Тема на неделата : Сенки Извинете на оф топикот,но зарем не е време да се смени? Веќе со недели, ако не и месец е истава тема.
Тема на неделата : Сенки Нека врне, нека пече сонцето, нека коси бура, нека се топиме од топлина, тоа воопшто не пречи. И во најнамуртен ден, и во денови во кои мислиш дека си на работ на топлотен удар, некоја мала радост може да завладее со човека и да му ја размрда среќата. На што ли мисли тогаш? На амплитудите на неговата насмевка, на новите брчки околу устата, на убавината на животот или на ретките такви моменти? Или пак на убавината на небото со сите свои темни нијанси, на собирот на облаците или на сончевите зраци... Другпат пак, дури ни најнеобичните случувања не се во состојба да ја размрдаат неговата внатрешност и да ја одвлечат од тмурното и бедно расположение. Сред свадба на најдобар пријател можеш да останеш индиферентен, стабилен, имун на општото расположение. Насмевка не може да ти навлече ни огромното задоволство за личната или туѓата среќа. Затоа што сенките на сопствената душа се човековиот извор на радост и тага.
Тема на неделата : Приказна за момчето со балон полн желби Лилит, јас би сакала да читнам нешто баш твое на твојава тема покрај најавите на новите наслови за темата на неделата и се извинувам на сите за оф-топик.
Тема на неделата : Момчето со балон полн желби Имаш време. Имаш цел. Ме имаш мене. Немаш амбиција. Немаш воља. Се немаш себе. Си се изгубил во врутокот на минатото, на нешто завршено, нешто не продуктивно. Погледни ме, верувај ти си вистинскиот сопственик на твоите желби, ти си тој кој може да го направи пресвртот од овој пат пред да заврши на крајот од слепата уличка. Полетај, излези од својата зона на комфортот, земи ги своите желби, стави ги во балон и полетај. Не биди повеќе пион кој се движи по веќе добро познатата рутина. Пробај, промени, продолжи. Биди моето момче со балон полн желби.
Тема на неделата : Момчето со балон полн желби Момчето со балон полн желби. Се влече по прагот со искината облека и срце гладно за љубов... Му се смеат,го навредуваат,а тој како да не слуша како да престанал да слуша кога надежта дека некој ќе му подаде рака,ќе го праша дали му треба помош полека почна да умира. Нема ни мал дел од она што некои други го имаат,но ни тие другите немаат ни мал дел од онаа посебност кој тој ја има,неговото добро и нежно срце,неговата чесна и изморена душа. Животот му удрил доста шлаканици,му ги искорнал сите надежи за нешто подобро. Но сепак се бори како мал камен насред голем океан влечејќи го со брановите,но не се откажува не сеуште... Го видов седеше на ладен бетон,но сепак тагата му го направи срцето уште поладно. -Кој си ти? - го прашав гледејќи со трепет и возбуда во неговите прекрасни зелени очи полни со тага,но и мала,но сепак значајна трошка надеж. Ми одговори со последните сили ми рече: -Јас сум момчето со балон полн желби... Го кажа тоа стана и ме погледна директно в очи, јас не сфатив,но тој гледаше како да видел нешто. Не разбирав,но не сакав да се тргнам,не сакав да го растажам. Се насмевна и уште еднаш со тивок глас рече: -Јас сум момчето... Со балон полн желби...
Тема на неделата : Момчето со балон полн желби Дали сите под зборот „богатство“ подразбираат само пари? Дали се е во парите? Дали среќета може да се купи? Овие прашања постојано се моткаа по умот на Мартин. Беше момче на околу 22 години, убав, згоден, потекнуваше од богато семејство. Имаше се што некој може само да сонува: пари, брзи коли, најнови модели на телефони, најскапи маркирани парчиња облека. За него не постоеше забранет влез во најелитните клубови во градот, тој напросто лудуваше без да мисли. Имаше убава девојка која сите негови другари потајно ја посакуваа, заврши на најдобриот факултет, работното место веднаш му беше обезбедено, земаше вртоглаво голема плата... Но, како годините изминуваа тој сфаќаше колку неговиот живот е празен. Сфаќаше дека постојат работи кои не може да ги купи. Сфаќаше дека неговото срце е празно иако џебот му е полн. Сфати дека живее безвреден живот. Дека всушност тој ништо не постигнал сам, туку сите негови достигнувања се заслуга на парите од неговите родители. Стануваше желен за среќа, за радост, за љубов. Сфати дека неговата девојка ги сака неговите пари, а не него. Тој немаше љубов во животот, а со тоа немаше ни среќа. Едно утро кога се разбуди и ја виде неа, целосно гола како спие покрај него, сфати: таа не го исполнува. Погледнуваше во неговиот веренички прстен, па во нејзиниот, па во неа...а потоа си погледна во очи. И го виде тажниот несреќен Мартин, кој прави како што му налагаат. Ја остави неа да спие, а тој отиде во собата на неговите родители. Беше прилично рано, па тие се уште не беа станати. Ги пробуди и им кажа дека одлучил да ја раскине веридбата. А тоа беше неприфатливо за нив: пропаѓаа многу работи, бизниси, пари... Или венчаква со неа или тие се откажуваат од него-тоа беше нивниот услов. Го притискаа: тој нив ги сакаше, но сакаше поинаков живот. Долго размислуваше, но знаејки дека цел живот живееше под нивна заштита, се плашеше дека нема да успее сам, не плашеше да се соочи со живот во кој неговото презиме малку важи. Тој не беше подготвен за такво нешто. Не можеше да се соочи сам со животот. Остана да живее како момче со балон полн желби и со надеж дека еден ден тој балон ќе пукне и сите желби ќе се остварат!
Тема на неделата : Момчето со балон полн желби Невините детски очи упорно гледаат во мене. Кријат копнеж и исчекување, молба и немир кој трае и трае... Двете мали огледалца-одразот на детската душа отсликуваат безброј неостварени сништа, безброј радости,мигови кои таа допрва треба да ги доживее. Секоја желба е еден нереализиран свет која за детето многу значи. Доволен е еден збор од родителската уста да стане реалност или негова негација за да се распрсне како меур од сапуница.Зависи од нас, родителите. Така и сега погледот разбрануван од неа се смирува врз големиот син балон. Рацете на моето синче се во упорна потрага по него, да можат да го допрат и да ја осетат среќата од остварената желба. Еве ти го сине балонот кој сега е твој. Почувствувај ја радоста низ играта, затоа што ти си моето момче со балон полн желби. П.С. Посветено на моето синче.
Тема на неделата : Момчето со балон полн желби Беше доцна есен. Седеше сам во темнината , на клупата каде што имаше толку спомени . Беше глуво доба на ноќта, кога само по некоја кола поминуваше и оставаше прашина зад себе . Момчето како да беше во исчекување, чекаше некого. Во рацете држеше пет балона кои бледо се гледаа во темнината.Лисјата беа на сите страни пожолтени и суви, како да го набљудуваа момчето . Му тежеше на срцето и сакаше да и се извини на девојката за синоќешната вечер која ја помина пијан со другарите. Чуствуваше грижа на совест дека ја остави сама да си оди дома . И се јавуваше кога по долги убедувања реши да излезе со него, а можеби и да му прости . Одеднаш слушна чекори зад него и се сврти . Тоа беше таа облечена во кратко фустанче и висока потпетица.Косата и беше извиткана и лесно и пажаше на рамената . Без да каже збор се приближи до него и го бакна . Толку го сакаше што беше слепа за неговите постапки и тој неа. Ни самиот незнаеше зошто изреагира така претхохдната вечер, знаеше дека таа е девојката што го исполнува и прави среќен Желбите му беа таа да остани секогаш покрај неа и да се вразуми . Ги пукна балоните за желбите да се остварат па заминаа некаде заедно .
Тема на неделата : Момчето со балон полн желби Момчето со балон полн желби. Инспиративно, нели? И ти така додека си седиш во твојата мека и удобна фотелја, пред твојот модерно опремен компјутер внимателно го читаш текстов. Да. Тебе. Тебе ти се обраќам. Ти што заборави како беше да се биде дете. Ти што заборави каков е животот надвор од виртуелниот свет. Да, токму тебе ти е наменет овој текст. Приказнава не е ништо повеќе од една обична приказна. Не започнува никако пообично од некоја друга приказна, па затоа ќе ја почнам на стариот добро познат начин: " Си беше, еднаш, многу одамна.. едно момче..Момче ли беше? Или девојче? Сеедно. Детето имаше очи кои длабоко во себе го носеа целиот свет, ништо повеќе. Неговото име беше непознато. Детето имаше усни кои ги носеа сите измислени и неизмислени добри мисли од целиот свет, ништо повеќе. Неговото име беше непознато. Детето имаше раце кои го прегрнуваа целиот свет, ништо повеќе. Неговото име беше непознато. Детето имаше желби, желбите на целиот свет, ништо повеќе. И да, неговото име беше непознато. Тоа дете, чие име беше непознато, вредеше колку целиот свет, ништо повеќе. И кога реши целата љубов од своето мало, четиридимензионално срце да му ја подари на цел свет тој зема балон. Невиното суштество незнаеше ништо повеќе за среќа од убавината на балонот и неговото нежно, грациозно летање. И го надува. Дувајќи ги замисли сите замислени и незамислени желби во целиот свет и ништо повеќе. Го пушти да лета далеку, да стигне до сите срца и сите очи на светов да ги соберат сите желби додека не се докрајчи. Но, балонот е сеуште надуван. Се чудите зошто. Има уште една желба. Една желба која уште еден човек ја нема земено. А балонот така осамено си лета низ небото, не ти е жал? Се прашуваш што те споменувам тебе во приказнава? ТИ си тој што треба да ја земе желбата. И не, нема да ја видиш преку прозорецот. Излези надвор, забавувај се, еден ден среќата ќе ти се насмевне и ќе ја видиш твојата желба. Јас ја најдов мојата. Таа всушност беше мисија. Си зададов цел и ја остварив. Се прашуваш што беше? Пст, ќе ти ја кажам, но не кажувај ја никому. Јас сум детето. Јас сум тој што те повикува да ја земеш желбата која остана последна. Еве, ќе ти откријам дека последната желба е мисија. Којзнае што те чека. На тебе останува да откриеш.
Тема на неделата : Момчето со балон полн желби Старецот седеше на брегот на реката и полека ги испушташе балоните еден по еден во воздухот, ги имаше во сите бои и големини и синилото на доцното августовско попладне доби разиграна шареноликост. Момченцето со крупни очи со боја на лешник се приближи и го праша старецот- -Зошто ги испушташ балоните? -Кога бев нешто поголем од тебе продавав балони, на секое дете кое ќе ги купеше му велев да си замисли желба и да го пушти балонот во воздухот со отворено срце дека неговата желба ќе се исполни. Минуваа години, се менуваа децата, сјајот во нивните очи кога заминуваа со балонот како со моќен трофеј беше истиот, само што јас никогаш не го пуштив мојот балон, немав доволно храброст да ги остварам своите желби, секогаш барав оправдувања за одлагањето, смислував секакви изговори најчесто дека има уште време. Времето ме прегази и сега е предоцна за било што за мене, но повели земи го овој последен балон и немој да ја повториш мојата грешка, верувај дека твоите желби ќе станат стварност и запомни вистинското време секогаш е СЕГА. Момчето замина со балонот и го имаше победничкиот сјај во крупните очи со боја на лешник додека старецот го испраќаше со поглед и насмевка на лицето.
Тема на неделата : Момчето со балон полн желби Животот е убав . Не ме заборајав . Памети ме како девојката која те сакаше . Те сака и кога ја удираш .... Те сака и кога плачеш ... И кога ме боли... Биди мој уште вечерва . Дај ми го телото во прегратка . Трагите од твоите мириси твоите солзи не ги бриши од мене . Тие ќе останат . Плачам како дете и не се срамам . Се срамам што не можам никогаш да сум насмеана . Што не ти давам колку што даваш . Што болката е голема , ме влече кон бездна . Неможам веќе . И додека изгрејсонцето го носи моето тело ти ќе бидеш моето момче со балон полн желби Те сакам
Тема на неделата : Момчето со балон полн желби Момчето со балон полн желби Желба. Се прашувате што всушност е тоа?! Ако одговорот го очекувате од мене, нема да го добиете. Одговорот на ова прашање можете да го добиете од она дете со тажен поглед во очите, она дете коешто се труди еднаш да се насмевне со очите, она дете низ чии што вени течат низа прашалници, низа прашања на кои нема одговор. Одговорот можете да го најдете во очите на детето кое во своето срце крие балон полн со желби. И тој балон постојано го чува скриен од другите, скриен во средината на срцето и не дозволува да излезе надвор, се плаши да не биде откриен. Така беше и со ова момче, кое всушност веќе не е момче, и со овој човек, кој всушност веќе не е човек, со овој старец кој всушност веќе не е старец туку е само обичен прав. И тој еднаш беше момче коешто имаше желби, искрени желби. Живееше во друго време, друга димензија, друга ера, но сепак имаше исти желби како повеќето денешни деца. Ако мислите дека тоа беа Iphone 4, најновиот компјутер, фото апарат, е тогаш се лажете. Тоа момче имаше длабоки желби, како што некогаш и вие имавте само не бевте свесни за тоа. И денес тоа момче сеуште живее, неговото срце сеуште чука помеѓу прашината на неговите коски, со последната неостварена желба. Се прашувате што е?! Верувајте и вам ви е добро позната. Желбата за подобро утре.. Искрено, надежната писателка.
Тема на неделата : Момчето со балон полн желби Девојки, мислам дека помина една недела, летна балонот полн желби - сакам друга тема
Тема на неделата : Тајната на една летна ноќ Ок мор,на ти! Тема за оваа недела(и ) ... Тајната на една летна ноќ.. ајде бујна фантазијо,бујрум! П.С.Ова треба да биде краток љубавен расказ,нешо ко викенд љубавен роман! Се шегувам!Мајке ми,пред да умрам морам да прочитам бар еден!По лп ќе ве молам со предлози и каде може да ги најдам!
Тема на неделата : Тајната на една летна ноќ Тајната на една летна ноќ .....Таа чекореше брзо. Тесната патека одѕвонуваше од нејзините штикли. Чиниш, не оди- туку лета. Со така лесен и заводлив чекор. Срцето и трепереше од возбуда и радост. Брзаше за да ги сретне тие црни очи, кои будеа сладок немир во нејзината душа. Со секој чекор и се зголемуваше нетрпението. Колку поблизу беше до договореното место- толку побрзи и стануваа чекорите. Конечно стигна, иако патот и се чинеше како цела вечност. Таму беше тој. Веќе ја очекуваше. Во ноќта неговите очи светеа како црни бисери. Толку убави- а толку моќни. Се пресретнаа и нивните усни и нивните тела, жедни и желни за страст во топлата летна ноќ. Тој ги вплете своите вајани раце во нејзината долга коса, а таа се чувствуваше беспомошно. Се предаде пред неговите бакнежи. Силната амазонка се претвори во ранлива срна која сака да биде заштитена и сакана. Друштво им правеа ѕвездениот свод и ветерот кој полека пиркаше. Во околината како да не постоеше никој освен нив. Две души полни со љубов, некаде далеку од сите. Далеку од сите немири и јадови, подготвени да доживеат уште една незаборавна вечер, полна со емоции и страст. Настана молк. Таа повторно гледаше во неговите очи. Повторно се давеше во тој длабок, темен океан. Никогаш не и беше доволно. Молчеа и двајцата, беа свесни дека погледите кажуваат повеќе од она кое би можеле зборовите. Во нејзините очи имаше бескраен сјај поттикнат од среќа и љубов, од радост и топлина. Во неговите очи се гледаше љубов и страст, моќ.........но, длабоко во нив постоеше тага, отсутност и болка. Зошто? Тој знаеше дека летните авантури имаат крај. Не и го призна тоа. Кога нешто знаат двајца, не е тајна. Затоа ја задржа за себе, ја задржа таа болна тајна на една летна ноќ, која продолжуваше да ја сее тагата во неговите црни очи од кои таа се опиваше.
Тема на неделата : Тајната на една летна ноќ Тајната на една летна ноќ Влезе во клубот не помислувајќи дека тој е таму и се упати кон шанкот. Одеше сигурно, самоуверено, нишајќи ги нејзините заводливи колкови скриени под лелеавиот бел фустан. Одеднаш некој ја допре- “Тамара, од каде ти овде? “ и рече со насмевка. Тамара се насмевна, и го гушна- беше среќна и изненадена што тој е тука, во нејзиниот град. Се сети на нивните заеднички дружења, на нивната успешна деловна соработка. Од секогаш знаеше дека ја гледа со други очи, ја гледа гладно, со желба, како што маж гледа жена која ја посакува- но секогаш успеваше да го држи на дистанца, не сакаше да му дава лажна надеж. Искрено не сакаше врски на далечина плус некако не беше нејзин тип- таа сакаше нешто погрубо, подиво- сакаше груби раце кои ќе ја приклештат во нив, но вечерва, вечерва се беше поинаку. Неговата нежност, неговите нежни дланки ја освоија до полудување, ја прегрна а таа задоволно се предаде не испуштајќи го. Се предадоа на мигот, не обзирајќи се наоколу, не мислејќи на луѓето, на капките вода кои ги прскаа од базенот во близина, на ништо. Тамара, толку си мила, толку си различна од другите. Сакам да те бакнам- и` рече доближувајќи ги усните кон неа. Тамара знаеше дека нема враќање назад, знаеше дека го посакува. Ги доближи нејзините полни усни кон неговите и нежно го бакна. Потоа ги отвори очите и го виде сјајот во неговите, го виде одразот на среќа и знаеше дека бакнежот нема да биде крајот на оваа ноќ. Ја сврте со грб кон него, не испуштајќи ја од раце. Нежно играа на звуците од музиката а тој ја бакнуваше по вратот. Наеднаш го почувствува неговиот тврд, набрекнат пенис и како струја да помина по нејзините вени, знаеше дека го посакува, знаеше дека сака да биде негова вечерва. Се сврте и го погледна заводнички- Да одиме одовде, му рече. Тој тоа и го чекаше. Тргна, не испуштајќи и ја раката. Влегоа во такси упатувајќи се кој нејзината куќа. Не можеа да ги контролираат чувствата кои беа пред ерупција, тој ја стави раката меѓу нејзините нозе, а таа трепереше и ја гризеше усната. Толку многу го посакуваше што чувствуваше болка. Излегоа а таа бакнувајќи го, го влечеше кон нејзината соба. Почна да ја соблекува бакнувајќи ја се погрубо. Тамара тоа и го сакаше. Ја турна на креветот грубо, а потоа се спушти кон нејзината внатрешност. Почна да ја бакнува отпрвин нежно, а потоа се побрзо, доведувајќи ја до точка на лудило. Дај ми го - му рече одеднаш. Сакам да го осетам, дај ми го веднаш. Тој се исправи а таа клекна пред него. Ги сменија улогите. Почна да си игра со неговите тестиси, , одвреме навреме погледнувајќи кон него со незините заводливи очи измачувајќи го. Тој не можеше да издржи веќе, сакаше да го стави неговиот пенис во неа. Ја фати за нејзината долга коса и одеднаш и го стави во устата не испуштајќи и ја косата. Таа се гушеше, ама уживаше во таа слатка болка. Набрзо почна да се празни по нејзините гради со блажена насмевка на лицето. Ја завлече кон бањата и го пушти тушот. Пак му беше тврд. Се бакнуваа, ја гушкаше и пак ја сврте и одеднаш и шепна- Одамна сонував за ова. Таа се тресеше од возбуда и само успеа да каже- Стави ми го мили, сакам да ме исполниш цела, земи ме. Почувствува како тој полека навлегува во неа, слатко чувство на задоволство ја облеа по телото. Капки вода паѓаа по нив, исто како пред некој час кога прв пат се бакнаа- но сега немаше луѓе околу нив, беа сами, беа едно. Тој продираше во неа играјќи си со нејзините гради. Тамара ги затвори очите, беше во бунило. Како сон и се менуваа сцените, тој во неа, таа го бакнува, тој ја гушка- се беше толку нестварно. ... Се раздени, а тие спиеја прегрнати. Одеднаш тој се разбуди. Мораше да замине во неговиот град. Ја бакна и ја затвори вратата, а тајната на таа летна ноќ остана во секое катче од нејзината куќа, да сведочи за нивната невозможна љубов.
Тема на неделата : Тајната на една летна ноќ Вечерва ќе ги маѓепсам сите. Вечерва сум полна со самодоверба. Највисоките потпетици и тесниот краток фустан на мене. Имам добро чувство. Другарките со мене и право на договореното место. Влегов во полно светло, погледи се вперија во мене. Ооо да, знаев дека и тој ќе биде таму. Стои сам на шанкот. Подиумот е мој, а тој ме пие со поглед. Обожавам да предизвикувам и да го измачувам одалеку. Ќе дојде знам иако несака никој да знае за нас. Ќе го имам пак вечерва, си реков. Се собраа волците околу мене, жалам јас сум само негова, ќе ве искористам за да го испровоцирам. Ме гледаш, добро се забавувам, гледаш во мојот поглед дека нешто гори дека те посакувам. Поминувам покрај него со секси поглед и насмевка. Ми го осети парфемот и јас неговиот. Не успеа да каже ништо, само нежно погали еден прамен од мојата коса. Исчезнав од дискотеката, неуморливо ме бараше, видов дека е нервозен. Планот успева. Порака на колата од мене. Те чекам на нашето место, знам дека ќе возиш брзо за да ме стигнеш. Дојде. Го чекав само со капка парфем на мене. Јас сум неговата тајна, а тој мојата. Повозбудливо е така. Совршена компатибилност во креветот.
Тема на неделата : Тајната на една летна ноќ Тоа попладне се запознаа сосема случајно...Дали и кој беше кривецот за тоа не знаеше нити еден од нив. Се разбираа со поглед, тоа беше повеќе од очигледно. Тој беше личност од која на прв поглед не се очекуваше многу, но беше преубав и со преубави црни очи, а таа, таа беше онаа за која сите сонуваа а на никој не му беше јаве. Ја покани да одат заедно на журката која беше планирана за таа ноќ и прифати. Беше 23 часот кога заѕвона ѕвончето во нејзиниот стан. -Обожавам точност! - рече со насмевка кога му ја отвори вратата. А тој остана скаменет и само се восхитиваше на нејзината убавина. Витката и висока става покриена со црниот трикотажен мини-фустан и косата која паѓаше слободно врз нејзиното прекрасно лице просто мамеа, заведува, полудуваа... - Да одиме, време е. - возбудено рече. Цела ноќ беа заедно и беа се решиле да го запалат подиумот и да играат се додека не огрее сонцето. Сите беа љубоморни на младичот со црните очи. Музиката беше во нивниот стил, двајцата имаа преубав став и никој не знаеше да игра како нив, беа во центарот на вниманието. Почнаа да се бакнуваат, адреналинот ја надминуваше својата највисока граница...Наеднаш ги снема и веќе никој не ги виде таа ноќ. Тоа што се случи покрај езерото и во него таа прекрасна јулска ноќ остана во тајност и никој друг не ја дозна...