Слично малку кај син ми е. Само што е он со гаќи, ја извадив и не ја враќам веќе. На која возраст ти е малиот тебе? Јас му купив такво нокширче или како и да се вика, за да мочка на стоење. И мојот проблем е што нему му е преинтересно и денот го поминуваме буквално во вц. Пошо нему му се мочка на секои 10 минути, ако не и помалку, а не оти стварно мочка цело време. И уште не контролира добро, почнува у гаќички, па се стопира и продолжува у вц. И така перам само гаќи по цел ден. И онака денот во вц ми поминува. За голема нема проблем, седнува на адаптер. Ама со мочкањево едвај чекам да се среди еј. Се изморив скроз од цели 2 дена.
22 месеци има. Твоето? Незнам како ќе биде ќе видиме хаха. Не се оптеретувам Многу, сам покажа интерес и почна да кажува уште на одмор кога бевме дека сака или веќе извршил нужда (мала) па затоа го оставам да видам што ќе направи. За голема не промашува си кака си кажува. За мала .... Смешки сме по дома,незнам ни како ќе се научиме надвор од дома да мочка во трева или како и да е нема ваљљда да носам цело време нокшир со мене. Како е кај другите? Инаку и мојот знае да излаже дека сака да мочка или кака за да излезе од кревет или на сред јадење ако не ска веќе да јаде хахаха да се спаси финти е цел. Се надевам ќе се научи како што треба , му ги тргнав и јас пелените скроз само со гакички е и му се случува исто да пушти малку па ми кажува и седнува мочка , а некогаш и играчките се поинтересни па не сака да седне на нокширот да не му избегаат ми кажува и не сака да седне си се моча до него на него не седнува хаххаа се надевам наскоро ќе се уозбили ако имаш некои tips како да го мотивирам да седнува кога му се моча каживај зошто сигурна сум дека веќе осеќа и знае кога му се моча
Сакав уште од некни да пишам, и ја тргнав пелената на 15 јуни, првите 3 дена за спиење денски и вечерно спиење носеше пелена, кога видов дека станува од сон и бара да мочка одма и ја тргнав, и си спие без проблем ниту еднаш не ми се измочка во кревет, ни дента ни вечерта. Станува од сон и одма си кажува мама пипи махен(мама сакам да мочкам), исто и за какањето, повеќе се плашев дека нема да кака во нокшир но и тоа супер го прифати. Исто во градинка си кажувала кога и се мочка и кака,почнав и на излегување да не и ставам пелена, исто не ми се помоча до сега. Се на се многу сум задоволна од неа како ја прифати таа промена, без памперс. Сакав да Ве прашам, кога им се оди на вашите дечиња во тоалет, а сте излезени, ги носите во вц-то во кафич/ресторант, ја чистите вц шолјата, ги издржувате или си носите адаптер? Ама прашање
Со мажи е лесно, чашка си носам. За женско не знам, само ке кажам дека во јавно веце јас не седнувам. Моја идеја е да ја ставиш да клекне на шоља или да ја издржиш.
Здраво мајки ве молам за совет. Мојот син е 3ипол години и имаме проблем со какањето.За мочкање кажува уште од минатата година и пелена не ставаме ниту навечер ниту преку ден, меѓутоа кака исклучиво во пелена не сака ниту да седне на нокшир ниту пак на вц шоља а веќе е голем.Знае каде стојат пелените сам зима и ми носи да ја ставам.Пробував да го оставам без пелена да му нагласам дека треба да кака во нокшир но не сака,приметив дека и кога ќе каже дека му се кака а не му ставам пелена држи во себе и може да не отиде во вц и по два дена.Веќе не знам што да правам еве денес почна да седи на нокшир но не кака а пред тоа ми бараше да му ставам пелена Не знам како да постапам ве молам за совет
https://instagram.com/pottytrainingconsultant?igshid=YmMyMTA2M2Y= овде имаш одлични совети прочитај може ќе помогне нешто
Две години и три месеци. Лето. Демек време за огаштосување хахах (јас го сковав зборов). Кои знаци да ги следам, кога детето изгледа подготвена, знае вака некоја да ме насочи? Старите притискаат, а малиов појѓа нема дали моча или кака. Мое е да се решам кога да му понудам нокшир.
Као се буди со суви пелени, да има сува пелена подолги периоди во текот на денот, ако е свесен кога се искакал и откако ќе се искака ти кажува, ако следи наредби, ако има интерес за тоа што правите вие во толает, ако се жали кога му е полна пелената. Тоа се знаци дека е спремен, може да има неколку може и сите . Можеш и да пробаш па ако гледаш не делува да му ги вратиш пелените и да пробаш за некој месец пак. Можеш првиот ден денипол да го оставиш скроз гол да видк што се случува и да му нудиш повремено нокшир кога ќе приметиш кои знаци ги дава пред да се измокри ако го приметуваш да го ставаш н анокшир и да му објасниш дека со тоа што го прави ( го фака курето, стиска нози, цупкање) ти кажува дека му се мочка. Ова се совети што ги најдов на профилот погоре, исто пошироки гскички покомптнонда е посвесен за тој дел од телото, потесните гаки им давале чувство како да се во пеленА. Ако несакаш неред по дома исто можеш гски па пелена од тие гакичките што се да ставиш исто ќе ја осеќа влагата кога ќе се помочка . Тоа ми текнува во моментот
Исто и кај син ми. Од октомври е без пелена, кажува дека сака да кака и бара памперс. Плус запек има. На одмор сега имаше вецеа за деца со мали шољи и таму какаше. Купив нокшир шоља и не сака да помисли. Решение гледам да ставам детска шоља во малото веце. Разлистај ја темата има многу искуства. Време за огаштосување е кога ке е спремно детето. За син ми тоа беше октомври. Батали ти што переле на рака па гледале во лето да нема толку работа. И што нашите генерации се без пелени од 1 година.
Ние ссме 2 год.. Саакам да сее учиме без пелена.. Е сега зборува како возрасен.. Значи одаамна кажува кога кака или мочка.. Ама несака да седи на нокшир или шолја.. Ќе реече кака ми се.. Викам ајдр брзо во купатилото и вика неее не сакам и почнува да бега низ соба.. Да бидам упорна или едноставно не е спремен... Сите ми викаат тој си збоорува најлесно е да му тргниш сега пошто си кажува..
И мојата бега и од нокшир и од шоља, разбира и кога ке се искака или полна и е пелената ми носи друга и вика мама кака. Реков дека нема да форсирам сега само зборам секој ден како треба да кажува ама ќе видиме кога ќе проработи интерес.
Јас да пишам има новост кај нас сабајлето кога ќе ја ставам на нокшир мочка особено ако ноќта и е сува пелената. Е сега после не сака да прави ништо кога ќе ја ставам во текот на денот. Колку толку сепак седна и ете барем сабајле мочка во нокшир
Како им се суви пелените на вашите сабајле, мојов уште моча по цела ноќ како новороденче Можам да утепам некој со пелената колку е тешка.
Не пие многу пред спиење ама преку цел ден многу вода пие и се дави во лубеница, плаче ако не му дадам одма. Значи да се надевам од октомври дека нема да моча толку, на посвежо време не бара многу вода.