Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    Браво за лепотанот. Ти реков,умен е тој.Нас ни тргна добро да речам,ама се разболе. Качи тт. Сега чекам да оздрави. Иако седнува на нокшир,и за какање не греши. Ке чекам да оздрави
     
    На MilaSs12 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  2. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Мамички во фаза на одвикнување од пелени сме. Малиот сам ги отфрли, кажа сакал да мочка во шоља и да носи гакички. Сам се соблекува и седнува на шоља, сам се облекува потоа, кажува кога му се кака, меѓутоа не секогаш има осет кога му се мочка. Најчесто јас го прашувам дали му се мочка и тогаш ке седне на шоља, понекогаш ке оди и сам мочка, но знае и често да се помочка во гаќи. Веќе 3 дена сме без памперс Е сега сакам да прашам како да му помогнам со тоа, како да му објаснам што како да прави или едноставно треба да бидам трпелива и да чекам сам да разбере?
     
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.704
    Допаѓања:
    18.374
    Пол:
    Женски
    Имај трпение. Ке разбере, штом само детето кажало не на пелени ке биде за многу брзо.
    Поточно детето разбира ама нема навика дека треба на секое да мочка. Затоа се вика процес на одвикнување. Прашувај го ти на 1-2 часа, зависи колку вода пие. Потоа ке почне сам да кажува. Кога ке се измочка кажи дека е бљак, објасни дека нареден пат кога ке му се мочка да ти каже. Смирено му објаснувај. Кога ке каже сам викај браво пофали го.
    Со лесно. :D
     
    На Ivana-Iva.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Јас од денеска почнувам со одвикнување од пелени, 3ипол години е и почна да и смета многу пелената.
    Навечер што да ставам на креветот каде што спие?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Подлога како чаршав од памук пале земав
     
    На mal.ecka, srekice и Neda997 им се допаѓа ова.
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.395
    3.5 godini gotovo celosno izvadeni peleni... trpelivo poleka za 2 meseca samo dva pati navecer se pomockala
     
    На mal.ecka и srekice им се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Еве и ние со проблем за какање:sweat:
    Два пати какаше во нокшир,еднаш во шоља(при што беше исплашен кога почна да кака,па почна панично да бара пелена-реков нема не сме купиле) за овие 5-6 дена одвикнување и денес во двор кај баба му почнува да кака во гаќи. Тргнав по него викам дај во трева ќе какаме,не дозволи да го соблечам вришти и бега. После си се докака на друга страна-во гаќи,а јас ифрит лута:envy:
    Знам не требаше,му се развикав,му нудев и шоља и нокшир ништо не сакаше

    Зошто го фаќа паника кога му се кака;(
    Претходниот пат мислев да не има запек па да го боли,ама нормална му беше.
    Дали давате пробиотик при одвикнување?

    Ми вети дека следен пат ќе ми кажел,ме плаши во градинка да не направи беља ,иако засега се стега и таму само мочка.

    Колку време е потребно за одвикнување од пелени?
    Знам за цицањето дека после 3тиот ден веќе се откажува..
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    Ова е нормална реакција,не паничи . Знам за еден куп деца со иста одбивност.Им поминува по некое време. Пробај вака. Кога ке се искака,подметни му го во нокшир за да го види кога ке стане,јас вака ја научив уствари. И се опушти по неколку пати. Мојата барем кака без приблем. За мочкање ќе биде тешко гледам:|
    Мм синоќа си играше со нејзе. Го трескаа капакот од нокширот. И денес она го прави истото. Има он да ја одвикнува му реков. Значи уф,малиот на свеки е бетер дете од моето:@
     
    На MilaSs12, KuklickaSk и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375
    @Sofi.ja мене во градинка ми рекоа носи го во пелени додека скроз не кажува за какање и мислам дека го уназадувам и го бунам со стави, вади пелена.
    Еднаш се искака во гаќи таму и драма направија. Исто еднаш и сд измочка па ми потенцираа како се измочал, а и викам го прашавте за мочкање. Не. Ние шетаме и надвор и не ми ае измочал, ама го прашувам секој саат дали му се мочка. Таму ваљда и срам му било да каже или се заиграл.

    Мислам дека треба да има поголема соработка и од нивна страна, секако по 6,7 саата е таму може да го прашаат или да го поттикнат некако да им каже, нд знам, сигурно не е прво дете што се одучува.

    Инаку пази со карањето за какање, иако и јас после 10 пати чистење какани гаќи знам да избувнам , ама може ептен лошо да сфатат дека не треба да какаат, па да нејке да кака ич. И друга мака.:whew::worried:
     
    На srekice, eta и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Јас 8 месеци правев обиди(во последниов период почесто) и можеш да замислиш која нервоза ме фаќа.
    Знам дека не е поврзано со говорот,ама детево жеден преку вода ќе те пренесе а не сака да кака во шоља:@ затоа се нервирам.

    Во градинка го забележав и последниве 2-3 недели(во пелени) не какаше таму, туку откако ќе дојдевме дома. Сега овие денови исто не какал таму. Засега добро соработуваме со учителките ,иако првиот ден за спиење му ставиле пелена, да не го измочал душекот|(
    Другиот ден им пратив подлога и од тогаш не му ставаат. Иако сметам дека градинката треба да си обезбеди водоотпорни чаршави.

    Он кажува и за мочкање и кога му се кака,ама се плаши кога доаѓа каката:|
     
    На srekice и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  11. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    Ви се прават ли со бубуљички на газето од нокширот децата? Мојата е лом,а после секое користење го мијам и сушам. Од пелени никогаш немала. Што ке беше ова.
    Инаку,дневно една пелена ставаме,само за навечер. За надвор јок. Некогаш ке згреши,некогаш суви се враќаме. Треба да и е на видик нокширот и оди сама. Инаку да каже,никако сама:smirk:

    Се надевам ке и здосади и ке почне:D
     
    Последна измена: 25 мај 2022
    На Mia Fuentes, Sofi.ja и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.704
    Допаѓања:
    18.374
    Пол:
    Женски
    Најбитен сегмент од одвикнување од пелени е детето само да знае дека му се мочка. Значи да ја осознае таа потреба да задржи моч и да отиде да мокри во нокшир. Финесите ке си дојдат со тек на време.

    Синко уште во пелени кака, на шоља со адаптер или во нокшир го болеле нозете. Мислам дека му е страв да седне дека ке падне. Ветував чуда ама не му е гајле. Мамо ми се кака и си легнува за пемперс, кака скриен позади врата клекнат. :worried:
    Има ли крај? Смрди цел стан додека го избришам и измијам.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    Дома не греши. Ептен заиграна ако е,почнува да мочка и трча накај нокширот. За какање кажува (покажува) . Надвор не .Ама добро,не ја форсирам. Ова мислам втора недела ни е.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.704
    Допаѓања:
    18.374
    Пол:
    Женски
    Добро е, тоа е тоа. Не трае кај сите исто одвикнувањето, ама сите ке тргнат пелени. :hug:
    Најбитно е да не се тера детето со сила, ако соработува ке ги фрли за кратко.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Јас мислев твојот одамна не носи пелени:?:
     
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.704
    Допаѓања:
    18.374
    Пол:
    Женски
    Не носи одамна, од октомври. Ама за какање кажува дека сака да кака и чека пелена. Има тврда кака, често и запек и не сака да слушне на шоља или нокшир.
     
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    8 месеци кака во пелена?
    Боже што ме чека мене со мојов што кака во гаќи:o
    Јас денес" му се заканував "дека пелена ќе му ставам ако кака уште еднаш во гаќи
     
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.704
    Допаѓања:
    18.374
    Пол:
    Женски
    Да. :x
    Со тоа што од прва сконта за каки, дека има запек и веднаш знаеше да каже дека сака да кака. Уште пред да фрли пелени какаше на истото место, во соба позади врата, клечи класично како што се кака во полјана, на нокшир не сака да му падне гомцето а на шоља го болеле нозете. :?:
    Има историја на запек, плус нејадач со пет јадења, среќа моја па овошје и зеленчук сака, инаку не знам што ке правам. Молерсот помага, инаку често на ефекол кесички е, и клизми ставам по потреба.
    Читав, не е прво дете така што прави, и во темава мајки пишуваат за слични случаи.
    Не го форсирам, битно знае дека му се кака и кажува дека ке кака. За начинот ке почекам да му помине тремата што ја има.
     
  19. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Трпение. Се случува да се заиграат и не сакаат да остават за да мочкаат. Нормално е.
    Ние сме 2-3 месеци без памперс целосно, ден, ноќ, мочкање и какање.
    И пак некогаш, ако одиме во ново место, нов град, ресторан, тој гледам ќе стиска.
    Или малку ќе пушти во гаќи, една капка, и се сецнува. И доаѓа ми вика шолја.
    И додека се однесеме таму, пак нешто ќе се заигра, ќе ја гледа кантата за ѓубре :) и пак ќе стиска.

    Кај нас во такви случаи помага една чаша, една иста ја носам, како за кафе, картонска и таму мочка.

    Без карање на детето,и без нервози.

    Инаку, ете ние 2-3 месеци без памперс. И кога отидовме во ВЦ во шопинг центар ми рече дека сака да го качам на масата и да му ставам памперс :)))
     
    На Ivana-Iva.94, Sofi.ja и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  20. ifv

    ifv Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    207
    2 и 10м е синко.. денес прв обид во нокшир , кака и се помочка..да ставам пак пелена, а прашувам често за мочкање во нокшир...може совет