Јас веќе не ја форсирам , 2 години и 4 месеци е , на моменти ќе и кажсм ајде и Вики да мочка тука покажувајќи и го нокширот ќе рече ,не нејќе Вики и толку. Кога ќе покаже интерес тогаш
Така и треба мајка. Кога е спремно детето тоа не трае со недели, нема да се нервираш, нема да мочка по дома секаде. Кога е спремно детето соработува и без проблем ке ги фрлите. Пробај за месец два пак.
Не го форсирај детето, знам деца кои на 3 години фрлија пелени и во ред е тоа. Се јавив во градинка, и воспитувачката вели претпоставувам уште носи пелени, значи на 2,5 години неа и е вообичаено да носи пелени.
Не ја форсирам ич. Завршив со тоа мое налудничаво понашање дека мора. Бејби ме искара еднаш,може и два пати Не ми е проблем што носи. Криво ми е што се опремив со џиџани гаќички сакам да ги носи
И јас се помирив дека нема да пројаде саглам никогаш, па си варам тестенини секој ден. И можеби ке цица до забавиште.
хахахх ме изнасмеа Единствено нешто што прави кога ќе се искака е да ги става рацете на лице и така стои мирна се додека не ја соблечам Во април ќе тргне на градинка па може ќе ги гледа децата таму што прават па може нешто ќе се смени
Душа бе А мојата,се соблекува сама и ги проверува пелените. Кога е какана,каката иде во нокшир. Па она го носи нокширот од САЛОН до вц. Па истура во шоља и пушта вода. Абе церемонии. Колку се лупав у груди за мокшир у салон,ти текнува. Сега би го носела и на глава,само да седне на него. Се мислам нокшир шоља да и земам,обичен бел. Може ке седне,пошто на овој џиш розев не седнува.
Koga ke go primetis deka mu se kaka vednas sednigo da noksirce ili solja. Jas taka i pravev I se nauci odma. E sega od prilika znaes koga kaka primer sekoj den ili sekoj vtor den i prasuvajgo dali mu se odi vo wc i sednuvajgo po cesto na solja. Ne se sekiraj ke nauci.
Син ми. На 3 години и 3 месеци, сам ми рече, станавме сабајле и ми вика не сакам пелена веќе, не ми ставај, за 3 дена се навикна. Толку беше. А претходно малтретирање, учење, оставање гол па моча насекаде, а он упорно ми вика не сакам и не сакам, сакам пеленаааа и ете дошло крај и на тоа. Еве го денес најубав и најпаметен дечко 9 години е и што му фали? Ништо.
На нас ни фали Што убаво си живеам откако се помирив со фактот дека,се што не е нормално,е всушност нормално .
Зошто бе да не е нормално? Се е нормално во животот да знаеш. Секој човечки организам во светот е еден и единствен и секој си има свој ритам како ќе се одвива од денот на раѓање па понатака. И немој воопшто да се мислиш и да споредуваш твое дете со друго, најголема грешка
Веќе три недели сме без памперс (освен за спиење). Го носам постојано да мочка каде сака, во нокшир, шоља, писоар, адаптер, канта, вангла, када... секаде каде сака да моча и сеуште нема шанси да каже сам, ако не го однесам на време ќе си се помоча и никому ништо. До април мораме да научиме бидејќи се враќаме во градинка каде во групата не примаат со пелени... Инаку 2ипол години сме. Дали ова ќе потрае ако има мајка со слично искуство?
Нема потреба да моча каде ке стигне. Зошто во вангла? Со форсирање не бидува. За три недели треба да е одвикнато. Очигледно не е спремно. Остави го на мира малку. До април има време. Дај си пауза себе си и на дете. Не е поента ти да го носиш да моча, поента е да разбере што значи да моча, каков е процесот и само да каже. Погрешно е да мислиш дека ке успееш ако за секое мочање ти го форсираш.
Јас не го форсирам тој сака да мочка и кога ќе му речам мочка не прави проблем ракоплескаме и кажуваме браво. Ова ни е трет обид и никогаш ништо не било со сила. Јас нема да се трудам и ќе го оставам кога сам ќе го фрли памперсот, но како што кажав не не примаат во градинка а нема кок да го чува во градот сме потполно сами, моментално сме кај мајками во друг град 200км од нашиот, но од 1ви април почнувам на работа...
До тогаш има уште месец и пол. Кога е спремно детето одвикнувањето трае една недела. Без паника, детето чувствува дека си нервозна. Се ке се среди, кое дете останало со пампи? Супер штом мочка, ама треба да препознае кога му се мочка. Пример прво ке го носиш ти почесто. Потоа ке почнеш да прашуваш ти се мочка. Ако каже не ништо. Ке се измочка. Ке му објасниш дека не е убаво, дека е голем, нареден пат да ти каже. По некое време пак прашај. Кажи ајде да провериме. Кажи му нареден пат кога ке му се мочка да ти каже сам. И така преку објаснување да ја сфати поентата и разликата меѓу мочкање во нокшир и во памперс. Не се сите деца спремни за одредени работи на иста возраст. Ке направам споредба меѓу син ми и дете на другарка моја. Нејзиното збори надпросечно многу, од една година, без претерување. Остави пампи на три години. Син ми остави пампи на 2 г и 3 м кога имаше многу слаб вокабулар за возраста, во последен месец има огромен напредок. Исто важи и за проодување и за пампи оставање.
Мамички сакам веќе да почнам да го одвикнувам син ми од памперс па ако може некој совет околу тоа. Инаку 2 ипол години е.
Дајте ми предлог за добар нокшир . Мислам на згоден за седење. Овие два што ги имам не и се згодни ич. Можеби затоа и не седи на нив.