1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбрана тема : Згаснат пламен

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lilit, 15 април 2011.

  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Тема на неделата : Тајната на една летна ноќ

    Тајната на една летна ноќ

    Знаеше дека е крај и дека се е кажано... Ах колку не сакаше да дојде тој ден. Но, тоа што мораше-се случи. Веќе нема враќање, нивните погледи бескаа, беше тоа месечината која се рефлектираше на нивните насолзени очи. Двајцата се држеа за рака, нежно и се чини долго. Онака без зборови, зборови кои и не беа потребни. Ја погали по лицето, ги допре нејзините усни, со прстите минуваше по нејзината коса а таа го слушаше како и шепоти дека секогаш ќе биде покрај неа без разлика на се. Солзи и се растекоа по лицето, се оттргна и почна да трча, плачеше но знаеше дека таа не е виновна. Беше подготвена да му прости затоа што знаеше дека и таа погреши. Но не и овој пат. Она што требаше да го направи беше завршено. Седна и почна да размислува, заклучи дека на ова мораше да стави крај одамна, толку пати и нанесе болка... Сеедно тој сега е многу далеку, единствено нешто во што беше сигурно е дека не ја залужува. Не повеќе. Тој ја одбра подобрата прилика а таа вистинската љубов. Се почуствува слободна, насмевка се појави на нејзиното лице и тогаш сфати дека насмевката а не солзите се вистинскиот симбол на љубовта. Една тајна средба беше доволна за тоа. Утре ќе го види него, и ќе му ја каже тајната која денес му ја премолча.
    Тајната за една скришна но вистинска љубов, тајната на една летна ноќ каде поважни беа чуствата отколку дилемите дали се прави грев или не. Посакуваше да го види и да го прегрне, да му каже дека тој и ја покажа вистинската среќа и ја научи како да му се радува на животот, да му каже какава глупост ќе направеше да не беше тој и секако да му ја открие тајната која наскоро и нема да е тајна без разлика дали му се допаѓало тоа некому или не.
    Насмевката некако и стана поведра-сигурно затоа што со дланките нежно го допираше стомакот.
     
    На FBI и MonnaSi им се допаѓа ова.
  2. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Тема на неделата : Тајната на една летна ноќ

    Тајната на една летна ноќ

    Таа беше една. Го зачекори првиот самостоен чекор на долгиот пат наречен живот. Мирна, тивка, искрена и најмногу од се чувствителна. Нежна како роса. Тој, неодолив шармер роден под среќна ѕвезда. Сосем случајно, во тој жежок ден, нивните погледи се споија. Таа се изгуби во неодоливото зеленило на неговите очи. Тој имаше посебна моќ - шармот. Со својата насмевка, со неговите слатки зборови кои како мед течеа од неговите меки усни, успеа да допре до нејзиното срце. Тоа беше нејзината прва, прва искрена љубов. Ноќ е. Полна месечина. Се сретнаа на местото каде првпат се роди љубовта, каде брановите полека го клацкаа малото чамче на брегот од езерото. Седнаа. Месечината испраќаше светлина која мило ги галеше двете заљубени души. Тој со својот слаткоречив речник ја креваше нејзината љубов во облаци. Срцето и трепереше, дланките се топлеа една во друга. Од оваа ноќ започна се. Таа не беше веќе при себе. Му веруваше нему, само нему. Поминаа денови, долги денови. Кога конечно го освои нејзиното срце за неа тоа беше волшебно, епско. Го сакаше нему повеќе од себе си. Се вратија заедно во родниот град, заврши летото. За него веќе стануваше досадно. Веќе видено. Дежа ву. Олади, не беше истиот шармер кој симнуваше ѕвезди за својата љубена. Не ја виде нејзината вредност, таа беше една. Една со едно срце кое припаѓајќи нему беше отфрлена. Тоа срце не беше веќе во еден дел. Беше скршено. Ништо не беше како порано. Таа се затвори во себе истурајќи го гневот. Беше тажна, долго време. Полека оздравуваше од болките кои самата си ги зададе обвинувајќи се. Со текот на времето ги сфати грешките, кои заслепена од љубовта ги правеше несвесно. Тој го продолжи животот на стариот начин. Не беше свесен дека сеуште ја љуби, таа која е една. Мислеше дека е готово, дека ќе ја отфрли од својот живот како сите други. Но не беше така. Ја сфати нејзината вредност, сфати дега грешеше премногу кон неа. Водеше борба во себе, несакајќи да ја повреди неговата скапоцена гордост. Не издржа, посака повторно да ја има. Но беше доцна. Се обидуваше да ја врати во својот живот, и сеуште се обидува. Но неможе да ја добие така лесно како првиот пат кога беше ранлива. Таа е сменета, сега многу посигурна во себе. И да му прости, веќе не е исто. Овој пат таа знае што прави, и нема да дозволи љубовта да ја заслепи. Секогаш ќе се сака себе си повеќе од некој друг, само така може да успее да достигне до вистинската среќа. Таа е една..
     
  3. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Тема на неделата : Тајната на една летна ноќ

    Ја зема за рацете . Ја стисна силно а таа стисна заби и крикна .. Ја грабна за половината и почна страсно да ја бакнува . А таа липаше , липаше од болка . Болка од љубов. Оваа е последна ноќ во која таа ќе ужива во неговата болка. Тој и правеше болка со секој збор , секоја прегратка . Го сакаше до болка . Ја турна на сочната трева а месечината осветлуваше само дел од нивните тела. Почна да ја соблекува нејзината облека . Кога стигна до долната облека таа само му ги фати рацете . Поцна да плаче силно и рече " НЕ . Те молам не.... " . Но тој само ја фати за дланките посилно и почна да ја бакнува во уста. Со голите тела лежеа на тревата тој уживаше врз неа , а таа плачеше . Кога завршија таа ги погледна дланките на кои имаше модринки и рани , го погледна него кој , стана , се облече и отиде... Ги слушна тивките зборови " Извини " ... Лежеше долго . Таа го сакаше , но собра храброст да стави крај на тоа. Се облече , стана и трчајќи го престигна . Додека тој се сврти таа го мавна по главата со големо дрво. Неговото мртво тело се ничкоса на земјата . Мирис на липа се помеша со мирис на крв. А нејзините чекорења станаа тешки , но слободни.
     
    На Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Тема на неделата : Тајната на една летна ноќ

    Тајната на една летна ноќ

    Лето. Една од многуте жешки ноќи во градот кој никогаш не спие. Го наметна своето лелеаво фустанче, разбушави кадриците, прсна од парфемот кој секогаш и беше добитна комбинација и излезе. Овој пат не го прсна со таа намера. Вечерва сакаше да се забавува со другарките и да не мисли на ништо што и ги одземаше сите убави мигови во последно време – на мажите. Вечерта можеше да се нарече, Арета Френклин.
    Во сиот оној колоритет на пијачки, коктелски украси и насмевки под секакви бои на кармин, си поминуваше убаво. Се смееше и не мислеше на ништо. Градскиот воздух ја галеше. Погледна горе кон ѕвездите и сфати колку проклето го сака овој град. Одеднаш заврна силен дожд. Дождот ги собра сите внатре. Сите гости и случајни минувачи кои немаа друга опција освен да го посетат шанкот додека да помине овој летен, пороен дожд. Ноншалантно стуткана помеѓу толку луѓе го побара со поглед шанкерот за да нарача уште една и ги забележа неговите очи. Случаен патник, накиснат. Ги бришеше капките дожд и продорно ја погледна со очите. И се насмевна. Му возврати но сепак си ја нарача пијачката.
    Си рече – по ѓаволите кој е овој? Се возбуди само од еден поглед но си рече – вечерва е само моја. Тој е само еден од низата. Додека да ја заврши мислата нежно некој и пријде и и го допре грбот. Тој со нејзината пијачка.
    - Повели. Чинам ова е за тебе.
    - Да. Благодарам. Одам на цигара.
    Тој ја следеше надвор. Се запознаа. Испуши не една, уште 5 цигари. Се смееја. Разговараа за се и сешто. Одеднаш вечерта доби сосема нов правец.
    Се упатија кон клубот. Таа вешто ги брануваше своите колкови пред него. Тој не одолеа и почна да ја допира секоја кривина на нејзиното тело следејќи ги нејзините движења. И ја гребкаше ногата од коленото нагоре, дискретно, незабележливо, но само таа и тој знаеја каде се упатува неговата рака. Го почуствува силно на нејзиниот задник.
    Се возбуди и таа. Го зграпчи, ја сврте главата и заводливо го погледна. И веќе се беше јасно.
    Знаеше дека вечерта веќе доби сосема нов правец.
    Тој ја сврте кон себе. И се приближи сосема блиску но сепак не ја бакна. Само ја гледаше длабоко во очи и нивните усни речиси се допираа додека со едната рака цврсто и ја опфати половината а со другата и ја скокоткаше ногата.
    Веќе беше негова. Веќе беше нејзин.

    Се префрлија на друго место, овој пат сами. Подготвени за спонтани воздишки. Подготвени за ерупција. Страста веќе беше на највисокиот пиедестал и чекаше да се реализира во нешто друго.
    - Прекрасно мирисаш. Прекрасно изгледаш.
    Страсно ја бакна речиси кубејќи и ја бушавата, кадрава коса. Страсно го зграпчи за задникот. Страсно се имаа. Капки пот, силни и гласни воздишки, оргазам и испреплетени парфеми. Доцна ноќ, свеж ветер, голи исончани тела.
    Беше негова, беше нејзин. Повторно. Градот ги имаше и двајцата и горделиво ја апсорбираше нивната енергија. Беа странци а сепак се познаваа. Не им беше важно што веќе почна да се разденува. Опојно го следеа изгрејсонцето мушнати под ќебе. Молчешкум се галеа. Не беше битно што мислеа. Веројатно не мислеа на ништо. Само се имаа взаемно. Хедонистички се предадоа еден на друг. Ѓаволски и проклето добро уживаа во ноќта.
    Лето. Едно од многуте летни утра во градот кој навистина не спие, со човекот кој речиси не го познаваше, со парфемот кој и беше добитна комбинација.

    А вечерта многу брзо го смени својот правец. Градот доби уште една тајна.
     
    На JoxyTheFreak, kate21, M.a.r.i.l.y.n и 14 други им се допаѓа ова.
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Тема на неделата : Тајната на една летна ноќ

    Тајната на една летна ноќ

    Однесена од виорот на животот, разочарана од се и секого, со изгубена доверба, без никој на светот... Чувствуваше дека и дошол крајот, дека секој миг ќе си замине, ќе ги затвори очите засекогаш. Имаше само една желба пред да умре, а тоа беше љубовта: искрена, чиста, каква што ретко се доживува. Само таква немаше доживеано.
    Го зеде кучето, нејзиниот единствен пријател, и излезе. Беше тивка, топла ноќ. Седна на брегот покрај плажата. Топлите морски бранови и ги квасеа нозете додека месечината и се смешкаше и ги праќаше ѕвездите во нејзината коса. Си го галеше кучето не размислувајки за ништо. Одеднаш почувствува болка во градите, нешто силно ја стегаше. За прв пат посака покрај неа да има некој кој би и помогнал. Нејзиното куче почувствува дека не е добро и почна да лае. Завиваше. Никогаш не го чула така да лае. Но, никој немаше во близина. А нејзе како нозете да и беа отсечени, не можеше да се помрдне, гласот и се губеше, раката и се здрвуваше на грбот од кучето. Ја погледна смртта во очи. Дотогаш не веруваше дека некој може да умре од тага и од психичка болка, дека не може срцето да те заболи ако некој те повреди, но сега тоа стануваше вистина. Посака да го врати времето, да ја добие повторно довербата во луѓето, повторно да сака и да биде сакана. Го враќаше животот наназад, се сеќаваше на миговите кога ништо не ја мачеше, кога беше среќна со сите околу себе. Но, тука беше тој, мигот кога таа загуби се што имала и се претвори во огорчена жена жедна за капка искрена љубов.
    Веќе не ги држеше ни очите отворени, немаше сила ни за тоа. Погледна во кучето кое се уште завиваше за последен пат, ја погледна месечината, небото и океанот...

    Следното утро за чудо ги отвори очите, се уште лежеше на плажата, во истата положба, но сосема гола. Кучето се уште беше покрај неа, спиеше, нејзината рака беше врз неговото тело. Погледна наоколу, немаше никој. Стана, проба да се сети на изминатата ноќ, но не можеше. Си ја побара облеката, ја немаше. Викна дали има некој, немаше. Наеднаш почувствува дека некој и се приближува. Нагло се заврте и нејзиниот поглед погледна во неговите очи сини како тиркизниот океан. Гледаше вџашено во него. Тој и ја даде облеката, се заврте и замина. Таа знаеше дека нешто се случило меѓу нив, го чувствуваше тоа. Но, исто така знаеше и дека летните авантури се случуваат еднаш, а се паметат цел живот.
    Тој неа ја врати во живот, и ја врати вербата и и ја покажа љубовта...направи да се почувствува како никогаш дотогаш, баш онака како што таа сакаше.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Тема на неделата : Тајната на една летна ноќ

    Тајната на една летна ноќ

    Возеше брзо, веќе се беше спуштила доцната завеса на летната ноќ, небото на големо беше инфицирано со ѕвезди, пределот се менуваше додека таа само сакаше побргу да се мушне во неговата прегратка која секогаш толку мирисаше на спокој кој беше неопходен за нејзиниот немирен дух. Патот беше само вијугава бела линија која ја следеше по инерција кога наеднаш нешто истрча пред неа. Гласно шкрипење на сопирачките и срцевата аритмија бесно пулсираше низ цело нејзино тело, додека премотувајќи го филмот сфати дека тоа била срна која со грациозни отскоци веќе се беше изгубила низ дрвјата. Се врати во автомобилот и продолжи побавно да вози додека не здогледа паркинг на кој реши да испуши една цигара.
    Додека чадот од цигарата излегувајќи од нејзината убаво обликувана уста и ноздрви заземаше форми низ воздухот зачу воздишки и погледна надолу и виде како две тела во близина на реката која шумно течеше диво водеа љубов чиниш водат битка. Почувствува бран на возбуда низ целото тело и реши уште малку да изигрува воајер на сцената која се одигруваше пред нејзините очи. Наеднаш дојде до експлозија извици на задоволство после кои настапи молк телата исцрпено легнаа едно до друго, но нивните лица се пронајдоа и уште долго се милуваа со дланките и очите. Таа беше сведок на нивната страст и чувар на нечија тајна и тоа и се виде како скокотливо забавна улога.
    Стигна до нивниот дом. Тој веќе спиеше и изгледаше толку проклето пожелно така опуштено достапен. Беше покриен со лесна прекривка под која го побара во мракот најчувствителното место на неговиот пенис, кој брзо почна да реагира на познатите движења.
    - Разбуди се, имам да ти кажам една тајна - му рече со несокриена возбуда во гласот.
    Тој веќе беше и тоа како буден и спремен...
     
    На kate21, LivingGlam, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Тајната на една летна ноќ

    Синот на жената со тажни очи

    Имаше само 18год кога животот и ги приреди најголемите пресврти.Впрочем изгледаше како секоја нормална девојка но нејзината тага можеше да ја свати само таа соба,во која го поминуваше нај големиот дел од денот.Со изгубена воља и речиси никаква надеж,замина да студира во големиот град,притоа ни најмалку не беше свесна што ја очекува таму.Нови луѓе,нова средина .. А таа,таа само сакаше конечно да успее во животот.Почна да се дружи со неколку девојки од нејзиниот факултет,но беше поразлична од нив,таа нејзина тага,набрзо се претвори во огромна затвореност.
    Но,една вечер повторно го промени нејзиниот живот,но овј пат засекогаш.
    Беше излезена со друштво,седеше и наеднаш посака да си оди,за да се одмори,еден непознат човек и понуди превоз,но таа не реагираше,човекот беше таксист,таа го увиде тоа и се качи во неговата кола.Влегоа,таа чувствуваше огромна вознемиреност,човекот ја сврте колата во непознат правец за неа,девојката почна да трепери и да плаче.После половина час веќе се беше изменето,таа стигна дома,со растечена шминка,и штиклите во раце.Таа вечер,младата девојка ја изгуби својата невиност,таа вечер...
    Беше кршлива како кристал,знаеше дека мора да продолжи понатаму.Од тој момент машките за неа не постоеа.Заврши факултет,најде работа и беше вистинска дама за почит.Тоа што се случи таа вечер и даде само подршка да продолжи понатаму.Себе си,си вети дека нема да се заљуби,но она од што најмногу се плашиме,секогаш се случува.
    Сопственикот на фирмата каде што работеше се заљуби во неа,тој беше прекрасен,знаеше да направи се за неа,ја освои со таа добрина,со тој шарм.Набргу потоа добија прекрасен син.Таа беше пресреќна и конечно успеа да ја постигне својата цел.Но навечер,под синото небо,знаеше да седне на балконот,додека го заспива малиот,и да се потсети на таа вечер..Од тие тажни очи,ќе потечеа неколку солзи,но веднаш потоа,погледот од малиот ќе изнудеше насмевка од нејзиниот лик.
    Така се случи се...
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Тема на неделата : Тајната на една летна ноќ

    Тајна. Па зарем може да е тајна кога веќе две личности ја делат ... Не може. Животот е краток, а летото, летото кога се случи тоа се чинеше дека ќе трае долго а им пројде пребрзо. Беа деца и секој ден беа заедно, од мали нозе делеле се додека животите не ги однесле по различни патови. Сосема случајно се сретнаа, на една тезга што претставуваше некој вид на антикварница. Таа, бараше нешто бисерно. Тој, бараше нешто плус за во неговата колекција. И сосем заборавија по што отишле. Времето запре таму и тогаш. Додека таа стоеше со бисери во раката а тој ја гледаше со полуподзината уста. И таа му се насмевна, па доволно беше за колената да му се затресат, исто како кога беше дете. Да, во него сеуште длабоко скриено беше тоа чувство. Тоа нежно чувство што никогаш не можел да го објасни. Ниту пак гласно да ги изговори точните зборови. Затоа тогаш ја пушти. А сега, ете ја до него. Седат на клупата пред старата зграда. Никој околу нив. Раката му трепери додека се обидува да ја гушне. И успева. Сфаќа дека како постар тоа е потешко. Мислеа дека нема да можат да си раскажат се што имаат ... а всушност не ја отворија устата ... уживаа заедно во тишината. Отидоа, таму каде што се криеле секогаш. Легнаа и заспаа. Сонцето ги разбуди. Тогаш кога ја погледна сфати колку всушност ја посакува ... ја допре ... но како да се исплаши ... а таа, таа го охрабри. Му ја стави раката онаму каде што тој си ја замислувал милион пати. Одново и одново водеа љубов. Цел ден го поминаа заедно. И цела вечер. Си кажаа мнгоу работи. Јадеа од омилената храна. Се гледаа ... Го доживуваа врвот одново и одново. Сметаа дека си го должат тоа ... уште од малечки го посакувале но никој не бил доволно храбар.
    После тоа тој мораше да се врати ... кај онаа што го чекаше и немаше слушнато од него два дена. А таа, откако си купи бисери, мораше да оди. Зашто и таа имаше некој што ја чека. Тоа ќе остане нивна слатка тајна. тие два дена. И прекрасните вечери. Никогаш нема да ја заборават ... таа летна ноќ кога пак се сретнаа ...
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.190
    Допаѓања:
    56.713
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Тајната на една летна ноќ

    Тајната на една летна ноќ

    Излегоа како и секоја летна ноќ да играат криенка. Од детска невина игра, настана жестока тепачка меѓу две од трите деца. Андреј е поголем, секако дека ќе го надвладее малиот Петар. Мартин стои од страна и го бодри својот брат Андреј. Одеднаш Петар падна на земјата со раскрвавенo лице и се чинеше дека не мрда.
    - Ајде Петар не биди мало дете, не се преправај.
    Петар не се помрдна...
    - За ова никому не смееш да кажеш - му рече Андреј на Мартин и со трчање се изгубија во ноќта.

    Чисто за да го нарушам текот на љубовните романи :devil:
     
    На marama, easyyyyy, Smilly и 4 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Порака

    Новата тема е Порака.
    И девојки, доколку имате предлог за нова тема слободно обратете со до модераторките :)
     
  11. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Тема на неделата : Порака

    Порака - еден од најстарите начини на изразување.

    Еволуција на пораките.

    Дамнешни времиња.

    Еден куп шатори - платна на врвот врзани со јаже. Сите еднолични. Луѓе во кратки здолништа вознемирено се гледаат - чекаат порака. Во најголемиот шатор кој се издвојува од другите, замислено седи поглавицата - чека порака. Ги вкрстил нозете, а во раце го држи стапот кој на врвот го има симболот на тоа племе. Од другата страна на реката, одлуката е донесена. Време е да се даде порака.
    Поглавицата на другото племе станува и дава наредба. Се пушта чад. Три пати на две минути.
    Од другата страна, народот вреска. Мрдаат со задниците и се слуша гласна музика.
    Поглавицата се насмевнува. Ќе има снаа за неговиот трети син од петтата жена.


    -Мајко, те молам. Дозволи да одам на прошетка.
    - Елизабет, какво ти е тоа размислување. Се знае дека после 18 часот не се оди на прошетка.
    - Во ред, мајко. Ќе везам покривка.
    (Во нејзината соба, Елизабет не може да го задржи вниманието на везењето.)
    - Лерина, помогни ми.
    - Ох, мила моја. По цена да бидам избркана од ваша ценета мајка, ќе се жртвувам и ќе сторам нешто за вас.
    (Младо елегантно момче чека скриено под борот. Ја очекува неговата љубена.)
    - Лерина ? Ти ?
    - Ох, почитуван млад господине, госпоѓицата не може да дојде. Ви праќа порака и очекува одговор.
    (Елизабет ја чита пораката)
    - ''Најмила моја госпоѓице, ќе се осмелам да ја побарам вашата рака. Ве љубам.''


    Денешно време.

    - Еј, кретен, абе, 23:00 е. Не можам сега да излезам. Рано е. Ај, подоцна ќе излезам. Те лофкам.
    - Офцо ма, ај те чекам кај клупата. Знаеш веќе што ќе правиме, мухаха. И ја тебе ма.
     
    На kate21, mims-89, sweetyears и 13 други им се допаѓа ова.
  12. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Тема на неделата : Порака

    После се , нас нема да не има , ќе ја има само оваа порака .
    Мрачните страни на секоја жена за некој се нејзина доблест . Ги сакав нашите расправии кои беа последици на твојат жив дух , а уште повеќе нашето смирување , ти во моите раце , прегратки . Никогаш неможев да те сопрам во твојот лет , затоа што таква си најубава , сакаш да го имаш светот . Време е да живееш како што сакаш , јас не ти требам . Знам дека не плачеш додека го гледаш ова , но морав да се збогувам на овој начин . Љубов моја , збогум....



    Додека ја читаше пораката една солза се стркала по нејзиниот образ. Сега никој нема да и вика зашто спие до доцна , зошто се смее гласно , зашто станува од креветот и легнува на подот , зашто е многу тврдоглава .... Но тоа беа најубавите мигови со него , кога тој се лутеше , кога ја бакнуваше , кога ја советуваше , кога неможеше да и ги прости годините далечни од неговите .
    И после се , нема да ја има ниту неа , ниту него .... Само таа порака , и нејзините први солзи капнати на неа..


    :angel:
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Тема на неделата : Порака

    Порака

    “Јас сум, Дејзи. Моментално не сум дома, па оставете порака. Ве сакаам!”
    Тииит.

    Ја спушти слушалката и ги затвори очите. Одново и одново спомени му ја преплавуваа главата. Се потсети на денот на кои што тие заедно ја снимија таа говорна порака.

    -Што да речам?
    -Ммм, што сакаш најмила. Што и да кажеш, звучи прекрасно- рече тој бакнувајќи ја по вратот.
    Дејзи слатко се насмевна и се препушти на неговите бакнежи.
    Таа вечер, тој и Дејзи се беа враќале дома, среќни и насмеани. Се смееја, небаре никој не ги гледа- а не ги ни интересираше, таа вечер беше нивна. И улиците, и ѕвездите, таа вечер им припаѓаа ним. Одеднаш, деветмина луѓе излегоа од никаде. Пред тој да може нешто да направи, тројца од нив веќе ја беа фатиле Дејзи. Еден од нив дојде до него и му мавна бокс во стомакот.
    -Алееекс!-викаше Дејзи.
    Така лежејќи, чувствувајќи ги тапите удари по своето тело, Алекс можеше да го слушне нејзиниот врисок.

    Ги отвори очите и се врати во реалноста. Дејзи веќе ја немаше, беше мртва. Ги немаше нејзините прекрасни кафени очи, нејзината смеа која одекнуваше низ целата населба. Тие му ја зедоа.
    Седејќи така во ќошот во собата во психијатриската болница, ја крена слушалката за да го слушне и последното нешто што му остана од неа. Нејзиниот глас. Сврте.

    “Јас сум, Дејзи. Моментално не сум дома, па оставете порака. Ве сакаам!”
    Тииит.
     
    На kate21, mims-89, Cynthia и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Тема на неделата : Порака

    Стана преморена и ја перницата фрли накај неговата страна бесно. Имаше чувство дека живее сама и сфати дека постои нов вид осаменост - кога лежиш на милиметри растојание од личноста која не е во состојба да те утеши.
    Со бавни чекори се упати кон бањата неволно и со вешти движења доведувајќи го во ред хаосот од витканата и бујна коса. Тогаш во нејзините нозе се сплетка нешто рунтаво и топло и се загледа во пар сјајни очи очи кои ја дочекаа со насмевка - Блек. Се налути како нејзиниот миленик има на тони внимание повеќе од оној кој треба да е нејзин сопатник. Почна да го милува сјајното крзно на песот кој и покрај огромните димензии никогаш не ја надрасна потребата од љубов и внимание во двата правци, чудно колку нам луѓето ни е потешко да се усогласиме по принципите на таа филозофија.
    Тогаш кај вратот на Блек здогледа вметнато ролниче хартија кај околувратникот со плочката на која беше испишано неговото име, кое го отвори и содржеше јасна порака -
    „Будалче мое, крајно време е да излезеш од својот свет од кој сум истиснат веќе некој период, доаѓај во 2 часот на аеродром сега јас ќе ти по покажам светот кој не чека да го истражуваме.
    Знаеш дека те љубам повеќе со секој изминат ден, иако не ти го напоменувам тоа често, бидејќи ти не ја сакаш рутината.„

    Може е премногу лимонада стајл, ама сакам нешто слично да доживеам, :) .
     
    На marama и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Тема на неделата : Порака

    Тој дојде и пред полицијата на местото каде што таа лежеше мртва! Веднаш го препозна прстенот од школка на нејзината изгорена рака, кој тој и до подари додека беа заедно на островот од каде штп беше таа. А таму и се запознаа.
    А сега, нејзиното тело лежеше изгорено покрај телото на друг човек кој ја предизвика несреќата.
    Тој знаеше дека таа замина затоа што не сакаше да стои меѓу него и неговото семејство и дека тој и беше единствена љубов. Во други бараше само утеха. Прстенот кој го најде му беше доволен доказ за нејзината љубов.
    Вети дека секогаш ќе го носи...и ете, секогаш го носела. Го носела од љубов кон мене!-мислеше во себе.
    Малку подалеку од експлодираниот автомовил го здогледа нејзниот телефон. Екранот светеше. Беше отворена нова порака:
    Мил мој, не сакав така да завршиме и ти тоа го знаеш. Се трудев да те заборавам но не можам. Просто не можам. Знам дека никогаш нема да сакам друг. Те молам прости ми. Сак...
    И тука завршуваше пораката. Не беше целосна. Тој ја прати на неговиот телефон.
    ***
    Минуваа денови и денови. Тој постојано навечер, пред да заспие, по неколку пати ја читаше нејзината порака. Недопишаната...
    Не сакаше да оди на нејзниот гроб бидејки немаше сила, ни храброст. Еден ден заѕвони на нејзиниот број. Знаеше дека ќе се вклучи говорното сандаче и ќе и го чуе гласот.
    Здраво, овде Дина. Ти си најважната личност на светот, остави ја својата порака и веднаш ќе те побарам!
    Пораката ја снимија заедно.
    Постојано вртеше. Нејзниот глас му беше потребен... Ту ја читаше недопишаната порака, ту ја слушаше говорната порака... Така одбра да живее понатаму.
     
    На MonnaSi, Hipica и marama им се допаѓа ова.
  16. barbiche

    barbiche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    120
    Тема на неделата : Порака

    Бев среќна што по долго време конечно ке се сретнеме, не не, не бев среќна бев Пресреќна.По толку време конечно ке ги видам неговите очи кои светат.Темни, а сепак светат.Единствени се неговите очи, единствен е тој.Брзам, не сакам да задоцнам за средбата на договореното место,знам дека мрази додека ме чека.Се двоумам што да облечам, се двоумам кој парфем да прснам, се двоумам кои сандалки, се двоумам,а знам дека за него е сеедно, за него јас сум најубава.Излегов порано за да стигнам на време, сакам да пешачам.. Додека ветрот играше со мојот лелеав фустанмојот телефон заѕвони.Знаев дека е тој уште пред да видам,знаев.Тоа беше порака, но не ја прочитав, чекав да стигнам до договореното место и да ја прочитам пред него бидејки сакав да ја види мојата насмевка додека ја читам,мојата искрена насмевка.Стигнав на договореното место на нашата клупа,Го чекав,го чекав .. предолго го чекав.. Решив да ја прочитам порака можеби таа ке ми открие нешто,мислев пораката ке ме утеши, а во пораката само 2 збора „ ТЕ САКАМ „. Штета што беше лага.
    Тоа беше крај.Не дојде.Ме остави да чекам.
    А на нашата клупата ке останат засекогаш врежани нашите иницијали,, „ А и Г ’’, во малечко срце. :u:
     
  17. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Тема на неделата : Порака

    Порака.

    Се’ беше мрачно. Тивко. Беше затишје пред бура.
    Наеднаш, како сите облаци да се беа собрале над она мало гратче. И почна да врне дожд. Почна да светка и грми.
    Дождот правеше бучна галама. Едно силно грмење. Второ силно грмење иии... снема струја.
    Веќе во секој дом можеше да се забележи свеќа. Восокот се растопуваше постепено. Во нечии дланки.
    Во нејзините. Таа, убавата девојка, стисната во еден ќош, имаше свеќа во рацете.
    Очите и беа наполнети со солзи, чиниш, дождот доаѓа од нејзините очи, а не од небото.
    Беше избезумена, не знаеше на каде да фати. Дури го беше заборавила прозорецот отворен. Со свеќата в раце, побрза да го затвори. Солзите и’ капеа по тепихот и се припиваа во него. Само што се приближи до прозорецот, девојката забележа галеб. Да, да, галеб... Како во старите времиња... Како на старите но безвременски филмови. Целиот беше навлажнет, кутриот. Застана на нејзиниот прозор, а таа го гледаше со нејзините насолзени очи. И така, гледајќи ја кутрата птица, забележа дека околу влажното тело на птицата имаше завиткана хартија...
    Галебот...Галебот-поштар и’ донесе порака... Или пак само бел лист?! :?:
     
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Порака

    Порака

    Тој и напиша дека таа е “онаа“
    прекрасна сенка што го следи;
    насмевка што го плени,
    очи кои го греат,
    усни кои го повикуваат,
    прамени што го галат,
    тело што го мами
    и бесрамно го жари и пали.
    Тој и напиша дека таа е “онаа“.
    И напиша дека ја сака.

    А таа не знаеше.
    И никогаш не дозна.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Тема на неделата : Порака

    Во штурата ноќ, под покривката на ноќта, одам наваму натаму по чардакот. Во исчекување бев цел живот. Чекам да дојде, да си појде, да ме прегрне, да ме бакне, да потонам во сон закотвена во неговата прегратка. Ми се вртка наоколу прашањето дали сеуште барем се сеќаваш на мене, на ноќта помината во мојата постелнина и погледот кон ни шареше низ прозорецот..

    Ја полеваме нашата страст со чаша вино. Ме обви со твоето тело и почнува страсно да ме бакнуваш. Чувствувам како раката му се слева по моите бутини, го чувствувам твоето рамномерно дишење кое се одвива по тактот на ѕидниот часовник. Времето оттчукуваше, а ние не пропуштавме ни дел од секундата да се љубиме. Се разгоруваше страста во нашите души.

    Желбата да го дочекаме изгрејсонцето беше остварена. Но дали само една пуста желба која беше стационирана некаде на Атлантикот? Сакав, сакам секој ден да се будам во твојата прегратка, со придушен звук да ми шепотиш на увото, со рацете испреплетени во моите коси. Тоа утро беше посебно. За мене, за тебе, за светот, за нашите души и тела. За миг се погледнавме очи во очи, го почувтвував тој сјај кој некогаш беше толку сјаен, бев изложена на зрачење.
    Стана ги натна панталоните и ја побара кошулата. Не сакав никогаш да ја симнам од себе, таа ми ја даваше свежината, мирисот нејзин ми остана како грутка во грлото.
    Замина без збор, ме остави во исчекување.

    Те чекам сеуште, на истото место, во исто време. Да ги обновиме спомените.
    Засекогаш твоја ХХХ


    Повторно во исчекување, се врткам наоколу , безнадежна сум. Ми се врти една мисла низ главата. Денови и месеци, години, децении поминаа додека трепнав. Не чув ни глас од тебе, ниту ти следев трага. Си одлучил без мене да продолжиш.. јас никогаш никого во овој изопачен свет не засакав како.. ма веќе и така не е битно.
     
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Тема на неделата : Порака

    Порака
    Каква скриена порака ќе ни донесе утрешниот ден?
    Се прашувам лежејќи на меката постелнина која ме опсипува со нејзината свежина и мириса на нов ден.
    Ново утро, нов ден една нова порака.
    Чекај, тоа беше порака на мобилен или скриена порака која ни ја крие денот ?
    Мора да се дознае.
    Тој не знаеше дека во новиот град ќе ја сретне НЕА, ТАА, девојката која со своите сини очи како две бистри езерца му прати една скришна порака полека, заводливо намигнувајќи со едното око.
    Ја сретна сосема случајно, погледите им се сретнаа доволно за да се задлабочат и низ прозорецот да си ги "прочитаат" душите додека таа сфаќајќи дека ТОЈ е вистинскиот несвесно намигна што му остави една јасна, но пак нејасна порака.
    Погодувате? Па тоа беше една порака која самите тие ја прочитаа, или скришна порака која само ТИЕ и никој друг не ја виде ни почуствува освен тие двајца.
    Следејќи ја пораката, тој доаѓаше секој ден во истото време и на истото место барајќи ја таа скришна порака, со надеж дека пак ќе го сретне синото небо преку кое ги виде најскриените нејзини чувства.
    Следејќи ги чувствата и споменот од тој ден кога несвесно трепќајќи со едното око си разменија НЕШТО ПОСЕБНО, нешто сосема обично за обичниот читател, но за нив незаменливо чувство кое како да им кажа или нареди од тогаш секој ден да се сретнуваат тука.
    И така и беше, се сретнуваа и си разменуваа погледи на исто место и во исто време се додека еден ден нему не му стигна ПОРАКА за пријател од Фејсбук :D
    Сакав да го расипам малку крајот за да излеземе од бајката и да се вратиме во нашето секојдневие.