Пак на темава да прашам поискусни. Веќе месец сме скроз без пелени. И ноќе. Најпрвин ја станував на полноќ да мочка, но се расонуваше И веќе 2 недели ја преспива ноќта сува. Има 3 -4 дена преку ден греши по еднаш за мочање што до сега не се случило последниве недели. Од само играње/седење ќе викне мочаааам. Ноќеска кај 23 часот ја видов исто измочана. Ја преслеков, до сабајлево сува беше. Да нагласам настината е. Дали може од настинката? Или некој период е. Се случува по еднаш. Другите пати убаво си кажува и трпи. Надвор кога сме излезени нити еднаш не згрешила
Мајки после неколку неуспешни обиди за одвикнување од пелени пред два дена почнавме пак. Синко е 2 години и 4 месеци. По две недели го оставав без пелени но залудно постојано мочкаше во гаќи и веќе немав што да му облечам. Сега е два месеци поголем и по цел ден го седнувам во нокширче со тоа што му ветувам бомбонче ако се измочка. Нема проблем си мочка во нокшир но само кога ќе го седнам, сам не му текнува и се случува да се измочка во гаќи. Му зборувам убаво дека треба во нокшир се со убаво. Е сега ме интересира како да го научам да кажува или сам да седне на нокшир. Знам треба време, овојпат не се откажувам мора да научу, имаме и сестричка од 20 дена тешко постигнувам со двете
Само трпение и упорност. Штом почнал да мочка веќе знае како оди, така да сега полека полека ќе се навикнува и да кажува, па и за голема нужда, па ќе се навикне и да трпи кога не си во можност да го ставиш на нокшир веднаш… и се така со ред. Објаснувај му повеќе пати и без стрес и нервоза. И мојот беше така на почеток, тоа мора така да биде.
И јас сум на мака со моето 2год и 3 месеци има. Од зборување одамна зборува се,глуми раскажува приказни,комуницираме како со возрасен. Свесен е за какање мочкање ,знае да застане и да каже курето мочка. Но кога е какан си молчи,ќе тргнам да го земам за миење бега и си игра. После 2от роденден купивме нокшир и адаптер, адаптерот не го бендиса баш а на нокшир седнува чат пат. Одреден период наутро кога ќе станеме го носам со мене во вц(и онака беше лепенка за мене) и го седнувам на нокширчето и мочаме заедно. Доволно е свесен кога не му се моча да ми каже не ми се моча, ќе поседи, ќе стане и се облекува (а пелената мочана-значи мочал пред да дојде во вц). Зборено,кажано безброј пати дека е голем,дека не треба да носи пелени,ќе го боли газето ако кака во пелена(вчера го болеше малку беше црвен му викам гледаш дека не какаше во нокшир,се договоривме дека ќе кажува ама не важи муабетот ) Кога ќе се измочка во нокшир добива аплаузи,восхити,радости...некако ме кочи зимава да го оставам без пелена,а од друга страна ме нервира бидејќи веќе е голем и разбира се....дали да настојувам или да чекам некој знак од него дека е спремен? П.с. не функционира ни награда-играчка. Му дадовме две три,кога го купивме нокширот за мочкање,не го привлече тоа...
Нема потреба од напнување самите ќе си кажат кога се спремни. И ние имавме неуспешно на 2 годинки и некој месец. Кажуваше и не кажуваше плус влијаеше и бебето тука е секако љубомората. 2 месеци пред 3 роденден нагло и скроз сам си ги трна и директ на шоља.
Не ти треба овој муабет на 2 годишно дете. Не настојувај, остави го зимава. Пробајте пак на пролет. А ионака не функционира. Нема што да правиш друго
Ќерка ми на 2г точно се одвикна од пелени. Ама јас извадив пелени скрос преку ден , и процесот траеше може се на се 10дена. Предходно се обидов на 2м пред 2г не соработуваше една нед пробував и прекинав. Не треба форсирање , доволно е по еднаш на пола саат , саат да прашаш дали ти се мочка и најдобро според мене е скрос да тргниш пелени за да стекне осет. Се дури носе пелени ќе се опушта и ќе си тера лабаво. Ако е зимо ако се измочка одма ќе го пресоблечиш ништо не му е. И ќерка ми многу збореше и голема предност ни беше , се договараме , па награди чат пат , па плускање на секое мочкање . И секогаш сам да си одбере кај сака да мочка , од понудените работи.
Кај мојата на 2 години и 4 месеци беше рано. А исто збореше се и разговараше. На 2и 6-7месеци сама кажа без да пробувам да ја научам.
Kerka mi e odviknav od peleni tocno na 2 godini i bese brzo nauci za 2-3 dena amanavecer uste koristime peleni.Sega ima 4 godini i neznam kako da e naucam da stanuva na vecer za mockanje mnogu cvrsto spie.
А како беше првпат кога се измочка во нокшир? Јас не можам тоа да сфатам како би го направил. Сега за сега прифати да седне, седнува на адаптер, тоа го викаме мала шолја. Седи и по 10 минути, претходно чувството му беше чудно, оти дупка, и воопшто не сакаше да седи. За некое време планирам да извадам памперс, и што да очекувам, да мочка ваму таму и после да сфати кога доаѓа и да го пушти во мала шолја? А ти избор и даваше во смисла кажи дали сакаш нокшир или шолја, да?
Гледав еден вебинар од една советничка за деца...и таа кажуваше за 12 услови што треба да се исполнат да пробате да фрлите памперс. И ако се родило ново дете во семејството тоа не е добар момент. И мајката ако е во напредната бременост исто не е добар момент. Е сега друга ствар, од кај да знаеме за тие таканаречени експерти, тоа што зборува на интернет не значи дека навистина има некои големи познавања. Од што ја гледав неа многу стрес си создадов, и многу се плашам дали добро ќе го поминеме процесот. И посакувам да ја избришам од памет ))
10 дена беше беше без пелена само за навечер, се роди бебето почна да не кажува па ајде пак пелена. Зборувањето според моето искуство нема влијание.
Зборењето не е поврзано со мочкањето. Син ми не зборуваше, многу мал фонд имаше кога ги остави пелените. Сам кажа не мочка во пелена и крај. На 2 г и 3 м. Се на се пет пати не се измочка во гаќи и тоа беше сонлив. На другарка детето збори од година и пол, многу збори ама пелени на 3 години остави. Ако не се спремни оставете ги некое време. Кога е спремно детето не му треба тренинг и со денови да моча во гаќи. Нели ви е нелогично машко да седи во нокшир за мочкање?
Кај нас зборењето убаво делуваше во смисла се договараме и објаснував , она прашуваше , па ми кажуваше постепено дека и се мочка , ама и она убаво прифати се ете и била спремна самата. За машки нз , еве и јас машко бебе имам сега , ама кога ќе дојде ред писоар ќе му купам , тој детскиот , не ми е логично некако на нокшир да го терам да седе , а шолјата ни е висока. Имаме и таква детска ама и таа нема да е корисна за стоечки. И јас никогаш не а терав да седе да дреме на нокшир Едноставно само а прашував ти се мочка ли ? ако каже да ќе а седнам неколку мин дури она сака , ако неќе никому ништо. За пола саат , саат пак ќе а прашам еднаш два пати , никако форсирање и дремење на нокшир/шолја да а терам . Ама пак ќе кажам ете може среќа сме имале она добро прифати се , и се опушти брзо , а како што беше инат и вриштало за други работи мислев дека до 5г ќе е во пелена За брат и нз како ќе се одвива до пред 2г секако не го чепкам , на 18м почнува физиолошкиот осет да им се развива тек. Може ќе биде полесно со сестра му и она да го занимава заедно да мочкат Ама ќе видиме какво мајмунче ќе биде тогаш. Имам уште една година пред мене.
Мислам дека веке сум очајна на темава, имам пишувано и предходно пред неколку месеци. Керка ми е 2год и 7мес. Летоска околу 2 роденден скоро и тргнавме пелени едно 2 мес траеше , и ставав само за надвор и спиење. Знаеше да направи грешка да се измочка дома ама не беше често и страшно, почнуваше и да кажува. Се така додека татко и не отиде на пат, останавме сами дома скоро 10дена и почна пак да ми мочка во гаки и и ставив пелена и толку беше. Моја грешка, знам. Уште еден неуспешен обид сега пред некој месец, не САКА и не сака да каже. Зборува убаво и течно, зборува како големо, големо дете. (знам дека нема врска тоа ке каже некој). Едноставно не сака да каже кога и се мочка или кака, знам дека знае што прави. Откако ке се измоча ми вика еј мама ја мочкав. Повекето од ноките е сува пелената, насабајле обавезно оди полни нокшир , па продолжуваме со пелена. Кога е без пелена во текот на денот се моча по 10 пати, ја прашуваме нонстоп дали сака нокшир, ама ова повеке ми изгледа како да ми тера инат, не знам што да кажам веке. Зборуваме со неа на темава доста често, како уз игра или приказни, сама кажува дека кога ке дојде за мочкање/какање треба на нокшир и пак исто. Не ја форсираме, туку ке се погоди сама да каже не сакам денес пелена, ајде мама ок не ставаме, после 15 мин доага ми вика мамо ја мочкав/какав, и кога ке ја прашам зошто бе мама не ми кажеш да седнеме на нокшир? Се прави наудрена и не сака да ми одговори на прашањево. Голема е веке, едвај ја собираат пелениве.. не знам што да направам веке и како да постапам. Никогаш не била искарана или нешто да и викаме ако направи грешка, зборуваме со многу трпение на темава..
Исто и мојата на 2 години и пол се одвикна од пелени денски, а сега има 4 години и 3 месеци и уште користиме пелени навечер. А богами некогаш се счучува и преку ден кога спие да ми се измоча. Ве молам за совет како сте ги навикнале без пелени преку ноќ?!
јас штом тргнав денски воопшто не се вратив на ноќно и никакво. имав обиди и прретходно ама едноставно сватив дека детето не е спремно и се било џабе што сум се форсирала . одвикнување тргај и не враќај
Јас гатнт имам пишувано во темава. Ќерка носеше пелени без престан до 2години и 8 месеци, не ја форсира никако за да фрлиме пелена, и зборував мама ај да ја фрлиме пелената голема си, ќе те боли газе не сакаше и ја оставив. Беше при крај на месец мај и решив јас дека и ја тргам пелената и дека мора да се научи без пелени. Првите 2 дена сите знаете како беше, немаше што да и облечам, целата куќ, буквално цела куќа беше измочана, па ја прашував ти се мочка на секој пола саат, кога ќе кажеше кога ќе се измочаше, но за 1 недела се стави во ред. И навечер не стававме пелена после првата недела, она била дада а ддите не носеле пелени. И се случуваше да се заигра и да се измоча, но деца се така ќе научат дека кога ќе им се примочка треба д кажат д седнат на нокшир и никогаш не ја искара зошто се измочана. Во деновите кога и ја тргнав пелената, после тоа подзалди и свеки вика абе дј да и ставиме пелена поладничко е, и реков нема пелена ставање никако. Само не ги форсирајте, знаеме дека е трошок, дека е подобро и за нив во нокширче или на шоља д какаат ама не ги форсирајте кога не се спремни и не гледајте на комшиката детето од 18месеци не носи пелена, секое дете своја приказна
Мајки помагајте, веќе пукнав. Од порано за мочкање си кажуваше, од Нова година ги тргнавме преку ден пелените. Навечер му ставам, некогаш е сува, некогаш не, не е страшно не го форсирам за тоа. Ама за голема нужда веќе незнам што да направам. Еве уште малку цел месец он си кака во гаќи, упорно све знае и после секое какање ми вика кога ќе ми се кака, кажам и одиме вц. И пак по старо и пак. 3 години уште 1 месец ќе полни. Секој совет е добредојден. Се мислам дали дури да вратам и пелени ама несакам зошто он веќе шо се вика е одвикнат, за мочкање не греши. Ама за какањево мува не во лази