе за се!!! Лутам сум!!! Бесна сум и гневна на се! Лута сум што ќе немам утре кому да се јавам, што ќе немам утре со кого да се скарам и да се смирам! Ќе немам со кога да се напијам кафе и со мерак да испушам едно цигарче! Дали знаеш дека сега го допрев дното? Сега не знаеш ништо... Сега си пак на почетокот. Да. Баш онаму уште пред да дојдеш тука. Сега сум бескрајно сама и глува и нема. Сега сум сама сенка во ноќта, степски волк, скитник... Знаеш, ова беше премногу. Ова ми беше нож во грб. Колку сум лута и на тебе и на себе! Лута сум на тебе што така брзо си замина а на себе што сега тебе ти ја префрлам вината, што сум толку себична! Колку те сакам душо... Ќе ми останеш засекогаш така млад и убав, а јас сама ќе стареам и ќе го чекам моментот пак да те видам. Збогум
Тема на неделата : Збогување Те запознав сосема случајно,се сретнавме сосема неиспланирано,се одалечувавме сосема незабележливо...Се сеќаваш на лудите ноќи поминатии заедно,во приидружба на летниот ветрец,сјајното сонцето,кога лежевме на тревата ги гледавме ѕвездите и месечината,која како да се смееше со нас.Се сеќаваш или се остана бледа копија на минатото ?! Беше мој,само мој,а каде си сега ? - Одалечен од мене! И покрај се,се трудев! Зошто сега сите мои пропусти и грешки ѓи враќаш? ЗОШТО ?!?! Очигледно,го знам одговорот но несакам да го прифатам. Зошто ? - Зашто не сакам! Знам дека би можеле да успееме,но ти не се трудиш веќе...Дали згаснаа жарчето,дали остана некоја искра скриена во тебе за мене,незнам! Само знам дека постепено полека се одалечуваме еден од друг,полека се избледева,полека се губи надежта што ја имав,полека те губам....Заминуваш
Тема на неделата : Збогување Да имав само прилика да ти ги шепнам овие 6 букви низ солзи, да не ме прогонуваат цел живот. Најболни се збогувањата кои никогаш не се изустени ниту објаснети. Такво беше и твоето. Десет години поминати во исчекување на твојот повик за роденден, Нова Година, матура... Се сеќаваш кога на лето ме носеше на ќебапчиња? Ти јадеше 15, а јас малечко,едвај 5. Мирисот од ќебапчилницата сеуште ме потсеќа на тебе. Не те презирам, не сакам, а би требало. Бар да можев да ти кажам збогум.
Тема на неделата : Збогување Зошто „Збогум“ ?! Бидејќи навистина, Овој пат, Го претера! Утрешниот ден нека ти ги просветли Мозочните ќелии, ако воопшто ги имаш!
Тема на неделата : Збогување Уште иста тема? Мислам дека е време да се смени!! (Се извинувам за оффтопик)
Тема на неделата : Сенки Сенки Морници низ моето тело, кожата ми се ежи, мракот владее во мојата куќа...куќа која остана полупразна. Едно огромно семејство се распадна поради една грешка. Грешка на една жена. Грешна жена. Таа си замина, а зад себе остави само прашина, пепел и чад. Опустоши едно семејство. Семејство кое изгледаше неуништливо. Сега таа замина, ја нема во нашите животи. Ја нема! Можеби за добро, можеби за лошо. Но, каква корист, какво добро имаме од нејзиното заминување? Таа замина: испразни едно место во куќата, место кое никоја друга нема да го пополни. Таа ги повика сите несреќи. Двата столба на нашето гнездо се рушија, паднаа засекогаш. Се сторија прав и пепел кои лежат две метра под земја. Полека сите не напуштија. Еден по еден се оддалечуваа засекогаш од нас. Ластовичките од нашето гнездо изгледа летнаа засекогаш...отидоа на југ за да не се вратат. Остнаа само оние, најмалку храбрите. Оние чии крила беа најкревки и не се осудија да летнат. Сега сме двајца, сами во семејното гнездо. Сами со сенките на оние кои грешната жена ги уништи. Секој ден оживува нивниот спомен од клунот на ластовичките кои останаа. Секој ден ја пееме песната на оние кои не напуштија засекогаш. Секој ден нивните сенки шетаат по нашите мисли, не им дозволуваме навистина да умрат. Но, зошто? Зошто се уште така проклето се сеќаваме на нив и си нанесуваме болка? Зошто моја ластовичке? Зошто мое семејство? Сега сме ние двајцата, препуштени на судбината. На судбината која една жена ни ја одреди. Чија грешка ни го распадна семејното гнездо. А ние се уште ја споменуваме и дозволуваме и нејзната сенка да шета на оние места кои се предодредени за некои кои навистина ги заслужуваат! За сенките на нашите ластовички.
Тема на неделата : Сенки Беше убав ден... Прекрасен всушност, слушнав дека си се опоравила ти било подобро „Набргу ќе дојде дома“ -ми рекоа,но не не беше така... После неколку часови во момент кога никој не очекуваше телефонот заѕвоне, не очекував да се тие, се надевав дека нема да бидат тие... Но беа се јавија и ми кажаа дека ти почина... Се скаманв, неколку дена не правев ништо ниту плачев, ниту зборував не сакав да заплачам знаев дека тоа ти не би го сакала, знаев дека би сакала да бидам силна. Помина некое време се чувствуваше твоето отсуство веќе ништо не беше исто. Порано ми пречеше твоите реченици кои се повторуваа и повторуваа во текот на денот да се облечам повеќе, да се одморам... Сега тоа ми недостига би дала се тоа да се врати... Поминаа неколку дена,месеци,година,две години,а јас не заборавив,нема да заборавам... Постојано гледам сенки, како да ги гледам твоите сенки ми недостигаш. Секој момент, ми недостига твојата вистинска сенка сега гледам само некои нереални сенки, некои шумови кои знам дека не се вистински... А пред толку време не би помислила дека некогаш ова ќе го чувствувам,дека ова ќе го пишувам. Беше борец се излечи толку многу пати,а сега... Сега кога се тргна на подобро почина... Ми недостигаш... Сега останав сама со твоите сенки... Сега сама се чувствувам заробено во сенки од спомени,од тага,од болка, од среќа... Сега тоа ми остана само спомени... На мојата покојна баба, вечно ќе ми недостигаш...
Тема на неделата : Сенки Линијата меѓу светлината и мракот го стега срцево во обрач студен како камен..Црн како ноќта во која полетав на крилјата на љубовта и заборавот.Ме прогонува чудна слика од дамнешно време заради која чувствував неспокој,чувствував немир кој ја гребеше мојата душа..Преку овој голем прозор месечината осветлува едно мрачно лице..Лице на кое се рони солза..И како од бунар го довикува плачот на својата перница.Сенката го задушила ѕидот и не му оставила ни малку простор за да дише.Таа сенка ми го мати погледот,ме носи до облаците и ме фрла на земјата.Изморена сум од тој пад..Ме боли душата.Ми се врти во главата.Не гледам ништо пред мене.Темнината шепоти на моето уво.Ми вели преку гласот на тишината ме пронашол заборавот..Тонам некаде..А никој не ми подава рака..Немам воздух..А таа сенка упорно ме гледа..Се смее..И токму таа насмевка не ме остави да паднам во бездната..
Тема на неделата : Сенки Чад од цигара и горчливо кафе. Бура од чувства. Некои луѓе се најприсутни кога ги нема. Таков си. Ме прогонуваш во моментите на среќа, како јаболко на раздорот. После тебе, само бледи чувства, не докажани зборови, празни муабети... Денес каде сме, како сме, зошто сме... Напразни копнежи. Само пепел остави. Внатрешен немир. А твојата сенка, се поприсутна.
Тема на неделата : Сенки Не ги обожував сенките посебно оние ноќните кои со своите чудни облици ми беа често поттик на морници и немир дури не го пронајдев нивниот извор или господар. И не ми се ни допаѓал никогаш синонимот на верен како сенка ми звучи и премногу извитоперено за да би ми било пријатно,иако отсуството на сенката па е уште поморничаво,но тоа е веќе друга приказна во која не би сакала да бидам лик. Но,тој им даде безбеден облик со своите дланки формираше птица во лет или крокодил и уште многу други форми од сенките и ја будеше искрената насмевка на моето лице и внатрешната насмевка на мојата душа. Тој го обои сивилото на животот во целата палета на виножитото. Но,тој манипулаторот со облиците на сенките не излезе верен како сенките кои верно го оцртуваа обликот кој тој ќе го посакаше на ѕидот од нашата идила од триесетина квадрати,која за мене беше цел еден свет,па и цела галаксија.Еден ден го спакува својот скромен инвентар и скоро бесшумно си замина додека јас глумев дека уште спијам,знаејќи дека дошло времето кога патот го повикуваше да ја втисне својата сенка по неговата асфалтна структура дури заминува,а јас неминовно бев дел од тоа што ќе биде оставено назад. Сега и двајцата сме само сенки од минатото кои понекогаш ќе заталкаат низ спомените.
Тема на неделата : Сенки Еден сончев ден седам на клупата и со насолзени очи ја гледам сопствената сенка слушајќи ја вревата околу мене .. Седам и размислувам, ги гледам заљубените парови околу мене на соседната клупа и понекој пар загушено што си шета низ паркот... Гледам во мојата сенка и гледам дека нешто и недостасува, спомените ми се враќаат, можеби тоа што и недостасува си Ти, сфаќам дека ме фаќа носталгија за уште една сенка која некогаш на истата клупа и правеше друштво на другата сенка . Ми се причинува или здогледав сенка до мојата ? - Тоа било само сенка од дрвото што си игра со гранките и сфаќам дека дрвото никогаш не е само, секогаш е во придружба на своите гранки и лисја што прават извонредна сенка Иако ми фали твојата сенка, нема да дозволам насекаде да ме прати, иако посакував повторно на таа иста клупа, мојата сенка да има сенка залепена до неа како некогаш . Мојата сенка покрај тоа што беше сама, никогаш не ја изгуби надежта дека и кога најмалку ќе се надева ќе се сретне со другата сенка и ќе се спојат во една. Баш вака
Тема на неделата : Сенки Сенки Мириса на изговорени зборови, чекори по неа тој мирис, се претвара во нејзина сенка. Сенка со вкус на тежина и далечно минато со уште подалечни слатки спомени. Таа стои а сенката тивко ја заобиколува. Не се обидува да и избега убаво и мириса,мирисот на нејзината сенка ја потсетува дека токму таа сенка чекореше до неговата. Мириса на нивните сенки во далечината на спомените.
Тема на неделата : Сенки Сенки Воздухот трепери, нешто се бранува во темнината што е останата исто како вакум. Крцнува едно, пукнува друго. Очите ги стискам сакам да видам, да забележам. Можеби во моментов смртта ми се смее в лице, или пак самиот живот. Издишувам, со зрно останато надеш дека некогаш јас ќе ја совладам оваа темнина заробена во моите очи. Често ми велат дека имам мило лице, светли очи, и невина насмевка. Ме облекуваат во бојата на сонцето барем така ми велат, и сега тука можеби на прагот од мојата смрт повторно се сеќавам на зборовите на мама како изгледа сонцето, како изгледа снегулката, исушениот лист паднат долу. Сето тоа може да се замисли, нели, иако никогаш ги немам видено, но те молам објасни ми ја бојата на сонцето. Ослободете ме од овој темен свет на сенки.
Тема на неделата : Сенки Во недостижната тишина сенки ме прогонуваат, ме оковуваат и безнадежно тонам обидувајќи се да испливам кога другите ме нурнуваат подлабоко. Не успеав... остана само траг на една искра живот, можеби доволна да ме додржи но не доволна да ме задржи. Се гушам се подлабоко патувам се гушам обидувајќи се да испливам, но тонам тонам во сенките на едно минато.
Тема на неделата : Сенки Сенки... Споени или раздвоени, заљубени или осамени. Една или повеќе. Немирни, палави, растрчани, тивки, мирни, повлечени. Кога Сонцето заоѓа, во далечината се сокрива. Играта на сенките тогаш започнува!
Тема на неделата : Сенки Вчера имав бурна ноќ. Сабајле ѕвончето непрекинато ѕвонеше, ми одзвонуваше во ушите, ме болеше главата, се покрив со перницата преку глава. Кој ли е, кој ме вознемирува? Неможам да станам, сеуште ми се врти. Мамурлакот ме владее. Едвај собрав сили да станам, незнам ни самата како се довлечкав до вратата. Одразот во огледалото беше страшен.. како ли да ја отворам вратата ваква полугола и никаква. Ѕирнав прво да видам кој е. Се израдував. Тоа е поштарот. Конечно ми стигнаа сенките што ги нарачав од странција.
Тема на неделата : Сенки Сенки. Далечни сеќавања од минатото кои не даваат мир, се протнуваат полека низ сегашноста како капка од мразулец која те капнува и ти прави морници на телото. Да, сенки. Чудовишта кои идат за да те потсетат дека имаш некоја недовршена работа- нејасни ликови со страшни заби кои ти го земаат сонот, ти ја уништуваат магијата на ноќта. Ох, вие луѓе, добри вили, ангели- кажете ми како да ги избркам? Кажете ми како да си го вратам сонот, да спијам? Сакам мир, сакам спокој, избркајте ги сенките. Избркајте ги сенките избркајте ги духовите зли- нејќам сенки, нејќам сеништа. Сакам мирни сништа.
Тема на неделата : Сенки Сенки....што е онаа чудестното во нив? Она што ги прави неспоредливи и незаменливи?...некако ми поседуваат некаква енергија, енергија која полека ги обединува сите, не обединува Нас, сите заедно не ниже со црвен конец, не прободува на краевите отварајќи ни мали но доволно длабоки, и бескрајно неизбришливи дупки, и така нанижани на црвениот конец лебдиме по оваа наша топка, како скитници однесени во времето борејќи се за капка подобар живот. И како сите да наликуваат едни на други, како зрно со зрно песок, а од друга страна пак сепак многу мнооогу различни за секој индивудуалец кој ги гледа работите на поразличен начин од останатите, низ својата призма.Некој ќе рече дека делуваат многу конфузно...Конфузни се Да, ама многу јасно разбирливи за секој, Само за момент ако добро се загледаш во некоја од нив и пробаш да ја прочиташ нејзината навидум јасна а сепак далеку мистериозна порака..е тогаш - тогаш ќе те прошетаат низ хоризонтите на светот ќе те одеведат до дното и назад, во рок од 3 минути ќе го спознаеш светот во најблескавото и најмрачнотот светло па ќе се подразмислиш дали е подобро да си на овој или на оној свет.. Забегав малку
Тема на неделата : Сенки Поминувам покрај нив, не ме забележуваат. Поминувам покрај себеси, ни јас не се забележувам. Огледалото ми дава искривена слика, освен кога е замаглено по капење. А гласот, тој ми е нападен и нервозен, ко небаре надминувам 20 000 херци, треба да ме чујат до Скопје! И на крај сфаќам, па тоа јас сум се претворила во лоша сенка, зла и негативна! Побогу, зошто мора секој месец?! Спојлер Јас насред циклус Морав, немав друга инспирација