Кажува и мојава ама нокшир нејќе да види. Влегува со нозе во него, не седнува ни една секунда, ко боцки да има. Ако нејќе нокшир, можно е да сака на шоља со адаптер? Некој со такво искуство, да не фрлам пари за џабе за адаптер.
Истоо. Го учам дека се седи на него, ама како играчка го третира. Адаптер имаме, само не сум го пробала уште, мислев дека е за поголемки деца.
И мојов на таа возраст беше ист. Сепак го оставив нокширот на видик, дозволував и да си игра со него. Чисто да го запознае и да не му е одбивен Сега е 20 месеци и веќе недела дена носи памперс само за спиење. Некогаш греши, ама најчесто мочка во нокшир. Големата на 20 м веќе имаше тргнато памперс и за спиење, си кажуваше без грешка. Остави го нека си игра со нокширот за почеток.
Веќе долго време си кажува за мочкање и какање, во градинка исто немаме проблем. Денски е супер на почетокот знаеше да се измочка во гаќи ама веќе не, само навечер како да го одвикнам? Некогаш е сув памперсот насабајле кога ќе стане, некогаш не.. не пие многу течности пред спиење..кажете чаре 2г и 9м е.
Ај ве молам да ми помогнете да го дешифрирам однесувањево кај син ми. Деновиве кажува пелена какана, некогаш за преслекување се буни, мора да го помолиме, ама битно доаѓа и седи мирен за да му смениме пелена. Денес посака на нокшир да седне, ама ништо не направи. Му ставив нова пелена. По неколку минути побара пелена нова, пак да му менам, а таа беше сува и чиста. Ајде му менав атер желбата. Дали врви низ некоја фаза на сфаќање или што и да е? Дали да му менувам пелена кога бара, а е сув? Инаку, деновиве е збеснат, менува расположение, поочиклен е, само имитира, зборува, не спие денски од што е возбуден.. а бе којзнае што промени доживува!
Навечер јас ја останував обавезно еднаш за мочкање. Немаше проблем,веднаш презаспиваше. Околу две недели,додека почна сама да има осет кога и се мочка ноќе.
Новогодишни Трпение,мајка. Друго чаре нема. И јас се мислам кога да почнам со одвикнување,ама ни претстои патување па ќе почекам да се вратиме за да не ја прекинувам. Знам дека ќе морам за по пат да и вратам папмперс,а не сакам така. Од пролет почнува во градинка, иако немаме проблем за памперси таму,сепак сакам да е без нив.
Трпение мајка, додека да свати кога треба да каже ќе помине време. Само смирено, и угодувај му, да не му влезе некој страв, и за недела две ќе ги тргнете пелените. Со среќа
Малото ми е 20 месеци, од пред некое време почна да кажува кога е какан. Досега никогаш не сум го седнала на нокшир, додуша немам ни купено, мислев дека абер нема да осети. Е сега за мочкање вика нешто "пипи", ама дали му значи мочкање, не можам уште да дешифрирам. Кажува дека е какан или додека кака или одма откако ќе се искака, ама не пред тоа. Кога влегува во вц, вика исто кака, значи сфатил дека таму се оди. Прашањето ми е, дали да пробувам да го одвикнувам или уште не, пошто тој реално не кажува пред да кака. Не знам да проценам дали е спремен, а не сакам да предизвикам контра ефект или некако да го истрауматизирам ако не е.
Пробај некој ден со гаќи ако дава отпор врати назад пелените но ако му е интересно и сака да седне во вц пробај да тргнете. Мојов 2м е без не праи проблем за на шоља кажува за какање ама за мочање тек од како ќе се измоча живци скинав веќе
После 2м без пелени ако му ги вратам назад ќе направам ли проблем? Кажува за какање за мочкање кажуваше од кога ќе пушти сега буквално од кога ќе се измоча кажува дека е мочан ако го носам често да мочка не прави проблем ќе седне ама сам никако веќе требаше да почне до сега или грешка сум? Кога го прашувам зошто не кажува вика само дела не кажувал за мочкање само за какање друг одговор нема
Остави некој период и види со награда и слично дали ќе успееш со стикери секој пат кога ќе каже нешто така, ако и така не бива вратете се на пелени. Со тоа што постојано му кажуваш да мочка не може да осети полн мочен меур и да знае какво е чувството кога ти се моча.
Пробав да го оставам да не го прашувам и носам на мочкање и кажува откако цел ќе е помочан, претходно кажуваше од кога ќе мошне малку па се домочкуваше сега никако да каже на време
Во тој случај ако е подолго така би вратила пелени. Мојот од кога ги остави пелените беше добар па имаше запек и тогаш ми направи регресија зашо го болеше кога какаше многу плачеше и се исплаши не сакаше да каже ни за мочкање стискаше и на крај се помочуваше ама ова со запекот беше 2 дена и после уште 2 3 му требаше додека разбере дека нема да го боли и се нормализира пак издржав тогаш не го вратив на пелени и супер си е сега . Направете пауза па пробај пак. Нема ништо страшно и лошо. Исто можеш да му облечеш гакички и врз нив пелени на тој начин нема да прави неред ама ќе осеќа дека му е мокро и неубаво кога ќе се измочка. Исто размисли дали има преживеано промен некоја нешто од што би можело да придонесе воопшто да не кажува. Малку каша попара е напишаново ама Се надевам брзо ќе се среди.
Фала ти на совети, вчера му ставив пелена пошто го носев по болници и сам кажа за мочкање се измоча бараше да му ја сменам пелената мојана била, денес еве 2 пати си кажа за мочање а таман се откажав од одвикнување.... децава се чудо
Здраво мајки Малата ми е 1 год и 4 месеци, кажува скоро се од зборови но за какање и мочкање не.Имаме проблем кога треба пелени да се сменат, не сака никако, едвај двајца пелена и менуваме, со лажење со песни, со триста циркузи, бега, плаче, маваа, како со некој борач се бориме, има ли друг ваков случај? Како сте постапиле? поздрав
А зошто би му менувала сува пелена? За мене ова е чисто изводење,јас не би допуштила.Нема никаква врска со одвикнување,туку со тестирање граници. И мојата е на иста возраст,има слични однесувања,но не дозволувам да “ме вози”,од старт нудам опција Б смирено и ако неќе одма ја оставам. Пример,бега за облекување,ја прашувам дали сака сама со моја помош,ако се тегави ѝ кажувам дека имам други обврски и кога ке е спремна да каже,инстантно грабнува облека и патики и трча по мене. Значи нит викам,нит правам нешто отсечно,само смирено си продолжувам. Ова е се поретко,последниов месец два е ептен сменета,ко возрасна е на моменти.
Јас да се пофалам дека веќе три недели ќерка ми веќе си кака и мочка во нокшир без да направи грешка. Конечно Е сега уште и ставам од пелените како гаќи што се , не знам сега кога ќе појде во градинка од понеделник дали да ја пуштам по гаќички. Не знсм зошто ме држи уште некоја несигурност, страв да не направи некоја грешка таму