Пробај, нема што да изгубиш. Голема е и разбира, може ке имаш успех. Да е 2 години ризик е, ама ќерка ти мислам со синко е некаде. Купи гаќи и облечи. Прашувај почесто дали сака да мочка, а ако се измочка прапај гадно ли е, кажи дека е голема и за бебиња дека се пампи итн. Мотивирај со играчка. Со лесно.
Така се почнува. И после дневна дремка одма ставај ја. Ставај ја и на петнаесет минути колку да седне. Да се навикне. Јас незнам ноќна како да тргнам. Од три дена,два и е сува пелената. Ја прашувам ти се мочка кога се буди. Ми вика не. Пие доста вода пред спиење. Жал ми е да не и дадам. @Neda997 Јас и купив мини нокшир,и го носам во кесиче со мене секаде. Дури и во парк. Несака да ја чучнувам
Сабајлево само што стана го седнав в нокшир и се измоча, малце сум возбудена, што да правам следно? Му ставив пелена или не требаше?
Дојдов само со заклучоци од нашето скоро 3 месечно патешествие со тргање пелени и да дадам мотив да не се обесхрабрувате. Син ми има 2г 7м и е доста големо дете, личи на 4/5год дете. Буквално се разбира, зборува со реченици, од 20м вика бљак кога ќе се искака. Земајќи го се ова во предвид, а и зошто нема веќе број пелени за него што не протекуваат, решивме да тргнеме пелени. И мислев дека како шго нели луѓево викаат 'преку ноќ ќе тргне пелени'. Тогаш еден умен познаник ми го кажа најдобриот совет а тоа беше 'детето ќе почне да се буди со сува пелена, тогаш ќе знаеш дека физиолошки е спремно да тргне пелени". Ми звучеше на невозможна мисија посебно зошто многу често се будеше утоп и со пелени. Ама за кратко така се случи. Се разбуди сув сам од нигде никаде . Од тогаш е без пелени за спиење. Решив ќе седи на шоља и мочкањето многу брзо го скапира, со тоа што мочка како голем дечко со дигнат капак на шоља. Само еднаш ми се измоча надвор, освен тоа кажува и не згрешил. Ама какањето. Уф. Мама какан сум. Буквално секој пат кажуваше откако ќе се искака во гаќи. Ајде миј, пери, собирај измет, носи теписон на перење зошто во патов на учење фати и вирус со пролив... карај се со маж на кој му е ред да чисти каканици. Дете све разбира, знае дека кака, знае дека е бљак, трча во вц да го мијам. АМА НЕ КАЖУВА ПРЕД. Во градинка ме замолија да го носам ао пелени, он нејќе пелени.. Слушам од страна 'голем е, зошто е во пелени', 'за 1 ден се оставаат пелените', ми се искака во гаќи во кафич дур бевме па една баба влезе со совети што грешиме... После 3 месеци сам почна да кажува какам мама, прво со пуштање малку во гаќи, сега конечно кажува пред да се искака. И искача од вц жив среќен и вика 'какав шоља, дадеш нешто?'. Не знам што грешев и дали грешев, па траеше толку долго. Ама... не се откажувајте. Кај и да е, ќе почне да викаат 'готовооо'
Грешката ти е што си почнала кога не бил спремен. Кога е спремно детето за две недели без нервоза. Другарка има дете кое почна да збори од 1,5 година. Како старо мало. Ретко зборливо дете. Крупно како твоето речиси. Неколку пати тргаше пелени ама детето не беше спремно. Последен обид беше некаде пред 3 роденден, еден месец. За три дена фрли пелени. Тогаш бил спремен дечкото. Пред тоа биле спремни само домашните дека е голем и треба да се фрлат пелени. Тоа со сува пелена можам да кажам дека е точно. Пред да фрли пелени синко многу долго не мочаше ноќе воопшто. Од 10 една ке беше мочкана.
Истото и јас го мислам за сувите пелени, мислам дека тогаш е моментот. Нема поента денски да ги вадиш, а ноќе да ставаш. Мене искрено веќе многу ме фрустрираат коментарите од страна. Порано само ладно одговарав со 'ќе ги остави кога ќе биде спремен', а сега сум накострешена и одма се карам. Не знам зошто луѓето не си ја гледаат својата работа. Дури му зборат и на него што ќе му се случело (некоја хорор прича) ако се уште е во пелени. Стално ми раскажуваат случки од други деца што биле во пелени до 3 год, па срамота, па каква мајка е тоа... Знам дека сега истото и за мене се збори позади грб и тешко ми е. Најироничното е што некои од нив не се ни мајки. А ако слушнам уште некоја да ми каже 'јас моето на година го одвикнав' мислам ќе ја задавам.
Ке ти сликнам после. Ептен е мини.Во корпа од точак ми го собира ,плус ранец ставам. Кај и да е ке и го тргнам .
Хахха воопшто не се замарај со муабетите на годинка ги одвикнале, годинка да можеби и 10 месеци за утрински суви пелени да со сигурност можам да кажам дека е еден од знаците за спремност. Мојот се одвикна сега има 1г и 10м ама за се е понапреден и сам покажа дека е спремен се мислев некое време што и како да правам ама ги тргнав и видов дека има напредок и не се откажав процесот траеше околу 1 недела, ама тој веќе претходно кажуваше за какање може 2 3 месеци и се будеше 1 месец сув наутро седнуваше на нокшир и мочаше ( тогаш не кажуваше дека му се моча ). секое дете си е различна приказна некои на скоро 2 некои на 3 па и 3ипол и ништо не е ненормално или чудно кое кога е соремно тогаш. Остави си ќе покаже само кога ќе е спремно се што можеш да правиш е да го запознаеш со нокшир или шоља да иде со вас да види што се дешава да се заинтересира можете и игри со мечиња и слично да седнуваат на нокшир дека им се мочка кака... Не се замарај кој што ќе рекол, на мене ми викаа мал е нема шанси незнам шо како ама јас знаев дека е спремен и успеавме, сакам да кажам ти најдобро си го познаваш детето и ќе осетиш кога што и како
А додади на тоа дете што физички изгледа како да има 4г и е во пелени, па претпостави коментари. За све секој има коментар, а ја веќе и се навикнав на 'Ама ти голем си зошто не збориш чисто' 'Ти голем си зошто си со пелени' 'Ти голем си за вака да правиш да плачеш' 'Ти голем си за мама во раце да те носи' Не! Не е голем. Си прави се соодветно на годините. Мало дете е на 2 ипол години. Мало дете со 112 cm i 21кг. Инаку сум имала и коментар 'Ма нема шанса во есен 2019 да е роден, види колкав е'.
Ова најмногу ме боли. Не, не е голем и трудна /нетрудна ќе си го носам и држам уште колку ќе сака. Болат раце, кичма ама кога му требам тука сум. Можам да замислам твојата кичма со 21кг Зборењето го поминавме (ме тераа на дефектолог да го носам), сега уште да ме остават за пелените. Свеки едно влегување од врата одма почнува 'Лелеее, кај се гаќите, зашто си со пелена, па ти си голем срамота, ќе дојде вештерката сега ќе ти го скине курето' и одма на нож се фаќаме.
И ќерка ми е со сува пелена веќе 2 недели навечер, и демек почнав преку ден да ја ставам на нокшир, па станува одма, го вози како кола, го качува на глава како капа, ни вика " ѕа" со него кога одиме во купатио и јас мочам таа вика " мама пшшш" а она нема шанса да ни каже за неа. Некако не верувам дека и е моментот сега, пробувам, ама тешко. 21 м има
Тоа е таа иронија. На година и 10 месеци е мал за одвикнување ако детето само покаже интерес за тргање на пелените, а на 2 и кусур години е веќе голем и треба да носе гаќи, без разлика дали е спремно или не. Мојата е година и 5 месеци и се буди со сува пелена
Диви дали е сува два-три саати во текот на денот. Тоа е побитно. Ако е тогаш бешиката физиолошки е спремна. Ама ако не е оа спремна џабе е. Ако сакаш можеш да пробаш два-три дена да ја оставаш по гаќи за да го осети ефектот на мочањето (во пелена никако не може да го осети моментот на мокро). Ако кликне ОК. Ако не не форсирај. Инаку мојот никогап не мочал во нокшир (директно шоља), едната внука мочаше во нокшир, втората сега директно во шоља моча (не сака да седне на нокшир). Е сега сите биле над 24 месеци кога сме ги одвикнувале од пелени.
Во гали се помочува ли? Како реагира на тоа? Мојот првите ден два знаеше да каже понекогаш а понекогаш ќе пушти малку па ќ каже или пак ке се измоча и потоа ми кажува дека мочал. И тоа првите денови многу често мочаше преку 10 пати во ден по помлку сега му е веќе регулирано. И добро пишала џокџои за форсирање то се согласувам пробај ако не оди не оди по некој месец пак ќе пробаш
@The Unicorn Повели. Побарај кај дуќаните што продаваат сваштарии од пластика. Јас од Тренд во Н.Лисиче го купив. 100-че
Купи друг нокшир. И мојата првиот го возеше,ставаше на глава,во ќумбе Вториот јок. Прво станување од спиење прво на нокшир. И ја укопча финтата. Остави ја по гаќи ама додади хеланки одозгора. Да видиш како одма реагира