Првиот нокшир нее за толкаво детенце,јас земав за малото исто такво од интерес седна големото 4 години има и мало му е.
Од Пики Струмица со скаличка. Многу му беше интересна, сам си идеше во вц и за 1-2 недели почна и на вц шоља сам.
Како се почнува процес на одвикнување од пелени? Се вадат скроз или се вадат да речеме на 2 3 саати дневно, па се накачува време? Исто, како знаете дека се спремни. Ќерка ми кажува кога кака, одма ме носи пелена да и мењам ама а и речам ајде на нокшир, вика не, неколку пати плаче кога ќе ја седнам.
Ми се појавија неколку профили ама не ги заследив, околу одвикнувањево. И двете советуваа кога се одвикнува дека ти треба да си по спремна од детето. Пелени фрлаш, нема пелени за секој случај, даваш мнооогу течности, многу протеинска храна и 3-5 дена се посветуваш само и само на детето, што подразбира дека ќе си седите дома тие неколку дена. Може и за на шоља убав адаптер да се земе да му е удобно, а сепак да е на "наше" место и со скаличка да може да се качи. Е не ми текнува што кажуваа за тоа кога и како да го носиш, ако ми излезат профиливе ќе ги споделам. Ама има логика, толку му треба период за навика, реално ми е поприродно така отколку да го бунам надвор има пелена, а дома нема, па навечер има, преку ден нема. Навечер исто без пелена. Ќе си ставиш подлога од тие за кревет за 1 употреба и чаршав и уште еден пар одозгора за ако треба само вадиш и легнува пак, да не менуваш постелнини во сред ноќ.
Исти сме и ние, за еден месец полни 3г, за мочкање мочка во нокшир или во шоља ама меѓу менување пелена, а за какање ми кажува додека кака… и му викам ајде на нокшир да какаш како даде и не и не сака а за мочкање без проблем седнува.. имам уплав од големата со неа мн рано почнав само што наполни 2г за мочкање брзо сфати ама за какање леле мори мајко. 6 месеци перев гомца од гаќи, ќе де пикнеше под маса и во гаќи какаше.. и за мочкањето до поголема ми се подмочуваче преку ден, ќе се заигра нешто и кога ќе пушти малце бараше да мочка… ама ноќно време на почетокот ја будев 1-2 пати за мочкање и од кога и ги извадив не се измочкала во кревет. абе трауми за цел живот и сега со ова се канам да почнеме а сега и со бебе сме плус знам дека ќе ме измачи.. А да и на золва ми малата и малиот знам исто кога ги одвикнуваше не сакаа да какаат на нокшир и до запек стигаа и со клизми се измалтретираа… не знам најтежок процес за мене е ова
Ние почнавме ама некако напредок нема...барем не дома..во градинка го носам без пелена, таму е цел ден без пелена освен за спиење...ама мислам дека не му ни даваат течности за да не моча зошто кога ќе го земам цело шише од 300мл го пие..ама дома не сака да моча, го редам на нокшир некогаш плачи, некогаш седи ама ништо не прави само седи, по 10-15 мин и ќе стане и ќе се помоча на паркет...вчера решив да не го форсирам, ќе се учиме летово и сабајле го остадов по пелена до последно, пред да излезиме за во градинка и само што помина 1 мин се помоча во гаќи...а за какање нема шансиии..трпи цел ден, навечер пред легнување кога му ставам пелена тогаш кака..значи ни во гаќи...ми е страв да не му се направи проблем...а иначе јас планирав летово да го одвикнувам ама од градинка ме напнаа зошто уште е во јасли а е 2 год и 3 месеци, во мојот град нема префрлање во група дури носи пелени ама очигледно ни јас ни детето не сме спремни...цело време сум нервозна од кога ќе го земам од градинка, дали ќе се помоча, леле не кака и решив да не форсисам и онака од управа не сакаат да го префрлат во поголемата група, дури во септември, генерацијата негова тогаш се префрлала...па сега од јасли нека го трпат..имаме и обичен нокшир и тој како столче као нешто интересно џабе...да видам адаптер да пробам ама го имам седнато на шоља не сака...ако имате некој tips and tricks споделете
Поента на вадење пелени е детето да е спремно. Дали на 2 или 3 зависи од детето. Ако не е спремно ке се мачите и ти и детето, а мене ми звучи дека не е. Не ни покажува интерес. Кога е спремно ке ги фрли пелените за 3 дена. Прави пауза и пробај за 1 месец. Реално мало е, најголем дел од децата се одвикнуваат околу 3 години.
Знам Мила, јас дефинитивно не сум спремна зошто процесов само нервози ми ствара а ни тој пошто прави отпор...а во градинка запнаа зошто им смета дете од 2 години и 3 месеци во јасли, најголем е, им прави бели и сметаа дека во поголемата група дека ќе му е поинтересно и поубаво ќе се вклопи...и тие само што почна во градинка го седнуваа на нокшир (тоа беше пред 2 месеци) таму ама лабаво...ама се разболи и 4 недели беше дома...кога се врати во градинка продолжија ама еве не оди..некако знаеш се осеќам како на забрзан курс да сме, и заради тоа ништо не учиме...тој таму седи цел ден без пелена (освен за спиење-иако не спие ама го легнуваат и му ставаат пелена) и досега таму не се помочал во него, ама дома еве не сака никако...секако од управата не ми го префрлаат пред септември во поголемата група, па така имаме време...многу е глупо секоја градинка своја политика, читам овде прва мала група одат деца од 2-3 години без разлика дали имаат пелени или не...епа во мојава престолнина не можело така...за прва мала морало да нема пелени...а стварно на детево му е досадно во јасли сите се мали од 1-1,5 година од прилика а тој веќе 2 год и 3 месеци...ама очигледно со сила ништо не оди
Внимавај контраефект да не направите, па да нејке воопшто да кака. Од многу напнување дека треба да какаат во шоља, е блокираат психички и после дупла мака. И јас се согладувам дека треба да пробате за 2 месеца пак. И не, не тргаат пелени за 3 дена сите деца. Син ми одма научи све шо тррба за мочање, и ноќе не мокреше, ама цели 2 недели, скоро секој пат, какаше во гаќи откако 'тргнавме пелени'. И среќа не се откажав од процесот, мислејќи дела ете сите деца за 3 дена тргаат. А не се откажав заради една продавачка од тритекс која кога купував гаќи за малото и кажав маката и ми рече само 'трпение мајка, рим не се изградил за 3 дена'. И така е. На некое дете му требаат 2 дена, на некое 2 недели. Битно да препознаете дека е спремно и да не се откажувате.
Знам и мене ми е многу страв да не му направам проблем со какањето, затоа нејќам да форсирам...ама убаво ни почна, во петокот ни викаат вака и вака голем е ќе почниме со ваѓање пелени и сл од понеделник...јас во саботата дома стануваме малку се поврткавме и ајде мама на нокширче, седна, се бунтоваше ама седеше..седнав и јас на шоља да ме гледа дека не е ништо страшно..претходно имавме нокшир купено ама за игра го користеше...и си седеше и го станувам после 10тина мин гледам и се помочал и се покакал...и правевме браво заедно за да биде горд дека направишл нешто како што треба..ајде реков на убаво тргна работава..и од тогаш ништо...еднаш само беше тоа и од тогаш само отпор...еднаш или два пати е помочан во нокшир дома и толку...а и во градинка го приметија дека се кака само во пелена, значи тие ми кажаа дека трпел и после тоа јас приметив дома дека детево почна само на вечер да кака, односно кога ќе има пелена, и пак го форсираат
Во градинка си прават како им одговара. Кај децата еден или два месеци прават огромна разлика. Прави паузаи обиди се повторно. Џабе ке си переш и чистиш мочки ако детето не е спремно. Нека не те секира тоа со пелените, не е детето попаметно ако ги остави на 2 години. Кога е спремно тогаш. Како за 2 месеци да те читав дека пишуваше?
Ова најверојатно за охридска градинка станува збор… ова со пелениве им е жива глупост и мизерија, а да ги прашате што им е толку мака 1 минутка работа да им сменат пелена? Нели секое дете различно, некое порано некое побрзо и тоа тие треба да го знаат, со форсирање само контра ефект, не е работа детето цел ден да трпи и да чува отрови во организмот кога не е спремно
Да во Охрид така функционираат градинките за жал. Имам другарка од таму, детенцето до 3 години не можеше да го запиши во ниту една градинка зошто носеше пелени, не ѝ го примаа. Да имаше врски може ќе го примеа. Не ги интересира дали има кој да го чува…она и работа напушти зошто стварно немаше кој да ѝ го чува. Не ми е јасно само зошто ќутат родителите на ова, зошто не се бунат…колку што знам јас само таму е така и тоа “правило” си го имаат сами измислено за да им е полесно, да немаат обврска да менуваат пелени на 30 деца.
Леле Ели се извинувам, сега дури гледам не сум ти вратила, да не пишеше @Lovebug01 ќе изумев...нормално дека се работи за Охрид, само во ваква метропола може да има вакви глупости,само измислуваат нивни правила...сенкир којзнае колку е тешко да менуваш пелени...петокот го земав детето цело дехидрирано, 500 мл испи вода во рок од 15 мин..цел ден го имаа чувано жеден сигурно
иначе ни со врски не примаат деца со пелени на 3 години...моево е најголемо во јасли и самите воспитувачки ми викаат дека им било јасно кога од централа го пуштиле толку голем во јасли дека целта е само да го одучат од пелени за да може да се префрли во прва мала...мора да застанам да видам со кои нивни "закони" си измислуваат нивни правила, многу сум изневолтирана
Не знам искрено, ама нели е греота за детето да го пушташ во една група кај едни учителки, таман ќе се навикне да го префрлат во друга група? Како досега никој не реагирал? Ние инаку имавме услови да се селиме во Охрид, и реално сакавме зошто како град за со деца е рај, секое лето сме по 3 месеци таму, јас работам од дома, мм е на проекти може исто од кај сака да работи, стан имаме, ама ова со градинкиве ептен ме одврати, ние би биле скроз сами таму и нема кој да ни чува дете.
Братучед ми го имаше истиот проблем со детето и градинкиве. Му се заканија ако за еден месец не се откаже од пелени, ќе го отпишат. Негователка во една од градинките ми е ептен блиска, и таа вели дека се' тоа зависи од директорката,не било до нив. Колку е точно,не знам. Инаку јас пробав со ќере прво во јануари на 2 год.и 3 месеци со одвикнување, никако не одеше, се мочаше во гаќи одма штом и облечев нови. Се откажавме еден период ,сигурно месец дена помина. Потоа сама изрази желба да биде без памперс,си го откопча сама, го завитка и го фрли в канта. Оттогаш само 2 пати грешка направи и после 2 недели и го оттргнав и ноќниот памперс. Ако испие многу течности пред спиење, обавезно ја будам еднаш за мочкање. Еве веќе два и пол месеци е скроз без памперс. За секој случај редам заштита за душек, сепак дете е, се може да се случи.