Форумџика на годината

Одвикнување од дрога! Како да се постапи со зависник?

Дискусија во 'Психологија' започната од lepa.milena, 10 ноември 2011.

  1. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Не можев да најдам ваква тема на форумов, освен една во која што нема начини за одвикнување од дрогата. Ако има токму ваква тема со совети за одвикнување ве молам пратете линк.
    Денес дознав од дечко ми, дека тој веќе пред околу 2 недели започна со конзумација на дроги како хашиш и други појаки дроги во поголеми количини (околу 20 грама) во форма на таблети... Дали би му помогнале метадони? Дали сте имале такво искуство или со некого кој тоа го правел? Ве молам за совет како можам да му помогнам, на кој начин... или што да прима за да постепено се одвикне? Колку време ќе му треба да се одвикне?
    Ве молам за совет, многу сум очајна... не сакам да го изгубам... Причините за неговата конзимација се депресија... Пред 3 недели се замеривме, а тој беше иницијатор на тоа, едноставно ми раскина од Х причини, го имам тоа наведено во друга тема... Тој живее во друга земја, и што ме загрижува живее сам во стан, па така да сум исплашена за неговото здравје и за неговиот живот...
    Јас се обидувам да го смирам и разговараме, ми вели дека има некои руски лекови што го чистат организмот од дрогата.
    ВЕ МОЛАМ СПОДЕЛЕТЕ ИСКУСТВО И НЕКОЈ СОВЕТ НА КОЈ НАЧИН МОЖАМ ДА МУ ПОМОГНАМ И ШТО ДА ГО ПОСОВЕТУВАМ?!
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Штом живее во друга земја не можеш многу да направиш да ми помогнеш. Можеш само да разговараш со него, да се пријави во некои центри каде што би му помогнале стручни лица. Во такви моменти најбитна е подршката на твоите блиски, ама ти освен подржка ништо друго и не можеш да му пружиш. Сепак треба да си свесна дека ти се додека сте разделени не можеш со сигурност да знаеш дали тој престанал со дрогите, тој секогаш може да ти каже дека престанал, а се уште да се дрогира. Оваа врска е многу ризична за тебе, па размисли пред да ја продолжиш.
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Пред се, ако се само 2 недели во прашање и не е значи ептен навлезен, нема да му е толку тешко да се одвикне.Само да не испадне работата дека подолг период е во прашање.
    Тоа со руски лекови и слично, не верувам дека е вистина, плус може и тие да му створат зависност.Позитивно е што е свесен дека е штетно.
    Штом станува збор за депресија најубаво е да зборува со психолог.Во меѓувреме одбегнувај да се карате, бидете што почесто во контакт, а и најубаво е да се врати тука.
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Не можеш некому да помогнеш ако самиот не сака!!!

    Прво зависникот да каже дека му е потребна помош, а потоа лесно ќе најдите начин за лекување.

    Иначе, со сила убавина не бидува.
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Ако не сакаш да го изгубиш придружи му се - се зезам,, ама тој во странство ти тука, тешко дека ќе можеш некако да му помогнеш. Има цела програма за лекување на зависници и САМО ако тој сака со помош на стручно лице. Метадонот неможеш да го купиш во аптека кога ти сакаш, туку само зависници со тапија кои се лекуваат.
    А тоа дека бил во депресија па почнал да се дрогира ти мачка очи. Па сите имаме депресивни периоди па ајде сите да се дрогираме. Не бе, западнал во лошо друштво го излажале :$
    Ти раскинал за твое добро ;)
     
  6. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Значи кога го прочитав делот како вие сте се замериле, па он почнал да конзумира опојни супстанци, ептен се изнервирав. Нека не те лаже, нека не те мафта. Депресија е едно , а конзумација на опојни средства е друго. Почнал со тоа заради вашето раскинување, абе ај ти се молам :tmi:
    Секој сам посегнува, за мене не постои моментот ,,он не сакаше другите го натераа,, абе ајде тоа за деца од 12 години (макр што мислам дека сега и тие се дотолку префригани и не можеш да ги излажеш).
    Како што погоре прочитав, ќе се согласа, ако изјави желба да престане со конзумирање, само тогаш може да му се помогне.
     
    На VanillaSky му/ѝ се допаѓа ова.
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    lepa.milena знаеш ли која е вредноста на 400 000 фунти? Тоа е пари има потрошено зависник од хероин за три години. Да не му се верува на човек нели? Наследството од татко му, кој не го најде оној магичен линк за одвикнување за син му, па си ја реши судбината. Во комшилук, па и некаква рода на момчето мое се паѓаа, значи од прва рака ти кажувам искуство.

    Верувај ми кога ќе ти речам, дечко ти има една, и само една и единствена љубов во својот живот а тоа е дрогата. Тебе ако може и ќе те продаде ако му дојде до зор да нема со што да ја плати. Баш на тоа место доаѓаш по значајност кога станува збор за зависник.

    Немој да му веруваш. Тој не е наркоман поради тоа што вие сте си замериле пред три недели, па тој станал депресивен и во последниве две недели посегнал по тешки дроги. Аха, мижи Митро толумби паѓаат! Па и уште ти осеќај се крива или должна сега нему да му помагаш!

    Не можеш да му помогнеш на него. Колку и да сакаш да помогнеш не можеш, не се залажувај. Само тој може да си помогне, ама многу малку наркомани тргнат по тој пат и останати на тој пат. Бројот е минимален на такви. А ти самата можеш тебе да си помогнеш што ќе се тргнеш од таква личност додека имаш шанса за тоа, оти гарант ќе ти го уништи животот ако решиш да останеш со него. А зошто да го тоа дозволиш на твои млади години? Не ти треба такво зло девојче, бегај подалеку.
     
  8. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Тоа е и проблемот... не знам како да го натерам да си помогне самиот себе си за и јас да му помогнам... А свесно започна тоа да го прави, баш оти е штетно. Сега сум сигурна дека е под дејство во моментов, упорно му се јавувам и тој прекинува и не ми враќа на смс пораките... сега пред пола саат му се јавував се до пред некоја минута... пред скоро 4 саати му се јавив на мобилен дури бев на факултет на пауза, ми одговори и ми вели дека е добро... ама не можам да поверувам дека е добро, и гласот не му е нај нај, иако тој ми рече дека се чувствува нормално... му реков да се контролира поради мене... вчера едвај го смирив, иако не знам колку трае тој "мир"... тоа беше сношти, тогаш и ми кажа за дрогата и разговаравме околу тоа и вели дека алкохолот не го опијанувал, па зел дрога за да заборави на се за да се опијани и спие, ми спомнуваше дури и смрт... после постепено дојде некако посмирен и се договоривме се како ќе правиме... ама јас сум исплашена, не знам што да правам ни со себе ни со него, не знам како да му помогнам... како да го натерам да го убедам да започне со одвикнување и да престане што порано тоа подобро?
     
  9. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Девојче ,не верувам дека можеш да му помогнеш оддалеку.Тоа дете има ли родители?Која е причината да помислува на смрт?Не можеш да го убедиш да престане,зашто дрогата е зависност и ако сам не сфати дека треба да се лекува-спас му нема.Неговите родители знаат ли што му се случува?
    Се што можам да ти помогнам е да ти кажам да ја гледаш серијата Клон ,која се емитува на Сител тв во 14ч,во таа серија се зборува за зависниците од дрога,Наталија и Фернандо се личности кои консумираат дрога,че видиш како изгледа тоа ако не друго.Немој да се измачуваш,ти нема да можеш да му помогнеш,жал ми е за тебе но ќе мора да имаш многу трпение со момчето затоа што тотално че се промени ако продолжи вака ...
     
  10. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    lepa.milena разговарај со него кажи му дека си загрижена дека се плашиш дека нешо кје му се деси! ;) Уцени го малку :angel: (знам дека е лесно да кажеш ама тешко е да го направиш ама тоа е :worried: )
    А ти од кја дозна ако може да знам ? :^) :*
     
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Ама џабе ќе разговара, ќе моли и коли и ќе објаснува колку е штетна дрогата и колку таа е загрижена за него.
    Ако тој сака да консумира нема да му биде гајле ни за женска му ни за никој.
    Плус, во друга земја живее сам. Е таму, богами никој не знае што прави.
    Значи, може неа на телефон да и кажува „аха, да злато, ја оставив. не не, каква дрога, неам ништо од тоа.“ А во истиот момент да ја зема.
    Тој почнал свесно да ја зема и ако не сака сам да ја остави никој не може да му помогне.
    Ти, девојко, можеш само да го советуваш, ама не и да го одвикнеш од земањето дрога.
    Ама како што напоменав, џабе се советите ако тој не сака да ја остави.
    Се е до него...
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Не ме разбра ти мене lepa.milena. Тоа ти е. Ништо не можеш за него! Апсолутно ништо. Џабе ти е молење, плачење, терање. Било што од твоја страна.
    Кога тој е high ти не си му важна. Кога му треба fix најмалку на тебе мисли, не да не мисли туку на крај памет не си му да ти кажам најгрубо и најискрено. Па твоите молби да се контролира поради тебе се најзалудни, не си троши телефон.

    Единствено што можеш да си направиш вмешана во оваа работа е да си го уништиш твојот живот. Тоа ќе се случи ако останеш со него. Јас толку ќе ти речам. Он си избрал за него. Ти бирај сакаш ли ти да живееш или не.
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.133
    Допаѓања:
    156.147
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Направи си на себе услуга.Раскини му. Животов и онака е прекраток,зошто би се грижела со некој идиот што не знае самиот да се почитува?!
    Ако дува трава рецимо...па и не е некој проблем,освен ако константно ти тврди дека чува змеј под креветот. Денес пф...да знаеш колку се дува ихииии...и тоа луѓе што не би се ни посомневала дека дуваат.
    Е сега ако е на апои,на шмркања,игли,глупости...го вртиш неговиот број,му викаш,јас ти раскинувам наркомачино една и се јавувам кај твоите родители (пошто нели сепак го сакаш и ти е гајле за него).

    Стварно не знам што очекувања имате со тоа да му помогнам,ќе се смени,ќе успееме...жими задников!
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Жими долнава дека ке смени нешто со разговор и плачки.
    Милена послушај ги и другите.Остави го.Животот ке ти биде уништен ако продолжиш со наркоман да бидеш па не дај боже и тебе ке те навлече.
    Сам е во друга држава,а ти си овде.Колку и да се обидуваш ако тој решил така така и ке биде.
    штом не знае да се грижи самиот за себе си зар очекуваш дека тебе ке те послуша?Ма дај.
    Единствено разговарај со неговите родители доколку ги има и кажи им што се случува.Друго ништо не можеш да сториш.
     
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Милена прво и основно за да дечко ти треба да премине на теарпија метадон треба веќе да конзумирал хероин, или да е долгогодшен уживач на дроги. Тие таквите преминуваат на хептанони и метадони. А чим тој конзумира големи количина на дрога не е од пред две недели, туку е многу подолго за да стигне до тој стадиум.

    НЕ знам дали има родители ама можеш да се обратиш кај нив, да им кажеш што се случува со синот, и ако се во можност авионот и кај него.

    Наредно страшно ме неврираат нестабилни личности, кои ради една ебана кавга ќе земаат дрога и ќе ти потеницраат, поради тебе морав да се се смирам ( ма немојјј алооо).

    Имаш 20 години, ако сакаш да си го минеш животот под стрес слободно замарај се. Тоа е негов избор што ќе прави макар и да си го одземе животот нема потреба да те повлекува тебе со него. Ти си возрасна напарви си го изборот. А док му вртиш и праќаш пораки упорно и му го похрануваш егото ќе манипулира со тебе. Туку смири се и не напнувај, повлечи се остави го. Ако сака да збори со тебе ТОЈ ќе ти се јави и ќе разговара. Со срцка те молам немој ова она, ништо не се направила. Смири се.. размисли..
     
  16. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Сонце и јас се борам со истиот проблем...:( Не сакам да те обесхрабрувам, но дечкото кој го имав (првата моја љубов) од 13та година беше на хероин. Тој беше дефинитивно најубавото дете во маалото по кое сите лудувавме... Кога се фатив со него бев пресреќна, како небото да сум го допрела. (куцав за ова некаде)
    5 години бевме заедно. Бев спремна да го жртвувам својот живот ако знаев дека тоа некако би му помогнало. Одвај успеаа да не разделат.
    Еве после 10 месеци тој сеуште е зависник... Ќе ти го ре-постирам мојот пост во СДК темата кој го искуцав пред неколку дена...

     
    На Dream-Girl, eloves, Nine25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!


    Сето тоа го правам, ама и расположението го менува... Еднаш му се умира, а другпат правиме планови за во иднина. Тој е свесен дека тоа е штетно, токму поради тоа и почна да конзумира. Вели сакал сам да си умре во станот, а и неговото семејство живее во друга земја, а немам нивни телефонски број за да им јавам, ниту пак користат интернет... А инаку дознав лично од него, тој вчера ми кажа
     
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!

    Кажи на неговите како прво, после во некој центар нешто, со молење и плачење не бива, зашто веќе станал зависник.Ако го сакаш вака стварно ќе му помогнеш, тој колку сака нека биде незадоволен, после ќе ти се заблагодарува (ако успее да се извлече).
     
  19. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!


    Ти благодарам многу, го прочитав цел твој текст, и сме потполно во иста ситуација, само што мојата е посвежа. Ако го оставам, тоа нема да бидам тоа јас. Јас ќе сторам се што е во моја моќ да му помогнам и му праќам постојано смс и му се јавувам на мобилен, и разговараме на скајп. Му реков вчера, а и секој ден ќе му викам да си помогне на себе си ако ме сака, за да можам и јас да му помогнам. Каков и да е, јас секогаш ќе го сакам... Можеби забегувам од темата, ама ќе си кажам...Јас сакам да се одвикне поради неговото здравје, бидејќи не сакам да му се случи нешто лошо, оти сакам да биде здрав и да живее... Тој не е тоа што сака да се прикаже... го познавам 3 години... Тој е бодибилдер и има интернационални награди за тоа, и е тренер по бодибилдинг. Се храни со најздравата храна, и има многу знаење воопшто за човечкото тело и за храната итн и благодарение на него успеав да симнам голем број на килограми и моето тело е сосема поинакво, и повеќе немам повишен крвен притисок како порано... Тој беше со мене во сите мои најтешки моменти, и каква и да сум, тој секогаш беше со мене... Сега тој се наоѓа во многу тешка ситуација, не сакам да страда, правам се што можам за да го убедам да ја фрли таа дрога што ја има... Вчера ми рече пред да оди на спиење дека имал некој руски лекови, што служат за исфрлање на дрогата од телото и дека ќе се напие од тие... Ама пак јас не можам да верувам дека нема повторно конзумирано, кога го слушнав на мобилен иако ми кажа дека му е добро (оти сношти имаше и болки во црниот дроб, кој проблем го има подолго време и за тоа има лекарства), по гласот можам да заклучам.
     
  20. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Одвикнување од дрога!!! Како да му помогнам?!


    Тоа и сакам да го сторам, ама немам нивни контакт... ниту телефонски број, ниту било каков меил... А не знам како од него да ги извлечам овие информации... ниту тој е во добар однос со нив, ниту пак живее со нив, освен со сестра му, и едноставно не сака ни да му ги спомнам