Да пишам еден апдејт на темава. 2 недели имавме проблем со какање во гаќи,третава недела се разубедивме дека не е убаво какањето во гаќи,ќе ми ги искака омилените гаќи ќе бидам тажна. Всушност пресвртот се случи кај баба му и дедо му во двор(во куќа живеат) . Бевме надвор, го забележав дека му се кака, понудив нокшир не сакаше,го соблеков гол и виде не виде-какаше на трева па после како на кученце му го собирав гомцето Другиот ден дома повторно бараше во трева,му реков не може кај нас тоа само кај баба. И во полу -седечка положба заврши работа на нокшир. Па еве веќе цела недела како не прави грешки за кака,веќе ги подарив пелените на внуката
Ние прoбуваме вo принцип некoj саат веќе 3 дена пoсле рабoта, сака да седи, знае сoблака гаќи нo не мoчка, ќе стане ќе се измoча надвoр oд нoкшир. Кoга ќе дoе ред за спиење ставам памперс и првoтo мoчкање кoга ќе и биде пoчнува да гo тегне. Не знам какo да jа научам и кoлку време ќе и треба да сфати, мoже и не е спремна...
Ве прочитав неколку страни назад и ви благодарам за советите. Син (2 год, и 5 месеци) ми кажува за кака ама откако ќе заврши работа, а за мочкање уште не му е јасно што е тоа. На нокширот ги става мечињата, но тој се плаши да седне. Минатата недела имаше ужасен запек па го седнав на шолија со детска даска, ама повеќе се исплаши зошто изгледа го болеше од запекот. Од денес сум неколку дена на одмор, па планирам да почнам процес на одвикнување. Сакам до септември дур тргне во градинка да биде колку толку спремен. Е сега за машки за мочкање на седење ги учите или стоечки? Познато му е мочкањето стоечки зошто ми се мочка кога ќе го соблечам за бања. Планот ми е : 1. да тргнам пелена, и да прашувам има моче? има кака? почесто. 2. заедно кога одам јас во вц да го научам и тој да седи на нокшир до мене. 3. пелена само на спиење Ако имате уште совети, би ви била благодарна.
Ако не го сака тој нокшир,а очигледно не го сака,купи друг. И никако мечиња на него. Јас така се зезнав со првите два
Јас мислам за какање на адаптер не е убаво. Положбата не е физиолошка и друго може да го прсне вода кога ќе падне каката. Мочкање стоејќи мислам дека им е поубаво за машките. Плус нели го гледаат таткото како моча, знаат дека имаат куре и за што служи. Ако си купи сам нокшир или "мала шолја" може многу да се мотивира. Кај нас тоа беше пресврт. Сам си избера, си плати на каса, и си го засака.
Ние имаме ситуација Пробав нели неколку пати, не беше спремен и го оставив да покаже сам интерес. Мислам дека дојде моментот ама се дешава нешто скроз неочекувано Се соблекува скроз гол, оди во ќоше и кака Одма му го давам нокширот ама никако не сака да седне, не сака ни во вц да оди. Што да направам освен што му објаснив 100 пати како треба?
Каква досетливост. Ѕидот настрада? Пробај со нешто поткуп и недозволено и што го посакува, благо, луна парк итн.
Трпение Не покажувај нервоза,кај нас 2 недели какаше во гаќи со плачење и врескање. Многу зборување,гушкање,галење кога ќе дојдеше моментот и постепено се научи во нокшир. Пробај да му ставиш ќеса на подот кај што врши работа и после истурете ја каката во шоља,а тој нека пушти вода.
Здраво, кога почнавте да ги учите малите да седат на нокшир кога ќе станат од спиење, кога почнувате со одвикнување од прилика?
Се учиме без пелени. Знае да каже за мочкање, за какање не. Сега ме мачи како ова ќе функционира во градинка. Дома е без пелена, му ставам за надвор само...За во градинка да му ставам? Не знам дали со толку деца ќе го носат на шоља и дали уопште ќе го приметуваат. Некад само ги собира нозете и се држи за куре. Некој што одвикнува дете што иде у градинка нека дае совет
Кај моево од градинка го почнаа процесот, јас продолжив дома. Го ставаа на нокшир редовно, не носеше пелена таму, дома само за спиење. Ако значи нешто, во јасли беше кога се одвикна, летно време, од септември почна во мала група.
Сеа најголем страв ми е да не ми каже дека му се мочка у кола или дур шетаме Дома немаме нокшир, директ на шоља научи. Надвор како, стоечки? #прашањаштомемачат
Кога сме во кола застанувам на прво можно место за мочкање не се случило да се измочка во кола. Дур шетаме ако сме надвор си моча стоечки (со моја помош за да не се намокри) ако сме во некој трговски во вц го држам застанат на шоља. Во градинка им кажав дека кака во гаќи (првите две недели) не ми рекоа ништо, само утешни зборови дека ќе се научи. Не се искака во гаќи во градинка. Вториот ден однесов подлога за креветче,инаку сакаа пелена за спиење да му стават.
Значи вака имам прашање. Малиот е 21 месец, знае што е какање знае што е мочање ама и двете ги вика кака. Е сега кога сака кажува кога не не. На пример за какање веќе подолго не промашил кака во нокшир а за мочкање кажува само кога на пример ќе се смири пред спиење ако му се мочка ми кажува кака каака додека не станам да го ставам на нокшир не прекинува седнува мочка и легнуваме пак, ама затоа преку ден кога игра кога шета не кажува си се мочка во пелената ( постојано носи пелени). Е сеа не знам што да правам и како дали да се заангажирам малку повеќе па неколку денови недели? Да го ставам цело време на нокшир и да се објаснуваме и да прашувам или д аго оставам како што сам почна за какање да кажува и за мочкање да почне да бара цело време сам. Наутро 90% од утрата веќе станува сув и прво нешто што правиме е кака и моча на нокшир би била благодарна за секое мислење и совет.
Малку каснам, но ние за 1 ден се одвикнавме. Го оставив цел ден гол, почесто му викав за мочкање, вечерта ставив пелена, иако несакав, сабајлето беше скоро сува, може 1 да се имало помочкано, тој ден пак цел ден без пелена и ниќта решив да не ставам, ставив на спална од тој непропучтлив чаршав па што биде биде реков, ама не пушти ни еднаш црла ноќ...еве сега сам кажува ми се кака ми се мочка дури и кога сме излезени од дома...фала богу ги тргнавме премнпгу лесно...а и му викав нема пари за пелени морав да наоѓам начини..
Нас цел месец ни требаше. Ставам за навечер,инаку тешко мене. И така три години е не спијач,уште да ја расонувам за мочкање. Не,благодарам. А пие многу вода.