Како ги одвикнавте децата од памперс, на колку време, кои се знаците? детето не сака ни да седи на нокширче 2 минути, има две години дали е рано?
Нема правило за возраст дали е рано или касно, има само притисоци од надворешната средина, се од детенцето зависи, чим не сака да седи значи не е спремно, немој да форсираш или да го напнуваш уште полошо ќе направиш, твое е да му зборуваш, да си упорна и смирена.
ја расчитував цела тема ама дека ќе наидев на ваков коментар искрено не верував. Кај нас во околинава мајки им викаа на децата дека во памперсот стават коприва или лута пиперка и кај едно дете упали тоа заплашување а кај друго абер немаше. Ама навистина тоа некој да го стори јас немам зборови. Инаку да си кажам за нас уште лани летоска почна за мочкање ја кажува (неполни 2 год) ама еве сега на 3 год за какање уште нема абер да кажува. Ако му се кака прашува мама гаќи имам или памперс. Ако речам гаќи носиш не кака трпи,го седнувам на шоња и не. Ако ставам памперс ќе се олесни. Значи само така кака. Не знам како да постапам искрено, страв ми е да не си направи проблем со тоа трпење за какање. А баш пред 2 недели имаше запек и се измачиве.
Како да се одвикнеме од какање во памперсот? Ко ќе му се кака кажува (некогаш), го седнувам на вц шољата поседуваме но ништо. Ќе рече ај стави ми памперс и во памперсот ќе се искака. За мочкање од минатото лето немаме проблем ама какањево....
Нека снема памперс. Со синко долго се убедувавме денес утре, не сакаше да види нокшир или шоља. Има и запек и не форсирав. Еден ден кажа ми се кака, се држи за газе, памперс бараме - нема. Се потрошил и не сум проверила да земам. Тогаш мораше во шоља нокшир да кака, нема каде. Виде не бива и се искака. Памперс не побара веќе. Сега кака било каде, и нокшир обичен и шоља нокшир и на шоља за возрасни со адаптер.
Како одвикнувате од пелени деца што одат во градинка? Имено, јас ова лето немав одмор и одеше цело време, а веќе е 2 ипол години. Очај сум да се откаже, а тој некако не сака баш. Кога ќе му облечам гаќи вика не гаќи, и прашуваме дали ти се мочка, вели не и за по 2 мин да се помочка и си шлапа во вир ако напраи. Не знам дали е се уште неспремен и како да постапам. Некако и веќе е големко, во градинка повеќето се одвикнати и малце криво ми е.
Сериозно има некој што го гори газето на детето да се одвикне од памперс? Боже мој, како и држи душата јас не знам. Освен многу зборување со дечињата, без викање и притисок. Родителот треба сам да процени. Доколку видиме дека не е спремно ќе го одложиме процесот на одвикнување. Тие што се на доење никогаш не гледајте да ги одвикнувате во исто време. За нас можеби е лесно ама за нив тоа е дупла траума. Тие дечиња што се спремни многу побрзо се свикнуваат, кај оние што е прерано се создава вознемиреност кај нив, дополнителен страв. Имам комшика ми вели ја научив внука ми од 5 месеци да кажува кога ќе кака , викам аха важи, можно е и од порагај мајка и да ја научила. Сите деца се различни, не се споредувајте. Син ми после две години се одвикна ама сакаше во памперс да кака. Не го форсирав, стрпливо чекав, после наеднаш кажа ставиме мама на шолја и тоа беше крај. Имав од страна многу реакции посебно од мајка ми, како јас на една годинка сум била одвикната, сега на 3 не можеле. Нормално дека ќе не одвикнат, секое какање и мочање плес по газе, така пред 30 години се одвикнувале. Плус како да се одвикне тоа дете кога сеуште неправилно седи, многу и сеуште не се проодени.
помислив на тоа но се плашам да не заради немање памперс си го задржи какањето зашто тоа после прави запек и триста проблеми. колку за утеха истиот проблем го има братучедка на маж ми а девојчето има 3 години. Неќе да чуе за нокшир за соблекување и издржување на шоља... Нонстоп е во памперс и не е заинтересирана да соработува и да се одучи.
Ние успешно денски се одвикнавме од памперс, цело време си кажува за мочкање и какање и тоа на шоља. Во градинка им се сменија негувателките им кажав дека кажува да не му ставаат памперс, за сега викаат дека им кажува Само навечер пробав да го оставам без памперс ама се измочка 2 3 пати и пак му ставам.. проблем е кај нас што пие навечер вода се буди, ако не му дадам прави драми и жал ми е викам ај жеден е Ајде ќе се навикне за сега е супер, брзо се одвикна ептен ми е ќеф
Jас целo летo пoсле градинка jа oставав без памперс, фала бoгу скрoз е oдвикната. Каj мене и дoмашните мнoгу сoрабoтуваа, на секoе jа прашувавме дали и се мoча, кoга ќе станеше oд спиење oдма на нoкшир. Кoга ќе се измoчаше вo гаќи мнoгу и збoрев, пак ќе jа седнев на нoкшир. Кoга ќе се измoчаше вo нoкшир мнoгу jа фалевме, па тoа нoкширoт се шеташе пo куќа сите да видат и сите бравo, бравo какo мoтивациjа и беше. Прoблем имав вo градинка учителката не сoрабoуваше ама и тoа се среди. Jа сакав да прашам какo да jа oставам навечер без памперс, немам храбрoст, секojа нoќ е сува пелената. Пoсле кoлку време ги oставивте скрoс без памперс?
Одма му бееше сув и навечер. Еве во дваипол месеци само 2 пати се има десено да се измочка ноќе и тоа на почетокот и претходно пиеше мн вода.
Одма го оставив без пелена. Се случува и ден денес по 4 месеци да се измочка ноќе некогаш , но има подлога на креветчето,переме утредента
Ќе се одвикнат, нема зошто да ги споредуваме со други деца. Големата ми се одвикна на 2 години, малава наредна недела 3 ќе полни и абер нема. Сестри се, па не можам пак да ги споредам секако. И моето иде во градинка, во мај кога тргна им кажав на учителките дека сум заинтетесирана доколку можат да и помогнат, да ги гледа и др деца таму па може да пројави интерес. Летото еден месец бевме во Мк , почна да седнува и да мочка во нокшир ама само кога јас ќе ја ставев и ставав гаќи една недела ама на секој пола саат по малку мочкаше и не и ни сметаше така мочана да седи. Сватив дека не е спремна и толку сега само ја ставам на нокшир неколку пати дневно колку да и стане навика. Во градинка ми кажаа воопшто да не се секирам.. На нејзина возраст сестра и два три часа не се подмочкуваше воопшто , ама ете пак ќе кажам нема споредба
Се сложувам, ама мислам нема родител што во даден момент на очај не си го споредил детето за нешто. Во градинка ни рекоа спремен е, а дома друго покажува
Не е спремен. Пробај за еден месец. Некои ке остават на 2 некои на 3. Не се едните попаметни другите поглупи.
Здраво. 2 години и 2 месеци е син ми. Вчера пробавме прв пат да ги извадиме пелените. Првиот ден 2 пати се измочка без да каже. Третиот пат кажа дека се измочка. Денес после градинка е пак брз пелени, прв пат се измочка и кажа откако се измочка и одма сака да го соблечам. Има надеж да напредне или да не се мачиме Споделете искуство колку дена ви траеше вас одвикнувањето.
Има надеж. Ако седи мочкан и нема мака значи не е спремно детето. Пробај недела две. Мислам дека ке успее да ги фрли. Ама мора и во градинка да е без. Стави вади не бива. Само го буниш.