Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.061
    Допаѓања:
    118.977
    Пол:
    Женски
    Не сум и облекла гаќи:Dќе пробам да видам како ќе реагира баш
     
    На Snowflake92 и Neda997 им се допаѓа ова.
  2. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Досега не ми се помочела ниту покакала дома, ама некни во градинка и рекла на тетката дека има пипи махен, учителката и рекла за 2 минути и те носам во вц, мојата не издржала и одма се помочела:(
    Знае веќе сама да се брише и кога мочка и кога кака.
    Сакав да Ве прашам ставате павличева или некоја друга крема на газето, дали уште не е навикнено тој дел на тоалет, ама и се појавува црвенило.:(
    Почнав да ставам Јекодерм и павличева.
     
  3. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Мојов кога е со мене си мочка во нокширче, го пратам цело време и веќе го научив. Проблемот е кога е со баба му или во градинка. Не кажувал наводно, од таму ми бараат да му носам пелени а не сакам да се враќам пак јово на ново. Наместо да ме поддржат и помогнат тие пелени му ставаат, еве сношти кога дојдов од работа видов дека нокширот како што го оставив така и го најдов, алишта еден куп за перење, едвај најдов нешто резерва да му пратам за градинка :swear:
    а во спиење еднаш е измочан само...
     
  4. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Мајки ако може совет. Малиот е 2 години точно. Сакам да пробам са ги остави пелените ама ме плаши што не зборува. Се разбира, прави се што ќе му речиме ама сам ретко кажува по некој збор. Во последно често ја трга пелената како да му смета. Од ваше искуство ме интересира дали би имало успех или да оставам за понатака?
     
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Да си ја кажам и ја маката, за прв пат се искака во нокшир кога си ја виде каката се исплаши и почна да плаче, јас се израдував, го охрабрив ама џабе едвај се смири и сега не сака никако ни да седне :|
    Во исто време ми се смее и ми се плаче
     
    На eta, Jana06, minne992 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Не мора да збори ако има други начини на комуникација битно е да го разберете што ви кажува. За другото мораш сама да процени0
     
    На zemzela91 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Прочитај ги моите мислења на темава. 2 недели од страв какаше во гаќи со врескање и плачење. Го надминавме проблемот така што смирив нервоза и трпеливо му нудев ако сака во нокшир.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Не сум те читала, баш сега ќе избарам.
    Фала многу
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Мојата (20 месеци скоро) имаше иста реакција кога беше дома братучетка и (5 години) и какаше на шолја и ќерка ми ѕирна во шолјата и кога виде што има се исплаши :D мислам нормално е. Го доживуваат прво нокширот/шолјата како столче и не им е јасно која е намената. Замисли ти исто седиш на стол, стануваш и столот прљав и тоа со прљавштина што никогаш не си ја видела. И затоа се плашат. Јас еднаш пелената какана ѝ ја покажав и се исплаши ми викаше ‘не, не!’ И ги затвараше очите.
    Пробај пак после некое време не го форсирај, ќе сфати после неколку пати.
     
    На MilaSs12 и elimkd им се допаѓа ова.
  10. Charlotte*

    Charlotte* Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    Нашето патешествие и 3 обиди... :D
    Прв обид некаде на 2год. Кратко беше, едноставно навечер сува пелена да, но не сакаше да каже.
    Вториот обид 2ипол некаде. Успешно до моментот кога дојде време за какање.
    Седна си кажа. Мојата реакција многу глупава и непромислена.
    Он беше зачуден што тоааа излегло од него, а ја од среќа вауууу, небаре злато најдов. :D
    Се исплаши дете и јави запек...
    Кренав раце. Со сила не сакам ништо. Нити храна, вода морам, ама ова не...мал ми беше некако.
    Трет обид 3 год и 4 мес.
    Реков или сега или во школо ќе оди со пелени. :)
    Не бев досадна, сфатив дека и него така му одговара, не сака. Како тоа сега мама да менува пелени на бебе, а јас нокшир?
    Он цел соживеан во таа улога дека е бебе, си реков шанси нема.
    Може не е најдобар метод плашење, ама...почна од топлото да се спарува цел.
    Најдов пластична буба играчка :bug:(иако он со раце фаќа мравки и други глупости) и му реков дека идат по големи деца што носат пелени. Верувате преку ноќ остави?!? Не сакав на овој начин, но тој цело време спремен, јас живи нервози, рани од бришење.
    Нити каки и мочки имав по под, прво на нокшир, после на шоља.
    Сега ако види некаде во влез таква буба, вика дека тргнала по некое дете што кака и мочка во пелена. :D
    Што знам, не е најпаметно но ете, кај нас помогна.
    Спремен, најспремен оддамна беше, но никако да се охрабри сам. Јас искрено друг начин не најдов, кој ќе осуди ќе го разберам.
    Немојте на сила ако гледате дека му прави проблем на детето. Мене ова ми беше ептен стрес, да го гледам како се мачи со запек-хорор!
    Ама кога видов дека веќе стварно е спремен, решив ете...
     
    Последна измена: 6 јули 2022
    На KuklickaSk, srekice, eta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.861
    Допаѓања:
    10.377
    Веќе две недели сме без пелена, некoгаш прашувам, знае да oтиде сама да спушти гаќи и да се измoчка.
    Кажува и за какање.
    Навечер не мoчка се буди сo сува пелена, т.с пoследните 2 нoќи се имаше измoчканo ама и тoа гo препишувам на мнoгу пиење течнoсти пред спиење.
    Нема да фoрсирам ќе се среди и тoа, преку ден не греши.

    Прoблем имам сo градинка таму не кажувала, на 15 убави начини прoбав да се разберам сo учителката еднoставнo oдгoвoр и е, не кажува, имам 20 деца не мoжам да jа прашувам целo време.
    Учителката штo и е на замена пoради oдмoри, еден ден била сo неа и му кажала на мм заштo и ставате пелени вo ранче целo време кажува и ги вратила сите.
    И гo кажувам истoвo на неjзината вика не знам мене не ми кажала дека и се мoчка.:doh:
    Интересна рабoта е штo секoj ден се враќа сува, за кoнечнo да сфатам дека самo штo ќе jа oставам и ставаат памперс, и гo вадат пред да jа земеме.
    Значи какo е мoжнo дете да кажува дoма целo време таму да не сoрабoтува?
     
    На srekice и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  12. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Можно е особено на почеток. Плус зависи каков однос имаат со детето. Имам другарка малата и е без пелени некое време (1м) на почетокот се беше ок сега се роди бебе малата не кажувала во градинка дека и се мочка. Може и други фактори да влијаат на соработката , исто како што многу деца дома јадат или не јадат в градинка обратно .
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375
    Ние имавме ваков проблем. Со неговата негувателка седеше во пелени, со оваа на замена одма почна да кажува, многу се заангажираше жената. Збори со негувателката дека ги оставила пелените и да внмаваат повеќе на неа овие денови, ќе почне да кажува. Не ставај памперси во ранец.
     
    На Larahappy и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  14. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.704
    Допаѓања:
    11.228
    Пол:
    Женски
    @KuklickaSk @MilaSs12
    На тоа шо рековте за ноќно време, ако се разбуди дете суво, тоа значи и за денската пелена тргање или на ноќна мислевте дека е спремен?

    И каков нокшир да купам, некаква форма специјална, висина шо знам, на шо треба да внимавам?
     
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    За денската.
    Нокшир нека си одбере детенцето.
     
    На srekice и elenaklasik им се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.704
    Допаѓања:
    18.380
    Пол:
    Женски
    Ноќна и последна се трга. Ама ако ноќе не моча а дење е по неколку часа со сува пелена значи има простор да се работи.
    Јас имам писоар жаба за синко. Машки стоејќи мочаат. Може да сака обичен може да сака шарен, најубаво само детето да избере.
     
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.704
    Допаѓања:
    11.228
    Пол:
    Женски
    Може да го сликаш?
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    IMG_20220708_070203.jpg
    Веќе подолго време ни е оттргната пелената дење, но навечер уште носи затоа што сеуште е полна пелената , не многу но е. Дали да го оставам на гаќички и да го будам навечер за мочкање или да го оставам така без пелена? Дали да го будам за пресоблеување ако се помочка или да го оставам сам да се разбуди да свати што се случува ?
     
  19. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Си пробала ли да намалиш течности навечер и да мочка пред спиење?
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375
    Да, дека ноќе дека може да издржи цела вечер без да мочка и покрај тоа што пиело течности
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.