Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.236
    Јас имам од синко слична како количката, само без рачките и капакот. Обично ноше во форма на количка, ама баш дека е пошироко од страните и е доста незгодно за седење. Јас малата ќе ја седнам па и ги ширам ноџињата. А сама да седне и да го погоди тешко е.
    Затоа и земав ваков најобичен
    A62D5D52-BC85-42D4-A2DA-BBC80B46AC56.jpeg

    Инаку од малиот имам и од тие како фотеља/столче што се ама него му служеше како играчка. Он си го користеше ношето количка, па после со адаптер на шоља ама со него па поголем почнавме со нокшир може и затоа :^)
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.365
    Пол:
    Женски
    Ден два од одвикнување помина солидно.
    Прва ноќ без пампа помина без умочување. Сабајле стана и тогаш мочкаше.
    Се измочка во гаќи после дремка ама беше како збунет и не сакаше да го земам во раце. Кажа дека е бљак и бараше да го соблечам.
    И втор пат се измочка ама беа надвор со татко ми и не знам дали не се разбрале дали доцна му текнало да каже. Кажа бљак и сакаше да го соблечам.
    Мислам дека целосно разбира и дека со малку пракса ке научи.
    Пампи не враќам. Само ке го збунам и плус не сака да му ставам.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Браво штом сам си изрази желба лесно ке биде. Не се секирај моето 3 и пол месеци поминаа како ги тргнавме знае сеуште да згреши. Некогаш после дневна дремка не го карам знам дека е во бунило. Ама периодов дома болен како што беше и мислам на толку попуштање си почна многу често да се подмочнува. Па почнав и да викам.
    Ноќе ставам има ноќ сув е има ноќ го полни. А сабајле обавезно полни нокширче без разлика дали е биден подмочнат. Но многу сок пие , а убаво еден период и над сред ноќ ме будеше мама мочам и го седнував,ке се измочкаше и продожуваше. Деновиве од такт ме вади
     
    На srekice и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.365
    Пол:
    Женски
    Додека ме чекал мене да се одлучам сам кажа не сакал пампа. И кажува дека не носи веќе. Инаку не пие многу течности, цица и вода пие.
    Преку ноќ се измоча во спиење и вечерва решив да ставам пампа. Ако разбуди во сред ноќ помочан нема презадпивање. Нека научи денски да каже сам па тогаш ноќе.

    Денеска помина добро. Ниту еднаш не се измоча во гаќи ама цел ден го носиме ние. Не кажува ама не ни греши. Очекував дека ке се подмочува ама не, добро ни оди.

    Какаше во пампа, маж ми го видел дека ке кака и наместил, потоа одма извадил. Не ни барал да му се намести пампа ама би си какал во гаќи.
     
    На srekice и Happyinlove им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Многу лесно се научи малото за мочкање дали само 2-3 недели мочкаше во гаќи. Но за какање еве уште не кажува. Додуша откако ќе се искака кажува или во моментот кажува дека кака. Истото и со првото дете го имав. На 2 научи да мочка а за какање дури на 3
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.365
    Пол:
    Женски
    Од денес се убедивме да мочка во нокшир.
    Стана од спиење и кажав ако сега мочка во нокшир одиме да купиме играчка каква што сака. Мочкаше во нокшир и виде дека е каде каде подобро од цел да го соблекувам. Мочкаше, аплаузи и трк во продавница. Набавивме и за кај бабите по еден.
    Инаку не сакаше да види нокшир. Одличен напредок.
     
    На My litle pony му/ѝ се допаѓа ова.
  7. My litle pony

    My litle pony Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    853
    Пол:
    Женски
    Мојата сама кажува за одење во тоалет го носи нокширот и си седнува,пелени користиме само за ноќе.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.365
    Пол:
    Женски
    Супер. Синко кажува дека му се кака ама има запек и не сака поинаку да кака освен да клечи.
     
  9. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    почнавме со одвикнување после 2ри роденден и скоро 3 мес беше без пелени т.е цело лето ( освен за надвор шетање и спиење ), не ја форсирав и одеше океј. Имаше подмочување од време на време , не често. Да напоменам дека керќа ми течно зборуваше и дека го разбираше процесот, мегутоа и коа се учевме не сакаше да каже, туку ја фаќавме за мочкање и какање и така завршуваше работа. Така беше се додека не почна нон стоп да се заборава и сфатив дека може не е спремна и ги вратив пелените назад . Тука ја наораив најголемата грешка и сега сум полудена. Пред 2-3 дена решивме ајде време е да се откачиме еднаш засекогаш од пелениве. Разговараме , аха добро мамо, ке мочкам во нокшир, еве 7ми пар гаки мењам во моментов. Се праи наудрена иде во кош и моча. Кога ке ја седнам на нокшир ко за инат не моча. Што да правам? Совет? зборуваме нон стоп за тоа. инаку е 2год и 5 мес
     
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    17.214
    Пол:
    Женски
    Детето не било спремно ни првиот пат ни сега така да најпаметно ти е да почекаш да дојде моментот.Многу полесно ќе ти биде него сега нервози што трпиш.Ако детето зборува и разбира не значи дека е спремно да ги остави пелените.
     
    На koritsaki, srekice и mamaJana им се допаѓа ова.
  11. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    ме збунува и мене затоа се нервирам. Ми вика нејкам пелена, ја нервира више. Сама вика сакам на нокшир или сакам на шоља , а коа ке седне или за среќа ке заврши работа или после 5мин мочка во кош
     
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.365
    Пол:
    Женски
    Детето не е спремно. Се мачиш и себе и неа.
    Син ми на 2 г и 3 м сам ги остави. Ни сум пробала претходно ни сум го малтретирала. Еден ден реши дека не сака да мочка во пампа. До сега мочкање во гаќи имаше се на се пет пати во два дена. Го прашав дали е бљак кажа е и толку. Да нагласам дека не збори. Има слаб фонд за возраста.
    Според мене ако извадиш пелени денски не треба да ставаш за шетање. Само се буни без потреба. Нема да шеташ долго додека не престане да мочка. Ке шетате кратко на час два или ке најдеш начин да мочка додека шетате. За три месеца требало да се одучи сосема.
    За спиење ставам ама синко не се буди кога ке се подмоча. Ке почекам додека сам да каже.
    Сега ви води инат. Опасни се децата на таа возраст. Разбираат а не знаат да се справат со емоции.
     
    На PoisonGirl и Amelie1708 им се допаѓа ова.
  13. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    фала мајка :) ке видам уште ден два како ке биде и ке пробам и за шетање да не ставам . Па ке видам како ке биде , ако не здравје ке одложам за кога сама ке каже. Гледам дека инат ми води, дете. Прееска иде во кош , мочка пак и ми вика глеј мама мочкана сум :sweat:
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.365
    Пол:
    Женски
    Сега е збунета и револтирана. Јас би ја оставила месец дена на раат. Пробај уште ден два со финтата грдо е бљак итн кога е мочкана.
    Пример синко е педантен и кога ке кажам дека му се бљак рацете одма ги мие, или газето е бљак од каки да се мие, одма и за мочкање кажа дека е бљак во гаќи. И еве не се измочкал воопшто.
    Уште не кажува дека му се мочка ама ако не го прашам почнува да се фаќа за курето и да се вртка. Мислам дека за брзо и сам ке почне да кажува.
     
    На Amelie1708 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    епа исто вака е и мојава т.е беше летоска, не кажуваше ама коа ке и речев ај да мочкаме си седнуваше и мочкаше/какаше. Пример сабајле ко ке станеме овие 2-3 дена без проблем иде си мочка и после пу пу не важи (fingers)
     
  16. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    17.214
    Пол:
    Женски
    Син ми некаде пред да има две ипол години еден ден стана од спиење и реши нејќам пелени.Реков ок ќе ја соблечеме.Нокширот до нас и почесто го прашував дали сака да мочка.На почетокот и он беше збунет ќе седнеше ќе пуштеше капка две.Не знаеше дали му се кака или мочка.Кога сакаше да прдне мислеше ќе се искака па по цел ден киснеше на нокшир.Знам и дека ќе се заиграше па ќе се измочкаше,и тогаш стануваше страшно почнуваше многу да плаче што згрешил.А никогаш не бил искаран зошто погрешил ниту заплашуван.Го гушкав и му зборував дека е ок да згреши дека и на нас ни се случувало тоа понекогаш дека не е ништо страшно,да не се секира.Особено многу плачеше ако имаше други особи во близина.Па почнуваше да плаче без причина,т.е со причина ама не кажуваше зошто.Брзо го сконтав па го носев во друга соба да не видат другите дека го пресоблекувам зошто се срамеше.И му нагласував дека и покрај тоа што погрешил он е големо момче.После два три дена му реков ајде да ги вратиме пелените ако сакаш,ми рече сакам.Како му ја облеков така за две минути се предомисли и ја соблече.И не грешеше.Ретко многу ретко ако се заигра.Од прв ден навечер извадена пелената.Ама јас без проблем ќе му ги вратев пелените.За некого неупорна мајка ама за мене најисправно.Двете деца сами изразија желба дека не сакаат пелени.И не грешеа,многу малку пати се случило тоа.А па ни нешто особено не сум ги оптеретувала дека не треба да носат пелени.Им било кажано неколку пати дека веќе се големи момци и дека за скоро време треба да ги фрлиме пелените.Едното ги остави месец пред да полни три год другото нешто пред 2.5
     
    На Amelie1708 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.365
    Пол:
    Женски
    Да мајка ама за три месеци би требало да се научи, тоа го кажувам. Којзнае што си мисли таа, комплексни се мозочињата нивни.
    Синко две недели е без пелени.
     
  18. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.915
    Пол:
    Женски
    Исто и ние. Имавме успешен период кон крајот на првата година. Скоро 2 недели беше денски без пелена. Околу роденденот се разболи, со тт подолго време, па вративме пелени и од тогаш имаме 2 неуспешни обиди. Има денови сама седнува и мочка и кака на нокшир и на шолја, а има денови кога во пола час 3 пати се мочка во неа. Воошто не ја притискам. Нека биде спремна сама ќе каже. Сега денес претпладне три пати сама мочкаше и какаше со адаптер на шолја, а попладнево ми вели Мама стави пелена. Ставив и се искака.
    Да нагласам се зборува чисто, дури и менува глаголи, лица, а ете за газето не знае т.е. не е спремна. Синко ништо не зборуваше, па на 2 беше без пелени. Оваа е навиена, моториката и е на завидно ниво, дома како голема средува, се качува на кујна и по вратите како нинџа, но ете не е мерило.
    Ајде не се грижи не е голема и твојата. До 4 год се толерира грешењето и одвикнувањето од пелени.
     
    На Amelie1708 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    значи исти ни се женскиве не застанува , збори како мало теткиче уста не затвара од прашања , приказни раскажување , песни пее по цел ден ама ко ке дојде време за мочкањево се на три ипол се прави. Мама бе ке ти биде ладно на газето ај кажи ми нареден пат ко ке ти се мочка важи?
    Важи бе мама договорено ми вика.
    Оп после 10мин си шлапка со чорапите у вир од мочка сред дневна.
    Мамоооооо мочана сум.
    Па нели бе мама ке ми кажеше?
    Па еве ти кажав.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    И мојот е ист во однос на зборувањето, разговараме како со возрасен (освен некои букви што не ги изговара чисто) зборува со целосна реченица јасно, раскажува, глуми,пее песни,си збори додека игра итн.
    Но, секое менување пелена му е забава на него. Особено кога е какан,бега да го бркаме зошто знае дека следува миење на газе.
    Купивме адаптер пред некоја недела,дури претходниот викенд имаше успешен обид се измоча во шоља.
    Купивме и нокшир (од тие како шоља) и пред некој ден ,наутро се измочка во нокширчето(додека бевме заедно во вц и слушна дека јас мочкав :D ) јас жива среќна одма трчам играчка му носам,браво,се радувам пред него. Ама од тогаш навака,нема успех.
    Бидејќи е опасен глумец, почна да ме дрибла ми се мочка,ме тегне за рака да одиме во вц,уствари он веќе се измочкал во пелена ама сака да си поигра со нокширот (или курето8) )
    Не сакам да го форсирам,не сакам контра ефект да добијам,но од една страна ме нервира фактот што тој е свесен дека курето мочка,газето кака, кажува кога ќе прдне, или ќе се насмее засрамено. Ја сфатил физиолошката потреба, ама не ми кажува.
    Не знам дали да глумиме лудило уште да одиме по 10 пати во вц или да го паузирам малце..
     
    На Presrekna и Amelie1708 им се допаѓа ова.