Малив си кажва за мочкање веќе неколку месеци али проблем е што детево не сака гајќи да носи рика плаче на цел глас и вика пелена не гајќи и ради да не е гол носи пелена. Како да ги засака гајкичкиве и да не купувам веќе пелени. Ајде да греше или да не кажува не е проблем ќе речам не е спремен тој све си кажува ама неможе само голи да бидеме.
Од ова се имаме пробано , зборувано сеекој ден и џабе. Не сака да седи ни на нокшир нит шоља. Плаче кога ќе седне или баш тогаш му се јаде. Голем е 3 год. Се разбира,вели дека ќе мочка во нокшир ама тоа не го прави. Наведнува глава кога ќе се измоча. Се крие кога кака и одбива понекогаш да се пресоблече. Го карам,порано плачеше сега не, сега врти глава не сака да ме гледа. Ќе полудам. Незнам што да правам и како да се одвикне од пелени. Решение немам,уста пена ни фаќаат по дома, зборуваме прашуваме, но нема некој резултат,понекогаш сам ќе седне ама нема да се измоча. Ќе стане и пак во памперс.
Немој да го караш. Децата сакаат да бидат пофалени. Додека го караш само спротивен ефект ќе има. Остави го нека се помолат, и без да му кажеш нешто соблечи го. Другиот пат пак исто. Гушни го бакни го, да знае дека го сакаш иако погрешил. По два три дена ако се помоЧка пак кажи му дека другиот пат кога ќе му се мочка да ти каже. И не го терај да седи и да моча, ако не сака во шолја земи некоја чашка. Кажи му да мочка внатре да видиме каква боја ќе биде мочката. и ако се измочка редно е да му купиш подарок.
Дали сме на добар пат да се решиме од памперсот? 20 месеци е дечкото. Го седнувам често на нокшир и речиси секогаш си мочка. Најголем дел од денот е без памперс. Сам кажува откако ќе се измочка во гаќички и бара да седне на нокшир. Сега чекам да му кликне дека пред тоа треба да каже.
Ако ти решиш дека е време, значи да. Се помочал десет пати, ништо, ќе переш. Не го карај и ако решиш нема облекување пелени . Па еднаш пелена еднаш нокшир и да го буниш. Почнуваш во петок, до понеделник сте спремни. И ако е машко нека мочка стоечки. Полесно ќе е. И само напред
Пробав да му покажам стоечки, не сака. Си седнувА. Може зошто ја гледа дада му седната, а за се сака да ја копира Фала ти.
Нема за што ( така постојано вика мојот батко, да си го пофалам малку) па затоа сме тука. Им треба време, ние цела година мочкавме во нокшир ама моравме Да ставиме пелена за какање. И сам реши да седне да кака. Претходно седнување и ќе стане и бараше пелена. Не го карав никогаш. Тој ќе рече ми се кака јас го оставам бебе кај ќе стигнам и брзам да му ставам пелена. Не се децата лоши, не сме и ние лоши мајки. Само немаме трпение
Ние пробувсме веќе три дена Ќерка ми две ипол години, мочка и кака во нокширче. Но, се помочува во гаки, и кажува одпосле, од кога ќе ја заврши работата. Најголем проблем е што од кога ќе се помочка во гаќи, ако се направи како вирче под неа, шлапа со нозете во него, не можеш да ја тргнеш од таму. Што да се прави во ваков случај?
Ништо, само трпение и ќе збориш секогаш дека мочката е нечиста, не треба да шлапка, не треба да моча и кака во гаќи за да не и се вцрви газето и да ја боли. Само трпение е решение за одвикнување.
Леле, многу тешко некако, дека и сама сум со неа поголем дел од денот. Со каков мерак само си шлапка, си ужива во тоа. Едвај ја тргнувам од таму, се тегне, плаче, сака да се шлапка и готово Едвај успевам да ја измијам, и да го средам нередот. Може уште не е спремна или??? До пред некое време не ни сакаше да седи во нокширче, го шеташе низ соба, си играше со него. Сега барем седи колку толку.
Карање никако. Посебно за пелени. Ке се одвикне. Без нервози. Прави пауза од 1 месец. Не спомнувај ништо. Потоа почни со убаво. Ако пробуваш долг период можеби му е преку глава на детето. А ти многу веројатно имаш притисок од околината.
А да ја фатиш некако пред да се измоча? Пример на одредено време да ја седнуваш на нокшир? И мојот мочаше во гаќи и само зборев и перев, пример петокот почнавме, а во понеделник го пратив во градинка без пелена. Секое дете си е различно нели ама кај и да е, ќе прекине да моча во гаќи.
За многу кратко време сте ги фрлиле пелената, секоја чест, браво. Кај нас чудно некако, вчера цел час седеше на нокшир и ништо, одкога стана, се измочка. Ќе видиме како ќе биде.
Некоја мајка со вакво искуство пошто веќе полудев. Веќе 2м без пелени од старт за какање си кажување за мачкање ќе пуштеше малку па ќе кажеше и ќе се домочка после, последниве 2 недели е чудесии и да го прашаш не кажува дека му се мочка може и само што си прашал одма да се измоча во гаќи дури и се кака и бара да го пресечеш. Ако го прашам зашто не кажал само вика не кажувам незнам што му е немало никаква промена нешто па да покажува револт или нешто слично
Да се докажам, ми плачеше бебе преѓеска Децата се многу паметни, ако не може на еден начин, веднаш им текнува нешто друго. Да можеме само да ги сватиме што им се вртка во главчињата. Трпение мајки, ( ама јас веќе почнувам да го губам, мислам дека за скоро време ќе почнете да ме читате по другите разговори ). Не е проблемот до детето, до нас е само. Мој совет: не го карај ден, два, нека прави бели. И не му ни зборувај за тоа што ќе направи, игнорирај. После два дена кога ќе стане сабајле одите заедно на мочкање. Децата сакаат тие да се чувствуваат главни. Прашај го сам ќе мочкаш или со мама? Или ајде брзо да видиме кој побрзо ќе стигне до тоалет. Секогаш пали кога ќе им дадеш тој да избере сам. Поздрав и со лесно
Мојов кога е какан ќе го прашам ако не е вели не, ако е ќе почни низ соба да бега, дали е спремен за одвикнување и како да почниме, за мочкање ништо не кажува,има 2год и 4 месеци.
Ништо не губиш ако пробаш. Спремај си повеќе облека и крпи за бришење Кога ќе решиш го оставаш по панталони, без гаќи( за да ти биде полесно за соблекување), и нека се помоча два три пати, да свати што е тоа. Нека дојде сам да ти каже дека е помочан и не го карај. Облечи му друга облека и кажи му другиот пат кога ќе му се мочка нека ти каже. Голем е, ќе разбере. Ако не почне за два три дена да кажува, откажи се. Ќе пробате пак за еден месец. Good luck
Можда е рано (1год 3 мес), ама се мислам да го ставам на нокширче да кака. Го гледам дека во последно време се мачи, не може да кака како порано, сам си клекнува и многу се напрега. Ваљда ако клекне на нокширче ќе му е полесно? И знае кога е какан. Често го прашувам дали е какан зашто многу често напнува, се мачи, и гледам дека знае кога е какан, кога не е. Дури кога е какан потскокнува, тропка со ноџињата за да го пресоблечам, ваљда му сметаат каките.