Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    Ние три ќе полниме,абер нема. Веќе два месеци сака да седи на нокшир. После дневна дремка одма на нокшир ја ставам. Од сабајле после доручек одма на нокшир и кака. Неколку дена прво ја бараше каката во пелена,па ќе види нема,ќе седне и штом заврши скока. Исто и со мочкање. Почнува да е свесна. Ќе укопча,само полека.
    За ноќно без пелена тешко:rofl: нек си ја одвикнува свекрва и кога ќе се омажи:rofl::rofl:

    Тоа што им е чудно на другите да не те мачи. Ете носи. И на многу им е чудно што моево не збори,па што да правам. Да ја чувам дома.
     
    На 0ли, Larahappy, Sofi.ja и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Може и така. За продолжување на породилното се собравме сите мајки и пуштивме маил и имаше ефект, не дека тиа ќе читаам но ќе видат дека сме многу и веројатно ќе има ефект :) А може и да се обратиме на некоја телевизија пример сител, да кажеме на утринска за проблемов, секако анонимно, да престанат веќе да му вршат терор на дечињата, така само контра ефект прават...
     
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    @Jana06 мојава од кога откажа денски пелени, не секоја ноќ, ама се будеше и со пелена кажуваше дека и се моча.

    Пелените утрото беа празни.
    После 3 вакви случки, ја тргнав ноќната.
     
    На duffi, KuklickaSk, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  4. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека мн добра ти е идејата за на утринска. Но може и мејл да пратиме со напомена дека ако не се решат да сменат правила ќр се јавуваме по телевизии.
     
    На Scorpion91 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    14.115
    Пол:
    Женски
    @Jana06 поголемово дете пред да наполни 2 кажуваше за во вц, немавме проблем. Ама за ноќната пелена дури на 4 рече дека не ја сака. Многу се нервирав кога требаше да му ставам за спиење, секое сабајле му беше преполна. Има цврст сон, ретко се буди и не сакаше да се замара ноќе да станува, убаво му беше да си моча во пелена. Нон стоп секоја вечер му зборував дека е голем за пелена, го нудев со награди ако стане сув и џабе. Една вечер сам рече не сакам веќе пелена, ќе станам ако ми се мочка. И вистина си стана, 3-4 вечери стануваше, после веќе и тоа престана, се мочкаше дури сабајле.
    Ова е моето искуство, се надевам дека кај вас нема олку долго да трае одвикнувањето. :D
     
    На elimkd, NewMama, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    На темава, мојот знаеме кога кака. Се трга на страна и не брка сите во друга соба кажува дека бљака прави. Во нокшир не сака . Исто кога ќе се покака одамна кажува, сега бара и да го соблечеш, не сака да седне на газето. За мочање, насабајле куп мочки.. Како и да е, може летово ќе имаме обид ден два без пелена, ама не го форсирам детето.. Од градинка ништо не ми спомнале, мада јас сакам да не носи памперс пошто не го бришат убаво ако се искака. Али кога ќе биде спремен тогаш..
     
  7. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Тогаш да се пуштиме во акција на кој мејл и што да им пишеме... Да се осигураме дали во сите градинки во Охрид е така (ние сме во развигорче) и дали само во Охрид или и во други градови...
     
  8. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Во сите и само во Охрид.
     
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Мој совет е прво да се обратите до градинката со барање да се почитуваат правата за заштита, односно згрижување на децата. Барањето да го доставите во два примерока до архивата на градинката и еден примерок да ви вратат назад.

    Доколку не се почитува вашето барање, со копија од вашиот примерок да поднесете пријава до Министерството за труд и социјална политика. Трет чекор е Народниот правобранител.

    Ова е како институционално да се реши проблемот. Не верувам дека нема да има ефект, особено ако се постапи на овој начин...од искуство ова...
    Ако само се јавите на телефон и пријавите, помали се шансите да постигнете нешто.

    Јас лично, медиумите ги гледам како последна опција, ако ништо од ова не вроди со плод, со аргументи и факти (документација за пријави) да се објави јавно.
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375
    Жени ај совет.

    Мали е 2.5 г седи во гаќи денски без проблем, не мочка, го носам на шоља и мочка или кажува.

    Арно ама, со какањево ништо не праиме. Цела недела ми е по гаќи и само еднаш се искака во шоља. Друго во гаќи ќе се искака и одма трча во вц вика миј мама. Кажува дека е какан во пелена од 15 месеци вика бљак, не трпи ама не знам како да сфати дека треба да каже.
    Му зборувам нон стоп дека ако осети мешето да го заболе да каже да одиме во вц, ама без успех. Не знам како да постапам. Ќе сфати сам или некако поинаку да го насочам?
     
    Последна измена: 8 мај 2022
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Извините што се уфрлив во темава... Јас мислам дека е залудно се, немам сеуште дете за да зборувам од лично искуство ама мислам дека и да се пријави од одредена група на родители само ќе се створи револт и ќе се удри врз децата, познавам многу мајки (снаа ми и другарки) кои имаат деца што одат во градинка и ако имало било каков проблем и ако пријавиле било каде, одма се мавало на децата, им се збори се и сешто и се дискриминираат децата... ако се поголеми и ако разбираат им зборуваат глупости во смисла мајка ти и татко ти не ве сакаат и такви ми ти работи децата секој ден со плачки дома си одат и имаат одбивност да одат во градинка, а институциите даваат одговор до вработените е, ќе видиме ќе превземеме мерки и на тоа останува, или пак викаат пуштете тужби приватни до судот он да одлучи, а судот дур одлучи децата дипломска ќе спремаат...
     
  12. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    :|
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Моето искуство е поинакво и покрај тоа што настапувам сама, индивидуално, а не групно. Зависи како ќе пријавиш. Кога оди официјално, преку архива, не им е сеедно и не се опуштаат толку многу, напротив.
    Јас ја имам постигнато целта уште на првиот чекор и досега не сум имала потреба да одам понатаму.
    Искрено, досега сум немала ни негативно искуство со односот на учителките/наставничките со децава.

    Ама тоа е моето лично искуство. Не велам дека така е секогаш и секаде. Верувам дека најчесто поради стравот на родителите од односот на воспитувачите кон децата, ваквите проблеми сѐ повеќе се продлабочуваат.

    Јас дадов најдобронамерен совет и од лично искуство, а не мора да значи дека истиот мора да е прифатен.
     
    На Kbr му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Мене душа ми извадија мајка ми, свекрва, бабиве мои дека е веќе голема за во памперс и мора да ја научам, ние сме учеле од 1г. Како па да не.
    Остај ја ќе се измочка по нозе ќе трча надвор еве бла бла, ваааажи, да ми го остаите детето немиено по нозете кога не сум тука :rofl:
    А јас се водам по мислењето на една членка тука, не пишува веќе одамна (Фримајнд тебе ти го следев секој чекор со детето ако не читаш) :D
    Кога ќе сака таа, и почна сега дури да поткажува (има 2г и 8месеци), сакала таму да мочка и кака итн, преку ден само за дремка и ставам памперс, исто и ноќе и ставам зошто пие многу вода па и чај навечер и преполн и е утрото памперсот.
    За во градинка ништо не ми спомнале искрено, а и гледам доста се со памперси дечиња од нејзина група, ама таму оди со памперс, од утре ќе ја прашам дали сака со гакички и дали ќе кажува на тетките.
    Со колку алишта плус да се спремам во ранче? 8-|

    Ништо од форсирање не бива, ќе си кажуваат, и мојава е еве пред 3г веќе, што има врска, демек ќе седи до 5 со памперсот, тешка работа ми се моиве дома :drunk:
     
  15. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Така е, се согласувам со тебе ама потенцирам дека повеќето барем во нашата градинка имаат лошо искуство и си ќутат заради најмилите, сепак не викам не тдеба упорност можеби и ќе влоди со плод
     
  16. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.695
    Пол:
    Женски
    Женски како знаете дека децата се спремни за нокшир?
    Мојата ќе прави 2 год во јули па додека е топло да пробам да ја седнувам на нокшир и да ја оставам по гаќички или рано е?
    Кога одам во вц оди и таа со мене и ме тера да станам јас, за таа да седне и не мочка, само прави пшшш со устата и се радува дека завршила работа како мама.
    Да ми дадете некоја насока , да не ја исфорсирам па бетер проблем да направам.
    Инаку пие многу сок. И навечер поготово, жива вода се буди, ниеден памперс не држи.
    Плаче во сон сок да и дадам или вода..и тоа неколку пати во текот на ноќта.
     
    На mal.ecka, elimkd и Panovic им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.389
    Допаѓања:
    113.306
    Пол:
    Женски
    @Kate Rina 93 не знаеме, треба да се проба.
    Наутро штом стане стави ја на нокшир нека поседи занимавај ја, види дали ќе се измочка. Обично така се почнува.
     
    На elimkd и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.369
    Пол:
    Женски
    Ке сфати сам, дај му малку време. Промена од носење памперс до гаќи е голема за нив, треба да се навикнат. Во секој случај мочкање во нокшир/ шоља е добар почеток. Во меѓувреме збори си ти постојано и ке разбере. Пример кога ке се искака прашај го дали знае дека се искакал, дали сака нареден пат на нокриш/ шоља да седне, дали може да се договорите да каже итн. Кај син ми финти со договор палат, кога тој чувствува дека има моќ да одлучи сам.
    Ако го фатиш дека се напнува однеси го во веце и прашај дали е подобро во гаќи или на нокшир/шоља.
    Нема врска топло ладно мајка, син ми во есен остави памперс. Беше спремен и неколку пати погреши. Процесот на одвикнување траеше три дена.
    Пробај можеби ке е спремна. Ама можеби и нема да е. Прочешлај ја темата, имам пишувано.
     
    На azelea, elimkd и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  19. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Иста ситуација! Како јас да сум го пишувала ова. Веќе две недели се стабилизиравме со мочкањето, дури и навечер, ама за какање нема абер.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Дали користите водоотпорни гаќи за одвикнување од пелени?