Ноќе се измоча неколку пати во кревет на почетокот ама толку беше. Сега му се случува понекогаш, да речеме еднаш месечно ако не мочка пред спиење ама и тоа не е страшно, ќе пушти малку, се освестува што направил и оди директно во вц.
Денес ја носев на педијатар на редовен преглед и ми рече да ја оставам без пелени по дома. 19 мес е. Како ги оставате без пелени? Како да ја убедам да каже кога и се мочка? Ништо не ми е јасно. За какање кажува откако ќе се искака ама за мочкање никогаш не кажала.
Кажува моево и кога мочка и кога кака ама во тек на актот, не ми најавува унапред. Го оставам навечер без пелена дури се бркаме за капење и знае да застане да вика моччч и да се измочка на паркет ако не му фрлам некоја тетра на време . Сметам дека им е рано.
Ако може мала помош Не знам како да постапам веќе, свесен е за мочкање и ми кажува веднаш го носам во тоалет или на нокшир, ама со какањево никако, два дена кај што му носам гаќи, за мочкање кажува ама не и за какање, стварно ми се смачи од чистење а постојано му зборувам смирено, не знам како да постапам скапав чистење, денес повторно го вратив на пелена, дали да го вратам на пелена па да чекам кога ќе е спремен да кажува за какање или да бидам упорна и да продолжам да чистам по дома каки
Кај мене големиот не ни сакаше да кака. Трчаше по дома и викаше за да го задржи (не знаев што му е дури се препотуваше) . Никако не сакаше во шоља или на нокшир. Стресен период, не знаев од што се испадите дури на педијатар го носев. После го следев и го оставав на шоља да проба. После првиот успешен обид со молење, со лажење веќе си почна. Можи не е блиска споредбава, ама види следи го, гримасите кои ги прави (сепак се препознаваат кога какаат) и директ на шоља, па после можи ќе се опушти. Не сум за враќање на пелената. Јас не го ни носев во градинка тој период за да не му стават пелени пак (на 2 години и 2, 3 месеци) . Биди упорна
Не го враќај на пелена, само ќе се збуни. Мора да се зборува тоа е и само смирено. Јас кога пробав првиот пат доживеав 2-3 нервни слома кога ќе се искакаше а дете плачеше постојано па го вратив на пелена. После 3-4 месеци почнав поспремна психички и чистев 3-4 дена и се најчи,му сметаше и почна да кажува на време.
Продолжи да чистиш И мојов за мочкање си кажуваше, а за какање често грешеше. Бев упорна и еден ден едностсвно му кликна дека треба да каже пред да кака, а не одпосле.
Зошто да не го носиш во градинка? Кај мојот проблемот со какање траеше 2-3 недели. Во градинка само ги известив дека може да се случи во гаќи,праќав 3 комплети за пресоблекување. Никогаш не згреши. Од таму не правеа проблем,освен за спиење побараа заштитна подлога за душекот. Ниту еднаш не му ставија пелена откако им кажав дека го одвикнувам.
има ли некој искуство за одвикнување од пелени на скоро па 4 годишно дете? Со детето е се нормално, се развира супер...ама ете проблемов со пелениве не можеме никако да го решиме... свесно е дека не треба така, ама пак си тера по негово... пробано со гаќи, држи некое време и после ќе се измочка во гаќи... ве молам, не знам што да правам веќе..
Не сум некој експерт нема ни една недела од кога почнавме да се откажуваме, но мислам дека мора целосно да ги баталите пелените и да бидете упорни. Ќе се мочка ќе чистите и ќе му пројде таа фаза каде што ќе ќути затоа што ќе сфати дека стварно нема веќе пелени. Имајте нокширче во близина цело време и на шоља адаптер. Само упорно и смирено.
Мајки еве месец дена успешно одвикнување, нема пелени ни навечер ни во градинка( му ставаа превентивно на дремка). Но последнава недела имаме некој страв од какање и се кака во гаќи.Јас го приметувам дека му се оди му кажувам да седне на нокширче или на адаптерче но одбива. Некој совет како да го надминеме тоа?
Да не имал потврда столица па од тоа да се плаши? Ние кога имавме мака со какањето не какаше во гаки ама плачеше и кога ќе треба да кака писнуваше нејкам да какаам и стануваше од нокшир го гушкав во тие моменти се убедувавме некако и од коа се среди столицата за ден два виде дека не боли и се врати во нормала
И јас го помислив тоа ама нормална е каката евентуално во градинка да не се погодил тој момент па да го уплашило.
Ќе помине пробај некако да успееш да го излажеш да седне и занимација додека седи, се надевам брзо ќе се среди
Zdravo Ke moze li mala pomosh?Kakov nokshir I pisoar bi mi preporachale za 4,5g shto sega se odviknuva od peleni
Ниеден од овие нокшири земи најобичен од 100 ден, или на шолја големо е детето веќе. А писоар кој ти одговара тебе , едниот е за закачување другиот сам стои кај сакаш.