1 час си игравме со 5-6 мечиња. Секое го легнувавме да спие, па да седе, па здраво им направивме, ги наручкавме, им дадовме водичка и стигнавме до нокширот. Сите ги седнавме да мочкаат. Се изнервира оти и седат на нокширот па седна она. Стани -седни, стани- седни, и соблеков памперсот и викам не брзај, мочкај. Се смее и ништо не вика станува и гледам има мочка, се измочкала дали да се радувам дека сме на добар пат?или чиста случајност беше ова?
Моево кака и моча во нокшир ама јас ако го "фатам" па да го седнам не кажува кака ни мочка како збор не ги кажува. Полесно ми е кога ќе се искака таму оти пелења мењање е хорор. Нокширот исто поише за игра му е. Планирам да баталам нокшир и директно адаптер за во вц
Генерацијо, браво за напредокот… Мојот а влезе дома се соблака цел и седи гол Го прашувам дали му се мочка, вика да, покажува накај нокширот и оди на плочки во ходник, клекнува и мочка. А инаку вака оди сам кај нокширот (во форма на шоља е), крева капак, седнува, станува, ‘пушта вода’… значи знае и кога му се мочка и што треба да прави, ама кога ќе дојде моментот не сака да седне и таму да заврши работа Земав и адаптер за големата шоља, вришти ако пробам да го седнам таму.. Уште обичен нокшир да пробаме, па ќе видиме.. Сепак мислам дека не е спремен се уште..
Апдејт од утрово, 100 пати седна и стана од нокшир и кукли ги измоча она не, си викам не и се мочка оти имаше мочки во синоќешната пелена. И облеков гаќи и хеланки и викам ќе ја седнам попосле пак. Отидов јас во вц, се враќам и има што да видам цела беше потоп и по соба мочки и гаќи и хеланки. Цела под туш и и ставив памперс. Она не е свесна дека се помочаласе смее. Јас чурам, мочки бришев до сега и длабоко во мене си верувам дека можеби не е спремна. А од денес почна да вика "моча". Ама којзнае дали знае што е тоа. Ведран е на добар пат мислам, само уште да почне да кажува. А малиот на Оли, да пробаш со најобичен нокшир да видиш, мислам дека е свесен за настанот само нокширот да го погодите. Нашиот е најобичен од 100ден
Мојата 21 месец е точно и почна да кажува кога е какана пред 2-3 недели. Ова ли е знак дека треба да почнам? Имам и нокшир и адаптер, нокширот некогаш доаѓа да седне кога сум јас во тоалетот ама не сум ја седнала до сега ниеднаш. Како иде ова е сега приметив ја избањав неќна и пак рече кака, се тргна настрана и се измоча на креветот. Значи почна да вика кака и за тоа, ќе треба да ја научам дека се различни Исто прочитав дека е подобро да се чека додека се спремни отколку да форсираме рано дека само контра ефект ќе направиме. Најмногу успех имало измеѓу 20-30 месеци
А со тие писоарите , жабчињата сте пробале ли , ги гледам доста актуелни се. За моето рано е тек сега година ипол ќе праве , ама во план ми е со такво да почнам , ако не од сестра му на располагање има се друго Со неа 2риот роденден го дочекаме без пелени , брзо и многу лесно се одвикнаме.
Кога почнавте да ги ставате на нокшир? Моето има 10 месеци и уште сега почнаа да ми зборуваат дека веќе каснам, голем бил, требало да го заучувам да си седи на нокширче. Ја мислам дека е премногу мал за тоа.
Касни, касни... Ние кога сме биле бебиња на година дена сме ги фрлиле пелените Леле смачено ми е од тие муабети. На моето на година и 7 месеци уште нокширот му е за возење, сега почнувам да го запознавам низ игра со играчките дека тоа е за мочкање и какање. Уште е мал и не очекувам наскоро дека ќе почне правилно да го користи а немам ни намера да го форсирам.
На моја блиска така и збореа и ене го детето 3 месеци со сила седи на нокшир и никако да сфати што треба да прави. Дури и таа ми праќа слики како мочкал на нокшир, ми збори како требало и јас по 100 пати на ден да го ставам ама не иде ни кај мене, ни кај неа Многу е рано на 10м.
И мене некни една баба ми викаше така. Од 5 машките од 6 месеци женските на нокшир. Така ги учеле докторите пред 40 години На година сите без пелени биле Јас за навечер уште ставам. Иако веќе шести ден се буди сува. Ке почекам уштее некој ден.
Ќе почне човек да им верува со пелениве... Еве јас на 2 години и 3 месеци сум тргнала пелени... заостаната за тоа време сум била.
"Абе глеј сеа. Ти имаш нерви, упорна си, ќе го научиш, слушај шо ти зборам." Не станува тука збор за упорност, туку нема зошто да си го измачувам кога е премногу мало, не е воопшто спремно за тој чекор. Оно не знае името да си го каже, ама ќе знае да каже дека му се моча.
Мозочињата не им се развиени пред 2 години за тоа. А фрлање пелени не е да намалиш течности и ти да го влечеш бебе на нокшир на 1 час за да не се помочка. Дури и на 2 не се спремни сите. Вообичаено околу 2,5-3 се спремни.
За фрлање пелени нашите скоро сите мислам истото го кажуваат и мајка ми викаше на 9 м сум проодела на 10 сум била без пелени Е сега, од една страна можеби и навистина е така, затоа што пред 30-40 год немало вакви пелени за една употреба туку на рака ги переле и затоа не ставале толку рано на нокшир, да си скратат маките од перење, трлање и пеглање секоја платнена пелена секој ден Барем јас така мислам....
Ама не биле фрлени пелените туку не носеле на секое. Не знае бебе на 10 дека му се моча. Родителот го носи на 2 часа и така не сме мочале. Тоа е се само не суви пелени.
Па и досетки од стари жени упатени кон 2 годишни деца,Аууу па ти волкав/а мома/ерген,уште со пелени,срамота е Бабче моја плус нѐ нарече мрзи со снаа ми,полесно ни било да им облечеме пелени отколку да ги научиме. Важи,ке си ги ставам сите обврски на стенд бај и ке висам над нокшир цел ден Он топик,од утре ке пробам дење без пелена да е,па ке видам резултат.Засега има знаци дека е спремна.Бар оние “по книга” Иначе какво дете имам.Една капка вода да и капне врз облека ке направи драма,одма нова блуза/фустан бара,а со каки може и цел ден да седи,ич не и пречат За кажување кажува,збори ко тетка некоја,ама неќе нокшир нит адаптер,пред некој ден шеташе гола и ми вика Те молам донеси пелена ми се кака