Мој совет остави го голо газе. Не му викај ти се мочка ли, туку "време е за мочкање" "ќе одам да мочкам, јас прва" (би требало да вика нее, јас прв...) И така. Кај нас некои денови беше подобро, некои помалку. Ама не стававме памперс.
3ти ден се обидуваме, седнува и ништо не прави. Јас мислам дека разбира но и делува ново и исплашена е некако. Вика мама кака и она седнува на нокшир и џабе станува и после веке несака. После 1 саат пак пробувам често ја прашувам но џабе ..совет ?
Супер штом кажува за какање,обично тоа е поголем проблем при одвикнување. Јас штом извадив пелени повеќе не ставив,поминаа повеќе од 2 недели. Мојот за мочање кажува,грешеше само првиот ден и се случува при спиење да се измоча. Кај нас е проблем какањето,исплашен е и кака во гаќи. Ставај го на нокшир пред/после спиење, пред/после јадење, пред излегување од дома. Земи ранец со алишта за надвор и билдај трпение
Ако си дома прво ставај го на 15 минути . Облакај гаќички или гол нека седи. Ти седнувај го на 15 мин . Ние трета недела тераме на одвикнување. Цел ден е без пелена. Само навечер за спиење ставам .Надвор кога е сува,кога ке се измочка и ја пресоблекувам. Дома е гола претежно. Ретко греши,освен ако е заиграна ептен со татко и,па неможе да стигне до нокшир. Како успеавте другите за три дена да ги одвикнете ,алал да ви е. Капа доле
A kako se odviknuvaat tie deca vo gradinka sto odat? Za vikens e kratko vremeto a vo gradinka ke mora da nosi pelena? Na odmor vezbate ili...?
И во градинка без пелена. Пратив ранец полн со алишта првиот ден,но еве скоро 3 недели а ниту еднаш не го пресоблекоа,си кажува.
Значи да купам гаѓички идаго. Оставам гол така? Ние сме две год и сакам да видамкао ќе е.. Он година и пол кажуваза какањр ама не саканокшир бега.. Едназ де наплаши и одреден период неени каѓувваше кога кака па го оставив да не форсирам.. Викам Ј дасе стопли...
Да,остави по гаќи . Јас и панталони облакам. Така одма осеќа . Ама прво да сака да седи на нокшир . Ние сме скоро три. На две лани несакаше
Мајки процесот на одвикнување колку време трае? Веќе две недели сме со гаќи и ако го потсетам за мочање, ке седне и ке мочне малку, ама ако не го потсетам си моча кај стигне. Веќе немам трпение, страв ми ке ми ја замириса цела куќа, дури во моменти на нервоза помислувам пак да му го вратам памперсот. Кога му зборувам вели добро договорено ке мочкал у шоља и после пак истата работа. Посоветувајте ме дали да сум истрајна во работава и да билдам трпение или пак да се откажам? Инаку веќе е голем, за еден месец ке полни 3 години
Кај нас по градинките (во Грција) може да ги замолиш вработените да помогнат при одвикнувањето од пелени. Моето во септември 3 ќе полни ама абер нема ни за мочкање ни за какање да каже , сум пробала дома да ја ставам на нокшир но безуспешно. Сега ги замолив во градинката да и покажат другиве деца како одат во тоалет па ќе видиме. И сега лето ако не научи не знам што ќе се прави
Што има врска лето зима? Тоа порано имало врска кога грееле една соба другите камен, переле на раце, итн. Синко во октомври фрли пелени.
Кај мојата повеќе негователката имаше удел во одвикнување од мене. Само треба да се разговара со неа и се разбира и таа да сака. Таму им е поинтересно гледаат од други па сакаат и тие на нокширче. Пелена носеше в градинка ама ми ја враќаја со истата облечена и сува. На одмор е идеално за одвикнување и нокширчето со вас на плажа. И најбитно е постојано да се прашува: ти се мочка, ти се мочка, ти се мочка... поминале 10 секунди пак прашај. По милион пати во денот Се заигруваат и не се свесни ако не ги прашаш.
Не ги прашувајте постојано само одбивност ќе створите. И вас ефно исто на 10 секунди да ви зборат ќе ви се смачи. И никој не моча толку брзо. Прашувајтеги на растојание од час, час и половина.
Ваков совет добив јас, и така постапив и успешно беше. Моето е веќе големо. Ќе се случеше 10 минути да не ја прашам и да се измочка баш тогаш. Секако ова не трае месеци па да се створи одбивност. Напротив многу брзо научи дека не треба да мочка во пелената.
Јас нонстоп ја прашував првите два дена, вториот веќе бевме и излезени. Мислам неизбежно беше од старт да и досадвам, како шо кажа членката баш тогаш ќе се измочкаше ако ја оставев. Веќе трет ден сама кажуваше, се срамеше ако згреши. Читав некаде дека околу 2 часа можат 3 годишни да издржат без мокрење, ама деца, се заигруваат па грешат.
Точно, најголема фрустрација му се правеше на син ми. Не треба да се прашува често. Кај мене тоа беше грешка...на пола саат го прашував и само му правеше одбивност. Сега гледам,и после 2 месеци уште го нервира кога го прашувам. Сега научив да му викам " срц кога ќе сакаш сам ќе му кажеш, и ќе ми кажеш на кое дрво сакаш да мочкаш" А дома не прашувам, има столче покрај шолја, си се качува и мочка директно таму, како голем.
Јас ја направив најголемата грешка. Еве сега повторно ја прелистувам цела тема. Лани на неполни 2 години се одвикнавме од мочкање ама од какање никако. Морав памперс ради шлаканиците со каки и гаќи (простете на изразот) дојде ладно време не покажа интерес за какање па вратив памперс и направив голема грешка. Да продолжев со потсетување за мочкање досега тоа ќе беше усовршено а може и за какање веќе ќе кажуваше. Сега за 2 месеци прави 3год и сме на почеток и е многу потешко зашто е поголем и посвесен па навика му е дека све тоа се прави во памперс. Денес е цел ден во гаќи у ниеднаш не кажа се во гаќи мочка и уште се нервира ко ќе треба да ги преслакам.