Одвеано со виорот (Маргарет Мичел)

Дискусија во 'Книги' започната од RainBow, 27 март 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.062
    Допаѓања:
    48.381
    Пол:
    Женски
    [​IMG]


    Одвеано со виорот е за прв пат објавена во 1936, а во 193 е добитник на Пулицеровата награда.
    Дејството е сместено во Соединетите Американски Држави, во Џорџиа, за време на Американската Цивилна Војна (1861-1865) и поствоеното време од 1865 до 1877.
    Романот го следи животот на Скарлет О'Хара, од нејзиното детство, па се до зрелоста.

    Дали сте го читале? Мене ми е на врвот на листата, незаборавен роман за човечките слабости, за безнадежната љубов, за борбата за опстанок, за тоа што се е спремен човек да направи за да преживее...
    И Скарлет О' Хара може или да ја мразите или да ја обожавате. Рамнодушноста не доаѓа во предвид. Или ќе ја осудувате, или ќе ја поддржувате и ќе и се восхитувате на храброста и способноста.
    И кој може да ја заборави славната реченица "Утре е нов ден"...
     
    На Buttterfly и sesilija им се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.259
    Реинбоу, ни тргна со класициве а :lol: ?

    Прекрасна книга, една од моите омилени :)
    Одамна ја читав но длабоко е врежана во мојата меморија, посебно последниот дел, каде што настанува кулуминацијата на љубовта меѓу Скарлет и Рет.

    Пред некоја недела го гледав филмот, тоа беа прекрасно потрошени 4 часа од мојот живот, не се разочарав воопшто, туку уживав гледајќи го.

    “Одвеано од виорот“ е книга која треба да се прочита, книга која и покрај се остава надеж дека утре е нов ден, подобар ден- ден за нов почеток ;)
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.062
    Допаѓања:
    48.381
    Пол:
    Женски
    Јас филмот никако да го гледам... Книгава ми е врв, па не можам да се наканам за филмот...
    А крајот :x Колку е ужасно кога касно ќе сфатиш кого вистински си сакал цел живот. И во каква заблуда беше со Ешли...
    Вака кога се потсетувам ми иде пак да земам да ја читам :lol:
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.259
    Да го гледаш филмот, во заблуда беше со Ешли, ама после на крај кога Рет сакаше да замине таа не можеше да го спречи, му рече дека го сака, ама тој сепак замина, ама Скарлет рече дека ќе направи се да го врати и дека утре е нов ден, тогаш ќе мисли :lol: (типично за неа) :D

    Ливинг го имаше постирано некаде последниот дијалог, пребарај ќе го најдеш, и да го гледаш филмот :!:
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.062
    Допаѓања:
    48.381
    Пол:
    Женски
    Го знам последниот дијалог многу добро :D
    Затоа реков дека е касно, со тоа утре е нов ден, Скарлет остана со надежта дека ќе направи нешто за да и се врати, ама мислам дека по се што се случи, поготово со девојчето кога почина, Рет никогаш нема да и се врати. И како само можеше да биде љубоморна на сопствената ќерка :x
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.259
    Абе не беше љубоморна на ќерка и :^)

    Зошто така црно мислиш бре Реибоу, па кај ти е надежта :) , јас верувам дека ќе бидат заедно, ептен се сакаа, не може таа љубов така лесно да згасне после се што поминаа :), па затоа е и репликата дека е нов ден ;)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.062
    Допаѓања:
    48.381
    Пол:
    Женски
    Aхам не беше љубоморна, да :) Беше, беше на целото внимание што тој и го посветуваше, затоа она многу побрзо закрепна по нејзината смрт, а Рет се изгуби сосема... И ете, крајот е таков, оставен кој во што сака да верува ;)
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.948
    Допаѓања:
    51.941
    Пол:
    Женски
    Ах колку само го обожавам филмот... Книгата за жал не сум ја читала и тоа ми е голем пропуст. На било кој начин ќе дојдам до неа ]:)

    Скарлет е незаборавен лик. На моменти ја мразев, на моменти и’ се восхитував. На крајот ја сакав, затоа што не дозволи да пропадне во војната и сиромаштијата. Не е себична, туку е силна. Вистинска жена што знае да се бори.
    Крајот ме воодушеви. Сцената од филмот е преемотивна. Она што најмногу ме погоди се нејзините зборови на крајот. После се’ што и’ се случи, не падна. "After all, tomorrow is another day." Силна, моќна жена :bow:
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.561
    Па, крајот остава избор на читателот во што ќе верува дали во среќен крај т.е. повторно обединување на Скарлет и Рет или дефинитивна разделба.
    Јас сум обично за среќен крај и не знам зошто ама овде ми се наметнува разделбата како исход :?: .
     
  10. s.u.n.s.h.i.n.e

    s.u.n.s.h.i.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    32
    Ја обожавам оваа книга.Ги прочитав на српски сите продолженија од книгава..Пекрасна е,ја препорачувам срдечно! ;)
     
  11. lara-s

    lara-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Една од најубавите книги што сум ги читала,ви ја препорачувам ако ја немате прочитано.