И мојот е голем пијач на вода. Често сака да мочка.. сакаше тогаш и на шоља, само еднаш пробав зашто немам адаптер, а од здравствени причини не можев околу кревањето па оставив за понатаму, добро е што мочка сам во нокшир, што ги тргнавме пелените..ние сеуште немаме три..само не знам дали да го будам ноќе...дали е добро да држи до сабајле...не се разбудил сам да бара да мочка
Нашиот педијатар кажа дека не треба да се будат ноќе. Само да се намали внес на течности пред спиење.
После вечера еднаш ќе се напие и толку, но знае и да не пие. Зависи што ќе јаде...на мисла ми беше малку да не стиска, ама да му се мочкаше ќе се будеше...само што ќе стане одма на нокшир
Зависи од негувателката колку е агилна. Мене ми е без пелени веќе 2 месеци, не моча во гаќи, ама често се случуваше да се искака во гаќи. Во градинка им кажав дека се учи и ми рекоа да го носам со пелена. Негувателката го седнуваше на шоља и секој ден добивав рапорт како какал во пелена пред да го седне на шоља, не кажувал итн.. И кажав дека сигурно не е прво дете што се одучува и дека треба малку и од нив поттик, па следниот ден ми кажа дека какал на шоља. Не оди веќе 2 недели во градинка и нема да оди цел јуни зошто ќе одиме на одмор. После 2 месеци какање во гаќи конечно скапира дека се кака СЕКОГАШ во шоља и дека не е смешно да се чистат гомна. (Тоа какво смеење беше мама дека чисти бљак) Кога ќе го вратам во градинка во јули ќе биде со гаќи нека се снаоѓаат како знаат. Така што, кажи им како правите дома и прашај како да постапиш ама напомени дека бараш соработка и немате намера да враќате пелени скроз.
Синко цел одмор кака на шоља. Ама има една цака, мали шољи има овде во делот за деца и таму кака. Ке видиме дома како ке е на голема шоља.
Јас денеска дефинитивно и ја тргнав пелената, не ми се помоча ни еднаш во гаки, еднаш мочеше во нокшир, ама не пие ни вода ни млеко, итра е да не мочка. Ама не попуштам, после спиење пак и го тргнувам памперсот.
Пак јас, денеска 2 ден, се помоча еднаш во гаќи, еднаш во нокшир, кога седна на нокширот почна многу да плачи додека не почна да мочка, незнам зошто така ама мислам дека почна да се плаши од нокширот иако јас цело време и зборувам. Вчера беше излезена и ставив памперс ама се врати со сув и одма и го извадив.
Веќе неколку дена кога сака кажува за мочање кога не не, цело време е со пелена зошто сме на одмор па не ми се ризикува да испомоча некој дел од мебелот. На плажа кон плажа назад е без пелена и таму кажува дека му се моча. Дома кога како. За какање секогаш, за мочање секој ден различно. Незнам дали кога ќе се вратиме дома да не ставам веќе пелена само до гаки и да видиме ккао ќе биде
@Neda997 @Snowflake92 Според мене најголема грешка е да ставаш пелена и да вадиш кога ти одговара. Денски кога ке извадиш пелена не ја враќаш воопшто. Две три недели ке трае процесот, кај некои деца кои се навистина спремни и пократко. Вади стави пелена ги буни и не го осознаваат процесот мочкање во гаќи и зошто треба да каже и да мочка на нокшир/ шоља. Ке си носите алишта со себе за шетање и да се измочка не е крај на свет. Така се учи. На одмор не би одвикнувала дете од пелени. Море песок играчки, премногу стимулации и нови работи за да се фокусира на мочкање, кое е исто така нова работа.
И денеска беше супер, стана од сон пелената сува и беше, ја ставив одма на нокшир се измочка. Само што многу помалку вода ми пие за разлика од кога нон стоп носеше памперс.
Дали мислите дека на неполни 2 години може да се одвикне малава од пелени, неможе да си ја поднесе пелената и од градинка почнаа да се жалат дека не дава да и се стави пелена, пробав и облеков гаќи ама ќе се помоча и не реагира си продолжува така мочана и мокра. Ја седнувам на нокшир сака седи ама не мочка или кака во него. Дајте совет идеа што да правам како да постапам?
Deneska den 3, super bese, mi kazuvase celo vreme koga i se mocka, pocna i sama da se soblekuva i da Si sede na noksirot.