Ако почнува сега прв пат во градинка очекувај да има промени и стрес па може да влијае тоа на оваа навика да не се разочараш ако направи регресија ќе се стабилизира. А ако веќе подолго оди во градинка не би требало да има проблем
Малава, 17 мес почна да јавува интерес за нокширот. Завчера тропаше на врата од вц, го зема ја соблековме ја седнавме, зборевме ајде кака, не се искака. Вчера го домкна во дневна почна да тегне хеланки да соблака, пак ја седнавме, пак ништо не направи, а правеше фаца како за какање. Е денес зема седна облечена на него и така се искака. Веќе некое време некогаш кажува, некогаш не кога ќе се искака. Да почнувам ли со тренинг или рано е?
Релативно е рано. Прај и го ќеифот, личи како да сфатила за што служи. Не си давај надежи само, може нагло да ти смени. Никако форсирање ако почненда го одбива.
Мене ми рекоа без пелена да оди иако он сеуште знае да пушти во гаќи, таму го прашуваат и да се помочкал рекоа ништо страшно ќе го пресоблече а на адаптација е.
@Sofi.ja сега баш ја облеков , па ќе видиме @Snowflake92 од мај 2022 оди, ама пелени носеше, па таму пројави интерес гледајќи ги децата како мочкаат какаат @ni.na деновиве за по дома ќе и ставам гаќички и ќе видиме како ќе биде
Јас многу се плашев како ќе биде во градинка,првиот ден испратив полн ранец со алишта во градинка. Од мај лани е одвикнат, до сега ни една грешка му се нема случено во градинка. Ги прашуваат по 2-3 пати,т.е. имаат распоред за одење во тоалет,секако и по потреба. Само за спиење пратив непропустлива подлога за заштита на душек,но не му се случи да згреши ни на спиење. Со лесно.
Истото би го направила, сигурна сум дека не мочка веќе често како порано на 30 40 мин , сите гаќи ќе им ги оставам неколку пантолони па ќе видиме, јас ќе им кажам дека гаќи ќе и ставсм веќе и ќе им кажам да ја потсетуваат да не се заигра па заборави. За спиење, сега ја оставив по гаќи ама навечер на пр не мочка воопшто. Имам и јас мушама за под чаршав за кревет уште од големата ќерка па рој ќе го ставам здравје кога ќе се вратам во Гр
Купив гаќички и му менувам стоечки, да легне јок. Вака е од после роденденот, моментално е 17 месеци. Не очекувам на оваа возраст да ми кажува дека му се кака или мочка.
Синко има 20 м. Веќе некое време пред да кака ни најавува и трча да се скрие за да се покака и ако има некое движење вика 'се какаам' како предувапредување дека сака приватност. Можеби има еден месец како имав обид да го седнам да кака на нокшир, ама брзајќи да го слечам и да го седнам некако незгодно го наместив и почна да плачи за да стани. Го тргнав одма нокширот и одтогаш не сум го понудила од страв да не му направам аверзија. За мочање не сум сигурна ни дали знае шо е тоа. Никогаш досега кога бил гол не се помочкал. Навечер спие 10-12ч и секое утро пелената му е претешка од мочки. Воопшто не се брзам да тргни пелени, само ми е страв да не промашам сигнали. Што мислите вие, да пробувам да го седнувам на нокшир или рано му е? За мочкање подобро е да купиме писоар да учи да мочка од стоење или на нокшир?
Мојот на 20 веќе какаше на нокшиир на 22 се одвика и за мокрење. Не е рано само можеш прво да направиш игра како некоја играшка кака моча и слично или кога ќе идеш ти во тоалет и тој со тебе на нокширот да седне така некако. Пробај ништо не губиш
Пробај ништо не губиш. Зборувај му мн за што служи нокширчето. Седнувај го еднаш два пати во денот, ако нема одбивност зголемувај. Кога ќе го забележиш дека сака да кака, седни го и ако заврши работа во номширче викај му браво, пиши му 5 на раче. Ќе му стане интересно. Моето е 20 месеци и веќе извесно време памперс ставаме само за спиење. Само моето прво почна да мочка во нокшир, за какањето прво ќе почнеше ви гаќи па кажуваше и довршувАше во нокшир. Потоа сфари дека треба пред време да каже. Ама тоа овации беа по дома со аплаузи, сам пушташе вода од казанчето и го сфати како игра. Да напоменам дека има 5 годишна сестричка на која и ја повторува секоја постапка и мислам научи само да се исти
Ако го одбива нокширот ,земи писоар. Мојот еден период на почетокот не сакаше ни нокшир,ни адаптер,ни писоар. Па почна во туш кабина на плочки да мочка и после продолжи во писоар,па на крај во нокшир.
Ако имаш место во вц, закачи писоар, ќе му биде интересно да се мочка на него, оти има една вртелешка кога мочка на неа што се врти.
Нокшир подобро, мојот почна со нокшир и надвор кога бевме во раце го издржував еден период потоа кога пробав надвор стоејки се збрка и почна да има незгоди дома, се вративме на старо и немаше проблем. Веќе кога беше може 3- 4 месеци без пелени купивме писоар и немаше проблем ама му беше јасно веќе дека стоејки со гакички облечени не се мочка.
Здраво мајки Ние сме 2 години и 9 месеци и веќе конечно почнавме со кажување за мочкање. Пробував да ја седнувам на нокшир но кога сакаше сака кога не несака. Кога јас ја седнувам или издржувам дали на нокшир дали надвор или на вц шоља мочкаше но ако не ја прашувам ќе се измоча и ќе ми каже тогаш. Неколку дена по ред еве кажува кога и се мочка , и за какање исто вика. Ноќеска ставам памперс. Наутро и е мокар но утрово имаше сув памперс. Незнам кога да почнам ноќе да не ставам.