Размислував и за тоа ама се откажав. Искрено се плашам. Сепак дете треба таму да пуштам. Сигурно и таму се исповрзани.
Јас на телевизија би ги кажала,жими се.Се пренервирав што ве читам само. Кај го пишува тоа правило дека дете од 2 год не смее да носи пелени Не бидете жртви на нечиј комформизам,ги мрзи да мењаат пелени мислејќи дека се господ,па ке плашат млади мајки.Срам да им е.
Јас разбрав дека се сменала директорката на градинките и ќе се примале сите деца одсега. Се надевам дека е точна информацијава. Твоето дома е моментално?
Ве читам за охрид и не ми се верува, а истовремено ме замиливте за пелените до 2 години. Дечкото оди во градинка во Струга, групите се делени на јасли (0-2 години) и јасли 2(2-3годнини) и колку што знам ги примаат со пелени. Дечкото наполна 2 години и збор не ми рекле за памперсите дури една се понудија да почнеле тие во нокшир да го ставаат за да се одвикне ама остана само на тој збор мислам. И јас не знам како е то на сила да се одвикнува детето од пампер кога и самото не е спремно
Луѓе, да споделам како поминавме ние со одвикнување од пелени. 2-3 недели пред 2.роденден почнавме. Еден месец можам да речам дека траеше, се додека да научи скроз. Прво со мочкањето, јас мислев дека еднаш ќе проба и ќе сака понатаму...ама НЕ. Прв ден ваму таму мочкаше, втор ден во шолја на адаптер 2 пати, другиот ден не сакаше ни да седне на адаптер...и со мочкањето така еден ден подобро еден полошо. Најтешко ми беше кога го гледав како се стиска. По 5 саати не мочкаше. Убедувања, поткупувања не помагаа. Само нешто низ игра, ајде кој прв кој прв ќе мочка...само такво нешто. Па јас морав стоејќи да мочкам, тоа ми беше напорно. Пресвртот беше кога отидоа со татко му во продавница и сам си купи мала шолја (нокшир). За какање неколку пати во гаќи или надвор на теписон. Еднаш проба, седна, какаше и се научи. Ноќно време од 3 ден не стававме, немаше потреба. Преку ден беше покомплицирано
Супер,едно гајле помалце имате сега Јас со мојов мал инаетливко, уште борби водам. Неколку саботи по ред практикував уште од утрото кога ќе станеме, да одиме заедно во вц да мочкаме и после да му облечам гаќи,он си бираше кои сака. Се случи еднаш да се измоча во гаќи и воопшто да не му смета, се случи да се искака и да се исплаши кога го соблеков и се размачка по нозе. Дигнав раце две недели и почна да ме прашува дали може да кака Мамо може да какам? Може слободно, сакаш нокшир? не во пелена. Ова до сега не се случувало така да ќе го оставам некој период да поттикне сам. Се изнакажав на твој пост
Значи сега брз пелена сте? Јас летоска здравје планирам да почнам, сега уште е ладно и не е спремна, постојано ја прашувам, за мочкање не кажува, а за какање веќе неколку месеци кажува кога кака, клекне долу и вика мамо какам, викам чекаај да донесам нокшир, не не вика тука во пелена само....ја седнувам во нокшир многу пати без пелена, седни стани само прави, 2 пати само се има измочкано инаку и е игра уште. Ај од јуни здравје ќе почнам да ја оставам на гаќички.
Е мојот една капка на гаќи од мочка или нешто друго, одма во вис ќе не крене да го пресоблакме. Имаку и кај нас така почна, претпладне, пред дремка почна да си мочка. А попладне не сакаше и стискаше. Без разлика дали имаше гаќи или памперс. И првите денови со мене соработуваше, а до татко му не. И на пример 2 дена ќе си биде ок, мочка, гаќи облекуваме, и јас ќе отидам на работа и тој со татко му не мочкаше. И така 2-3 дена потешко, после пак соработка, после пак ќе стиска. 2 недели така, после се подобро, и сега после месец нема гајле. Во парк, во кафич, во чашка , во нокшир, во шолја кај било, ако му се мочка си мочка. Ние му викавме кај било да мочка во тие моментите кога се стискаше:во туш кабина, во едни пластични тањирчиња. И на пример 2-3 дена на адаптер во шолја, па 2-3 дена си мочкаше во туш кабина, после не..ајде пак нешто мотивирај го, тањирчиња му понудивме. Така. Не само нокшир. Добро што твојот кака клечејќи. Мојот само стоејќи, и тешко му беше да седне )
Да, готово, скроз без памперси веќе 2 недели. Ќе биде. Треба и родителите и детето да се спремни, без притисок. Кај нас некако спонтано почна, не дозволуваше да му ставам, и немавме купено памперс и така.
Безобразни се, со еден збор кажано. И, јас сум од Охрид и премногу сум разочарана од односот во градинката. Жива катастрофа се.
Исповрзани се. Но, вака ако продолжи, јас ќе се јавам во министерство. И, нема да знаат што ги има снајдено.
Истото и нас ни се случи. Ние сме од друг град се преселивме во охрид кога наполна 2 годинки синко го примија во градинка, но во јасли дека уште носел пелени. Воспитачката ми се јави да сме соработувале да го одвикниме заедно реков во ред не е проблем. Два месеци по 10 пати во ден се мочаше в гаќи уште што не пробав, ама таму не мочкал затоа што капка вода не му давале да пие и со сила го преместија во прва мала каде што му даваа течности и секој ден по 3 пара облека му праќав. Се породив со второ и не го носев 3 месеци во градинка, а за тоа време дадов се од себе да го одвикнам и успеав, но секако и самиот тој веќе беше спремен. Тоа што го прават е безобразлук. За мое дете тие ќе одлучуваат до кога ќе носи пелени. Во нашиот роден град воспитачките секогаш кажуваа "со сила не, ако треба до 4 нека носи ама самото да е спремно", Охрид полуделе.
Јас мислам дека навистина ова треба да се пријави некаде. Знаете ли колку мајки сум сретнала на игралишта што ме прашуваат дали сме тргнале пелени, сите се труделе за во градинка....