мајка истото го прави! знам дека знае и мојава, си кажува и ко ке прдне аплауз си дава, си кажува ко ке се искака. Убаво имаш пишано ко јас да се читам, затоа не знам што да правам. Не сакам одбивност да и направам пример ако стварно не е спремна. Од др страна па си викам еве ја знае што прави зошто не ми кажува? на 300 ума сум. Од трета страна па си викам што ако сеа е правиот момент и пак ја прекинам и после биде потешко? Некогаш трча да седне на нокшир , некад ми вика е не сакам и бега па се молиме..
Два дена без пелена. Вчера се измочка еднаш, се заигра. А денес воопшто не згреши. дури 3 пати се искака и цело време мочкаше со адаптер. И после дремка без пелена стана сува, а и шетавме без пелена и еднаш побара да мочка. Вечерва пак и ставив пелена бидејќи не станува сува наутро. Кога ја заспивав сега, полузаспана скокна и вели - "мочкам ајде вецето". Стана се мочка и заспа. Дали грешам што ноќе ставам пелена? Повеќе му е страв да не настини отколку да се измоча. Да беше лето друго е. Изгледа и пелените како се друго преку ноќ ќе летнат.
Јас после 1 недела од кога ги тргна денски престанав да ставам ноќе баш зашто и со пелена се будеше да моча, само и дојде, не ја учев за во сон. А и ноќе покомплицирано е пелена да облакаш, па одлепи па залепи.
Па убаво ќе почекаме за ноќе уште некој ден. Не, не откажавме цице. Таа е заљубена во цице. Вели до десет години ќе цицам Ама во последно време поретко цица, повеќе се Гали. Ноќе стануваше многу често и цицаше, сега се буди еднаш или воопшто, и не цица туку само ќе побара и заспива. Осеќам намалено ми е млекото бидејќи до скоро беше обесена на мене и имав многу млеко. Ќе ја оставам сама да се одбие. И преку ден само неколку пати ќе рече дај Мама цице. Ќе тргне 3-4 пати И толку. За неа тоа е ништо. Малку оф топик заминав. @TeddyGrey ти благодарам. Баш така и оваа сама бара иако има пелена. Затоа гаќички памперс и ставам да нема лепи одлепи. Уште некој ден и ќе и ги тргнам и јас. Овој обид некако поспремна ми делува. Сама сакаше да е без пелена и сама бара да мочка. Сама се соблекува, оди во тоалет дури се обидува и сама да се избриши, па се облекува.
Се во свое време мајка. Моја другарка неколку пати неуспешно вади пелени, за конечно пред 3 г да ги остави. А збори како навиено од една година. Јас имам чувство дека синко титем ке го остави пред школо. @Presrekna кај синко е работата што цица. Не се гали само. Најчесто за заспивање цица. Ама некогаш бара и онака, пред ручек. Велам ај јади да се наполнат титињата. Мислам ке заборави. Тој ке јаде и ке си побара што му е ветено.
Сакаме да се одвикнеме од пелени. Пред 2 може скоро и 3 месеци збори синко(2 год и 4 м)...и кога ќе сака да кака ќе каже кака и ќе бега и ќе застане позади стол во кош или подалеку од сите..дали се срами па ни бега така...мислам дека самиот ни дава знак или сум грешка...како почнавте со одвикнување? Некој совет, идеја да речам.....
Update 7 ден без пелени. Веќе сама кажува ми се мочка/кака и трча во тоалет. Услов после тоа да мие рачиња со многу сапун и на цел глас да ја пее сапуче, сапуче. Ми се чини кажува за сапунот. Ноќе сеуште пелена ставам иако сува станува. Ми е страв да не се успијам и да ја настинам. Пред легнување Моча и ако подолго време се гали пак може да побара да Моча пред заспивање Мислам веќе дојде момент Чао пелени. @Septemvri секое дете своја приказна, ќе биде преку ноќ, без грижа. Пробувај, ветувај... Еве мојата во нокшир од 18 месеци ја ставав, го сакаше, но сега не. Само на адаптер во тоалетот оди. @srekice закон си ме пресмеа . Ќе биде ќе видиш наеднаш. Ќе се чудиш и самата @MilaSs12 мојата пак се зацица. Петки во најава.Инаку исто и пред ручек и после знае да си замези на цице
браво . ние сме скоро цело лето преку ден без пелена само навечер ставам. Арно ама за какање не кажува. Ако го седнам предвреме и тоа ретко да се искака. Така да секој ден перење гаќи и капење... Исто беше и со првото дете. За мочкање на 2 години а за какање дури на 3
Синко во декември ќе полни 3 години. Пред 1 недела ги тргна пелените, и почна да си кажува за мочкање без проблем. Кога и да каже, седнува на нокширот и мочка. Откако не носи пелени нема згрешено ниту еднаш, и за ноќе одма ги тргнав, сув станува. Не се буди ноќе да мочка. Има само проблем со какањето. Кога беше со пелени, се празнеше 3-4 пати дневно обавезно, брз метаболизам има. Е сега, за оваа недела само 2 пати се искака на нокширот, значи на 3 дена се олеснува. Му идат нагони, го гледам дека се мачи и стиска, и си го враќа некако. Кога ептен ќе му дојде зорт бара да седне на нокширот или шолјата за да се искака. Кажувајте чаре? Устата пена ни фати со мм од зборување. Се разбира, се зборува, ама изгледа промената му влијае многу и се стиска. Како да му помогнам?
@happygirl истото го поминавме летово. Само што кај нас се јави тој проблем еден месец по одвикнување. Наеднаш почна да се стега, значи никако не кажуваше, само мрдаше со нозите и шеташе низ собата додека не и помине. На крај кога неможеше да се додржи ќе пуштеше во гаќи и плачеше. Со се пробав, и нудење играчки, и награди, зборување нон стоп. Почнав и мелено ленено семе да и давам за да неможе да се воздржи. Некогаш ќе се искакаше додека мочка од што неможе да држи и тогаш и самата беше пресерќна и потоа пак го правеше истото. Се среди за некој месец, само од себе. Сега си кажува нормално ми се кака и си седнува на нокшир. Според мене само трпение, промена им е голема, ќе се навикне. Добро е што твоето барем седнува на нокшир. Јас помислив дека и психолошки има проблем кај нас. Но читав дека е честа појава при одвикнивањето.
Многу ми е тешко да го гледам како се стега и се мачи. Кога му доаѓа нагон, баш така се вртка низ собата додека му пројде, и после и да седне на нокширот ништо, само може да прдне. Го залажувам со награди и јас, ама џабе, не пали. Ај цртани да гледа додека се искака, ни тоа. Секој ден јаде полна чинија овошје, пие цеден сок од портокал, давам ленено и чиа семе со јогурт и овесни, супи, манџи и пак ништо.
Потполно те разбирам, и јас тука барав совет, незнаев како да постапам. Кога ја гледав како се маче многу ми беше тешко. Премногу и зборувавме, па пеевме песни кога ќе се искакаше . На крај само си дојде на свое место. Вие тек сте една недела, промена му е голема, ќе биде полека полека.
И синко има сличен проблем. Поточно синко има запек и освен додека клечи никако поинаку не кака. Адаптер и нокшир нема шанси. Не му е згодна положбата. За какање кажува и му местам пампа. И така се мачи, се мести и напнува. Свесно си кажува дека му се кака, ама на нокшир не може да заврши работа.
Дали некоја имала сличен проблем зошто веќе се мрднав. Поголемото има 4 години. Уште пред да наполни 2 ги тргнавме пелените, прилично лесно, му ставав само за спиење. Сега сфаќам дека ми било најголема грешка. Најново од сношти. Ги ставив да се шлапкаат во када, пред да влезе се измоча, ко излезе пак. Го облеков се, не поминаа 5 мин, почна да пишти,зошто немам пелена, сакам да ми ставиш, ко го гледам се измочал. Значи свесно прави, толку се изнервирав ми идеше да го истепам. Смачено ми е со пелениве значи, секоја вечер е драми, дерење, трескање од земја за пелена. Нон стоп му зборувам, абе цела година само за то трубам и не, не се замара. Неколку пати има речено добро не носам, по 2 сати го проверувам измочан цел. Не дај боже да го разбудам за во вц, толку се дере ко за колење, па и малово ќе го разбуди и драми со сати. Еве и сега кај шо пишувам толку нервоза ме фаќа шо се осеќам неспособна да се справам со едно дете. Некој совет како да постапам??
Ние скоро пред нецел месец ги тргнавме пелените, за мочање и пред тоа кажуваше, ама за какање исто. Од дете со 2-3 столици денот сега едвај еднаш оди. Се стега и мачи, затоа и пред овој обид два пати враќав пелени. Сега гледам некако се враќа во форма. Пред два дена дури три пати какаше, вчера еднаш, гледам фаќа ред. Ќе се среди. Давај повеќе течности и овошје да е поводена столицата, бидејќи кај нас од стегање некое време има потврда столица. Инаку ние готово фрливме скроз пелени на 2 год и 2 и пол месеци. Ноќе еднаш згреши веќе 3 ноќи не ставам. А денски веќе не греши. Бевме последниве 3 дена надвор од дома по подолго време, пазарување по продавници, прошетки... Без пелена нити еднаш не згреши. Уште едно поглавје завршено. Колку брзо растат.