1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.778
    Допаѓања:
    8.785
    Пол:
    Женски
    Секое дете е различно, некое на година ипол некое после 2 години фрла памперс. Син ми после 2 години се откажа од памперс искрено не го форсирав. Ние родителите треба да оцениме дали се спремни а да не гледаме на комшиката дали се откажале на 1 година.
    Откако видов дека може без памперс го тргнавме не го ни бараше, веќе беше ептен спремен и ниту еднаш не ми се измоча во гаќи или на пархет дома.
    Откако го остави памперсот проблем ни беше какањето, затоа што кажуваше кога му се кака и бараше во памперс да кака. И за тоа не го форсирав оставив на времето, разговарав со него, му кажував дека не е ништо страшно, кога еден ден сам си побара да седне на шолја.
    Имав многу реакции од другите како така го оставам да кака, ама искрено никој не слушав, ако ги слушав ќе створев само контра ефект кај син ми, ќе се стискаше и немаше да сака да кака па ќе си направев уште поголем проблем.
     
    На Autumn Love и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  2. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Во памук пале има ако си од Скопје, ако не побарај во продавници кај што се продава постелнини може ке најдеш
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.895
    Допаѓања:
    102.986
    Пол:
    Женски
    И купив гакички и ставав два дена ама не ножам да стасам да исперам и исушам , не се домочкува :| таман во нокшир ќе се измоча , и тоа моча по малку, ја седнувам пак и се домочкува. Ќе и облечам гаќи, по пола саат пак се измочала. И ако не ја пипнам јас, таа си седи така не и смета. :envy:

    За какањето да се пофалам, веќе4 дена кога ќе и се кака ја седнувам и си кака. А кажува дека и се кака, а за мочкање не
     
  4. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    Прво ти опушти се после и она ке се опушти. Другарка ми малата на 3.5 ја одвикна. Нејќеше и крај.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Леле да ти дадам надеж. Син ми исто, ама исто скроз. Вака ми правеше првите две недели, од кои првата беше ужасно лошо. А за голема си кажуваше цело време и од старт беше без грешки. Со мочкањето ме поремети. Ќе почнеше у жапче и ќе се домочкаше у гаќички. Или обратно. И после две недели имав ново дете. :party: Сега веќе и кажува сам и ноќна му извадив. И еве веќе недела дена е без ноќна. Не го ни будам за мочкање ноќе, сам станува и ми кажува. Озбилно мислев дека нема шанси. Плус твојата е мислам помала од син ми. Ќе сконта како иде, само без форсирање. И ако веќе извадиш пелени, не ги враќај назад. Ама нормално, прво треба она да е спремна. Со нерви верувам си вооружана. :D
     
    На eta, srekice, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  6. WonderGuurl

    WonderGuurl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    2.260
    Пол:
    Женски
    Како јас да се читам! 2 години и 1 месец е, сака облечен да седнува дали на нокшир или на шолја, јас не му дозволувам за да сфати дека таму само гол се седнува, мислам дека инаку би било проблем. Го оставам повремено само по гаќички и издржува по 2 часа ама си мочка во нив и право се соблекува гол за да не му е мокро(facepalm)
    Според мене уште не е спремен, и им кажав на блискиве да не ми ја спомнуваат темата некое време, зашто не сакам да го форсирам. Мислам тие повеќе ме пореметија со муабетот дека буквално се' зборува и нормален муабет си прави со нас а ете уште носел пелени. Ќе носи додека треба и тоа е тоа:)
     
    На Осе и elenaklasik им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.096
    Допаѓања:
    37.564
    Пол:
    Женски
    На година и пол свесни ли се за какање? Малата вчера почна да кажува кака кака, само што почнала да кака и ја ставив во нокширот. Денес пак почна да вика кака кака и ја ставив на нокширот, ама не се искака во него туку само што и ставив памперс. Не знам случајно ли е ова или веќе почнува да е свесна кога кака
     
  8. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    5.592
    Пол:
    Женски
    И син ми е година ипол и исто и он дава некои знаци , ама ја не сум го ставила на нокшир , сметам рано дека е :tmi: А по теорија од 18-20м почнуваат да имаат осет за физиолопките потреби. Кај нас има влијание мислам што ја гледа сестра му , и каде она и он таму е секаде , и кажува кака , ама знае и да ме се извика некако да ме искара као , или да избега , кога ќе го прашам какаш ли :D Сега после базент и знаат заедно да се бањат дома , и ќерка ми ќе клекне да мочка и он а повторува , и на два пати стварно се измоча. И при пресоблекување исто ми направил , си клекнал или стоечки , ама поеќе си клекнува како сестра му што мочка :rofl: Ама сепак мислам дека е рано за да соработува како што треба и затоа не почнувам уште малку со овој процес да видам како ќе прифате. Со ќерка ми некаде 2-3м пред 2 годинки пробав прв пат , така планирам и сега. Ама мислам дека ќе има позитивно влијание сестра му и тоа што а гледа и повторува некои постапки сега.
     
    На Snowflake92 и forumce им се допаѓа ова.
  9. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    Нема врска говорот со “без пелени” фазата.Ќерка ми рано прозборе,на 18 месеци кажуваше проширени реченици,исто чисто и јасно зборува,ама за пелена си бара сама.Секако,по неколку часа во текот на денот е гола или по гаќи,не ѝ се испушта ништо,но според мене се стиска,не е спремна за отфрлање.
    Има 2 год и 4 месеци.
     
    На srekice, elenaklasik, WonderGuurl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    Син ми остави пелени а прозборе по неколку месеци. Кога фрли пампи дали 20 збора имаше.

    Правиш грешка. Или ке е целосно без пелени или со. Ја буниш со тие неколку часа.
    Две недели остави ја без пелени. Тогаш ке видиш дали е спремна или не. Ако и по две недели објаснување не научи да мочка значи не е спремна и треба да се одмори. По еден месец може пак.
     
  11. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    Ама сама си ги одлепува или соблака,интересно и е гола по жешково,не мислам дека има врска со тргањето.Ова обично кога сме на балкон или си играме на паркет.
    Како да ја оставам скроз гола,ако седи на гарнитура на пример,или надвор сме обавезно по 3 часа…дневна дремка?
    Иначе јасен ѝ е концептот на нокшир/адаптер скроз,ги имаме двете,си седи понекогаш но не испушта ништо:shake:
    Со мене е и кога јас сум во вц,ми дава хартија,ми вика бриши се да не се вцрвениш:D

    Јас понудив и објаснив многу пати,само не сакам да ја присилувам,некако сметам дека треба сама да ги тргне а и се плашам од контра-ефект.

    Ке те послушам за две-неделнава проба само не ми е баш јасно како да е нон стоп без пелена..
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    По гаќички и шорцеви ке си седи. И ке ја прашуваш на еден-два часа дали и се мочка. Некогаш ке погодите на нокшир, некогаш во гаќи. Кога ке е во нокшир ке славиш со овации. Кога е во гаќи ке објасниш дека е глупаво да и е мокро и дека големите не седат мокри. Ке кажеш нареден пат кога ке осети потреба да мочка да ти каже. Како сметаш дека ке упали така објаснувај, кај многу деца пали вака сликовито. Главно е кога ке е во нокшир да славите, во гаќи да кажеш дека не е убаво.
    Ако е спремна за кратко време ке ја увиди разликата и ке почне да кажува сама.
    Поентата е да и пречи што е измочкана и да осознае дека нареден пат кога ке има потреба да мочка да каже и да се измочка на нокшир.
    Јас ноќе ставав пампи некое време, иако секогаш беше сува пелената. Ноќната пелена се фрла последна и не е проблем и да ставаш некое време.
    Во период од две недели ке видиш како ке соработува, дали разбира или не. Ке прашуваш почесто да ја потсетиш, не на 3 минути ама на час два да, зависи колку течности пие.

    По 2 години веќе мозочето им е развиено и можат да разберат кога треба да извршат нужда. Кај некои порано доаѓа до ова, кај некои околу 3 години.

    Битно е да не сте под стрес ни ти ни таа. Ако бива сега бива, ако не ке паузирате па ке пробаш пак за месец два.
    По ова што го кажа мислам дека ке соработува.
     
    На Осе, eta и dunika им се допаѓа ова.
  13. WonderGuurl

    WonderGuurl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    2.260
    Пол:
    Женски
    Еве сега и јас увидов дека двеве работи немаат врска една со друга. Одбива да седи на нокшир или на шолја, убаво му е без гаќички ама неспремен ми е сеуште:)
     
    На eta и dunika им се допаѓа ова.
  14. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.684
    Пол:
    Женски
    Штом кажува веќе почнува свесна да е. И мојата кажува ама веќе додека кака или додека мочка. Знае за што е вц-шолјата ама не сака да ја седнувам. Рано ѝ е уште 21 месец е. Нокшир уште немам не сум ја седнала, ама има време.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.471
    Допаѓања:
    10.436
    Пол:
    Женски
    Мислам дека баш и не е најдобар совет, за овациите и за забелешката кога се мочкаат во гаќи.
    Од она што сум читнала и размислила, не е добро да се прави фама околу мочкањето. Било во нокшир било во гаќи.
    Мозочето не е баш најразвиено за да знае да се осети и да каже.
    Ако детето не е спремно, џабе зборување џабе потсетување. Треба да се случи клик во мозокот за да го запира тој момент на неконтролирано исфрлање мочка.
    Како што кажав, и мојот син знае нѐ имитира кога седиме на шолја, спушта капак, го повторува редот, ама ако му тргнам пелена за да седне, не се мочка во нокшир.
    Потоа му кажав дека нокширот е за какање и мочкање како ние што правиме, да да ми рече и пак не му текнува. И го оставив за понатака.
    И не мора две недели да поминат ако не разбира.
    Од неколку дена се гледа дека не оди засега.
    Кога се измочка во гаќи, а пред тоа го терав да седне нејќеше, не направив ништо. Никако не изреагирав. Ама детево ми е такво да не можам сосила нешто. Тоа кога ќе се одлучи, тогаш.
    Ами пелените се за вршење нужда кога мозокот кај детето сѐ уште не поврзал некои нешта. Што се чудат дека зборувал. Ами убаво е тоа, ама не е поврзаноста со говорот, туку со осетот за вршење нужда. Јас не знам како се чудат стариве и како напнуваат!
    Како можеме ние да ги натераме кога сѐ уште не сфатиле?
    Ќе направиме спротивен ефект и уште толку ќе се бунат. Барем за мојов знам дека ќе е така.
    Тој седна и без пелена на нокшир ама џабе, не можам да го дресирам да му речам ајде мочај сега и крај.
    Сега брзо се искака во пелена и гледам ја одлепува викаше мама кака, и јас помислив дека мочан е само, бидејќи не знае да ги разликува. Кога гледам во пелената купче, а тој гол со газето истрча и седна во нокшир. Ама отпосле кога се истовари веќе. :)
    И веќе не го терам. Па и не го оставам гол. Некако сила немам ниту јас.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    Ке се согласам дека и од неколку дена се гледа дали е спремно. Ама две недели се период во кој може да се сменат многу работи, децата се непредвидливи. Родителот ке процени дали има простор за работа. Ако една недела моча само во гаќи и не реагира, треба да се престане. Ама ако една недела има и успешно мочкање во нокшир и грешки, значи дека детето е на прав пат. Само треба пракса.

    Овациите се за да се поттикне соработка од страна на детето. Ако не реагираш никако, како ке знае детето дека направило нешто правилно? А ако не објасниш дека не треба да седи мокро, како ке знае дека греши. Можеби нема да му смета, а всушност разбира како да контролира мочкање.
    Сосила јас немам пишано. Тоа е твој збор. Напротив, јас велам не треба да се форсира со месеци мочање во гаќи ако не е спремно.

    Кај син ми одлично се покажа тоа со овации и објаснување дека седење мокар е глупо. Да нагласам дека сам фрли пелени, јас мислев дека е мал и не е спремен. Клик кај него имаше на 2 г и 3 м. Ама без моја помош и објаснување сам немаше да разбере.
     
    На eta, Snowflake92 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  17. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    мајки имала ли некоја следна ситуација
    од 2ри август сме без пелени сем за спиење
    знае да се измочка во гаќи еднаш во 3те дена да заборави играјки се
    денес ја вратив во градинка по пауза од 3 месеци и таму 2 пати им се измочала во гаќи :/ што да правам ? совет
     
  18. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    4.623
    Пол:
    Женски
    Ос промената од стресот е така.... Јас поради тоа се плашам пак да го пуштам рано му е енос 2 м не е уште скроз навикнато......
     
  19. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.914
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Разговарајте дома да им кажува кога и се мочка, напомени им во градинка почесто да ја прашуваат и седнуваат на нокшир...
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.895
    Допаѓања:
    102.986
    Пол:
    Женски


    Се самоцитирам, ќе ја ставам на пауза , деновиве инат ми води, инаку гаќи и ставав недела дена ама на 20 минути ќе се подмоча, за 5 часа сите гаќи ги испомоча. Пауза ќе направам, а продолжувам да ја ставам на нокшир кога ќе стане од спиење, пред спиење, пред да одиме некаде..
    И за какање седеше какашр сега кога ќе и дојде нејќе да седне бега вришти :(