Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.031
    Vakva tema nema a mislam deka e interesna :). Sto mislite koj e najubav period na odviknuvanje od pampersi, na koja vozrast i kako vi uspeva da go naucite deteto?
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    550
    моите внуци,многу рано се одвикнаа од пелени, некаде на 1 година, ама ние многу бевме уз нив, секоа утро, после станување ги седнувавме на нокшир, во текот на денот исто, пред спиење исто. Иде сега лето, па полесно ке биде, ке може детето малце и без пелени да се остава, најзгодно е на плажа.
     
  3. cece07

    cece07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    некое правило за возраста за одвикнување од памперс нема.Тоа родителот најдобро го знае,родителски инстикт.Но едно имајте во предвид кога ќе се решите на таков чекор тоа нека биде навечер,кога детето го спремате за ноќно спиење,а имајте во предвид тоа да биде во лето за да детето не настине.
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    21.843
    Сум читала дека пред 18 месеци и не треба да се очекува детето да се одвикне од пелени, а најчесто тоа се случува помеѓу 24 и 36 месеци.

    Едното дете само се одвикна на 2 години и неколку месеци, претходно воопшто не ја седнував, не сакаше и не инсистирав. Се одвикна од еднаш, без никаков проблем, и преку ден и навечер. Другото дете на две ипол од прилика, беше на летувањее со бабите и го оставаа без пелени па се навикна, иако тоа траеше околу еден месец за да се одвикне преку ден, и плус уште месец - два за да се одвикне во спиење.

    Мојот став е дека не треба да се форсира - ќе му дојде само. И онака нема возрасни луѓе што користат пелени :)
     
    На Adeline му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.031
    Fala na sovetite, se trudam da uspeam i sum uporna. Ima 2.5 god taka da mislam deka e idealna vozrast i vreme za toa :)
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bliznaciDB

    bliznaciDB Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    :(
     
  7. bliznaciDB

    bliznaciDB Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    istiot problem go imam i jas zatoa sto ednoto saka na noksirce a drugoto ne i sega edno od drugo se kopiraat i toa ako ednoto prv rece na sakam noksir gotovo i drugoto po nego a ne se mali imaat po 3,5 god.ako ima nekoj vakov problem ve molam za pomos kako da gi odviknam i koj metod da go primenam.pozdrav i fala vi odnapred.
     
    На rjgdm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bibitri

    bibitri Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    9
    моето синче не носи пелени скоро еден месец (колку да се пофалам) и многу сум горда на тоа! 8) има 2,5 години и го научив без проблем (највероватно таа возраст е најпогодна), јас се обидував и лани, но без резултати. сега, едноставно му ги извадив пелените и му кажав да ми кажува кога ќе му се мочка или кака. првите неколку дена понекогаш се забораваше, но сега веќе се научи. пелена му ставам само навечер, и не знам како тоа ќе го средам , секако не очекувам дека навечер ќе ми каже?!?! а пелената му е мокра кога ќе се разбуди.
    еден совет! не ги форсирајте децата, самите ќе покажат знаци кога се подготвени, во спротивно ќе постигнете контра-ефект. возраста е доста пролонгирана, значи периодот меѓу 2 и 3 години е најпогоден.
    поздрав :hai:
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.031
    Бев упорна и ми успеа да го одвикнам, еве веќе 2 - 3 месеци не носиме памперс. Навечер веќе не му ставам памперс и некогаш е сув ама некогаш не - незнам како ноќното мокрење ке го совладаме.
    Ако си решила да ги одвикнеш тогаш воопшто не им и ставај памперс, ке сватат дека е поубаво без тоа, а уште пак сега на овие горештини сигурно нема да сакат да го носат :) . Биди упорна и често ги прашувај дали им се мочка.
    Обично гледаат децата едни од други и прават исто, сигурно многу ретко им се мочка во исто време. Најди начин да барем едното го излажеш да седне и заврши работа и потоа награди го, ке види другото па ке сака и тоа. Кога ги седнуваш седни и ти до нив и ги лажи - нашински кажано. Кај мене функционираше метод - награда, понекогаш и го заплашував да ако се умокри ке дојде паук да го касне и сл... глупости ;)
     
  10. lelena

    lelena Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Одвикнување од носење памперс

    Не ми се верува ама за 2-3 недели успеавме да се откачиме од пелените (барем преку ден), ама сега имаме друг проблем. Во нокширчето САМО мочаме :( . Не знам зошто ама кога сака да кака, кажува што прави и веднаш се крие, па пак морам да и ставам памперс. Можеби е уште малечка (1 год 10 мес)? Како и да е не сакам да ја присилувам, ке одиме полека па ке видиме.....
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.169
    Допаѓања:
    69.353
    Пол:
    Женски
    Одвикнување од носење памперс

    Не се брзај, ќе дојде и тоа на ред. Малечка е секако, до две и пол годинки има време да се одвикне сосем од пелените.
     
  12. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    615
    Пол:
    Женски
    Одвикнување од носење памперс

    Внука ми има 3 години и веќе цела година не носи памперс, многу е паметна срце на тета :*
     
  13. rjgdm

    rjgdm Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    35
    Одвикнување од носење памперс

    значи мора второ дете за првото да се одвикне :D
    мала шега
     
  14. Disi

    Disi Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Одвикнување од носење памперс

    јас имам проблем со одвикнување на син ми од пелени,за еден месец ке полни 3 год. и никако не сака без пелени.Пробувам секако,по цел ден се трудам ама не сака,ми се чини за инает бидејки многу сум упорна.Ако може некој совет од вас што да правам!
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.777
    Пол:
    Женски
    Одвикнување од носење памперс

    Денското одвикнување е полесно од ноќното, ама полека полека и ќе се одвикнете, едноставно не му ставај памперс, почесто прашувај го дали му се оди во тоалет, и мој предлог е да си направите игра, на пр. за секое успешно кажување и одење на нокширче ќе му црташ на пр. ѕвездичка на некој лист и закачете го на видно место (пр.фрижидер), 10 ѕвездички и ќе му исполниш желба (нешто ќе му зготвиш омилено, ќе купите некоја играчка, ќе отидете некаде), а секоја грешка ќе ја казнуваш со бришење на една ѕвездичка ;) Само упорно..
     
    На Milobebence, Anacid, Vetruska и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Disi

    Disi Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Одвикнување од носење памперс

    Баш ми се допага предлогот и ке пробам,Ви благодарам!!
     
  17. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    235
    Одвикнување од носење памперс

    Пријателка од мајка ми на пелената стави бубачка и детенцево (3 годинки) се уплаши од бубачката и повеќе пелени носење амин. Не го оправдувам ова зошто сепак можеш да го истрауматизираш ама ако никако не може да се одвикне....
     
  18. Araksi

    Araksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Одвикнување од носење памперс

    Може ли мала помош од сите кои сте го искусиле осдвикнувањето на пелени ноќе.
    Уште месец дена ќе полни 3години, денски не носи пелени, но ноќе неможе без пелена. Како прво многу мокри од често пиење на течности преку ден и пред легнување пие обавезно млеко или сок зависи околу 250мл. Некогаш кога самата ќе осети ми кажува дек аи се мочка, но претежно е задлабочена во сонот и ми се мочка во памперс.некогаш сакам да ја расонам али не ми успева за да се измочка.

    Како сте го поминале вие овој ноќен период на одвикнување од пелени? Ве молам пишете некои искуства, иако сега е ладно и тешко се сушат алиштата. :hai:
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.031
    Одвикнување од носење памперс

    Кај мене стои правило да после 19,30 - 20,00 нема течности. Во 20,00 вечера и 21,30 на спиење. Пробај да не му даваш толку многу течности навечер и навечер буди го на 2-3 сати. На спиење не му ставај памперс, тоа е свесно дека носи и ќе го мрзи да стане и да се измочка.
     
  20. Araksi

    Araksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Одвикнување од носење памперс

    Така е Славица, но она без млеко нелегнува да спие, шанси нема да ми заспие без млеко! Одма се буни ;)