Ние веќе скоро еден месец како ги тргнавме пелените . Преку ден а за три дена одма почнав и преку ноќ да не ставам. Не ми се умочка ниту еднаш ноќе, држи цела ноќ дури и повеќе несака одма на нокшир. Но деновиве имаше запек и ја болеше мешето и беше страв да седне оти вели ја боли газето и плаче. Давав прибиотик, сок од сливи, во тек на денот се искака во гаќи и тоа баш тврдо . Ајде помина тоа но вечерта пак така направи ајде пак и зборам дека не треба така . Синоќа така играјќи се измочка пак додека да ја ставам на нокшир бидна, отпосле се и искака. Дали од тоа што неможеше да додржи за голема нужда . Сд плашам да не престане да кажува а таман мислев готово ....
Не се плаши слично ни се случи. Мала регресија , само со убаво зборувај и продолжи си како до сега. Давај нешто да омекне столица за некој ден од коа ќе се нормализира ќе се срабилизира и со кажувањето сега се стиска од страв да не боли... Најлошо е вака ко ќе се случи ама ќе биде добро кога ќе разбере дека не боли веќе.
Да не има некој искуство со дете 3г3м целосно одвикнато од пелени пред скоро година, овие 3 дена не кажува за какање и кака во гаќи??
Изгледа од што какаше тврдо неколку дена сега се стега да оди. Вчера ми кажа дека не сака да кака, го боли. Ќе му зборувам деновиве дека нема да го боли. Баш чудно.
Давај му и пробиотик и храна за помека столица. Иако некогаш запек се јавува и од стрес...имам чуено за таков случај.
Син ми сега, на 2 и пол почна да кажува дека е какан, да му се смени пелената. Почнав почесто да му објаснувам дека во ВЦ се врши нужда, на нокшир не сакаше (го исполепив со цртани ликови кои ги сака, џабе ) па имавме прв успешен обид со седнување во вц, пола саат седеше ама се искака. Не ми се веруваше дека така брзо бидна, си реков зарем ќе ги откачи сега пелениве. Следеа овации и за награда му дадов да пушти вода сам, затоа што многу му е интересно. Е потоа следуваа недела дена каде што само по малку ќе се измочкаше, или ништо не правеше колку и да седевме, или не сакаше да седи воопшто. Денес пак се искака во вц и пак со овации и награда, ама после еден час се доискакал уште многу малку, но во пелената. Не му текнува сам да ми каже дека му се кака/ мочка. Треба после наредно успешно какање да му тргнам скроз пелена? Мислам дека ќе си изврши нужда, не верувам дека ќе смени нешто ако му ставам гаќички. Што мислите?
Требало одма да ги тргнеш, вака не му е скроз јасно дали треба во пелена или вц. Се доискакал зашто имал пелена, мада и да немал може истото ќе се случело ама во тој случај ќе му објасниш каде треба да кака. Вака не знае што да прави. Тргни ја од сабајле и почнете скроз одвикнување. Кога ќе направи грешка само повтори му каде се врши нужда, полека и смирено.
Здраво мајки да споделам мое искуство па може некому ќе се најде.Ќерка ми е 2 години и месец,после 18 месеци пробував 2-3 пати по некој ден да видам како би одело одвикнување од пелени,никако не сакаше да седне на нокшир ,беше стресно и за неа и мене,решив дека не е спремна па ќе дочекам после 2ри роденден(иако си покажуваше знаци,да и ја сменам пелената кога е полна,се криеше настрана кога какаше...).Решив пред 2 недели да купам адаптер за шоља со скала за качување и не згрешив,од првиот ден кога го виде беше заинтересирана,сакаше да седи на него по подолг период,и пеев песни да ја занимавам ,игравме со кукла која исто така мочка на нокшир и постојано и зборував,уште првиот ден се измочка на шоља и тоа 2 пати,јас пресреќнамислев тоа е тоаод тој ден тргнав пелени и за ден и за ноќ,решив колку и да греши ако и ставам на спиење само ќе биде збунета. Нареден ден станува сува,бара да седне на шоља се мочка преку ден неколку пати,излегуваме на лулашки носам нокшир со мене,таму не сакаше да седне на нокшир и се измочка во гаќи,плаче дека мокра ја соблеков и реков дека дома мочкаме на шоља надвор на нокшир.Секој нејзин успех беше пофален. Се беше супер до 4тиот ден,почна да одбива да седи и на адаптер дома ,преку цел ден мочкаше во гаќи ,јас станав очајна, мм ме убедуваше да и ставам пелена,кога пробав се противеше и сама ја фрли пелената ,секој ден и објаснував дека се мочка на шоља нѐ во гаќи ,дека мама,тато и сите дечиња прават така. Секој нареден ден стануваше се подобра,не поминаа ни 10 дена таа веќе кажуваше кога и се оди,еве веќе после 2 недели кога сме надвор оди на нокшир,ниту една ноќ нема згрешено ,се буди од сон и бара да ја носам во тоалет. Малку се стега при какање вели дека ја боли но со гушкање успеваме да седне и да се искака.Сватив дека се е до трпение ,ништо на сила ,толку се паметни овие мали главички што уште не ми се верува.Нормално е некогаш ако се занесени во игра и да згрешат ,но само смирено,се е процес и треба време .Оставете детето да ве води.Да напоменам ќерка ми знае доста зборови но уште не сврзува реченици,за мочкање вели( мама трт-трт-трт),значи не е до тоа да се чека да знае убаво да се изрази.Не верував дека толку ќе сум среќна кога ќе го постигне ова,но за секоја мајка секој нов чекор на нејзиното дете е успех за славење
Сакам да почна со тренинг со малата која е 2год.Таа од пред 3-4 месеци знае да каже кога е какана, сама си го бара нокширот за да седне еднаш дури и успеа да мочка. Мене ми е страв за ноќното мочкање .Пие по 2 шишиња млеко дури и навечер и ја менуваме преполната пелена.Ако не ја смениме протекува.Не знам како да ја одвикнеме од млеко навечер.Се буди се уште по 100 пати и со млеко презаспива само. Некој со слично искуство?
Јас го одвикнав од кики бомбони кога му покажав дете со црни изронети заби Друго благо не јаде ама затоа кики… Му кажав дека пред спиење се мијат заби и после тоа нема храна зашто ќе се расипат забите. Таков некој муабет да и направиш, голема е веќе би требало да сфати, па може ќе упали. Нека си испие таа чаша млеко, на мочкање и толку.
Намалувај количина. Нив не им е битно колку ќе испијат туку како утеха им е. Мојава пред спиење пиеше 150 мл, сега и 30 да и дадеш ОК и е, кај и да е скроз ќе го укинеме.
Мајки здраво. Синко од време на време знаеше да каже дека му се мочка и си седнуваше на нокширче или адаптерче. Неделава сме дома и од вчера реков да пробаме без пелени и имавме доста успешен ден, денес е уште подобро, но од вторник ќе треба пак да почне во градинка и некако ме фаќа страв за таму како ќе продолжи процесот. Некој да сподели искуство со процесов и градинка како продолжуваат таму.
Зависи колку е навикнат во градинката дали сака д аоди или не , дали ќе е 100% одвикнат до тогаш, дали ќе сакаат да соработуваат учителкит емн фактори влијаат. Ама големи се шансите да бараат таму да ноди пелени
Дали треба да чекам да почне да ми кажува дека ѝ се мочка за да почнам да ја одвикнувам? За какање или кажува или се крие и ако каже и ја прашам дали сакаш на нокширче, ми вика не, во пелени сакам. Некогаш ми кажува готова сум ајде да ја слечиме пелената а некогаш ништо не кажува и си седи какана додека не ја приметам јас. Ја имам седнато повеќе пати на нокширче и се има само измочкано. Не знам дали и колку е паметно да се обидам да ѝ облечам гаќи и да ѝ кажам од денес нема веќе пелени. Ми е страв запек да не фати ако не сака да кака на нокшир и ако се стега. А би сакала да пробам така само да се стопли убаво пошо ладен ни е станот. На шолја не сака да седи, имам и адаптер ама не го сака. Како е најпаметно да направам, што мислите?
Кај нас досега за било какво одвикнување се покажало најдобро кога е нагло. Тоа постепено одвикнување само ни правело нервоза на сите и најчесто било неуспешно. Станувате сабајле, криеш пелени и крај. Зборување, пофалби, мотивација, малку повеќе перење и нерви. @Bravenewmama Ќе им кажеш во градинка дека сте почнале процес на одвикнување, пелени нема да ставаш ама стави 2-3 комплетчиња за пресоблекување. Ги ставаат тие редовно на нокшири, не се секирај. И да се измоча ништо страшно, ќе се научи само ако веќе почнуваш не ги враќај пелените. Значи ги тргаш и толку, нема назад, инаку ќе треба одново да почнувате.
А дали мислиш дека е добра идеја претходно да ја припремам дека нема веќе пелени? На пример, да одиме да си одбере гаќички да ѝ купиме, да ѝ кажам дека кога ќе носи гаќи нема веќе пелени и ќе треба да врши нужда на нокшир или на шолја и да кажува. Знам деца што уште не зборат па без проблем се одвикнале, мојава збори како за 5 годишно и абер нема од одвикнување. Не знам кој правец да го терам, дали да чекам сама да си посака или така наеднаш јас да ги тргнам. Ако ја чекам може до 4 год ќе седи со пелени, пошо гледам дека кака моча во нив а не ѝ сметаат
Да, убаво ќе биде така да ја спремаш ама да не претераш, да не се осеќа дека ќе се случи нешто wow. Можеш ден претходно да ја однесеш гаќички да избере и да почнете. Ти најдобро си ја познаваш што ќе упали.
И јас мислам така, затоа и се решив бидејќи освен што знаеше да си каже почна да ми одбива ставање на пелена. Убаво сме адаптирани во градинка, супер соработува со учителката и негователката. Ќе переме повеќе периодов но мислам дека ќе успееме. За навечер како правевте, он ако не стане во ноќта не мочка? Јас вчера ставив гаќи пелени кои малку беа мочнати сабајлето на кое ни кажа дека се мокри да ги смениме.